You are on page 1of 2

СТРАШНА ЕПИДЕМИЈА НА НЕУЧЕЊЕ

Во малото бетонско гратче Капи и Штици завладеа страшна епидемија. Епидемија на


неучење. Децата си играа игрички на своите таблети и компјутери, шутираа празни
лименки од пијалаци и талкаа наоколу збунети како мравки во пубертет. Не, тие не го
сакаа тоа, но некоја страшно непријатна и некултурна сила ги тераше да бидат такви.
Такви – никакви.
Но тука се нашите јунаци Тапчо, Клапчо и Глупчо кои цврсто решија да ѝ стават крај на
оваа мистерија. Тие со сите сили, дома кај Тапчо, се обидуваат да учат. Но тоа е ужасно
тешко. Мајка му и татко му на Тапчо ги гледат низ полуотворената врата. Тажни и
немоќни.
Мајката: Кутрите, цела вечност седат така беспомошно, како да се прејале еклери.
Немаат сили да научат нешто, барем да прочитаат еден стих од една без врска песна на
некој Ванчо поп... поп... изгледа некој поп.
Клапчо (тажно): Не оди вака. Подобро да бевме птици или риби, а не деца.
Тапчо: Зошто, молам?
Глупчо: Сака да каже, зошто молам! (Глупчо имаше таков обичај, да ги повторува
последните зборови на Тапчо, кој секогаш потоа налутено го погледнува.)
Клапчо: Затоа што тие не мора да учат да летаат и пливаат, тоа си го знаат од раѓање.
Тапчо: Интересно... Леле, колку знаеш ти?! А да запнеме и да смислиме нешто пред
сите да станеме глупави како шахти?
Глупчо: Поточно, глупави како шахти.
Клапчо: Никој да не сака да поднаучи нешто. Ужас. Барем да знаевме некој научник.
Тапчо: Зошто?
Клапчо: За да го замолиме под итно да измисли сирупи за знаење, масти за потечно
читање, апчиња за паметење...
Глупчо: А може крофни за паметење, со чоколаден прелив?
Клапчо: Може. Или, ако треба и инјекции против глупавост. Подобро и боц-боц отколку
вака.
(Во тој момент покрај прозорецот се појавува летачка книга, шарена како пеперуга.
Клапчо вешто ја грабнува и им ја покажува на другарчињата. Сите живнуваат.
Тапчо (притиска врз книгата како да е таблет. Се чуди.): Како се отвора ова чудо?
Клапчо: Да не треба лозинка?
Глупчо: Сака да каже да не треба лозинка.
(Клапчо, изнервиран, ја врти книгата и таа му паѓа наземи и се отвора.)
Сите: Леле, колку е убава, шарена!
Клапчо: Овде пишува „Ова е МНОГУ ВАЖНО“ (чита полека) – Нај-до-бар лек против
незнаењето е знаењето.
Клапчо: Да, бе, вистина, така е. Што пишува друго? (сите се наведнуваат над книгата и
читаат):
„Во малото бетонско гратче Капи и Штици завладеа страшна епидемија. Епидемија на
неучење. Сите си играа игрички на своите таблети и компјутери...
Клапчо: Ураа! Пишува за нас. Да читаме, на крајот мора да го има решението.
(Децата возбудено читаат, а преку прозорецот се гледаат многу летачки книги кои со
своето шаренило го разубавуваат градот.)

You might also like