You are on page 1of 1

Стојам пред продавницата за музички плочи ,,Југотон,, Во скопскиот трговски центар.

На
излогот наредени плочи,но и цедиња од музички групи,,Смеш,, ,Балашевиќ,Кемал
Монтено,Елвис Присли,Постери на Мадона,Ријана и Бијонсе.Млади влегуваат разгледуваат и
купуваат.Тоа се современите идоли на младиот свет.Ги има од сите области на животот,но
најмногу од областа на музиката,уметноста,филмот.

Да се навратам на поимот идол.Зборот идол постои во сите јазици,тој е интернационален


збор.Значењето му е обожување,поклонување на некоја божествена прилика или
слика.Идолум е збор со латинско потекло ,но се користи насекаде.Од тука доаѓа и
идолопоклонството како поклонување кон некој идол.Оваа појава ,постоела низ минатото
,уште во најрани моменти од постоење на човештвото.Во Светото писмо се опишува
обожувањето на идолот Златно теле,но и многу други идоли на кои се поклонувале древните
народи во минатото.Со доаѓањето на христијанството,идолопоклонството строго се забранува
и отфрла.Но до ден денес,постои и се задржало во многу сфери од животот на луѓето,особено
младите.

Секое растење кај младите луѓе е подложно на имитација,копирање,свртување кон некој идол
чии особини се пресликуваат во карактерот на младата личност.Најчесто идолите кои младите
луѓе ги земаат за свои се од областа на филмот и музиката.Тоа се актери или пејачи со убав
надворешен изглед.Во времето на моите родители,идоли им биле Џемс Дин,Мерилин
Монро.од пејачите Елвис Присли,Битлси ,Ролинг Стоунс и многу други.

Денес бројот на идолите од областа на музиката и филмот е значително поголем.Се проширил


во други сфери ,на науката,културата,блогерството,модни креатори,брендови на облека кои се
популарни меѓу младите.Познати идоли од областа на музиката кај нашата генерација
се(наброј си ти јас не знам,а од областа на филмот Кијану Ривс......наброј си

Како и секоја млада личност ,која бара свој одраз во општеството,и јас имам свои идоли.Една
од нив е Фрида Кало,жената –сликар од Мексико ,која живеела и творела во минатиот век.Со
својата експресивност ,ми остави голем впечаток.Во своето творештво таа вметнува елементи
од мексиканскиот фолклор,колоритност и свежина.Идол ми е затоа што е единствената жена
сликар од овој период,овенчана со многу светски награди.

You might also like