You are on page 1of 6

ТЕКСТ „ ЛИПА “

- логички целини
 Во паркот растеше една липа.Од ден на ден
стануваше се потажна.Одамна на нејзините
гранки не слетале ниту птица, ниту пчела,
ниту пеперуга...
 Лете околу неа доаѓаа многу луѓе ,седеа под
дебелата сенка и вдишуваа прекрасен мирис
од нејзините цветови.Кога дојде есента, никој
не ја ни забележуваше.Затоа таа е секој ден се
потажна и потажна.
1. ТАЖНАТА ЛИПА.
 Еден ден ветрот ја забележа
нејзината тага.
 -Ќе ја посетам и ќе ја
развеселам мојата верна
другарка!-си рече ветрот во
себеси.
 Ветрот зашуми,
затрепери,запеа во густата
круна на липата.Си играше
со нејзините гранчиња.
2. ЖЕЛБАТА НА ВЕТЕРОТ ДА ЈА РАЗВЕСЕЛИ СВОЈАТА
ДРУГАРКА.
 Ветрот ја повика есента и и рече:
 -Сакам липата пак да биде убава, весела и
среќна, па затоа те молам обој ја со сончеви
бои!
 Есента го послуша ветрот и сите лисја на
липата ги обои со најубави бои.Кога се беше
готово есента и ветрот си заминаа, а во паркот
остана прекрасно обоената липа.

3. ВЕТЕРОТ ЈА ПОВИКА ЕСЕНТА НА ПОМОШ .


 Луѓето кои минуваа покрај неа се
воодушевуваа од нејзината прекрасна убавина,
од нејзините прекрасно сончеви жолти лисја и
велеа:
 - Липава е како најубав букет во паркот!
 На липата и се допаѓаше тоа што го слушаше
и тагата и помина.

4. ЛУЃЕТО СЕ ВООДУШЕВУВАА НА УБАВИНАТА


НА ЛИПАТА.
 Набрзо, од врвот на планината слезе
мразот.Липата се затресе од студ, а
нејзините прекрасно обоени листови како
солзи капеа на земјата.Еден лист се откина
и така летајќи застана врз шапката на дедо
Раде.Дедото не го забележа листот и го
однесе дома. Така листот дојде на гости во
топлиот дом.Во станот лежеше болната
баба.Кога го виде прекрасниот лист, се
израдува и рече:
 - Гледај Раде, есента и липата ме
поздравуваат и мислат на мене.Тие ми
испратиле еден прекрасен лист за побрзо
да оздравам, за да се шетам во паркот под
липата.
5. ЕСЕНСКИОТ ЛИСТ НА ГОСТИ КАЈ ДЕДО РАДЕ И БОЛНАТА
БАБА.

You might also like