You are on page 1of 7

Легенда за Охридското Езето

Изработила: Вања Ефтимова


Легендата е дел од фантастичните приказни во кои
ликовите и случките за кои се раскажува се земени
од историјата. Има два вида легенди: за личности и за
места. Во легендите за места се раскажува како се
создале некои езера, планини, реки... Исто така легендите
се творби кои на фантастичен начин раскажуваат за
појави од животот и од природата создавање на светот,
човекот, сонцето, имињата, ѕвездите и слично. Зборот
легенда потекнува од латинскиот збор legenda што значи
„нешта што треба да се читаат".
Близу до градот Орид имало едно изворче, многу длабоко
и напраено како бунар со капак одозгора, да се заклопува
како некоја кутија, што да нема влакно од кај да излези,
нити да влезе внатре. Градот Охрид бил како некое село и
бидејќи немало во градот ни чешма, ни па бунар си лееле
вода од изворчето, требало убао да го затвори капакот. Не
бидејки за да стои чист изворот, ами еден насиет, што му
бил оставен на жените и на мажите од дедо – предедо, да
го затворат изворот, бидејки, ако не го затворат, ќе
избрзни водата и ќе му го удаи сето поле, можеби и
селото.
Знаејќи оричани тој стар насиет, со голем мукает го отворале и го
затворале изворот, чунки сите верувале оти, ако го остаат отворен
капако, ќе избрзни водата, и за вистина тоа и нашло. Од што се
страшиш и се плашиш, тоа тоа ќе те најди – што рекле старите, да
тоа и нашло и комшиите наши оричани.

Се нашла една глупаа невеста што си залеала една вечер вода и од


мрза, али од будалштина незина, не го затворила изворот со капакот.
Штом се нашол изворот од устината надвор, та си текол , текол
целата ноќ и се исполнило сето поле: станало цело блато. Кога се
обзорило, отишле жени да си леат вода и што да видат  - сето поле се
удаило во водата од изворчето. И не могле веќе да се приберат да си
залеат од изворчето вода, ами си залеале открај.

  Бараа, тражија која беше таа жена што го остаи изворчето отворено,
и ја нашле која невеста била, ама што да напраат, олди битти, тоа
веќе се стори и не можело да се отстори. Од ден на ден растела
водата, растела, дури се сторило цело езеро, како што го гледаме и
денеска што е најголемо – Охридско Езеро.”
 
За настанувањето на Охрид и Охридското Езеро, постојат
многу легенди и митови. Луѓето верувале дека одредени
локалитети, градови, водни површини, настанале на
навистина чудесен начин, па така и за Охрид и Езерото
верувале во она што се раскажувало низ годините, без да
имаат жив сведок за истото. Собирачот на народни
умотворби, Марко Цепенков, за настанувањето на
Охридското Езеро ја запишал следната легенда:
 
“Местото кај што е денеска Охрицкото Езеро во старо
време било поле со најубави ливаѓе.
Слики од Охридсткото Езеро
Слики од Охридското Езеро

You might also like