You are on page 1of 14

Списание од областа на еколошката едукација во образованието

ФИДАНКА 1
Март 2023 година, број 8

КРИСТАЛНА ПЕШТЕРА
наша
препорака

На патот помеѓу бањата Косоврасти и Дебар, се наоѓа рудник во кој се наоѓа кристалот
селенит. Бесценето природно богатство кое само овде и никаде на друго место во светот може
да се пронајде.
Некаде на половина пат, меѓу бањата Косоврасти и Дебар, се наоѓа рудникот на германската
фирма “Кнауф” кој длабоко во својата утроба крие едно ретко место од кое навистина запира здивот.
Тоа е Кристалната пештера како што ја викаат локалните жители, но и малкумина кои воопшто знаат
за нејзиното постоење. Во неа може да се најде и види уникатниот кристал – селенит кој освен на ова
место го има само уште во Мексико.
Поминувајќи оттаму не може а да не се забележи големиот бел рид чија површина е всушност
алабастерот во чие подножје се крие рударското окно – Кристалната пештера. Први кои го откриле
ова место се Римјаните кои пред повеќе од две илјади и двесте години поставиле рудник.

Влезот е на неколку метри над нивото на Дебарското Езеро. По само неколку метри почнува
да се чувствува студениот воздух но и мирисот на сулфурот, кој доаѓа од неколкуте извори на
термална вода во околината. Температурата во пештерата е секогаш седумнаесет степени. Кристал на
селенит кој може да се најде само тука е со 99 % чистота. Овој кристал е уникатен поради условите,
притисокот на земјата, хемискиот состав и термалните води. Овој кристал спаѓа меѓу најмеките. И
може да се изгребе дури со прст. Но тој е компактен и поради уникатниот состав нема потреба од
потпора. Малку подлабоко во рударското окно, се забележува дека огромните сводови и таванот, кој
некаде е висок и по десетина метри не се потпира на греди или било каква конструкција.

2
На секои десетина метри во рудникот има огромен ходник кој води лево или десно од
минијатурната пруга по која рударите ги туркаат количките полни со кристалот. Подот е испресечен
со минијатурни поточиња на чија површина има тенка кора, како матно стакло, а на дното нешто што
потсетува на алги, но со бела боја.

Вода е исклучително лековита. Извира на околу еден километар од самиот рудник и под
притисок го пробива патот. Температурата кај изворот е меѓу 40 и 50 степени но во самиот рудник е
поладна, поради тоа што кристалот ја лади. Полна е со калциум, магнезиум и сулфур кои прават
исклучително и уникатно соединение. А кората, на површината, се користи во козметиката и во
фармацијата и е многу здрава за човечката кожа.

Површината на ридот е обложена со алабастер, додека целата внатрешност е исполнета со


кристалот. Колку всушност има кристал во внатрешноста, засега никој не може да каже со точност.
Досега рударите стигнале околу 420 метри во хоризонтален правец. Испитувале и во длабочина и во
висина, секаде е полно со кристалот. Дупчено е до 23 метри во длабина и целото е полно со
кристалот. Исто е и во висина. Засега има три ката меѓу кои има плочи дебели меѓу 5 и 6 метри со
оџаци за воздух и материјали поради безбедност на рударите.

Овој кристал на селенит се користи исклучиво во медицината. Од него се произведува фин прав кој се
користи за изработка на гипс и лонгети.

3
Многумина експерти и студенти од целиот свет биле во Кристалната пештера, вршеле испитувања и
си заминале со еден ист заклучок, ова е чудо на природата.

Препорака наша е да се посети овој рудник и Кристалната пештера, но со претходна најава кај
сопствениците на рудникот.

Повеќе на: https://aberdojde.mk https://motika.mk/kristalnata-pestera https://www.geograf.mk/novosti

Подготвиле: Кристина Станковска и Леона Митевска од VIв одд.

4
СЕЛОТО ГАРИ И
УБАВИЦАТА најдобар
избор

СТОГОВО
На надморска височина од 1100 м по течението на Гарска река во подножјето на планината
Стогово се наоѓа селото Гари.

Според некои преданија Селото Гари е едно од најстарите мијачки села и се смета дека постои
уште во 14-15 век. Првата локација била во месноста Присој но поради својата местоположба,
бидејќи се наоѓало на патот Дебар-Кичево било на удар од турските башибозуци. За да се заштитат,
луѓето одлучиле да го сменат местото и ја одредиле втората локација наречена Дрениче кое се наоѓа
на 200 м повисоко од сегашната.

Условите за живот на ова место


биле многу тешки: климатските услови-
сурови и имало недостиг на вода. Една
легенда зборува дека иконата Св.Спас
неколку пати “одлетувала”од постојната
црква на местото каде што подоцна е
изградена денешната црква
Св.Богородица. Тоа било знак дека
нашите предци требало да изградат куќи и
да живеат на местото каде што сега е
селото. Се претпоставува дека иконата е
стара околу 450 години и до денеска е
сочувана. Моментално се наоѓа во црвата
Св.Спас во Скопје. За името на селото
постојат повеќе легенди. Една од
легендите вели дека селаните кога биле
преморени се бодреле со зборовите
ГАЈРЕТ ГАЈРЕТ па според тоа почнале да
го викаат селото ГАЈРЕТ за подоцна
ГАРИ.

Недалеку од Дебар преку Радика,


започнува планината Стогово, која врви
кон југо-исток под тап агол со Кораб и се покажува во Кичевско 3 часа на југо-запад од градот
Кичево, со врвот Стогово. Тука таа завртува на југ и под името Караорман завршува во
Охридско.Стогово е млада верижна планина која настанала за време на алпската орогенеза. Во
геолошкиот состав се сретнуваат филитоиди, зелени шкрилци, карбонати, глинци, рожнаци и сл. За

5
време на плеистоценот планината Стогово била зафатена со глацијација и денеска на неа се јавува
глацијален (леднички) релјеф како циркови, валови и морени. Во цирковите се јавуваат три леднички
езера: Горно и Долно Езеро и езерото Маруша. Застапеноста на флората е „по катови“ односно во
подножјето се застапени листопадните букови и дабови шуми, кон врвот тие се заменети со боровите
зимзелени шуми, а самите каменести врвови се опкружени со високотревнати пасишта познати под
името „алпски пасишта“. Бројни пасишта и бачила има на зарамнетото било на планината наречено
Голема и Мала Мегданица која е опркужена со врвовите Голем Рид на запад, Бабин Срт на југ и
Стогово на исток. Во 2012 година, на источните падини на Стогово во Кичевско во два наврати биле
пронајдени единки на рис, во рамки на истражувањето на рисовите во Македонија.

Наша идеја, а ваша реализација при посета на ова Мијачко село и прекрасната планина!

6
Подготвиле: Леона Зафировска и Јана Симоновска VIII г одделение

ДАБОТ БЛАГУН идеално

ВО
СЕЛОТО
ШТО Е ДАБОТ БЛАГУН БЕЛИ
И КАДЕ ГО ИМА ?

 Дабот Благун е вид на даб кој има благи лисја или


благи желади. Ова дрво е од родот дабови,
семејство Fagaceae.
 Овој вид на даб е многу блиску повржан со видот горун
и обчниот даб.
 Овој вид на даб е Претежно расте во јужна Европа
и југозападна Азија.
 На благунот му одговара субмедитеранска клима и
плитки каменити тла.
КАКО ИЗГЛЕДА ОВОЈ ДАБ?
 Корењата се развиени и добро
растат во каменита подлога.
 Стеблото може да достигне и 20 м,
покриено е пепелаво-сива кора,
која има длабоки надолжни и
попречни бразди.
 Лисјата се светлозелени и мазни од
страна на лицето и темнозелени со
влакненца на опачината. Рабовите
на лисјата се длабоко засечени, па
има обли и широки запци.

КАКО ДАБОТ БЛАГУН СЕ РАЗМНОЖУВА ?


7
 Цветовите се еднополни. Женските
цветови се јавуваат во групa до 2 до 5
или поединечно, а машките се
собираат во реси. Плодовите
(желадите) се тркалезни со пречник од
околу 2 см

Подготвил: Марко Петрушевиќ Vв одделение

ПЕШТЕРА Топ избор


ПЕШНА
Во пештерата се гнездат ластовици, а во неа живеат и лилјаци.За убавината на пештерата
зборува тоа што ,,Њујорк тајмс” ја споделил со ,,Helms Deep” од ,,Господарот на прстените’’
Пештерата Пешна се наоѓа на шест километри од Македонски Брод. Според истражувачите,
Пешна е пештера со најголем отвор на Балканот- висината на отворот изнесува 40 метри, а
широчината 56 метри.Должината на пештерата е 124 метри.
Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток, кој
во сушните периоди од годината наполно пресушува.Според месното население, водата понира од
селото Крапа, кое се наоѓа на повисока надморска височона, а која формира неколку езерца и
водопади во ,,најголемиот пештерски систем кај нас’’,за кој се претпоставува дека е долг дури 10

километри.

Според легендата која и ден денес се раскажува, уште во 14-тиот век опеаниот македонски јунак
Крало Марко и изградил куќа на својата сестра Пешна на самиот почеток од пештерата, која подоцна
8
почнала да се нарекува Пешна.Куќата со своите огромни и дебели камени ѕидови наликувала на мала
тврдина. Благодарение на дебелите каменити ѕидови денес дел од тврдината е останат и може да се
види. Ова ремек дело на природата со својата величестесната големина, својата грандиозност и
својата убавина ќе ве остави без здив.
Интересно за оваа пештера е што на пролет, кога се топат снеговите од високите планини во тој
предел, на влезот од пештерата ќе ве пречека жубор на мала река која извира, од малото езеро кое се
наоѓа на крајот од пештерата, потоа ќе ве пречекаат ѕидините на куќата на Пешта, а веднаш зад неа
огромна пештера која ќе ви го одземе здивот.Горниот дел од пештерата кој е висок триесетина метри,
не се карактеризира со многу сталактити, но затоа ќе наидете на прекрасни форми направени од
самата карпа кои дефинитивно ќе ви го задржат погледот.
Подготвила: Ева Михајловска V одд.

10 ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА УБАВИНИТЕ НА


МАКЕДОНИЈА

1.Околината на Прилеп, посебно кај Сивец, претставува најголемо и најквалитетно наоѓалиште на бел
мермер во Светот!
2.Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото позначајно наоѓалиште на
лорандит и талиум во светот.
3.Јужно од Свети Николе се јавуваат таканаречени бели солени почви: солонец, солоѓ и солончак, кои
главно се застапени по руските степи.
4.Македонија е меѓу земјите што има најмногу планини во однос на површината: 38 планини на
25.713 км кв. или по една планина на околу 700 км кв.
5.Во Македонија има многу добро сочувани остатоци од 30-тина вулкани во североисточниот дел на
државата и тоа од Кокино на север до Кочани на југ. Во близина на Злетово, поточно кај с. Лесново е
еден од најдобро сочуваните кратери (калдери) на Балканот и пошироко.
6.Слични остатоци на вулкани има од Кавадарци до границата со Грција, а Витачево е меѓу ретките
во Европа висорамнини од вулканско-ерозивен тип!
7.Земјотресот што се случил во 1904 година кај Пехчево имал магнитуда од 7,8 степени по Рихтер и
10 степени по ЕМС и до сега е најсилен забележан земјотрес на Балканот и меѓу посилните во
Европа.
8.Во Македонија се утврдени неколку стотици пештери и јами (пропасти). Во внатрешноста на
пештерата Ѓоноица или Убавица кај Гостивар има подземен водопад и подземна река. Под водите на
вештачкото езеро Матка пак е откриена една од најдлабоките подводни пештери во Европа (Врело),
до сега истражена до длабочина од 212 метри!
9.Македонија е меѓу ретките земји со толкаво шаренило на климата на растојание од стотина
километри: од Гевгелија и Дојран каде климата е топла, изменето медитеранска, до високите
9
планински подрачја каде има студена алпска клима. Беровско и Кривопаланечко имаат
континентална клима, а Охридско-Струшкиот регион има умерена клима со езерско влијание.
10.Покрај десетината, за наши услови поголеми реки како Вардар, Црна, Брегалница, Треска, Црни
Дрим, Струмица, Пчиња и др., во Македонија има уште стотици помали рекички, потоци, повремени
и периодични водотеци. Нивната вкупна должина е околу 20.000 км! Воедно, Македонија има и околу
70 природни езера: тектонски или котлински како Охридското, Преспанското, Дојранското, потоа 30-
тина глацијални, десетина пештерски, неколку карстни, 3 мочуришни, неколку свлечишни и други.

Подготвиле:Учениците од VI одд.
https://www.fakulteti.mk/news/26042019/interesni-geografski-fakti-za-makedonija-koi-ne-ste-gi-znaele

АДРЕНАЛИНСКИ
МОСТ ВО приоритет

С.КОЖЛЕ
Во непосредна близина на Скопје над реката Пчиња се наоѓа овој пешачки мост

Во непосредна близина на Скопје, скриен


меѓу бујна вегетација, издигнат над реката
Пчиња се наоѓа овој адреналински, пешачки
мост. Мостот го спојува селото Кожле со
автопатот “Пријателство”, а се наоѓа помеѓу
Скопје и Велес или поточно – ова се
неговите координати: 41.828532 , 21.686737.

Мостот е изграден со дрвен под и е оптегнат


на челични сајли, па потребно е стабилно
чекорење по него, бидејќи се ниша на секое
движење. Помалку храбрите ќе треба да
соберат храброст за да зачекорат по него, па
адреналинското доживување е
10
загарантирано.

Мостот е релативно нов и ретко кој го знае, На табла пред мостот стои дека е изграден
но навистина заслужува да се посети, да се во 2012 година од страна на Стојан
Подготви: Учениците од VI в одд.
https://patokolusvetot.mk/posetete-go-
adrenalinskiot-most-kaj-selo-kozhle/

Матка-кањон на
пеперутки
Кањонот Матка е најстарото вештачко езеро во Македонија, формирано уште во 1938
година

Кањонот Матка е најстарото вештачко


езеро во Македонија,езерото било
формирано уште во 1938 година.Езерото
се наоѓа на реката Треска, која е притока
на реката Вардар. Со прегледување на
реката Треска и изградбата на армирано-
бетонска брана била создадена вештачката
акумулација Матка.
Денес водата од езерото,освен за добивање
електрична енергија, се користи за
наводнување, кајакарење, пливање,
нуркање и за други туристичко-
рекреативни цели.

Кањонот Матка се наоѓа во близина на градот Скопје. Матка стана популарно место за туристите ,
тие го опишуваат местото како некој ,,Нов свет" во којшто има патеки, високи карпи и пештери,
лековити води и растенија, колоритни пеперутки итн.
11
Еден од најпознатите места во Матка се околните пештери. Пештерите изобилуваат со уникатни
форми на сталактити и сталагмити. Секогаш при посетата на кањонот ќе имате можност да
поразговарате со некој локален кајакар, планинар, алпинист или угостител за убавините на овој
простор. Најчесто посетувана е пештерата Врело, која се состои од две пештери - подводна и
надводна. Истражувањата на подводната пештера покажаа дека е една од најдлабоките подводни
пештери во Европа и во светот. Надводната пештерата се состои од три сали познати како
концертна сала, сала на сталактити и сала на езерата. Во длабочината на пештерата се наоѓаат две
пештерски езера со смарагдна боја над кои висат голем број сталактити.
До пештерата се стигнува со организиран превоз со чамец кој тргнува од пред платото на
манастирот „Свети Андреја“, а патувањето до пештерата трае околу 20 минути. Освен Врело, тука
со својата убавина се истакнуваат и пештерите Убава и Крштална.
Интересен факт е дека Матка ја нарекуваат Света Гора,а тоа се должи на големиот број манастири
од средновековниот период. За жал, не се зачувани сите манастири, но поголемиот дел се во
одлична состојба. Најпознати се манастирот „Успение на Света Богородица“, манастирот „Свети
Никола Шишевски“, црквата „Свети Андреја“, црквата „Свети Спас“, црквата „Света Недела“. Над
самиот кањон постои археолошки локалитет познат како Марков град.

На локалитетот Матка може да се види богат фонд на флора и фауна. Неодамна се откриени два
нови вида пајаци и пет лажни скорпии. Во кањонот Матка се регистрирани 119 вида дневни и 140
вида ноќни пеперутки. Во кањонот Матка се среќаваат 77 вида балкански ендемични мали
пеперутки, а уште 18 други вида се нови за науката.

12
Подготви:Дора Стојковска VIII г одделение

Списанието „Фиданка“ се издава еднаш годишно во чест на Денот на пролетта. Оваа година го
издаваме бројот 8 и ги обработуваме природните убавини на нашата татковина.
На убавините во Македонија никој не може да остане рамнодушен. Македонија поседува скриени
убавини и потребно е да се истражуваат, да се откриваат нови со што ќе се мотивираат другите да ги
посетат, а воедно да се грижат да ги зачуваат. Целта на овој број од училишното списание е да го
поттикнеме тоа чувство кај луѓето, да ја унапредат свеста за заштита на природата зошто таа е
единствен извор на живот на земјата.
Благодарност до нашите ученици и нивните ментори кои со своите истражувања го збогатија овој
број на списанието.
Поради зачувување на животната средина и поради прекумерната употреба на хартија, решивме и
овој број да го издадеме во електронска форма.
13
Координатор на проектот: Данијела Стефановска
Уредник и графичка обработка: Дејан Младеновски
Ментори: Дејан Младеновски, Валентина Бојковскам Елена Ангеловска, Емилија Стојмановска,
Виолета Вељковска, Љубинка Велкова,

„Држете се блиску до срцето на


природата...поминете ден во шума или
качете се на планина. Измијте го Вашиот дух
со нејзината чистота.“
Џон Муир

14

You might also like