You are on page 1of 14

УНИВЕРЗИТЕТ ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” - ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ


КАТЕДРА ЗА ЕТНОКОРЕОЛОГИЈА

Семинарска работа по предметот Регионална етнологија II

ТЕМА: Ѓурѓовденска традиција

Ментор: Изработил:

Проф. Д-р Зоранчо Малинов Бојан Стојаноски

Бр. на индекс 12898

Штип, мај 2022

1
СОДРЖИНА

Вовед .....................................................................................................................................3

Света недела ........................................................................................................................4

Ѓурѓовден .............................................................................................................................4

 Обичај за обирање на бериќетот од нивите и млекото на стоката ..............6


 Обичај „напевање на нишаните“ .......................................................................7
 Обичај - обредно закрмување ..............................................................................8
 Колење на јагне ......................................................................................................9

Втор и трет ден Ѓурѓовден ..............................................................................................10

Обредни песни ...................................................................................................................10

Заклучок ............................................................................................................................13

Литература ........................................................................................................................14

2
Вовед

Ѓурѓовден — најголемиот христијански празник од пролетниот циклус којшто е


непроменлив празник и секогаш се паѓа на 23 април, односно на 6 мај по стариот
календар.. овој празник го празнува не само христијанското, туку и целото население
воопшто. Има голема традиција во словенските земји, меѓу кои и во Македонија, што
значи дека неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на
вегетацијата и на животот воопшто.

Кај Македонците со Ѓурѓовден започнува летната половина од годината што


трае до Митровден. Затоа во една македонска народна поговорка се вели: „Дојде ли
Ѓурѓовден, чекај си Митровден”. На овој ден се избираат селски одборници, протуѓери,
полјаци, потоа се главуваат момоци, овчари, козари, говедари итн. Заедно со тоа луѓето
се подготвуваат за периодот што следува и што е исполнет со многу, пред се, полски
работи. Човекот му се радува на оживувањето на природата, никнувањето на есенските
посеви, на разлистувањето на овошките на раззеленувањето на гората и на
обновувањето на вегетацијата воопшто, бидејќи тоа значи и негова егзистенција. Меѓу
повеќето обичаи и песни поврзани со овој ден посебно значајно место заземаат оние
т.н. билјарски обичаи и песни што се изведуваат при берењето на билките вечерта
спроти празникот и на самиот ден рано наутро.

3
Света недела

Под поимот Света Недела, во некои предели, особено во Лакавица, Штипско и


Овче Поле, според народниот календар се подразбира неделата пред Ѓурѓовден. На овој
празник се одржуваат и манастирски, односно селски слави. Таков е и случајот на
пример во селата Чифлик, Штипска Лакавица и Панчинци, Овче Поле, каде пто
населението од околните села на Св. Недела ги посетува истоимените манастири.

Во втората половина од 60-тите години од XX век, во непосредна близина на


Штип е изграден манастир, чиј храмов празник е неделата по Велигден, во црковниот
календар наречена Томина недела. Овој храм кај населението од Штипско и пошироко,
покрај „Мирјанин манастир“, наречен така според името на ктиторката, уште познат и
како Света Недела. Според храмовиот празник на овој прилично посетуван манастир,
во поново време, поимот Света Недела, се почесто се употребува за неделата по
Велигден, т.е. за Томина недела, за сметка на постарото сфаќање дека, Света Недела е
неделата пред Ѓурѓовден.

Ѓурѓовден

Во народниот календар Ѓурѓовден зазема многу значајно место со оглед на тоа


што, овој празник се смета за ден- меѓник со кој започнува летната половина од
годината, кога годината се дели на два периода- летен и зимен. Затоа, најчесто токму
Ѓурѓовден се зема како датум, од кој важат одредени договори помеѓу паботодавачот
(чорбаџија, газда) и наемниот работник (овчар, момок..). Имено, според обичајот,
токму од овој празник важи договорот што ќе се склучи со момок, овчар или друг
наемен работник, на подолго време. Исто така, половинагодишен договор, на
Ѓурѓовден и Митровден, се склучува и на ниво на селската единица, во чие име
селскиот одбор се договара со говедар, падар или друг вид на работник, што ќе се
грижи за имотот на селаните. На овие празници се вршело и исплаќањето на наемните
работници за извршената шестмесечна работа. Доколку претпоставените биле
задоволни од работата на работникот, договорот можел да се продолжи и за наредните
шест месеци т.е. од Митровден до Ѓурѓовден, односно од Ѓурѓовден до Митровден. Во
некои предели, како на пример во Кратовско, на Ѓурѓовден, селскиот собир, освен што

4
вршел избор на селски падар, избирал и селски старешина- кмет, како и „ мировен
совет“ од три члена, кој имал и извесни судски надлежности.

Ѓурѓовден е еден од најбогатите празници со разни обреди и верувања, а


обредноста во врска со овој празник, најчесто започнува уште во претходниот ден. Во
некои предели, како што веќе и споменавме, активностите по врска со Ѓурѓовденските
обичаи започнуваат и нешто порано, во петокот, односно саботата пред Ѓурѓовден,
како што е случај со некои горноџумајски и осоговски села.

Впрочем, билки за Ѓурѓовден, на неколку дена пред овој празник, се берат и во


соседството, на бугарската страна од Осогово, во крајот познат како Каменица, а во
некои села од овој крај се береле и цела недела пред празникот. Во цело Смоличано, во
Северен Пијанец, во четвртокот пред Ѓурѓовден се одржувал и панаѓур за продажба на
разни билки.

Билките што се берат за Ѓурѓовден, без оглед на тоа, дали се берат во петокот,
саботата, денот пред празникот, или пак, на самиот празник, вообичаено треба да бидат
набрани пред изгревот на сонцето. Во оваа прилика, при берењето на ѓурѓовденските
билки се вршат и извесни магиски дејства, со цел, да се влијае врз здравјлето,
убавината, обликот на телото итн. Така, на пример, некои се тркалаат во росната трева-
„за да бидат здрави“, во ‘ржта се тркалаат- „да бидат високи како ‘ржта“, или пак за
„косата да им расте долга како ‘ржта“ и сл. На некои од билките што ги береле им
придавале и магиски својства, па така на пример, некои околу половината си врзувале
страк од ‘рж и гранчиња од ракита (вид врба)- за да не бидат слави, а некои си врзувале
дива тиква, според едно толкување- за да им расте косата итн.

Некои билки, според верувањето, мошат да влијаат и врз љубовната магија, па


така, некои си лепеле на облеката или си ставале на главата од тревата лепеш- за да се
лепат момите/ергените. Некои ергени, преку билката навалче ги прогледувал некоја
девојка низ тревката обртенче- „на девојката умот ќе и се завртел („обрнел“), по тој
што ја гледал“.

5
 Обичај за обирање на бериќетот од нивите и млекото на стоката

На ноќта спроти Ѓурѓовден и се придава мошне големо значење од аспект на


можноста за магиско делување, особено за обирање на бериќетот од нивите и на
млекото на стоката. Постојат разни кажувања меѓу населените од целата етнографкса
целина, како во нивното село, некоја гола жена јавала на кросно, настојувајќи со разни
магиски дејства и магиски вербални формули да го преземе бериќетот од туѓите ниви и
да го префрли во својата.

Во Горна Пчиња е забележано верувањето, дека за да се обере бериќетот од


туѓа нива, жената треба да се соблече гола и да јава на кросно, па така јавајќи околу
туѓата нива од неа да ја собере росата, па потоа таа роса да ја префрли во својата нива.
От тие причини, многу селани грижливо ја чувале нивата, што била посеана со есенско
жито. Во овој крај, за заштита на посевите од жените- маѓоснички како и „за од град“,
луѓето во нивите забодување потки, т.те врбови гранчиња.

Постојат и разни обичаи и магиски вербални формули за обирање на млекото од


стоката, особено од овците. Тоа вообичаено се прави на тој начин, што, маѓесницата
влегува во трлото, јавајќи гола на кросно, при што, за ногата и е врзана цедилка (крпа),
чиј друг крај е врзан за кросното. Обирањето на млекото е придружено и со магиска
вербална формула, која ја изговара голата жена. Таа по јавањето на кросното, влегува
во воја и пласка со водата, велејќи: „Плас, плас- сето масло у нас“ или: „Од цело село
збирам муку- у мој бутим да гука“.

Често овие кажувања за магиско обирање на бериќетот и млекото, се поврзуваат


и со конкретни случаи, кога сопственикот на нивата или трлото ја фаќа голата жена со
крсното и за сторениот престап ја казнува. Вообичаено се казнува со ќотек, а потоа
следи врзување за стожерот и повикување на сопругот. Понекогаш, се земаат
соблечените алишта, или кросното, како доказ за обидот за собирање.

Покрај за магиско обирање, на ноќта спроти Ѓурѓовден и се придава мошне


голема волшебна моќ за претскажување на иднината, особено во врска со љубовната
магија. Со цел, да им се претскаже со кого ќе се омажат, девојките вршече разни
обреди, кои ги започнување одвечер, спроти празникот, а резултатите од гатањето се
гледале сабајлето, на празникот. На пример, во некои предели, девојките правеле мовче

6
од гранчиња преку водата, во приквечерината спроти Ѓурѓовден- „за ноѓеска да сонат
со кого ќе се омажат“.

Во овчеполското село Пеширово, девојките што сакале да дознаат со кого ќе се


омажат, вечерта спроти празникот, првото залче од вечерата го ставале под перницата-
„за да го сонат идниот сопруг“. Во врска со воој празник постои и обичај, под
перницата да се стават три дрвца: едно голо, второто неоголено и третото шарено, т.е.
полуголено. Сабајлето, кога ќе се разбуди, девојката мижејќи треба да земи едно дрвце,
кое дрвце ќе го земи, таков маж ќе има. Ако дрвето е оголено- мажот ќе биде сиромав,
ако е неоголено- мажот ќе биде богат, ако е полуголено- ќе биде осреден.

 Обичај „напевање на нишаните“

Во некои места, особено во мешаните средини, каде што македонското


христијанско население живеело заедно со муслиманското т.е. со Турци или со Помаци
( исламизирано словенско население), се вршел обичајот познат како „напевање на
нишаните“, односно кај Турците познат како „мантофар“ или „мантифал“. Обичајот се
состои во тоа што, во еден сад наполнет со вода, секоја од девојките си става по една
китка, на која, со конче и се заврзува и нишан- прстен, обетка, парче облека или сл.,
така што, секоја да може да си ја разликува својата китка. Китките со нишаните се
оставаат да преноќат, вообичаено под трендафил, покриени со некаква крпа и
заклучени со катанец. Утредента на Ѓурѓовден, китките со нишаните се вадат од садот
една по една, така што, девојката што ги вади, да не гледа во китките. При секое
вадење на китката со нишанот, се пее одредена песна и според содржината на песната „
се одредувала“ и судбината на девојката. На пример, во село Церово, Горноџумајксо,
доколку се испеело: „Мома бега през ливада“, тоа значело, дека, девојката „наскоро ќе
се мажи“, ако се испее: „Овчар свири из планина“- „ќе се омажи за овчар“, а ако се пее:
„Ага седи на сребрен стол“- „ќе се омажи за возрасен“ итн.

Во некои турски села во Лакавица, каде што Македонците живееле мешано со


Турците, девојките од двете конфеционални групи го правеле заеднички овој обичај.
Нешто слично е забележано и во соседството, во Радовиш, каде што на момите-
христијански судбината им ја предвидувала некоја постара була т.е. Турчинка, која,
додека ги вадела китките со нишаните од садот со вода им пеела песни на турски јазик.

7
Ѓурѓовден е поврзан и со некои обичаи во врска со водениците, особено со оние
што мелеле со камен што се врти во лево. На пример во Малешево, некои се замивале
од воадата што течела низ таква воденица, а во Пчиња, врбовото гранче, со кое се
опашувале околу половината за да не ги боли кога ќе жнеат, претходно требало да биде
пропуштено низ буката од воденица. Слично се правело и со солта, со која требало да
се закрми стоката: се завиктувала во крпче и се пустала по водата што течела низ
буката од воденица, со каме што се врни на лево. Во пчињските села, на Ѓурѓовден
водениците не мелеле.

 Обичај - обредно закрмување

Еден од поважните обичаи што треба да се направи во врска со стоката на овој


празник претставува обредното закрмување. Имено, пред да се истера на пасење,
стоката прво се закрмува и тоа, покрај со трици, вода и сол, уште и со расни иситнети
билки, кои покрај другото, имаат и одредена магиска улога. Солта што се става во
крмата, вообичаено се осветува од страна на свештеник, па честооваа сол, некаде, како
на пример, во некои осоговски села е позната како „попова сол“, односно како „светена
сол“, во некои винички села. Во Малешево, покрај во крмата, од осветената сол, на
Ѓурѓовден се става и по малку во сирењето и во други млечни производи. Во некои
кратовски села, свештеникот на луѓето им носи одветена сол по куќите, за што
домаќините го даруваат со кожата од сакланото јагне. Вообичаено, свештеникот ја
осветува и смесата наменета за крмење, збогатена со разни билки, па во некои
кратовски села, оваа смеса е позната и како „попска крма“. Во некои осоговски села
постои обичај, стоката да се закрми од дисаги- „за да близнела стоката“.

На Ѓурѓовден се врши и замолзување на овците, при што е присутна и извесна


обредност. Имено, садот во кој се молзи мелкото, ведрото и котлето, се кити со венец
од разни билки, како и со разни зелени гранчиња. Воглавно, садот се кити со билките
пти се користат и при закрмувањето на стоката, а сето тоа се изврзува со црвен конец.
Во село Тајци, околу садот во којшто се молзи млекото се прави венец (обрач) од
гранче од капина.

Замолзувањето на првата овца, во некои места, се врши низ прстен и низ


„шарена погача“ која се продупува на средината. „Шарената погача“ е со назначени

8
фигури, кои симболизираат разни нешта: овци, куче, овчар итн. Вообичаено, прстенот,
низ којшто се врши замолзувањето, како на пример, во село Падеш, Горноџумајско,
откако ќе се измолски првата овца, потоа се пушта во котлето. Во село Лешко, во
истиот предел, се замолзува низ венец сплетен од дива тиква, а на дното од котлето се
става пара. Во село Габревци, во Радовичка Лакавица, околу котлето се заврзува
огојка, а внатре, во котлето со млеко, се става гранче од капина.

 Колење на јагне

Една од најважните обреди што се врши на Ѓурѓовден, особено за домаќинствата во


кои сточарството било најважна стопанска дејност, секако претставува колењето на
јагне. Ова своевидно жртвопринесување, кај народот повеќе познато како курбан,
понекогаш, како на пример во кратовското село Тополовиќ, се толкува како барање на
жртва од страна на светецот (Св. Ѓорѓи). Сепак, колењето на јагнето, како чин на
принесување на жртва, во себе содржи и доста архаични елементи, на кои подоцна се
надоврзале и разни влијанија од христијанската религија. Така, на пример, колењето на
јагнето вообичаено се врши пред изгревот на сонцето, а се внимава на тоа, кога се коле
јагнето, главата да му е свртена кон исток, т.е. кон изгревот на сонцето. Најчесто,
јагнето се коле пред трлото, а некаде, како на пример во Горноџумајско и Малешево,
се најстојува крвта од закланото јагне да тече на нешто „зеленко“, т.е. на шума од
зелени гранчиња. Пред колењето, во некои предели, јагнето се каде со темјан, а во
некои кратовски села, на роговите му палеле свеќи. Во некои случаи, како на пример,
во малешевското село Ратево, додека се коле јагнето, до него се става и црвено
велигденско јајце, што се чува за оваа прилика.

На крвта од закланото јагне и се придава и магиска моќ. На пример, во некои села во


Горниџумајско, со шумата т.е. гранчињата со лисја, натопена со крвта од закланото
јагне се попрскувале воловите- „за да не штрклеат“. Многу пораширен е обичајот на
бележење точка цо крвта од јагнето, особено на децата- „за да бидат здрави“. Во некои
осоговски села, гранчињата врз коишто течела крвта од закланото јагне, се чуваат за да
спречат врнежи од град. Имено, кога ќе наидат градоносни облаци, мавтајќи со тие
гранки се настојува да се истераат облаците што подалеку или пак, доколку сепак
заврне- да заврне дожд, а не град. Во некои кратовски и средоречки села, при

9
приготвувањето на смесата со која се закрмува стоката на Ѓурѓовден, се става и од
крвта од закланото јагне.

Јагнето најчесто се јаде во кругот на семејството, на семеен ручек, кој има и


свечен карактер, но во некои случаи, јагнето се јаде колективно, на собир на кој
учествуваат повече семејства или на собир на целото село. Откако че биде изедено
месото од ѓурѓовденското јагне, коските од јагнињата вообичаено се закопуваат во
мравјалник- „за овците да се множат како мравките“. Понекогаш, коските прво се
ставаат во вода, во каменото корито пред селската чешма, па потоа се закопуваат во
мравјалник. Во село Тополовиќ, Кратовско, коските од ѓурѓовденското јагне се фрлаат
во блискиот извор со минерална вода.

Втор и трет ден Ѓурѓовден

(Први и други д’н Ѓурѓовден- Козјачица)

Според некои постари записи, ѓурѓовденските обичаи траеле и по повеќе денови, а за


тоа ни сведочи и материјалот регистриран во козјачкото село Враготурце. Во ова село,
Ѓурѓовден се празнувал три дена и тоа, првите два дена како Први и други д’н
Ѓурѓовд’н, а на третиот ден се празнувал како Марковд’н. Во соседното село Пелинце
се одржувал тридневен собор на кој доаѓале селани и од околните села, ана втор ден
Ѓурѓовден, собор се одржувал и во блиското село Малотино. Во Кратовско, денот по
Ѓурѓовден се празнува за од глувци, а ве некои села во Злетовско- пробиштипскиот
крај, овој празник за од глувци е познат како Ѓурѓовденска патерица.

Првата сабота по Ѓурѓовден, во Малешево е позната под името Моминден,


бидејќи на овој ден момите се лулале на лулашки,а момчињата ги гледале. Додека
девојката се лулала, во ѓурѓовденската пецна што се пеела во оваа прилика, се
вметнувало нејзиното име, како и името на нејзиниот сакан, а кога на лулашката се
лулала друга девојка, тогаш и имињата на протагонистите во песната се променувале.

Обредни песни

Ѓурѓе ле, Ѓурѓе млад Ѓурѓе,


да кој ти рече да дојдеш?
– Мене ми рече Велигден!

10
Ѓурѓе ле, Ѓурѓе млад Ѓурѓе,
брго по мене да дојдеш,
по тебе шума и трева,
по трева идат ќејаи,
по ќејаи идат овчари

Од гранка в гранка, ај Ѓурѓе ле,


јунаку в рака.
Викум вукаше фидан Јован, Ѓурѓе ле:
– Кротко фрлајте, ај Ѓурѓе ле,
моето моме!
Да не ми падни, ај Ѓурѓе ле,
да се отепа.
Јаже јажливо, ај Ѓурѓе ле,
дрво црвливо
дрво шупливо, ај Ѓурѓе ле,
место камливо.
Чекај ја чекај, фидан Јован,
у десна рака,
у десна рака фидан Јован
у лева пола.

Кинисал ми свети Ѓорѓија,

Кинисал ми на ден Ѓурѓовден,


кинисал ми на потка да одит,
да запотнит нивје и ливаѓе.
Кога беше сред поле широко,
Ги сусрете она суро ламја,
тој е извај него остра сабја,
Е пресеже она сура ламја.
Потекоа три силни порои,
Први порој се бела пченица,
Други порој она рујно вино,
Трети порој се руди јагниња.

11
Кинисале ми, кинисале ми, двесте девојки,
Двесте девојки, двесте девојки, триста невести,
Да ми одат да ми одат на билје брање.
Двесте девојки, двесте девојки, билје копаје,
Триста невести, триста невести, цвеќе береје,
Цвеќе береје, цвеќе береје, венци виеје,
Венци виеје, венци виеје, на мошки деца.

(билјарска песна од зборникот на Васил Икономов)

Ајде на билје бела Билјано,


Билје да бериш, стадо да крмиш,
Стадо да крмиш, стадо братово,
Стадо братово од брат Јанкула…

12
Заклучок

Празникот Ѓурѓовден се смета за најголем пролетен празник што не се празнува


само во христијанството, туку и во цела Македонија што значи дека во неговата основа
лежи некој голем претхристијански празник.се слави природа, будењето на
вегетацијата и на животот воопшто.

На Ѓурѓовден се изведуваат најразлични обичаи. Ниту за еден друг празник не


ги има толку со магиско апотропејската цел како што е случајот со Ѓурѓовден.

Посебно значаен обичај што е поврзан со Ѓурѓовден е лулањето или нишањето.


На зелени дрва, слива, врба,јаболкница исл. се обесуваат ортоми и на нив преку ден се
нишаат децата, но и повозрасните девојки и момчиња, дури и помладите невести. Секој
што е на нишалка во рацете носи црвено јајце, а во некои краишта и некој сребрен
предмет. Среброто симболизира трајност (вечност), огојката- горење, каменот-
цврстина, лепаецот се носи да се лепат по девојките момчиња и по момчињаата
девојки, а и копривата во народните верувања поседува магиска моќ.

13
Литература

Малешево и Малешевци- етнолошка испитавања Јереније М. Павловича- 1928 г.


Београд

Традицискиот народен календар на шопско- брегалничката етнографска целина-


Зоранчо Малинов- 2006 г. Скопје

14

You might also like