You are on page 1of 21

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ – ШТИП

МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА
ОДДЕЛ: ЕТНОКОРЕОЛОГИЈА
Штип

ЛАЗАРСКИТЕ ОБРЕДНИ ПЕСНИ ОД СТРУШКО ПОЛЕ


Семинарски труд по предметот ТРАДИЦИОНАЛНО ПЕЕЊЕ 2

Ментор: Кандидат:
проф. д-р. Владимир Јаневски Антонио Стојчески
Асистент: бр. на индекс 12730
Тијана Јаневска

Штип, 04, 2020


СОДРЖИНА

Вовед..........................................................................................................................3

1. Етнокореолошки карактеристики на етничкиот предел Струшко


Поле.....4

2. Антифон начин на
пеење....................................................................................4

3. Лазарова сабота...................................................................................................4

4. Лазарските обредни поворки (според други пишани


изври).......................5

5. Наменски лазарски
песни..................................................................................6

5.1. За по пат...................................................................................................6

5.2. За
син........................................................................................................7

5.3. За ќерка....................................................................................................7

5.4. За несвршена..........................................................................................7

5.5. За
несвршен.............................................................................................7

5.6. За на
мост.................................................................................................8

5.7. За
свршена...............................................................................................8

5.8. За
невеста/старица.................................................................................8

5.9. За двајца
браќа........................................................................................8

2
6. Снимен материјал за лазарките од с. Драслајца 1996
г...............................10

7. Лазарска носија..................................................................................................12

8. Етнокореолошка анализа на лазарската песна „Брала мома


зеленика“..13

Заклучок..................................................................................................................15

Прилози...................................................................................................................16

Информатори..........................................................................................................19

Библиографија.......................................................................................................20

Вовед

Во трудот ќе споменеме за Лазарките од етничкиот предел


Струшко поле. Ќе се послжиме со повеќе литератури од автори кои пишуваат
на оваа тема и видео материјал односно репортажа превземена од интернет,
снимена во 1996 година. Исто така би споменале за нивната носија и песни кои
ги пееле на Лазарова сабота.
Обредната поворка „Лазарки“ датира уште од предхристијанството, таа
во себе содржи посебна приказна за нивното постоење. Лазарките имале
мисија да да донесат здравје, среќа, берикет и благосостојба во секој од
домовите каде што ќе отидат.
Лазарките представуваат женска обредна поворка сочинета од повеќе
девојчиња (млади моми) до тринаесет години. Оделе од куќа на куќа и пееле
песни. Низ цела Македонија Лазарките одејќи по куќи пееле песни за сите
членови од семејството започнувајќи од најстариот па се до најмладиот член.
Најчесто пееле наменски песни како што се на пример: за стара жена, за ерген
(не женет), за невеста исто така тие пееле и песни не само поврзани со човекот
туку и со стоката и домовите во кои луѓето некогаш живееле. Фамилиите каде
што лазарките пееле секогаш ги дарувале со варени јајца и пари, за здравје и
бериќет.
Девојките на Лазарова сабота се облекуваат во посвечени носии

3
односно најчесто, иако се девојќи, тие се облекуваат како невести. Нивната
носија се состои од повеќе делови, во различност од имотната состојба на
фамилијата носиите се сретнува да бидат по богати или по сиромашни. Тоа
најчесто се гледало по накитот кои го носеле на себе. Основните делови од кои
е составена Струшката народна носија се следниве: везена кошула, китен
клашеник со најразлични гајтански апликации и вез, мало кошулче на кое во
поново време се пришиени лигарникот и поманиките (ракавчиња) изработени
од копечки материјал (богасија), црн појас во вид на плетен гајтан
(карактеристичен за таа област), скутината или бовчата е ткаена на две дипли
со вертикални пруги и богато орнаментирана со пуфки и чипка, купечка
индустриска шамија исто во поново време, чорапи орнаментирани со
најразлични геометриски фигури и флорални мотиви, опинци од свинска кожа и
богат накит од монети. Подетално за народната носија ќе прочитате во текот
на трудот.

4
1. Етнокореолошки карактеристики на етничкиот предел Струшко Поле

Етничкиот предел Струшко Поле се наоѓа на крајниот југозападен дел од


Брсјачката етнографска целина. Според етнкореолошката поделба припаѓа во
југозападното играорно подрачје. Поточно етничкиот предел Струшко Поле ги
зафаќа селата на источните падини на планината Јабланица. Во него спаѓаат
селата: Ложани, Враништа, Драслајца, Моришта, Биџево и Мислешево. Покрај
овие села, спаѓаат и голем број на други села кои се населени со Албанци
(Геги и Тоски) и торбеши (Василевски, 2013: 80)

2. Антифон начин на пеење

Во едногласното пеење влегува и антифоната форма на пеење,


кое е најизменично – респонзориално. Таа се случува кога една или две групи
пејачи/ки, најчесто по три (од кој главниот мелодиски глас стои секогаш во
средината на групата) изведуваат песна во вид на дијалог. Во моментот кога
тие се “сретнуваат”, кога втората група и се придружува на првата, се
појавуваат елементи на повеќегласје.

Во минатото, антифониот начин на пеење се практикувал еднакво


кај едногласните и дволасните песни. Се сретнува и кај жетварските,
свадбените, божиќните, ѓурѓовденските песни, кои не биле поврзани со игра, но
и кај оние песни што го следеле ритмичкото чекорење на орото. Тогаш
антифонот пеење се изведува без пауза. Кај пеењето кое не е поврзано со оро
се прави пауза при започнувањето на новата мелострофа од првата група
пејачки. За антифоното пеење во народор постои и термин “пеење со
преземање”(Илиевска, Мариноска, 2015: 17).

3. Лазарова сабота

Лазарова сабота е еден од поголемите христијански празници од


пролетниот циклус којшто секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, или точно
една недела пред најголемиот празник Велигден. За обичаите и верувањата на
народот поврзани со Лазара и Цветници дознаваме од записите на собирачите
на народни преданија и умотворби. Евтим Спространов забележал дека во
Охрид, Лазара се празнувала на Цветници, а во Струга во сабота. На Цветници
пак се раздавале цвеќиња, особено зеленика и дафина, кои се чувале пред

5
иконата во домот. Во зборникот на браќата Миладиновци покрај повеќето
лазарски песни среќаваме податок и за изведувањето на овој обичај во Струга,
во половината на минатиот век. „Рано децата оделе по куќите со шарени
стапчиња. Тој ден, а и на Цветници се собирале девојките по маалата
дотерани како невести. 1

4. Лазарските обредни поворки (според други пишани изври)

Во зборникот на браќата Миладиновци покрај повеќето песни поврзани


со празникот Лазарева сабота, може да се сретнат и податоци за изведувањето
и празнувањето на обичаите поврзани со тој празник. „Рано децата ходат по
куќи со шарени стапчиња. Тој ден, а повике в недељата, в Цветници се
собираат девојките по махали и направјет една од них невеста. Кого ке
сретат на п‘т обколисват и пејет секому по возраста му т.е. ако је
неженет друга песна, ако је женат друга. Ако је жена или девојка друга. Тој
дават пари на невестата која му целива р‘ка. Со тие пари накупвет
нужните јела и се гоштевает и попраштает Лазара со ора и песни.“ – Рано
децата одат по куќи со шарени стапчиња. Тој ден, а повеќето во недела, на
Цветници се собираат девојките во групи, една од нив ја прават невеста. Кого
ќе сретнат на пат го обиколуваат и му пеат на секого песна според возраста
т.е. ако бил женет или неженет една, друга. Ако била жена или девојка, друга
песна. Тој и давал пари на невестата која му ја бакнувала раката. Со парите
што ги собрале купувале храна која подоцна ја готвеле. Со игри и песни го
испраќале праазникот – Лазара.

Кузман Шапкарев, пак, запишал дека на овој ден „младите моми на


возраст до 13 години“, се собираат во дружина од по 5-6 девојчиња и по едно
момче, одат од куќа на куќа и заедно пеат лазарски песни соодветни на
социјалниот статус на домаќините. Штотуку влезат во дворовите или внатре во
куќата се ределе во отворен полукруг, свртени со лицата кон огништето или кон
домаќините и под раководство на „челничките (главни на групата)“ или
„танчерката“ испевале една до две песни соодветни на условите на куќата.
Кога ги пееле песните девојките се полулуваат или наведнуваат напред назад
со телата. По испевањето бакнувале рака на домаќините и домаќинките кои

1
Информации од интернет страницата на тв Сител, линк: https://sitel.com.mk/deneska-e-
lazareva-sabota-narodni-veruvanja-i-obredi-za-ovoj-den

6
после тоа ги дарувале со дарови (јајца или пари). Парите ги собиралале
челниците а јајцата пак ги собирало момчето придружник на групата во голема
кошница кое ја носело со себе целото тоа време.

Не само во Струшко Поле туку низ цела Македонија Лазарките одејќи по


куќи пееле песни за сите членови од семејството започнувајќи од најстариот.
Нему му се пеело за синовите, снаите, внуците, за имотот, куќата и сл. На
машките деца им се пеело за учење во манастир „Он го пратил за три години,
он се научи за три месеци“, на девојчињата пак им се пеело да се омажат за
царев син, на ергените за грабење девојка, за женидба и убав живот. На
девојка за мажење и се нагласувала нејзината работливост, се пеело за
нејзините дарови, за свекорот и свекрвата, за деверите, золвите и јатрвите.
Особено топли чувства биле испеани во песните за невестите без деца. На
мајките со деца пак, им се пеело за децата и тие се споредувани со сонцето
„Угреале два сонца, е Лазаре. У мајкини пазуи Лазаре, у таткои скутои. Не ми
биле два сонца Лазаре, тук ми биле два сина Лазаре, мајка ги галеше, е
Лазаре“ и сл. Исто така треба да се напопмене и фактот дека лазаркте не
пееле во куќа каде што имало некој починат.

5. Наменски лазарски песни

Во селото Ташмаруништа, Струшко, Лазара се славело 3 дена. Во


четвртокот вечерта се правеле подготовките. Петок е машка лазара и тогаш на
лазара одат машки деца. Поголемите деца од 10-15 годишна возраст се
групираат во т.н. „Тајфа“ која ќе биде доминантна и привилегирана. Мегусебно
избираат зет во групата и со себе носат кошничка за собирање на јајца. Овој
празник има поврзаност и со замолзување на овците. Имено до петокот пред
Лазарева сабота овците не се молзеле (Аврамовски, 1992: 216). Во саботата е
Женска Лазара и тогаш по селото шетаат девојчиња. Одбираат една лазарка
за невеста и ја облекуваат во невестинска носија. При влегувањето во дворот
на куќата, лазарките фаќаат оро, а прва на орото е онаа девојка која е во
најблиско сродство со семејството кое живее во таа куќа. Играјќи пеат песни
наменети за секој член од семејството. Такви песни се:

5.1. За по пат
Летале ми летале, јо Лазаре, девет реди гулаби,

7
девет реди гулаби, јо Лазаре, а десетти пауни.
Паднале ми паднале, јо Лазаре, во Анкини дворови,
Анка во двој седеше, јо Лазаре, ситен бисер нижеше.
Ситен бисер нижеше, јо Лазаре, на гулаби даваше,
зобајте, ми зобајте, јо Лазаре, девет реди гулаби,
девет реди гулаби, јо Лазаре, а десетти пауни.

5.2. За син

Има мајка, Лазаре, мила сина. х2


Прајт ли го, Лазаре, чинит ли го. х2
Да го пушти, Лазаре, Света Гора. х2
Света Гора, Лазаре, манастира. х2
Да се учи, Лазаре, бела книга. х2
Бела книга, Лазаре, црно писмо. х2

5.3. За ќерка

Има мајка, Лазаре, мила ќерка. х2


Прајт ли ја, Лазаре, чинит ли ја. х2
Да ја пушти, Лазаре, з‘лазарица. х2
Да се учи, Лазаре, лазаречки. х2

5.4. За несвршена

Китно, китко, Лазаре, невенова,


што си толку, Лазаре, овенала.
Ал дек не си, Лазаре, посвршена,
посвршена, Лазаре, немажена.

5.5. За несвршен

Овде јунак несвршен, јо Лазаре,


мислат да го посвршат, јо Лазаре,
за девојче од село, јо Лазаре,
ама не го даваа, јо Лазаре,
скапа цена бараа, јо Лазаре,

8
после се помолија, јо Лазаре,
ама не го сакаа, јо Лазаре.

5.6. За на мост

Што мера се намери, јо Лазаре, што ми Господ поможи,


Отвори си ќесето, јо Лазаре, дарувај си лазарки.

5.7. За свршена

Ајде биле с‘лазара, јо Лазаре,


од година не идеш, јо Лазаре,
на буниште ќе седиш, јо Лазаре,
на мажот гаќи ќе шиеш, јо Лазаре,
с‘нога дете ќе лулаш, јо Лазаре.

5.8. За невеста/старица

Овде дворје метани, јо Лазаре,


невеста/старица ги изметила, јо Лазаре,
со два страка босилок, јо Лазаре,
Седна ми заседна Богатија, Лазаре,
по бавчите, Лазаре, под сенките.
Низ сенките, Лазаре, трендафили,
трендафили, Лазаре, поцрвени.
Им долета, Лазаре, лепо пиле,
им нараси, Лазаре, рум-ракија,
рум-ракија, Лазаре, чаша вино.

5.9. За двајца браќа

Заиграле се, заиграле се, Лазаре, до два сонца,


заиграле се, Лазаре, до два сонца.
Помалото братче, помалото братче, Лазаре, го надигра,
помалото братче, , Лазаре, го надигра.
Трчум, трчум, Лазаре, дури дома,
трчум, трчум, Лазаре, дури дома.
Од далеку, од далеку, Лазаре, мајка вика,

9
од далеку, Лазаре, мајка вика.
Ако синко, ако синко, Лазаре, те надигра,
ако синко, Лазаре, те надигра.
Него ќе го, него ќе го, Лазаре, посвршиме,
него ќе го, Лазаре, посвршиме.
Тебе ќе те, тебе ќе те, Лазаре, ожениме,
тебе ќе те, Лазаре, ожениме.2

Овие карактеристични ороводни песни како традиција се задржани и до


ден денес. Тие сеуште се изведуваат во селата од Струшкиот регион. За
разлика од минатото, денес овие ороводни песни ги исполнуваат мали
девојчиња од 3 – 15 годишна возраст каде јасно може да се забележи
хиреархиската поставеност на лазарките во групата. Во с. Мороишта, Струшко
Поле, денес учествуваат околу 30 лазарки од кои најголемите 10 ги изведуваат
ороводните песни, а останатите лазарки учествуваат во чинот следејќи од
страна. За с. Ташмаруништа, Струшки Дримкол, карактеристично е играњето
на лазарките околу кошницата за дарови (Јаневска, 2017: 2)

Играорните обрасци на овие песни се доста едноставни. Тие се од типот


на орото „Лесното“, исполнети со синхронизирани движења, преплети,
тричекори. Антропологијата на држењето на телото најчесто е кога девојките се
фатени под рака, за рака или рацете им се фатени во преплет позади. Прва на
орото секогаш стои главната лазарка неста, челник, а по неа се редат
останатите лазарки. Во с. Мислешево, Струшко Поле, карактеристичен е
рефренот кој се појавува на крајот од секоја лазарска песна, тој е со
поразлична мелодиска линија, а со тоа се менува и играорниот образец.
Врз основа сето ова може да се заклучи дека целокупниот обред како
основна особина ја следел симболиката на циклусот, кој претставува
универзален симбол и означува севкупност, целовитост, бесконечност и
вечност, а како потврда за ова е кружната обиколка на „Лазарките„ како со
игрите така и со песните во кои „кружниот принцип“ се изразува преку
антифоното пеење (Величковска, книга 63: 155).

2
Жупаноска Симона, с. Ложани.

10
6. Снимен материјал за лазарките од с. Драслајца 1996 г.

Во петокот се плетело венец, девојките се ределе пред црквата, челници 2-


3
3 (постар и помал челник). Венците ги ределе на иконите, ги кителе за да се
знае дека е „Лазара“. Береле и врбици 4 кои ги ределе исто така на венците. Во
саботата жените оделе во црква со питулици или колачиња 5. Лазарките ја
пееле лазарската песна со стиховите:
-„Шо ми мера напери шо ми господ поможи,
дочекало и в година за многу годиници“.

Ќе испееле а народот им давал по некоја пара. После тоа ги броеле


парите и оделе кај попот, тој ги чувал парите до другиот ден. Во недела, рано
кога ќе станеле, повторно ќе се облекувале во носии и ќе се распредереле во
групи и оделе по куќи. Во секоја куќа ја пееле песната: „Овде дворја метени,
измела и девојка, со два страка босиљок, со три страка чебрика“. Шетале по
селото играле, пееле по дворовите. Им давале пари и јајца, челниците биле
главни и ги спобирале парите. 6Исто така во некои куќи се пеела лазарската
песна „Личит ѕвезда над село, а девојки средсело. Берете се лазарки да
обериме коприна, да одврзиме ризата да дарвиме свекор, свекрва“. 7

Според Михаило Димовски пак, повеќето лазарските песни, во овој крај


се ороводни песни кои прикажуваат синкретична форма на песната и орото.
Лазарките играат во саботата претпладне, кога пазарџиите одат и се враќаат
од градот, претпладнето во неделата и во неделата вечер кога се испраќа
Лазара. Машките своето оро „Вируј, вируј гајтанот“ го играат исклучиво во
градот Струга во неделата претпладне. Во него учествуваат од 5 до 6
маскирани момчиња на возраст од 15 години. Лазарските ороводни песни се
изведуваат на два начина: строго вокални-а капела и синкретизирани со песна
и оро. Во првиот начин лазарките се наместени во полукруг една до друга и
најчесто антифоно ги изведуваат песните, додека пак во вториот начин
лазарките се фатени една до друга во отворен круг и се движат од лево кон

3
Стојаноска Голаба, с. Драслајца.
4
Врбици (гранки од дрвото врба).
5
Колачиња (округли лепчиња)
6
Чуркоска Ратка, с. Драслајца.
7
Стојаноска Мара, с. Драслајца.

11
десно. Прва на орото стои најстарата лазарка која воедно е и најдобар вокал
во групата. Во разни села, оровотката различно ја викаат: неста, матица,
наврхница, завељвач, челник итн. Во машките лазарски поворки прв на чело
стои „дедото“. Ороводните песни најчесто се од типот на Лесното, движењето е
косо десно и на цело стапало. Тие можат да се држат за рака кога се на
поголем простор надвор од куќниот двор, и за појас и под рака кога просторот
за играње е помал како во дворовите на куќите (Димовски, 1973: 62).

12
7. Лазарска носија

Лазарките во етничкиот предел Струшко Поле на лазарева сабота се


облекуваат во народни носии. Носиите кои ги носат спаѓаат во носии со
посебен социјален статус односно тие носат носии за невести.
Така нивната носија се состои од повеќе делови од кои:
- кошулче – изработено од домашно ткаено платно, кратко до
половината, везено со памучни конци на градниот дел и делот на ракавите со
флорални мотиви.
- кошула – од бело домашно ткаено платно, долга до под колена, везена
со флорални мотиви со памучни разнобојни конци. Везбената декорација се
сретнува на задниот стан од кошулата, на ракавите и на градниот дел.
- клашеник – изработен е од бела клашна, орнаментиран со волнени и
памучни конци и разнобојни фајтански апликации. Познато редење на
клашеникот е со бабаќ, кривале и петлици. Познати орнаменти кои се везат на
клашеникот се: стапчиња, ќошиња и кесмиња.
- појас - појасот пак е изработен од долги црни волнени конци, плетен во
вид на гајтан кој е карактеристичен за целата брсјачка етнографска целина.
- бовчата или скутината – ткаена од шарена преѓа, со вертикални линии.
Китена е со разнобојни пуфки, л’ски (пашипариња) и плетена чипка.

- шамија – памучна марама, индустриска со флорални мотиви.

- накит – тунтурици за на глава, менѓуши (наушници) и разни ланци со


пари.

13
8. Етнокореолошка анализа на лазарската песна „Брала мома
зеленика“

Начинот на изведување на лазарските ороводни песни во овој регион е


различен. Постојат неколку варијанти. Најраспространета е варијантата што се
игра како ората од типот на “Лесното” (Димовски, 1973).

- Назив на орото: Брала мома, Лазаре, зеленика


- Играорно подрачје: југозападно
- Етнички предел: Струшко Поле
- Извори: Димовски Михаило, Лазарските ороводни песни во Струга и
Струшко. МФ, VI, број 12, Скопје, 1973
- Опис на орото: орото со мирни стапки, нема потскоци и содржински е
многу едноставно
- Играчи: жени
- Облик и форма: се игра во отворен круг, со движење во десно
- Карактер: обредно оро, се игра на празникот Лазарова сабота
- Метроритмичка структура: 2/4
- Мелографски запис:

14
кинетографски запис:

- Содржина на играорниот образец: три чекорења кон десно и еден во


лево

15
Заклучок

Во овој семинарски труд се посветивме на обрадната поворка


„Лазарки“ од етничкиот предел Струшко Поле, нивната обредност, песни и
носија. Тоа што научив за нив е големиот број песни кои ги изведуваат, нивната
намена и цел. Се запознав со нови текстови и ја воочив разликата дека од едно
до друго село контекстот на песните останува ист како и мелодијата,
единствено што се менува се дел од зборовите кои ги содржат истите.
Лазарките се сретнуваат и ден денес во одредени области на
Македонија но во поинакви современи услови. Во нив се приметува многу
менувањето на зборовите, се приметува внесување на новини и во народната
носија каде се сретнуваат понови обувки на нозете. Исто така ретко може да се
види комплетна носија на некоја од девојките во помалите селски средини. Би
било убаво сите да ја знаат вредноста на истите и да се обноват
подзаборавените празнувања и обичаи.

16
ПРИЛОЗИ
Илустрации

1. Горна облека „клашеник“

2. „Кошула“

17
3. „Појас“

4. „Скутина или бовча“

18
5. „Накит од стари монети“

6. „Лазарска носија“

19
ИНФОРМАТОРИ

1. Жупаноска Симона, с. Ложани.


2. Стојаноска Голаба, с. Драслајца
3. Чуркоска Ратка, с. Драслајца.
4. Стојаноска Мара, с. Драслајца.

20
БИБЛИОГРАФИЈА

1. Аврамоски, Петар Лазарските обреди и песни во с. Ташмаруништа,


Струшко, Македонски фолклор, XXV/50, Скопје, 1992, стр. 216

2. Василевски Горан, „Етнокореолошки карактеристики на ората од


етничкиот предел Струшко Поле“
3. Величковска Родна, „Женското обредно пеење во Охридско-струшкиот
регион“, Фолклорот во Охридско-струшкиот регион, Институт за фолјклор
„Марко цепенков“, Посебни изданија, книга 63, стр.155.
4. Димовски Михаило, Лазарските ороводни песни во Струга и струшко и
нивните етнокореолочки карактеристики, Македонски фолклор, VI/12,
Скопје, 1973
5. Илиевска Мелита, Мариноска Фросина, Традиционално пеење.

6. Јаневска Тијана, „Етнокореолошки карактеристики на лазарските


ороводни песни од Струшкиот регион“. Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.

Интернет Линкови:

7. https://sitel.com.mk/deneska-e-lazareva-sabota-narodni-veruvanja-i-obredi-
za-ovoj-den
8. https://www.youtube.com/watch?v=uJEIW-I0xCY

21

You might also like