You are on page 1of 6

Традицијата и обичаите на еден народ се олицетворение на севкупното

богатство на една земја.


Во Македонија, старата и богата македонска традиција на најубав можен
начин се измешала со напредокот и современиот живот, па така сплотени
заедно претставуваат една успешна целина која во себе ги содржи сите
елементи на една култура која се темели на своите вековни обичаи.

Бадник и Коледе — денот пред раѓањето на Исус Христос (Божиќ), според


христијанската традиција. Според јулијанскиот календар, по кој се раководи
Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6 јануари секоја година, а
Божиќ на 7 јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните
пред големиот ден — Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден
завршуваат и Божиќните пости.
Традиционално, Бадник се прославува кај сите христијани, но црквите кои го
користат грегоријанскиот календар го прославуваат на 24 декември. Кај сите
христијански народи има низа обичаи за Бадник, особено поврзани со
Бадниковата вечера.
Водици или Богојавление — денот на кој според христијанското предание
Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на
19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар (вклучувајќи ја
и македонската), а на 7 јануари кај црквите што го користат грегоријанскиот
календар. Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето
свети тајни на христијанството.
Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото
живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и
најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н.
Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања и слави.
Прочка или Велики поклади — ден во православното христијанство на
меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на велигденскиот
пост. Датумот на Прочка се менува во зависност од датумот на Велигден, и
секогаш е точно на 7 недели пред Велигден.
Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а
постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.
Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде
месо, туку се јадат млечни производи или сукани пити. Прочка во
семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.
Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на
децата. Детето што ќе успее да го гризне јајцето се прогласува за најсреќно
во следната година и добива награда.
Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост.
Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните
празници.

Велигден или Воскресение Христово — најважниот верски празник во


православниот календар. Христијанските верници со овој празник го
прославуваат воскреснувањето на Исус Христос по неговата смрт со
распнување околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден по
неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела по
Велики петок.
Сите христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос
воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“.

Македонски свадбени обичаи: Свадбените обичаи се дел од традицијата на


секој народ. Тие се главен белег на секој крај и она што ја прави секоја
свадба различна и посебна.
Постојат различни начини на изведување, различни верувања и обичаи кои
се наследени од различни краеви.
Во Македонија, речиси секој град има барем по некој различен обичај кој се
прави пред или за време на свадбата. Често младите и не знаат што мора,
што треба и каде – како се изведува. Но, она што ги обединува сите е
верувањето во среќата и традицијата.
Тука ги издвојуваме повеќето македонски свадбени обичаи од различни
краеви како наше посебно културно богатство:
- Замесување лепче за среќа на младите ден пред свадбата. Тоа треба да
биде немажено девојче од женска страна.
- Китење на куќите на младите во четвртокот пред свадбата со поставување
венец на надворешната врата кој ќе стои цела година, како знак дека таа
фамилија правела свадба.
- Кога доаѓаат сватовите кај невестата две девојчиња стојат пред влезот и ги
китат со китенки, мажите на лева страна, а жените на десна, а тие оставаат
пари.
- Сватовите и кумот прво одат во домот на младоженецот, играат ора, пеат
песни, па тргнуваат по невестата.
- На вратата на невестата стојат машките членови на фамилијата кои не го
пуштаат младоженецот веднаш да влезе додека не плати или не биде
упорен во туркањето на вратата.
- Кога ќе влезе мора три пати да ја бакне невестата.
- Во некои краеви пред да влезе младоженецот, невестата од прозорецот
или од вратата го гледа низ вереничкиот прстен три пати изговарајќи: „Низ
прстен те гледам, во срце да ти влезам!“.
- Откако ќе влезат младоженецот, кумот, деверот и сватовите, едно
немажено девојче од женската страна треба на деверот да му врзе машна
на едната рака. Кога ќе заврши со врзувањето еден од двајцата треба да
биде побрз, или девојчето да му удри шлаканица на деверот или тој да ја
бакне.
- Деверот ги носи невестинските чевли кои се еден број поголеми, па за да ѝ
бидат точни на невестата треба да ги полни со пари.

You might also like