You are on page 1of 4

Велигден

Најголемиот христијански празник.


Велигден е најголемиот христијански празник.
На овој празник се одбележува воскресувањето на Исус
Христос.
Главната симболика на Велигден се црвените јајца. Нашите
мајки или баби на Велики Четврток ги вапцаат првите три
црвени јајца. Постојат многу митови и легенди. Главен
обичај за овој празник се црвените јајца. Дарувањето
велигденски јајца, притоа водејќи сметка секој член на
семејството и гостин да добие јајце со одреден симбол.
Велики петок е ден кога под крстот на Христос останале
само апостол Јован, Богородица и уште неколку жени. Тоа го
сториле мотивирани од љубовта кон Христос. Велики петок е
ден кога се исполнува сè по што следува оплакувањето и
период на тридневен молк. Од моментот на оплакување
следува период на исчекување на воскресението.
Со означување на Христосовото воскресение, значајно е да
се напомене дека оние кои постеле треба да се
причестат. Целта на Христосовото доаѓање на Земјата е да
може човека да го издигне на небото. Местото или настанот
каде тоа се случува е причестувањето или влегувањето во
реална мистична заедница со Бога. Причестувањето
најсоодветно е да се прави на бдението вечерно, откако ќе се
објави дека е полноќ, 12 часот и откако ќе се заврти три пати
околу црквата. Некои луѓе кои не можат да издржат се
причестуваат на саботната литургија, а некои на утринската
литургија.
На Велигден се поздравуваме со поздравот “Христос
воскресе!”, а возвраќаме со поздравот “Навистина
воскресна”.
Овие поздрави се протегаат се до Спасовден и тоа е период
на славење. Првата седмица по Велигден, до Томината
недела, се нарекува Светла седмица. Специфична е по тоа
што според празнувањата е најсветиот период во годината.

You might also like