You are on page 1of 2

Св.

Петнаесет тивериополски маченици


заштитиници на градот Струмица
Во градот под царевите кули се слушаат црковни ѕвона. Одекнуваат
од камбаната на најстарата црква означувајќи го големиот христијански
празник посветен на Петнаесетте свети тивериополски маченици. Река од
верници го исполнуваат дворот и храмот на светилиштето. Доаѓаат да се
поклонат пред моштите на светците за кои низ историјата се верува дека го
штитат градот и неговите жители.
За делото на светите маченици најмного дознаваме од Житие на Св. 15
Тивериополски маченици од Св. Теофилакт Охридски. Областа на градот
Струмица во минатото се нарекувала Тивериопол. Во периодот кога живееле
светите маченици овие простори биле дел од Византиското царство .Тогаш
владеел  императорот Јулијан Отстапник кој вршел страшен прогон на
христијаните. Во целата Римска империја биле издадени посебни наредби и
биле испратени луѓе да ги спроведуваат. Секој што ќе се откажел од Христос
добивал големи почести од царот, ако пак не сакал да се откаже од неговата
вера и не сакал да им принесе жртви на паганските идоли требало да биде
подложен на жестоки казни и мачења. Епископите Теодор и Тимотеј и
монасите Комасиј и Евсебиј кои живееле во Солун биле соочени со ваквата
опасност. Така тие оставајќи го Солун се преселиле во Тивериопол и овде
нашле можност да го сеат словото на Господ Исус Христос во душите на
побожните луѓе. Преку нив станало сенародното просветлување на
Тиверијците, а Христос им стана познат и на жителите на околината.
По пристигнувањето во Тивериопол ним им се придружиле месните
свештеници Петар, Јован, Сергиј Никифор и Теодор (втори), ѓаконите Василиј
и Тома, монасите Јеротеј, Харитон и Даниил како и еден мирјанин по име
Сократ. За нивното прифаќање на христијанството разбрал и управителот на
областа кој се наоѓал во Солун и кој веднаш презел мерки да бидат казнети.
Според наредбите од имперторот фатил и ги погубил на 28 ноември 326
година. Откако егзекуторите си заминале добродушните христијани ги
завиткале нивните тела во бели и чисти чаршави и според христијанските
обичаи ги погребале достоинствено, секој во посебен ковчег од камен, врз
кој ги напишале имињата на мачениците. Бог ги дарил со чудотворна моќ,
така што од нивните мошти многумина болни оздравеле.
По долги го,дини, градот  Тивериопол бил разрушен до темел од
страна на Аварите и Словените а гробовите останале затрупани во
разурнатиот храм. Со населувањето на словенските племиња во Струмичката
област во извесна смисла затаил и култот кон Петнаесетте тивериополски
маченици. За време на турското ропство оваа црква била разурната.
Подоцна Струмица доживеала катаклизма и била разрушена до темел, а
настрадале и моштите. Останала само една рака за која се претпоставува
дека е на Петар, која што според верувањата направила многу чуда и
излечила многу болни и која подоцна била положена во храмот посветен на
Света Анастасија во Солун.
Во 1921 година на светото место била подигната една мала капела во
која можело да влезе само еден од верниците, да се поклони и помоли. Оваа
капела постои и денес. Со благослов на тогашниот митрополит Злетовско-
струмички г. Наум и одѕивот на верниците од Струмица и околијата, во 1972
година се одлучи да се изгради нова црква.
Денес градината на Свети Петнаесет е една од најубавите која
изобилува со разни цвеќиња. Посетителите земаат по еден цвет кој им носи
мир, телесно и духовно здравје. Брестот има посебно место во сеќавањето
на Струмичани. Но, најголемиот дар од црквата Свети Петнаесет е дарот кој
Светите Петнаесет маченици го дале за црквата. Таа нивна пролеана крв
била семе од кое изникнала црквата. На нивните гробови одвреме навреме
се појавувало оган, таму се случиле 24 чуда според житието на Теофилакт
Охридски. Една мајка го донела своето немо дете за да преспијат во храмот
каде биле погребани мачениците. Детето имало 7 години и тогаш во тремот
на црквата прозборело во тивката ноќ. И во поново време, ноќта наспроти
празникот Свети Петнаесет маченици со верата и молитвите на верниците се
случуваат многу благослови. Значењето на овој празник за Струмица и
струмичани е толку големо што 11 декември се слави како патрон на
градот.

Доне Ангелов I8
СОУ „Никола Карев“ Струмица

You might also like