You are on page 1of 11

ЛЕГЕНДИ И ПРЕДАНИЈА

Легенда
Легенди се творби кои на фантастичен
начин раскажуваат за појави од
животот и природата (создавањето на
светот, човекот, сонцето и слично)
Легендите се поврзани со приказни од
Библијата и опис на животот на
светците.
 Легендата е дел од фантастичните приказни во
кои ликовите и случките за кои се раскажува се
земени од историјата. Има два вида легенди: за
личности и за места. Во легендите за места се
раскажува како се создале некои езера, планини,
реки... Исто така легендите се творби кои на
фантастичен начин раскажуваат за појави од
животот и од природата создавање на светот,
човекот, сонцето, имињата, ѕвездите и слично.
Зборот легенда потекнува од латинскиот збор
legenda што значи „нешта што треба да се
читаат"
 Легендите и преданијата би можеле да ги
разликуваме според светоста на ликовите:
„Поважните ликови“- Господ, светецот
најчесто се ликови од легенди, додека
преданијата раскажуваат за пообични
нешта, за определено место кое може, но не
мора да биде сврзано со ваков лик
Легенди
за настанувањето на имињата на македонските градови

 Скопје
 Градот Скопје низ историјата сменил неколку имиња. Неговото
античко име е Скупи, во византиските документи е запишан како
Скопија, а Словените го нарекувале Скопје, Скопие и Скопље.
Има разни легенди за неговото настанување. Една теорија вели
дека потекнува од грчкиот збор „скопиа“ и толкувањето како
„караула“, поради можното постоење на караула односно
“набљудувачница“ на тоа место (скопос значи „гледање“). Уште
една приказна за настанувањето на името на градот Скопје е онаа
која го “извлекува“ толкувањето на овој збор од “собир“, односно
“собиралиште“ и најверојатно го означувало местото каде што
главатарите (челниците) на околните места или племиња се
собирале повремено за да расправаат за некои заеднички работи.
Берово и Струмица

 Берово
 Жителите на најисточниот град во Македонија раскажуваат две легенди за тоа
како настанало името Берово. Според една легенда името доаѓа од сточарот
Беро, кој поседувал ливада – Беровска ливада помеѓу селата Робово и Мачево.
Втората, и поверојатна верзија е дека луѓето „се береле“, односно се собирале
од Малешевијата во Беровската котлина и така дошло до името Берово.
 Струмица
 И околку етимологијата на Струмица постојат неколку различни теории.
Едната вели дека со преселбата на Словените, која се одвивала во периодот од
осумдесетите години на 6 век до триесетите години на 7 век, градот доживеал
големи разурнувања. На овие простори се населило словенското племе
Струмјани, кое го добило своето име по реката Стримон, која тие ја
преименувале во Струма. Другата пак е малку поромантична, и според неа,
Денешното име Струмица, како што потврдуваат и старите пишани
документи на старословенски јазик, се користи од средниот век. Тогашниот
римски цезар Тибериј (од кого произлегува името Тивериопол) и го посветил
градот на својата ќерка Струма.
Мариово и Пелистер
 Мариово
 За потеклото на името Мариово постојат повеќе легенди. Едната
од нив вели дека тоа го добило името по убавата Марија која, по
долги натегања, заминала во харемот на турскиот бег и се
жртвувала за да го спаси целиот крај од потурчување. Другата
легенда говори за името Мориово, кое доаѓа од верувањето дека
пред многу векови тука постоело море, за што сведочат
многубројните карпи кои потсетуваат на школки.
 Пелистер
 Постојат две легенди поврзани со името Пелистер. Едни велат
дека името потекнува од грчкиот збор пелистер што значи гулаб,
зошто кога планината се гледа од далеку наликува на гулаб.
Другата пак е поврзана со петигличестиот бор – молика, која само
тука расте и има пет лисија. Пет-листер, па оттаму Пелистер.
Битола
 Во текот на историјата, во зависност од владетелите, градот Битола
имал многу имиња. Има верзија која вели дека градот Битола името
Манастир го добил по една огромна црква која се наоѓала над
Битола, кај сегашниот мост викан Црн Мост (турски јазик: kara
köprüsü). Во оваа црква можеле да се сместат сите присутни од
селското население од битолското поле кои доаѓале за време на
празниците да ги вршат верските обреди. Според записите на
Марко Цепенков, градот Битола своето име го добил по
големопоседникот Тољо, кој имал своја тврдина во близината на
денешното битолско село Буково. Во времето кога дошле Турците
да го освојат овој дел од Македонија, за да го повикаат на борба
големопоседникот Тољо, му велеле „Би Тољо, до би Тољо“, со што
според Марко Цепенков од таму потекнува денешното име на
градот Битола.
Легенда

 Легендата за името Кавадарци


 За името на денешниот град има повеќе легенди од кои почесто се
раскажуваат две. Едната говори дека јужно од Кулата, покрај Луда Мара,
некогаш имало голем камен и една висока топола, под која имало извор со
студена и пивка вода. Местото околу изворот било многу погодно за пасење и
пладнување на добитокот. Месноста ја викале Кавадар (топола место). Од оваа
сложенка прво бил изведен топонимот Кав-дар, а подоцна и Кавадарци. На
турски кавак значи топола, а дар значи тесно место.
 Другата легенда поинаку го објаснува името на градот Кавадарци. Според неа
некој простодушен селанец од населбата Тиквеш, барајќи ја изгубената крава,
дошол до изворот кај тополата и каменот и до реката Луда Мара. За среќа тука
го нашол изгубениот добиток. Загледан во убавото и романтично катче на
природата, селанецот од големо задоволство воздивнал и извикал: Каков кавин
– дар! Од Кавадар, со значење место на кравите, се претпоставува настанал
топонимот Кавадар. Со текот на времето и населбата која се оформила во
поголемо населено место, била наречена Кавадар, односно Кавадарци. Така
велат легендите што ги искајал народот за името на овој град.
 Асамати
 Асамаштани пренесуваат предание според кое
името значи “еднооки” и дека било добиено по
ослепената самоилова војска чии делови биле
доведени и стационирани на повеќе места
околу Преспанското Езеро, па и на локалитетот
на денешното село Асамати. Постои уште едно
тврдење според кое името значи “бестелесни”
и дека било добиено по богомилите кои
верувале во Богот-отец без тело.
 Лавци
 Лавчани пренесуваат предание дека на тоа место во самоилово време имало затвор кој, покрај

стражарите го чувале и кучиња по чие лаење, прво локалитетот, а подоцна и селото било наречено
Лавци.
 Претор

 Според едно тврдење името Претор потекнува од називот со кој, во самоилово време, била нарекувана

царската телесна гарда која на тоа место имала свој логор.


 Царев Двор

 Во преданијата на Царедворци името на селото се поврзува со легендите за постоењето на дворец на

Царот Самоил на ова место.


 Герман

 Според некои тврдења селото Герман името го добило по поглаварот на самоиловата Преспанска

патријаршија – Герман (Габриел) кој по смртта бил погребан во манастирот кој го носи неговот име
“Св. Герман”. Исто така мора да се напомене дека во селото, во 1888 година, е пронајдена надгобната
плоча на Самоиловите родители – таткото Никола и мајката Рипсимија, и братот Давид.
 Роби

 Според преданијата името на селото се поврзува со владеењето на Царот Самоил и од него заробените

византиски војници претворени во “робје” (робови) и нивниот престој на местото на кое подоцна
настанало селото Роби.
 Покрај овие, и голем број на други села од Преспа своето постоње го датираат од времето на Самоил,

како Пустец, Цер и др.


 Исто така тука мора да се спомне и селото Стипона, чие име најверојатно потекнува од

средновековниот град Ступион. Целиот имот од селото (полето и планината) претставуваат манастирски имот на
манастирот Св. Наум.
 Легенда Предание
 Раскажува соопштува
 Има Чудесно(прекрасно) чудно, необично
 Ликовите се библиски ликови историски
 Павлинка Костадинова-наставник по
македонски јазик

hp 6 g mkcjito/p resent
z i. co m/ m
https://pre
ation

You might also like