You are on page 1of 4

Боговите кај античките Македонци

Религијата во Македонија, во компарација со други религии во светот, од усното предание


до Хомеровите и Хесиодовите записи, како културно-филозофско-историска манифестација
на човечкиот дух, со материјална база на исконската култура на Лепенски Вир и
митолошката содржина на ономастиката на хидролошкиот систем на Панонија, несомнено е
од сакрална природа и без ривал во светските религии, што претставува уште еден голем
придонес на Македонија кон светската цивилизација.
Меѓутоа, во поглед на религијата во Македонија Папаставроу (1972, 496) истакнува дека
„религиските елементи на олимписките богови, во Македонија се внесени од Елада, за време
на династијата на Антигонидите, која почнала со кралот Антигон Гонат, 277/6 година п.н.е.”.
Понатаму тој навестува дека Македонците имале полилатрија од следните богови:
„Бог на војната бил Фавло, божица заштитница на дворот е Гига, Божица на ловот Газорија,
на убавината Зеирена, бог на светлото е Ксант, а бог на сонот Татое, бог на здравјето е
Дарон, бог на моќта и силата е Арето, додека божица на ветрот, водата и заштитничка на
градот Едеса е Веди.
Спротивно на овие лажни тврдења стојат историските и археолошките наоди.
Тоа го потврдуваат следниве факти и тоа: градот Дион во Пиерија е изграден во славата на
богот Диас/Дјаос/Дион од страна на македонскиот крал Архелај I (413-399) уште од V век
п.н.е.; градот Петра, исто така во Пиерија, се споменува во врска со богот Посејдон, како
„Посејдон од Петра”, а тоа е во врска со Димини културата од 5.630-4.450година п.н.е., која
припаѓа на културата на Халколитскиот период, а носителите биле Македонците и Еолците
од Панонија, а не „Елините“ кои како Ахејци стасале во Фтиотида, околу 1.400 година п.н.е.
или Дорци, 1.124 година п.н.е.
Потоа, во Македонија постоеле споменици на Пиерида, кипови на Муза и Орфеј, значително
претходно отколку во Елада, за што пишува Паусанија (IX,30.6). Од ова следи дека, ако
Орфеј бил ученик на Аргонаутите, а нивната експедиција, според Ератостен била во 1.225
година п.н.е. , тогаш е сосема јасно дека Македонците не примиле некоја елинска религија на
Олимпиците во III век п.н.е., туку биле создавачи на таа религија.
Према Томпсон (1954, 179) и божицата Атена не била со елинско потекло. За нејзината
неелинска ономастика тврди и лингвистот Мпампиниоти (1996, 62), што во превод значи
Бесмртна (и - танатос е смрт). Оваа божица кај староседелците на градот Атина, Пелазгите,
стасале од Беотија, а во Беотија од север од Тесалија, каде била почитувана како „Атена од
Итонија”. Тука живееле Еолците, потомци на Минијската култура од Подунавјето.
Во Македонија, во градот Кисос, во подножјето на истоимената планина, највисоките
планини на Халкидики, кој подоцна влегол во составот на градот Солун, месните жители го
славеле богот Дионис, далеку пред Елините, пред втората половина на вториот милениум
п.н.е., кога Дионис „бог од Ниса-Ниш”, тргнал во светот закитен со венци од винова лоза и
ловор, во придружба на воспитувачот Силен, гореадите, менадите и баханатките. После
Тракија и неговите перипетии со тракискиот крал Ликург, свратил во градот Кисос. Оттогаш
жителите на тој град му посветиле на богот празнувања под името „Дионис од Кисос”.
Богослужбата ја извршувала свештеничката Теана, ќерка на кралот Кисос.
Помпезностите на Дионис биле прочуени во цела Македонија и биле карактеристични по
употребата на посебни шупелки и по импозантните хорови за време на славењето на
Баховите прослави, каде имало гозби, се играло и се тргнувало во битки. Растението кисос
(бршлен) му било посветено на богот Дионис, а бршленот во Кисос бујно растел. Така во
прославата на Баховите мистерии и веселите гозби, учесниците биле закитени со венци од
бршлен околу главите, под името „кисофори”.
Кога митолошкиот Македонски крал Мид од Каракамен (Бермион) Планина, кој покрај
градините со најубави рози имал и големи лозја со одлично вино, дознал дека со Дионис е и
неговиот учител Силен, посакал Силен да го подучи на мудрост. Мид веќе бил упатен од
Македонецот Орфеј во боженствените тајни. Бидејќи Силен и Дионис го упатиле Мид во
Дионисовите мистерии, тој ги прифатил неговите божествени прослави. Према тоа,
„дионисиите” се воведени прво во Македонија во митолошкиот период, а не во антиката.
И на крај, од гениологијата на македонските династии видовме дека Македон бил син на
Зевс, а за тоа време првиот крал на Атена, Ерихтоние (од -ерион: волна и -хтон: земја)
никнал од земја т.е. тој е домородец Пелазг (Томсон, 1954, 181).
Од наведените компарации јасно се гледа дека религиските и митолошките сфаќања за
светот, на Македонците како варвари, не им биле пренесени од југ од Елините, или
„краснореката муза” во текот на династијата на Антигонидите, во III век п.н.е., туку оваа
висока култура имала обратен тек, и тоа од Македонија на Елините и од север и од југ.
Понатаму, божјиот Пантеон не е ставен на Парнас, Хеликон или Тајгет, туку на најголемата
и најубава планина во Македонија, во нејзината Пиерија, „Света Гора”, каде се и ризниците
и гробовите на нејзините кралеви.
Од север на Балканот, од Хипербореја, на Елините им дошла и божицата Лето,
Хиперборејка, една од жените на врховниот бог Зевс, како и нејзината божица на
породувањето Ејлејтија, за да помогне во раѓањето на боговите Аполон и Артемида.
Боговите близнаци, Аполон и Артемида, своето детство го минале во земјата на
Хиперборејците, меѓу своите сонародници (Хесиод, Теог. 404. и Херодот, IV, 32) за потоа да
ја пренесат својата божествена култура на Елините итн. Заради сето ова, овој дел од
религијата на Македонците, би го завршиле со зборовите на Хесиод (Теог., 27-28):

Орфеј
Календар
"Многу ние лаги знаеме да кажуваме на вистината слични. Но, кога сакаме, знаеме да ја
соопштиме и вистината права.”
Прашањето на хронологијата за утврдување на настаните во праисторијата на Македонија,
претставува проблем и за останатиот свет. Ератостен, славниот географичар, филозоф и
поет, кој живеел од 275-194 година п.н.е., во главниот град на македонското египетско
кралство на Птоломеј, во Александрија, во својата „Хронографија” лоцирал некои битни
праисториски настани. Така на пример, основањето на Теба од Кадма го ставил во 1.313
година п.н.е., раѓањето на Херакло во 1.261 година п.н.е., устоличувањето на Агамемнон за
крал на Микена во 1.200 година п.н.е., падот на Троја во 1.183 година п.н.е., дорската
миграција во Пелопонез во 1.104 година п.н.е. итн.
Историчарот Тимај од Тауроменион на Сицилија (околу 330 години п.н.е.) прв со
пресметување одредил дека првите Олимписки игри биле организирани во 776 година п.н.е.
На основа на овие и други историски, географски и други параметри, може да се претпостави
дека митолошкиот Македон, син на Озарис, може да се лоцира во околу 2.300 година п.н.е.
Од друга страна, ако се земе верзијата на Хесиод за Македон и Магнет, кои биле
родоначалници на Македонија, односно Магнезија, и дека Магнет со останатите Еолци бил
творец на димини културата, која Блеган ја лоцира во 3.200-2.600 година п.н.е., додека
Гимбутас (1982 година) во околу 5.630-4.450 година п.н.е., тогаш произлегува дека и
Македон треба да се стави во оваа хронологија.
Меѓутоа, ако се користи Ератостеновато и Херодотовато хронолошко разгледување, тогаш
Македон треба да се смести подоцна како е и Кадма, т.е. во околу 1.317 или 1.315 година
п.н.е., кралот Пиер околу 1.294 година п.н.е., кралот Еагар околу 1.271 година п.н.е., Орфеј
околу 1.248 година п.н.е., кралот Мид околу 1.200 година п.н.е, додека кралот Пердика околу
700 години п.н.е.
Подоцнешните хронолошки извори на познатите историчари и географичари, покрај Екатеј
(549-478), Херодот и Тукидид, или Полибиј (200-122), Страбон (66 година п.н.е. до 19 година
н.е.), Еузебио (338 н.е.) итн., далеку се побогати и попрецизни, посебно современите автори
ширум светот, како и компаративните археолошки истражувања вреднивани со помош на Ц-
14.
Во досегашните истражувања утврдени се многубројни елементи на митолошката,
историската, лингвистичката, теолошката и традиционалната посебност меѓу Македонија и
Елада, меѓу Македонците и Елините. Не е многу ако се изнесе уште еден податок од нивниот
секојдневен живот, а се однесува на календарот на овие два народа.
Така, елинската Нова година почнувала на лето и тоа во средината на месец јуни, античко
име Скирофорион. Спротивно на нив пак, Македонската Нова година имала свој почеток на
есен, во месец септември, македонско име Лоос (посакуван, желен).
Посебноста на Македонците од Елините се гледа и во нивната поголема побожност. Додека
Елините само на еден месец му дале име од боговите, и тоа на богот Посејдон, Македонците
имале два – еден месец му дале на богот Дион, а друг на божицата Артемида.

You might also like