You are on page 1of 16

Ова е приказна за најголемиот Цар на сите времиња...

приказна од Пеонија
раскажани по варварски, од народот кој практикува чудни ритуали и има обичаи кои
и ден денес се неразбирливи за граѓанството. Приказна раскажана од народ кој во
антиката немал Република, туку Кралства, Царство и Империја. Народ кој имал
градишта, селишта, кули и тврдини кога предците на денешното модерно
граѓанство уште не знаеле да работат со камен...народ кој на светот му дал култура и
цивилизациски вредности кои се полезни и во времето кое го нарекле 21 век...
Приказа за Цар Александар Македонски раскажана во Македонија на Македонски јазик

Кој е тој чиешто име останало запаметено од светот и векот од древноста па


до денес? За кого се напишани најмногу книги во историјата на човештвото? Каков
бил јунакот кој уште од младоста започнал да освојува со мудрост? Од каде
потекнувал човекот за кого повеќе од 2300 години човештвото пишува, преведува,
размислува и измислува...голем човек, Цар на Империја која се протегала на три
континенти, врвен војсководач и филозоф за кого демек се знае многу, но никој не
знае каде му се наоѓа гробот...наводно починал околу 40 дена пред да наполни 33
години. Македонец од Македонија. Цар на Големата Македонска Империја. Името му
е АЛЕКСАНДАР! Цар Александар Македонски.

Оние што зборуваат лошо за Александар нека не ги забораваат и неговите


добри дела и подвизи, но најпрвин нека се запрашаат самите себеси за нивниот
живот, па да го споредат времето кое им е дадено на оваа земја со само еден ден од
животот на Александар Македонски, Царот од Македонија чиешто име се прочуло за
век и векови. Во неговото време и вековите по него немало ни народ ни град кои не
го знаеле името на Александар Македонски. За него пишува и во Библијата, Куранот
и Талмудот, во старите книги на сите европски, скоро сите азиски и некои афрички
земји. Легендите за него и ден денес се раскажуваат ширум целиот свет. Тој е
човекот чијшто живот прераскажан во книги бил почитана приказна и од верските
книги. Александар Македонски бил, е и ќе биде инспирација и за безброј уметнички
дела, скулптури, гравури и споменици. Син на Филип и Олимпија, чедо на МА и ЅЕ,
Цар на Македонската Империја. Прв меѓу еднаквите од Македонија, владетел и водач
кој го поставил примерот за обединување на светот преку култура и наука.
Римјаните го нарекле Магнус, Велики. Муслиманите уште раскажуваат приказни за
„Зул Карнејн“ – оној со двата рога. Искандар, Шандор, Сикандар, Сканда, Бабаџан...и
по 2300 години, неговото име никако да загине. Македонскиот цар Александар
оставил неизбришлива трага во човештвото и со својот живот и дело поставил
пример за светска империја основана на морални и филозофски начела,
постигнувајќи државнички и човечки успех кој бил и останал ненадминат.

Генерациите на луѓе кои живеат на планетата Земја во вековите по


Александар не ги зачувале оригиналните записи од неговото време. Фрагменти од
древните сведоштва за пошироката јавност најчесто се достапни преку современи
преводи на некогашните преводи од поранешните преводи, кои исто така биле
преведени од древниот македонски јазик и писмо на големата македонска империја.
Преводи, преписи, копии, собирани извадоци, прераскажувања на преводи на стари
записи, и уште какви ли не приказни се препишале во последните две илјади години.
За Александар Македонски се напишани најмногу книги во историјата на
човештвото. До пред само неколку векови книгите за животот, подвизите и делата
на Александар биле најчитана литература буквално во целиот свет. Најчесто едни те

1
Приказа за Цар Александар Македонски раскажана во Македонија на Македонски јазик

исти приказни стигнале до модерната литература, што се должи на гореспоменатите


преводи и преписи – се препишувале исти извори, а многумина дури и несвесно
работеле во прилог на прикривање на големата мистерија за најголемиот цар на
сите времиња – Александар од Македонија, Александар Македонски, Александар
царот на македонците и големата македонска империја.

Родители и први учители му биле мајка му Олимпија и татко му Филип. Се


запознале и вљубиле кога се сретнале на ритуалот на древните мистерии на
Самотраки. Според денешното сметање на времето, мајка му Олимпија го родила во
деновите од 20 до 23 јули во 356тата година пред нашата ера. Според преданијата,
кога се родил синот на Филип Македонски, се запалил храмот на Артемида во Ефес.
Мајка му чекала да „се наредат ѕвездите“, за да го роди во точен час, како што
прорекле свештениците. Кога ја добил веста дека му се родил наследник, татко му
само што победил во битка, а советниците му претскажале дека син му ќе бил
непобедлив, бидејќи освен победата и среќната вест, го известиле и за победа на
еден од неговите генерали и успехот на еден од неговите коњи за трки. Според
некои од историските извори, Олимпија и Филип имале чудни соништа кога се
земале. Пред свадбата Олимпија сонувала дека загрмело и гром ја погодил во
утробата, по што пламнал силен оган кој се раширил насекаде. Наводно, по свадбата
Филип сонувал како удара печат со лик на лав во утробата на сопругата. Александар
е роден во почетокот на знакот лав во денешниот календар, а познато е и дека
секаде каде што градел и победувал градел споменици на лавови. Човештвото ги
зачувало и неговите блиски средби со лавови, претставени на уметнички дела и
мозаици. Како и Херакле, и тој носел лавовски параферналии и регалии од еден од
неговите подвизи.

Од старите книги можеме да прочитаме дека за први воспитувачи, учители и


инструктори му биле доделени Леонид и Лизимах. Мудроста на младиот наследник
на македонската држава се покажала уште во раното детство. Кога имал околу седум
години, во дворецот на татко му Филип дошле претставници од царскиот двор на
Персија. Во еден период Филип давал и заштита на некои од персиските државници.
Младиот принц ги зачудил Персијците, прашувајќи ги за нивната подготвеност за
војна, за должината на патиштата кои воделе во Азија, за оддалечените кралства
далеку на исток за коишто читал во книгите, и за тоа како се однесувале Персијците
со непријателите. Вчудоневиденоста од нивото на разговор на детето на Филип во
Персија најавила дека Македонија веќе подготвувала наследник. Една од
најпрераскажуваните епизоди од животот на Александар Македонски е првата
средба со неговиот легендарен коњ Букефал. Средновековните преводи на старите
записи зачувале преданија и легенди за Букефал, според кои коњот на Цар
Александар бил последниот еднорог. Скротувањето според сончевата светлина и

2
Приказа за Цар Александар Македонски раскажана во Македонија на Македонски јазик

сенката бил почетокот на нивниот пат до крајот на светот. Наводно, Александар бил
научен на вештините и знаењата за големиот поход од неговиот учител Аристотел.
Тие кои го тврдат тоа заборавиле дека според историските податоци, Аристотел го
подучувал Александар дури од неговата 13 година, а неполни три години подоцна,
татко му Филип го назначил за регент на Македонија.

На 16 годишна возраст Александар го добил она што го посакувал од


најраното детство за да ги исполни заветите на предците во војна која била свет
поход за Македонците. Знаел за навиките на Македонците да се предаваат и убиваат
со цел да стигнат на власт, за старите војни со Персија, за походите кон „крајот на
светот“, но и за тоа дека некогаш, многу одамна пред неговото време, постоело
големо царство на мајката земја и таткото сонце кое се протегало низ целиот тој
познат свет. Александар знаел што треба да направи за да стигне до потомците на
древните мудреци, што треба да ги праша, но и што да им пренесе. Синот на Филип и
Олимпија за неколку години ги обединил и покорил сите соседи, а потоа за една
деценија успеал не само да ги отвори старите библиотеки, туку и да создаде нови
кои ја поставиле основата на ширењето на македонската култура во Африка и Азија
во вековите после него. Затоа сведоштвата од сите народи кои живееле на
територијата на големата Македонска империја покажуваат дека Александар ги
посетил за да ги вклучи во неговото Царство, не променувајќи им ништо од
традициите и навиките, само во организацијата на локалното и државното
управување – во големата империја Македонија. За тоа имал и подготвени другари,
кои со младоста и силата заедно со поддршката од возрасните генерали на Филип и
моќта на македонската држава можеле да тргнат во поход кон најголемото царство
во тоа време – големата Персија.

Походот на Македонското кралство и создавањето на големата Македонска


империја биле предизвик на којшто градовите држави не само што немале храброст
да се нафатат, туку и немале свест да го спознаат значењето и важноста на
најголемата научна експедиција во историјата на човештвото. Траги од таа
некогашна Македонска империја и кралството на Македонците денес има во Азија,
Африка, ширум цела Европа, па дури и во Јужна Америка. На многу места во светот,
но и во државата која и денес го носи името на империјата на Александар, но не е
монархија, туку република. Македонија. Млада република по урнек на градовите –
полиси и Рим и римјаните, истите тие кои поставувале вештачки граници, очајно
сакале да го копираат Александар и примерот на Македонската империја, правеле се
и сешто за да се заборави славата на Македонија, па и името Македонско. Целата
„модерна“ цивилизација се основа на два сосема нестабилни столбови – Рим и
„античка Грција“, кои претставуваат основа на западните цивилизациски вредности
во 21 век. Но, во антиката не постоел ниту термин „античка Грција“, ниту пак

3
Приказа за Цар Александар Македонски раскажана во Македонија на Македонски јазик

некаква си „грчка држава“. Рим ги наследил патиштата и градиштата од


Македонската империја и насилно изнел не само уметност, скапоцени камења, злато
и книги, туку и иселил многу луѓе од домот на Царот на Македонија. Исто како и
Персијците векови пред него, кога принудно иселувале Македонски и Пеонски
родовски заедници од Аксиј во денешна Мала Азија. Таму, и ден денес постојат
топоними кои се премногу слични со македонските. И не само таму. „Хеленската
цивилизација и култура“ се всушност Македонска култура и цивилизација кои биле
раширени од Китим до Китај.

Пред неколку векови „модерните научници“ го измислиле терминот „Грција“


и „Балкански полуостров“ со што продолжила старата агенда за бришење на
споменот за големото царство на сонцето и мајката земја – Македонија. Во прилог на
тоа оди и постојаното прераскажување за приказните за Нектанебо, за тоа дека
Александар наводно не го почитувал татко му, па и дека не бил син Филипов. Многу
модерни автори, налик на генерации од постарите одбрале по некоја епизода од
записите за животот на Филип и Александар, па врз основа на мали фрагменти
создале „од мравка – слон“. Кои татко и син во Македонија не се скарале бар еднаш
во животот? Само Филип и Александар ли биле Цар и Принц кои имале
недоразбирања? Чив син бил, ако не Филипов? Кој му ја дал власта и го сторил
регент на 16 години? Улогата на најголемиот маж во Европа – царот Филип
Македонски во животот на син му Александар најчесто е омаловажувана, а
значењето на царот Филип за основите на империјата која син му ја проширил до
крајот на светот тенденциозно е намалувано и прескокнувано. Александар тргнал
кон Персија за да ја продолжи „светата војна“ која татко му ја започнал поради
историјата на нивните предци. Александар растел со приказните за лозата на
Аргеадите, во неговото време легендите за Дионис, Херакле и Персеј биле преданија
за настани кои навистина се случиле, а записите на Хомер не се читале како митови,
туку како историја која навистина се случила. Александар го продолжил она што го
започнал татко му Филип - создавање на најголемата држава во светот.

Во меѓувреме, во Атина Демостен го учел граѓанството не само да го мрази,


туку и да го проколнува Филип Царот Македонски и целиот македонски народ.
Храброста на Александар се покажала токму против оние кои за Македонците имале
најпогрдни зборови. Битката кај Херонеја е настан кој не само што бил запаметен од
историјата, туку е прераскажуван и во денешницата. Штитењето на ранетиот Филип
од син му Александар, решителноста на наследникот на Македонското царство и
одлучноста која во екот на битката биле препознаени од најискусните генерали
донеле до голема победа на Македонија. Според некои историчари, големата победа
на Македонците се случила на 2 август пред 2360 години. По оваа битка била
оформена таканаречената Коринтска лига, која останала пример за обединување на

4
Приказа за Цар Александар Македонски раскажана во Македонија на Македонски јазик

регионално ниво кој бил надополнет на светско ниво со вклучувањето на Спарта и


успесите на Александар и неговата армија. Воениот потфат на Филип бил
надополнет со одлична дипломатија и подготовките за големиот поход почнале да
се обзнануваат. Македонците тргнале на исток, а не Хелените. Македонската држава
била не само најголемата воена сила во Европа, туку и центар за развој на
образованието, медицината и многу други науки и расадник за уметници кои
создавале дела кои не можат да се копираат до ден денес. Македонско царство кое
изградило градови и пристаништа на три континенти и ја проширило македонската
култура ширум светот. Во времето на Филип Македонски и неговиот син Александар
не постоела никаква држава со име Грција, ниту пак некаква си држава Хелада.
Постоеле разединети и раскарани градови – државички кои со векови биле во
постојани меѓусебни конфликти. Припадноста на Македонците кон Хелените
категорично е отфрлена не само од модерните историчари, туку и во старите записи.
Самите градови – држави потпаднале под итрината на Филип, кој манипулирајќи ги,
ги поставил основите на добропознатото „раздели па владеј“. Многумина често знаат
да кажат како Филип и Александар наводно морале да бидат добри кон Атина и
останатите градови затоа што Македонија немала бродови. Сепак, забележано е дека
уште во 334 година, Александар ја распуштил флотата од градовите – држави.
Пешадиските трупи од градовите држави не учествувале во ниту една голема битка
во походот на Александар Македонски. Многу претставници од таканаречената
„славна Хелада и голема Грција“ се бореле на страната на Персија, против
Македонија. Градовите – држави се обидувале да се истакнат како „повисока раса од
Македонските варвари“. Предавници и заговорници кои не пропуштале прилика за
интриги и сплетки. Кога во 336 година пред нашата ера, како и многу кралеви и
цареви пред него и Филип бил убиен, граѓанството од градовите – држави не само
што се радувале на смртта на Македонскиот владетел, туку и пропагирале дека
плановите за поход наводно ќе се прекинеле. Нивната ароганција и непослушност по
втор пат биле сурово казнети од Александар, повторно во Теба, по што на сите им
било јасно за силата на Македонската држава.

Историчарите забележале дека некои од Македонците имале можност да


бидат вклучени во Другарите на Царот и Другарите на Александар. Дозволувањето
на одбрани Македонци коишто смееле да бидат во непосредна близина на
владетелот била традиција која Александар ја наследил од татко му Филип. И во
негово време имало Другари на Кралот и Другари на Филип. За разлика од градовите
– држави кои немале своја војска, туку располагале со платеници, во Македонската
држава армијата била хиерархиски организирана, воено и ритуално подготвена и
мотивирана не со пари, туку со идеал. Македонија била мала за Александар, уште од
дете знаел дека може да го завладее светот. Крунисувањето на Александар било
според сите Македонски древни традиции. Царот на Македонија ги продолжил

5
Приказа за Цар Александар Македонски раскажана во Македонија на Македонски јазик

подготовките кои ги започнал неговиот татко. Тргнал од Македонија да го освои


светот. Не бил прв кој од овие краишта тргнал натаму. Походот на Дион бил стара
приказна со големо значење. Тројанската војна кажувала малку поблиска историја до
времето на Александар, а неприликите со Персиското царство во претходните
векови биле причина за обидот за обединување. Потврда за криењето на
македонскиот јазик од официјалната историја се наоѓа и во официјалните термини
за предмети, настани, војски и топоними од антиката. Походот на Македонците бил
пропратен со научници, лекари, филозофи, цели патувачки каравани кои ја
придружувале армијата. Македонската империја која царот Александар успеал да ја
рашири на три континенти за само една деценија оставила непроценливо културно
наследство на целата човечка цивилизација. Скоро секоја од модерните држави која
се наоѓа на територија на која владеел Александар Македонски има зачувано
археолошки локалитети, писанија и артефакти од големата Македонска империја. За
неполни 13 години Царот од Македон успеал да го покори не само Персиското
царство, туку и многу други царства и кралства. Оние коишто биле цивилизациски
подготвени за припадност кон некогашното едно светско царство кое било
воскреснато со империјата на Александар, го очекувале уште пред да стигне во
нивните краишта, дури и го поканувале. Градовите и темните шумски и планински
предели на Азија во кои имало остатоци од некогашните дејанија на предците на
тамошните жители врз предците на Македонците, особено тие кои покажувале
отпор, ја претрпеле суровоста на Александар Македонски и неговата голема војска.
Фаланга од одбрани јунаци, водена од Македонци кои биле задоени со идејата и
идеалот на Македонската имшерија. Ниту Грци, ниту пак Хелени, туку Македонци на
кои Филип им создал царство, а Александар империја.

Се знае дека за Александар пишувале неговите придружници и современици,


и познати автори од неколкуте века по него. За царските дневници за време на
походот биле задолжени неколку групи на записничари, водени од Евмен и Диодот и
Калистен. Во антиката биле објавени дела од Птоломеј, Аристобул, Неарх,
Анаксимен, Езоп, Андростен, Калистен, Клејтарх, Критон, Дуриј, Еумен, Ефип,
Хиерониј, Тимаген, Трог, Медиј и други писатели, војсководци и историчари.
Авторите чии дела за животот на Цар Александар Македонски се користат во
денешната литература, најчесто се Аријан кој читал од записите на Птоломеј,
Аристобул и Неарх и ги објавил Анабасата и Индиката. Аријан живеел во вториот век
од нашата ера. Плутарх живеел во втората половина на првиот и почетокот на
вториот век од нашата ера и објавил опис на животот на Александар Македонски во
неговото издание Споредбени животи и два говори за царот од Македон во Моралиа.
Квинт Куртиј Руф исто така, околу 4 века по времето на Цар Александар ја објавил
Историјата на Александар Велики Македонски, во која е користен материјал од
Птоломеј и Клитарх. Друг често користен извор за Александар Македонски е

6
Приказа за Цар Александар Македонски раскажана во Македонија на Македонски јазик

Филиповата историја на Јустин, скратена верзија на поранешната историја


напишана од Трог. Еден од најстарите зачувани записи е и Библиотека историка на
Диодор Сицилиски од првиот век од нашата ера, пишувана според Клејтарх и
Хиеронимуј. Во многу од преписите и преводите на старите записи се споменува дека
за време на походот Александар испраќал и добивал многу писма од Аристотел и
мајка му Олимпија. Дел од писмата на Александар за новиот свет кој го откривал
патувајќи на исток и наводни извадоци од царскиот дневник биле преобјавени уште
во првите векови од нашата како Секретум секреторум.

Во преводите на старите записи за времето на Александар Македонски можат


да се прочитаат прераскажани сведоштва од неговите генерали, во кои се
објаснуваат средбите на Македонската армија со различните племиња и народи кои
ги среќавале во Азија. Далеку во Индија, македонските војници сретнале и луѓе кои
се претставувале за потомци на војската од походите на Херакле и Дион. Тие не биле
единствените кои оставиле траги на крајот од светот. Според некои од историските
записи, Александар Македонски имал неколку деца. Според приказните и легендите
имал многу деца, затоа што во скоро секое кралство каде што ќе стигнел му барале
потомство. Средбите со кралицата на прочуените жени воини од Амазон не биле
само легенди, туку вистинска приказна. Кралицата на Амазонките пропатувала долг
пат за да го замоли Царот на Македонската империја да ѝ направи дете. И тоа не
била единствената жена која за време на големиот поход побарале и добиле
потомство од најголемиот цар на сите времиња. Каликсена, Кампаспа, Клеопа.
Барија, Барсина, Роксана...

Херакле е првиот син на Александар и Барсина. Наводно Роксана родила


машко бебе кое починало младо, а Александар Четврти е второто дете на Роксана и
Царот од Македон. И Херакле и Александар биле убиени. Некои од историчарите
запишале дека е можно Александар да оставил потомство и со ќерката на Дариј,
Статира. Во кинеските легенди и исламските приказни се споменува дури и дека
царот на тогашна Кина ја дал ќерка си на Александар. Јапонските легенди
раскажуваат дека кога Александар се спуштил под вода, се оженил со ќерката на
морскиот цар, со која што имал три сина. И ден денес, во многу земји кои се наоѓаат
на територијата на големата Македонска империја, постојат родови кои се
претставуваат како потомци на древните Македонци од времето на Филип и
Александар.

Во легендите се зачувала приказната не само за покорувањето на земјата, туку


и на небото и морето од Александар Македонски. Кога посакал да лета, со другарите
скротиле два огромни орли кои го возеле царот по небото. Кога посакал да нурка,
научниците му направиле стаклено буре. Одел во темните земји за да ја бара водата
на животот. Стигнал и до фонтаната на младоста. Според некои, ги пронашол и

7
Приказа за Цар Александар Македонски раскажана во Македонија на Македонски јазик

смарагдните таблици на Хермес, Ермо. Легендите за водата на бесмртноста често се


поврзани и со неговите сестри. Имал една сестра – Клеопатра и две полусестри –
Тесалоника и Кинана. Сестрите на Александар подготвувале дел од неговата опрема
за походот и често се поврзувани со легендите за потрагата и пронаоѓањето на
водата на животот. Имал и уште една полусестра – Европа и полубрат Каран.

Скоро два и пол милениуми по неговото време, сѐ уште одекнува неговото
име, сѐ уште многумина учат од неговиот лик и дело, воената стратегија на
Македонците се студира во најпрестижните универзитети во светот, а за
Македонецот Александар се испишани можеби и највеќе листови хартија, воопшто
во светската историја. Цела Азија, цела Европа и пола Африка имаат зачувано
приказни, преданија и легенди за Александар Македонски. Најчесто е претставен
како праведен филозоф кој тргнал на пат за да спознае чуда и чудеса, за да посети
свети места и да сподели и добие древно знаење. Освен легендите во него во земјите
кои ги посетил, и литературата и книжевноста во изминатите два милениуми
зачувала повеќе од доволно записи за најголемиот цар на сите времиња. За
Александар Македонски пишувале и Николо Макијавели, Исак Њутн, Марко Поло,
голем дел од изумите на Леонардо Да Винчи се инспирирани од воената опрема на
Македонската фаланга, а секоја европска држава има свои средновековни преводи
на некои од книгите за Александар Македонски. Некои имаат и постари преводи, тие
најчесто го нарекуваат Велики. Оние далеку на исток, го зачувале споменот како
филозоф, на кого скоро секој владетел му организирал огромен пречек, па и го
замолувале да им остави потомство заедно со Македонските воини од прочуената
Фаланга.

Историјата е сторија на којашто несомнено нешто ѝ сторија. Историјата ја


пишувале победниците, а победничките записи од времето на Александар се
изменети во толкава мера, што со духовната победа на Македонската империја денес
се поврзуваат многу земји, а на Македонија ѝ е одземена можноста за споделување
на цивилизацискиот спомен за најголемиот цар на сите времиња, Алекандар
Македонски. Како и во времето на Александар, кога и Македонците ковале заговори
против него дури и во Македонија додека тој со фалангата биле на поход, така
некако е и денес. Повеќе од 2300 години од неговото живеење на светот, а илјада
години биле како денот од вчера.

Зошто ли го запалил Персепол? Дали таму се практикувале ритуали кои биле


во спротивност со учењето на древната школа на светлината и постоеле записи кои
можеле да донесат несреќи на светот? Не можеме да знаеме...сепак знаеме дека го
обновил гробот на Кир, ги прибрал жената и ќерките на Дариј и бил милостив кон
многумина. Секако дека бил и суров и безмилостен, кога за тоа имало потреба.

8
Приказа за Цар Александар Македонски раскажана во Македонија на Македонски јазик

Дали навистина направил свадба за 10 000 брачни двојки? Доколку читаме


повнимателно, ќе научиме дека свадбата била за околу 80 македонци и нивните
избранички, а тогаш официјално се одобриле сите бракови на војниците кои за
време на походот создале семејства и добиле пород и броеле околу 10 000. Со
нивните деца кои им се родиле по пат, можеби и го достигнале бројот на
експедицијата која тргнала на поход од Македонија.

Дали владетелите во последниот милениум, тие кралски лози ширум светот


имаат нешто поврзано со Александар? Романтизмот при раскажувањето за
Александар е неизбежен, но дали спомените за него во Македонија се романтичен
спомен или пак вистини, не знаеме. Македонскиот народ го опеал Александар во
многу песни и преданија. Како што Македонците во 19 век кои се повикувале на
споменот на Царот Македонски ги прогласија за романтичари, така слободно
можеме да ја прогласиме за неуспешен обид за романса целата римска и грчка
пропаганда за Царот од Македонија, Александар. Од преродбенскиот па до овој век,
Македонците запишуваат и објавуваат свои истражувања, митови, приказни и
легенди за Александар Македонски. И тоа не е затоа што биле победени, туку затоа
што се победници и го зачувале споменот за својот Цар. Цар кој им оставил
татковина која ниедно модерно кралство ниту држава не може да ја превземе, туку
само да се обиде да ја преименува сосе народот кој живее во неа и јазикот кој го
зборуваат. Македонскиот јазик на Македонците од Македонија и Македонското
писмо кои потекнуваат уште од пред времињата на Царевите Филип и Александар.
Романтизам е споменот за Рим и Хелада, а Македонија е вечниот спомен на
човечката цивилизација за едно светско царство во кое сите ќе бидат еднакви под
истото небо и едниот Бог. Царство основано на начела кои биле разрушени од
неподготвеноста на многу од народите, најмногу од Македонците, кои застраниле од
духовниот пат на Цар Александар и преминале во ниските сфери на материјализмот.
Што знаеле Македонците во 19 век и какви преданија наследиле од
средновековието? Дали античката приказна се зачувала на територијата на
Македонија милениуми по времето на Цар Александар? Народните песни, приказни
и преданија кои се зачувани во Македонија покажуваат дека споменот за Александар
Македонски се зачувал повеќе од две илјади години и во неговата татковина.

Сите тези кои тврдат дека денешните Македонци си го присвојуваат


наследството на Александар од другите народи и го употребуваат во сопствениот
фолклор се несериозни. Бројните писмени и усни преданија и песни го покажуваат
присуството на Цар Александар Македонски во свеста на Македонците. Патеписците
во 16 век забележале места за кои народот зборувал дека се од времето на
Александар, а постојат и сведоштва за Македонци кои работеле низ Европа во 17 и
18 век и пееле песни за Александар Македонски. Во почетокот на 19 век е

9
Приказа за Цар Александар Македонски раскажана во Македонија на Македонски јазик

забележано дека Македонците најмногу запаметиле двајца владетели – Крале Марко


и Цар Александар. Во 19 век многу автори од цела Европа почнуваат повторно да
пишуваат за Александар Македонски, но и да го поврзуваат со Македонија. Георги
Раковски објавил книга во која напишал дека Цар Александар ги нарекол Пеоните
Славјани. Истото може да се прочита и во француски патепис од тоа време. Многу од
книгите од 19 век го поврзуваат Цар Александар со Словените и покажуваат дека
народот на територијата на Македонија од секогаш си живеел дома, во татковината.
Така е и во некои од зачуваните стари песни за Александар Македонски. Забележани
се песни за раѓањето на Александар, за неговиот поход и женидба, за Александар и
трите наречници, за дружбата со Букефал, за неговите соништа и претскажувања, за
дарежливоста на Цар Александар, за патувањето до крајот на земјата, за водата на
животот, и многу други. Преданијата кои останале до денес преку научните трудови
и книгите зборуваат за старите градови во Македонија од времето на Александар, за
неговото раѓање и живот, за изумите на Цар Александар, за сестра му и бесмртната
вода, и други фантастични приказни. Миладинови, Шапкарев, Цепенков, се само дел
од Македонските преродбеници кои собрале материјали за Александар Македонски.
Раковски, Верковиќ, Новаковиќ и други исто така пишувале за Александар. И во
делата на Пулевски, Прличев, Мажовски, Џинот, Цепенков и други се откриваат
знајачни информации кои биле објавени во 19 век. Во 19 век во Венеција биле
објавени Претскажувањата на Александар од Атанас Македонецот. Песните на
Ѓорѓија Пулевски, Словата на Григор Прличев, Спомените на Исаија Мажовски,
Песните на Марко Цепенков и други записи од 19 век претставуваат огромно
богатство не само за Македонија, туку и за светот, бидејќи се потврда за
континуитет од повеќе од два милениуми. Во големата Славјанско Македонска
општа историја од Пулевски е содржан и Царственикот на Александар, кој
претставува своевидна Македонска Александрида. Познати се и преводите на
книгите за Александар кои биле пронаоѓани во манастири и биле напишани на
црковно, односно старо македонско писмо. Во еден расказ кој е датиран пред 17 век
при описот на потрагата на Александар по водата на животот, дури се споменува и
неговата сестра, која според приказната станала. Истата приказна е запишана и
објавена и во 19 век, но со различно име на сестрата на Александар. Забележани се и
преданија од селата по течението на реката Бабуна и Овчеполието, во кои се зборува
за старото знаме на Македонската држава и дека тоа знаме биле скриено во машката
престилка која е дел од народната Овчеполска носија. Неизбежно било и
споменувањето на Македонската држава, големата фаланга и царевите Филип и
Александар секогаш кога Македонците се бореле за слобода и барале правдини. Тоа
го правеле не само богатите во странство кои лобирале за кнежевство Македонија,
туку и обичниот народ кој не престанал да се бунтува и бори. Македонските
востаници кои во 1878 го кренале Македонското востание во Кресна исто така
покажале дека биле свесни за нивната поврзаност со Македонците од времињата на

10
Приказа за Цар Александар Македонски раскажана во Македонија на Македонски јазик

Филип и Александар. Александар е споменат и од Димитар Василев Македонски,


Коста Шахов и Лозарите – тајното друштво на Македонската револуција. Тие дури
биле обвинувани за заговор за возобновување на Македонското царство, на чело на
кое ќе застанел некој од редакторите на списанието Лоза. Целата револуционерна
борба е проткаена со спомени за славната држава на Александар. Да направеле
кралство наместо република, можеби и ќе се ослободеле. И Крсте Петков Мисирков и
револуционерите во децениите по него во своите записи го споменувале Цар
Александар Македонски. Дури на крајот на 20 и почетокот на 21 век Македонците
повторно го зголемуваат бројот на објавени дела за Александар Македонски. Во
последните децении се објавени секакви написи и книги, но и многу прекрасни дела
за Александар Македонски, напишани од Македонците од Македонија. Тој бил и
останал ѕвезда водилка при сите борби за ослободување на Македонскиот народ.

Во милионите страници испишани за Александар Македонски ретко каде


може да се прочита прашањето – а што правеле неговите сестри и мајка му додека
ковчегот се подготвувал и тргнал на пат кон Македонија? Дали со најблиските
роднини на Филип и Олимпија и најдоверливите соработници подготвиле заговор
кој го тресе светот и векот веќе од 2300 години? Познато е дека Александар преку
писма комуницирал со Аристотел и Олимпија. Различните верзии за погребната
поворка на Александар Македонски ни кажуваат дека иако според традицијата
требало да биде погребан во Македонија, спротивно на Македонските обичаи – бил
балсамиран и мумифициран, а ковчегот наводно бил грабнат од еден од неговите
најдобри другари – Птоломеј. Многумина пишувале за свртувањето на погребната
поворка од страна на Птоломеј и заменувањето на саркофагот со друг, полн со мед.
Сѐ уште е нејасна улогата во најголемата светска историја на мајката на Александар
– Олимпија, и се поставува прашањето дали таа оставила нејзиниот син да биде
погребан далеку од вистинската татковина – Македонија? Повеќе од 2300 години
вечното почивалиште на Александар Македонски е тајна за човештвото, а можеби и
никогаш нема да дознаеме дали и од што умрел Александар, или дали воопшто
умрел баш тогаш, затоа што четириесетте денови пред да наполни 33 години
претставуваат важна симболика во древните мистерии и учења. Според повеќе
традиции низ светот, на душата и требаат токму толку – околу шест седмици за да се
прибере на оној свет, но и да се адаптира на овој свет. Денес, на повеќе локации на
земјината топка, митолошки се споменува наводниот гроб на Александар. Бил
отруен, се заразил од сифилис, заболел од маларија и што ли уште не објавувале за
него, но вистината е далеку од денешното ниво на свест на човечката цивилизација.

Како што и ден денес можат да се слушнат различни верзии за неговото вечно
почивалиште, за кое се претпоставувало дека се наоѓа во Египет, Пакистан,
Узбекистан, Иран, Ирак, Сирија, Израел, Индија на разни локации низ Европа, за што

11
Приказа за Цар Александар Македонски раскажана во Македонија на Македонски јазик

се направени и стотици неуспешни археолошки истражувања. Приказните за


наводната посета на римските владетели на Александрија и нивното допирање на
телото на Александар се неосновани, затоа што знаеме дека уште пред нив
Македонците виделе дека златниот саркофаг во Александрија бил празен и го
стопиле.Исти такви приказни се раскажуваат и во Македонија, наводно гробот на
Александар бил на Беласица, во Пелагонија, на големите Пеонски гробишта кај Исар
Марвинци, во Кочани, на Баба, во Мариово, некаде околу Бабуна, на Црна, во Овче
Поле, скоро и да нема регион од Македонија каде што нема некаква теорија на
заговор или наводно предание за гробот на Александар Македонски. Официјалната
археологија и историја ги порекнува сите овие мистични тврдења на Македонците.
Едно народно предание од Кратовско детално ја опишува погребната поворка со
телото на Царот, која народот ја пречекал со многу цвеќиња на патот по кој се
движела, пред да биде испратена на непозната локација некаде во Овчеполието.
Друга приказна раскажува за имињата на селата Горни и Долни Балван, кои биле
според некои два балвана кои голема војска ги носела и минале од таму – стари
дабови стебла, едното од кое било полно со мед, а во другото бил скриен некој
саркофаг. Можеби лојалните Пеонци и семејството на Александар се потрудиле да
биде исполнета желбата на Царот – да биде погребан онаму каде што се родил – во
татковината Македонија.

Дали бил среќен и задоволен од својот живот? Следејќи ги историчарите,


дознаваме дека освен што бил дарежлив и сочувствителен, бил и многу тажен. Тоа се
потврдува и од записите кои пренеле дека како и татко му, се обиделе и него да го
убијат. Дали тоа им успеало на заговорниците, дали и како умрел Царот и што
навистина се случувало во тие времиња, можеме само да претпоставуваме. Она што
се чита меѓу редови, е дека бил тажен поради несфаќањето на дел од Македонците
на смислата на походот и нивното задоволување со воениот плен, наместо со
духовно задоволство. Записите од исток раскажуваат за високото ниво на свест со
кое пристигнал во далечните земји, а истото може да се прочита и во македонските
приказни и преданија за „Царо кој бил многу добар и голем философ“. Историчарите
ја забележале и неговата тага кога гинеле војниците, кога доцнеле куририте и
извидниците, кога се враќал пеш а другарите му ја воделе флотата, кога му гинеле
другарите и најблискиот сојузник коњот Букефал, но и кога се обидувале да му се
спротивставуваат, го озборувале и дури и се обидувале да го отрујат. Па, зар ќе им
веруваме на преводите, преписите и преправките на записите од Калистен, писарот
на Александар, внук на славниот Аристотел кој со братучедите биле осудени на смрт
лично од Царот, поради тоа што ковале измамнички заговор и направиле најголемо
предавство – се обиделе да го убијат Александар Македонски.

12
Приказа за Цар Александар Македонски раскажана во Македонија на Македонски јазик

Многумина сакале да го прикажат како суров освојувач, неморална личност и


возгордеан човек, но дали тие кои ги нагласуваат негативните епизоди од неговиот
живот, за кои и не сме сигурни со колкава веродостојност се преведени, направиле
нешто во животот што може да се спореди барем со миг од деновите на синот на
Филип и Олимпија? Исто така, многу автори се обиделе и да го прикажат како
некаков си обединувач по урнек и налик на денешните држави, заедници и унии. Не
може да се прикаже животот, ниту да се опишат делата кои ги направил Александар,
а тоа да не се граничи со научна фантастика. Затоа што светот и векот од тогаш па
наваму не виделе таков јунак. Не попусто во азиските преданија се раскажува дека за
Македонците било срамно да ги гледаат како насилници, бидејќи не вршеле терор
онаму каде што не наидувале на отпор. Знаеле дека владеењето со меч е различно од
владеењето со добрина, па затоа по патот кон Индија многу градови, дворци и
тврдини им ги отвориле портите без никаков отпор. Верни на татковината и царот,
со штитот или врз него, го оствариле идеалот на нивните предци – обновување на
големото царство на земјата и сонцето. На светот оставил наследство преку ширење
на култура, големи градежни зафати и спомен за ненадминат подвиг. Неговите
Александрии и други градови, упоришта, библиотеки, пристаништа и музеи
претставуваат основа на денешната урбанистичка наука. Воената стратегија на
Македонската Фаланга уште се проучува и изучува, неговиот начин на војување се
применувал до доцниот среден век, а делови од големата македонска стратегија се
копираат и во она што се подразбира како 21 век.

Постојат и такви кои уште ги прераскажуваат неговите потраги по свети


камења и води кои носеле бесмртност, средби со суфи, брамани, мудреци од сите
вери и учења каде што стапнал. Градел и создавал, обединувал и развивал, а во
Македонија праќал каравани и бродови полни со скапоцености, книги, семиња,
зачини, и што ли уште не. Знаејќи за многуте градови од Тракија до Индија кои биле
изградени за време на неговото владеење со Македонската на земјата, можеме ли да
замислимие – а што наредил да биде изградено на и во земјата Македонска?

Едни од најверните сојузници на Александар биле Пеоните. Поради какви


причини дел од нив се спротивставувале кога пристигнал во нивните земји за да ги
органиизра за поход, а дел безрезервно го прифатиле повикот, тешко е и да
претпоставиме. Она што го знаеме, е дека припадниците на пешадијата и
коњаницата на фалангата кои потекнувале од Пеонија, никогаш не му откажале
послушност, ниту пак се спротивставиле на царот за време на походот. Нивниот
водач од кралската куќа на Пеонија, Аристон, се вратил во Пеонија, односно во
Македонската држава која била обединета од Филип Македонски. Пеонија за нив во
тоа време била горната земја. Истата територија која од средновековието од
владетелите била нарекувана долна земја. Поврзаноста и меѓусебната доверба се

13
Приказа за Цар Александар Македонски раскажана во Македонија на Македонски јазик

крие во вековите кои официјалната историја ги крстила митолошки, кога се живеело


со ниво на свест кое денешната генерација на луѓе на планетата Земја тешко може
да го созерца.

Уште се раскажува за неговиот поход, за седумте светски чуда на стариот свет


кои биле на територијата на Македонската империја, за неговите средби со народи и
племиња во Азија, секакви приказни, дури и такви според кои ја направил првата
подморница и костум за нуркање, направил огледалото такво какво што е денес,
дека од тогаш до сега не поминале над две илјади години туку помалку, дури и дека
ја лажирал својата смрт. А илјада години биле како денот од вчера...

Дали сфатил дека откако организирал светска империја која ја поставил врз
основи од древноста, дека луѓето не се подготвени за да бидат еднакви, бидејќи ги
предизвикувал народите да го покажат нивото на развој до кое што стигнале и
заедно со Македонците да стават крај на старата ера на предавства, завист, алчност и
лошотија, но тоа тешко му успевало, што се потврдува со распаѓањето на
Империјата. Можеби и дознал тоа што му требало, па навистина ги измамил сите, а
за неговата тајна знаеле само најверните. И денес може да се слушне дека и не
поминале 2300 години од тогаш до сега. Уште се раскажува на долго и широко кога и
како умрел и каде бил закопан, а никој не му знае ние гроб, ниту пак каде точно бил
роден и кои биле старите престолнини на неговите предци. Сигурно од чиста мира
не тргнал до Индија...и назад. Однел и вратил култура, наследство и цивилизациски
вредности. Литературата оставила огромен спомен за Александар низ целиот свет, а
најмногу печатени изданија биле објавени ширум Европа, каде скоро секоја земја
својата најстара литература ги вклучува преводите на книгите за Александар
Македонски. Многу си го присвојуваат и се дрзнаа да се обидат да ѝ забранат на
Македонија и Македонците да го обзнанат пред светот својот спомен за Цар
Александар. Македонија не си го присвојува, затоа што таа го дала на светот и
човештвото за на сите да им биде подобро, а не полошо. Што научин до 40те денови
пред неговиот 33 роденден? Дали препишувачите намерно се обиделе да
модифицираат приказни и да го претстават како неморален човек кој
злоупотребувал алкохол со цел да се заборави духовната големина на Александар
Македонски? Можеби и затоа е целиот притисок врз една од ретките држави во
светот која во 21 век носи име на некоја од државите од пред нашата ера – старата
Македонија? Дали е возможно гробот да се наоѓа на територијата на денешната
Македонија, која денес не е кралство како во антиката, туку република? Пеонската
земја која е дел од Македонската држава уште од памтивек е можно да ја крие
најголемата тајна на антиката и тоа да е наследството кое невидливо и непобедливо
им помага на Македонците да опстанат и преживеат. 2300 години поминале и
светилиштето треба да биде исчистено.

14
Приказа за Цар Александар Македонски раскажана во Македонија на Македонски јазик

Споменот за Александар, кој и ден денес инспирира голем број од


Македонците кои се распрскани и раскарани на различни делови од земјината топка
е жив со векови и милениуми. Она што сигурно не треба да го повториме, е расколот
и однесувањето на неговите генерали по наводната смрт во Вавилон, туку да бидеме
лојални кон идеалот како што биле војсководците и војниците кои се вратиле со
жена му и синот во Македонија и кои останале верни до смрт на нив и мајка му, а со
тоа и на него и татко му.

Како и во неговото време, кога за него се пропагирало дека е умрен уште во


годините додека бил жив татко му, така и од тогаш наваму, споменувајќи го,
поголемиот дел од современиот свет е преокупиран со неговата смрт и локацијата
на неговиот гроб. Со ова дело го одбележуваме денот на неговото раѓање –
роденденот на Цар Александар Македонски. Најголемиот цар на сите времиња
всушност никогаш и не умрел – неговиот дух живее вечно за човештвото и
Македонија. Оти илјада години се како денот од вчера, а каменот си тежи на своето.
Жив, жив е Цар Александар Македонски! Вечна памет.

Никола Ристевски

јули 2022 година

15

You might also like