You are on page 1of 13

ЛИХНИД

Охрид, Европскиот Ерусалим, Духовната престолнина на Македонија

Сите градови во Македонија се наоѓаат на локации каде што многу


одамна имало организиран живот и стари населби. Древноста на
Македонија е потврдена не само од милионите испишани страници, туку и
од видливите остатоци од тие стари градови. А она што човечките очи
можат да го видат во Македонија, воодушевува и замислува. Го замислува
човекот за силата, волјата и знаењето на луѓето кои во дамнешните
времиња ги создавале тие древни населби. Ретко каде во светот на исто
место можат да се видат пронајдоци и остатоци од сите познати ери и
епохи на човечката цивилизација, од далечната праисторија па до
непознатиот среден век. Македонија овозможува увиди и искуства не само
на заинтересираните посетители и туристи, туку и на истражувачи,
научници, патеписци, но и на луѓе кои се во потрага по мир и спокој.
Мирот и спокојството кое го овозможуваат природните ресурси и
културното наследство од овие простори се непроценливи, а значењето на
древноста за посетителите во 21 век се потврдува и преку зголемениот
интерес за прастарата Македонија.

Во Македонија многу денешни градови и села овозможуваат


пристап до видливи остатоци од древноста, но само еден град изобилува
со убавини кои не можат да се видат при кратка туристичка посета, а за
чие што истражување и проучување се потребни неколку генерации
посветена работа. Македонската духовна престолнина – градот Охрид,
стариот Лихнид, европскиот Ерусалим во 21 век сè посилно зрачи со
својата убавина и автентичност.

Неприликите за народот кој живее овде не исчезнале низ вековите,


секоја генерација и секој век носат предизвици и искушенија за кои е
потребно соочување, преку кое што може да се стигне до следниот
еволутивен стадиум на човештвото и достигање на вистинскиот
потенцијал на човечката цивилизација која е благословена со можноста да
живее во Македонија. За некои „јаболко на раздорот“, за други „еденска
градина“, Македонија е жива со милениуми, а таа жива сила овозможила и
во 21 да се зачува барем нешто од славното минато. Благодетите со кои
изобилува Охрид сепак се со многу поголема сила од уништувањето со кое
се соочени градот и народот на материјално и духовно ниво. Модерниот
21 век и човечката негрижа покажаа дека и покрај деструктивноста, не се
доволно силни за да ги уништат до крај природните ресурси и културното
наследство кои потсетуваат на некои други времиња. А времето не е
линеарно, туку спираловидно...

Охрид е Македонскиот град за кој се испишани најмногу страници


во последните векови. Научни истражувања, патеписи, новинарски
извештаи, воена коресподенција, и што ли уште не. Охрид уште од
дамнина ги привлекувал и уметниците и фотографите, кои во изминатите
два века оставиле значајни дела преку кои денешната генерација може да
види како изгледал Охрид пред децении, па и векови. Уметноста која е
изразена на археолошките локалитети и во црквите е дополнителна
причина за тврдењето од научната јавност дека Ренесансата започнала
токму во Македонија. Живописните фрески и мозаици кои се видливи во
21 век сведочат за старите мајстори кои имале прилика да работат во
Охрид. Преводите и преписите на старите книги од Охридската книжевна
школа сведочат за интелектуалната работа во овој град уште од многу
одамна. Артефактите од античката и средновековна Охридска ковница се
потврда за вековната владетелска традиција на овие простори. Спомените
од Охрид за борбата на македонскиот народ за слобода и човечки
правдини се силни и во 21 век, а недвижните археолошки наоди се
утврдени од памтивек за да не потсетат за силата на тоа древно минато.

Старото име на Охрид било Лихнид. Населбите Лихнид, Енгелана,


записите за Десаретите и Eнгеланите, големото езеро, наодите кај Лабино,
Панѕир, Дебој и на многу други локации во и околу денешен Охрид
потврдуваат активен живот во антиката. За старата чаршија археолозите
имаат потврдено дека лежи врз остатоци од цивилизациски континуитет
од многу илјади години – од дамнешната праисторија, преку антиката и
ранохристијанството, па се до средниот век. Остатоците од тој дамнешен
утврден град се видливи и ден денес, овде од Долна порта па се до Горна
порта луѓето живееле уште пред нашата ера. Постојат претпоставки
според кои, Филип Втори Македонски ја изградил тврдината. Но, сосема е
возможно дека во овој регион големи тврдини постоеле и пред тие
времиња, за коишто денешната наука нема доволно информации.
Значењето на Лихнид во антиката е забележано и преку продолжителноста
на Охридската ковница, која постоела од далечните антички времиња па се
до средниот век.
Охрид е прочуен и по легендата дека „некогаш одамна тука постоеле
365 цркви, по една за секој ден во годината“. Денешните видливи остатоци
од стари храмови, археолошките локалитети на кои се потрдени
ранохристијански базилики, но и многуте цркви кои можат да се видат во
Охрид сведочат за славните времиња на Јустинијана Прима, за големата
Охридска Архиепископија и за силата на Македонскиот народ, верата и
благодарноста кон вишата сила. Таа виша сила овде ги распослала
убавините и благодетите до бескрај...

Охрид од памтивек претставувал духовна престолнина на


Македонија. Во минатиот век од новинарите бил нарекуван „Рим на
Балканот“, а пред векови патеписците за Охрид запишале дека уште од
дамнешни времиња претставувал „Ерусалим на Европа“. За Охридските
цркви се напишани илјадници книги, а од Охрид потекнуваат и многу
важни записи, преводи и преписи на стари книги.

Охридската книжевна школа основана од Свети Климент Охридски


пред повеќе од еден милениум работела на записи кои претставуваат
основа за истражувања на писменоста од овие простори. Многу од
верзиите на книжевните споменици од Охридската книжевна школа се
наоѓаат во колекции и музеи во странство. Зачуваните стари пергаменти
се: Асеманово евангелие, Синајски псалтир, Синајски еухологиј,
Добромирово евангелие, Битолски триод, Охридски апостол, Болоњски
псалтир и други. По смртта на Свети Климент и Наум Охридски работата
на школата ја продолжиле нивните ученици.

Охридската медицинска школа во светските енциклопедии е


запишана како една од првите две медицински школи во Европа. Во
денешен Охрид на Плаошник од Св. Климент Охридски бил основан
Универзитет кој претставува основа на писменоста и медицината од тој
период на постоење на човечката цивилизација на територијата на
Македонија. Во времето на Климент, во Охрид се обучиле над 3,000
ученици. Учениците подоцна биле распоредувани по групи низ селата и
градовите во Македонија за да го описменуваат и воспитуваат народот.
Писменоста, земјоделството, овоштарството заедно со хигиената биле
најважни здравствено – просветни содржини. Св. Климент ги запознавал
учениците со здравствено – просветното дело на неговиот учител Св.
Методиј – Закон судњи људим, и со неговото лично медицинско дело –
списот Антропологија. При манастирот Св. Пантелејмон, Св. Климент
изградил болница во која лекувањето било бесплатно, а со која народот не
само што добил верба во медицината, туку и ја развил здравствената
култура и било забележано значајно подобрување на хигиената.
Забележано е дека Св. Климент употребувал молитви и диети при
лекувањето, дополнети со фармакотерапија, психотерапија, физиотерапија
и хидротерапија. Во манастирската болница доаѓале луѓе со најразличн
болести, а според записите од биографот на Климент, охридскиот епископ
Теофилат, Св. Климент успеал да излекува дури и слепи и неподвижни.
Другиот биограф, охридскиот архиепископ Димитар, запишал дека Св.
Климент со помош на своето медицинско знаење и сугестивна моќ “успеал
да постигне слепите да прогледаат, а немите да проговорат”. Светецот
Пантелејмон на кого била посветена истоимената црква и болница, бил
исцелител и врач кој бил многу почитуван во тие времиња. Забележлив е и
култот кој Светите Бессребреници – Кузман и Дамјан, чии што фрески и
ден денес може да се забележат во останатиот спомен од некогашниот
медицински комплекс во Охрид. Црквите Св. Богородица Болничка и Св.
Никола Болнички и во 21виот век сведочат за дамнешното бесплатно
лекување во болничкиот комплекс, изграден од Св. Климент. Многу
векови по неговата смрт, болницата продолжила да работи, а дури и кога
црквата била срушена и на нејзиното место била изградена џамија, таму
продолжила да работи народната кујна. Во средината на минатиот век, на
подот од срушената џамија, Димче Коцо ги открил остатоците од старата
црква, по што започнале посериозни археолошки истражувања. Познато е
дека во стариот град само една црква е посветена на Свети Климент, за
која во минатите векови биле запишани многу важни информации. Свети
Климент Охридски бил мошне надарен писател кој ни оставил десетици
проповеди, поуки и слова, дел од кои се однесувале на хигиената,
медицината и здравите животни навики.

Во истото време кога Св. Климент градел и создавал на местото на


денешен Охрид, на другата страна на езерото Св. Наум го подигнал
манастирот во кој исто така отворил болница. И покрај некои толкувања
на историски записи, според кои Свети Климент и Наум ги добиле на
подарок старите цркви, народната традиција и одредени историски осврти
потврдуваат дека овие светци биле и градители – ѕидари. Црквата која ја
подигнал Свети Наум Чудотворец е посветена на Светите Архангели
Михаил и Гаврил. Легендата за јажето преку езерото кога светите браќа ги
граделе манастирите уште се раскажува од народот во Македонија.
Забележано е дека во манастирската болница постоеле посебни оддели за
различни болести и богата библиотека со многу значајни книги. Низ
вековите се зачувало верувањето дека Свети Наум лекувал болни од
душевни болести, што е претставено дури и на некои фрески, а е
забележано и ва записите на македонските преродбеници и собирачи на
народни умотворби од 19 век. Некои од нив дури и се школувале во
манастирот на Свети Наум и активно ја користеле манастирската
библиотека. Историските податоци потврдуваат дека со векови во
манастирот работела и посебна душевна болница. Поради чудата кои се
случувале, манастирот станал познат уште во времето во кое живеел Свети
Наум. Исцелувањата на посетителите на гробот на Свети Наум и во
манастирот се раскажувале во многу земји, па така неговиот култ се
раширил не само во регионот, туку и меѓу припадниците на други вери,
различни од христијанската. Охридските архиепископи низ вековите
запишале и дека „благодетите и чудата на Свети Наум биле побројни и од
ѕвездите на небото“. Како и Свети Климент, и Свети Наум активно се
занимавал со преводи, преписи, пишување и научна работа.Иако од
неговата книжевна дејност до сега се идентификувани само неколку
текстови, меѓу кои Канонот за апостолот Андреј и Канонот за
пренесувањето на моштите на Јован Златоуст, од двете кратки житија на
Свети Наум се дознава дека бил лекар и учител кој справедливо
постапувал со народот и бил толерантен во црковните односи.
Историските записи пренесуваат дека откако го напуштил овоземскиот
живот, бил лично погребан од Свети Климент во манастирската црква.

Традицијата на лекување на бреговите на Охридското езеро мошне


веројатно потекнува уште од дамнешни времиња. Слободно може да се
претпостави дека и во далечната антика овде постоеле медицински центри,
посветени на Асклепиј. Чистината на езерската вода, благопријатната
клима и одличната географска местоположба давале голема сила, како на
Охрид, така и на Лихнид. Традицијата којашто од времињата на Св.
Климент и Наум продолжила и во подоцнежните векови, може да се
забележи преку сведоштва за здравствената култура низ средновековниот
фрескопис и во записите од вековите кога постоела славната Охридска
архиепископија.

Охридската Архиепископија оставила голема трага, не само во минатото


на Македонскиот полуостров, туку и во светската историја. Уште во
претходните векови, во Јустинијана Прима Лихнид имал посебно значење
како голем духовен и книжевен центар. Тука живеел и Еразмо Лихнидски,
а од Лихнид потекнуваат и .... Македонски светители. Многу одамна во
духовната престолнина на Македонија и жените биле ѓаконици во црквата,
што се чита дури и од еден од зачуваните мозаици во Охрид. Стариот
Лихнид бил важна станица на римскиот пат Виа Игнација, кој
претставувал реконструкција на стар пат изграден од Македонската
империја. Традицијата на образованието, уметноста, градителството и
медицината од антиката е потврдено преку движните и недвижни
археолошки пронајдоци, кои заедно со изворите на литература покажуваат
дека дури во средниот век се забележувале траги од древното знаење од
антиката.

Во вековите по смртта на Свети Климент и Свети Наум, нивните ученици


ја продолжиле работата на Охридската школа, од која низ вековите се
зачувала како образовната, така и уметничката, но и медицинската
традиција. Во многу книги може да се прочита дека Охридскиот
универзитет е најстар универзитет во Европа.

Ренесансата, за која има индиции дека се развила под влијание на


древните записи од големата Македонска империја и зачувани книги од
Македонските цркви и манастири, започнала од Охрид.

Многу значајни личности биле родени во Лихнид, денешен Охрид. Луѓе


кои оставиле трага не само во вековите во кои што живееле, туку и до ден
денес.

Значајна е активноста на еден од најголемите трибуни на


богомилското учење – Василие Врач, за кого се знае дека бил роден во
1028 година, во некое село од охридската околија, а како млад живеел како
монах во манастирот Св. Пантелејмон, работејќи во манастирската
болница. Таму добил одлично медицинско образование, но бил оспособен
и за астрологија, философија и други науки. Во текот на неговиот живот се
прочул како одличен лекар, многу образован и културен човек кој бил
познат оратор и проповедал против угнетувањето и ограбувањето на
народот. Создал посебен Ред на учење во кој посветил десетици ученици.
Со неговото делување претставувал опасност не само за болјарите и
догмата, туку и за царскиот двор. Забележано е дека „носел монашка
облека, а бил лекар“. За врачот од охридско, народниот лекар Василие кој
стекнал толку големо знаење со кое предизвикал голем бунт, Теофилакт
Охридски запишал дека се обидувал да го наговори на покајание уште
пред да биде осуден од судот во Цариград. Непопустливиот Василие Врач
заедно со 12 ученици биле осудени на смрт, по што биле намамени во
Цариград каде што ги чекала клада...

Охридските архиепископи низ вековите оставиле значајни записи за


животот и културата на овие простори. Забележано е дека во почетокот на
12ти век во Охрид доаѓале лекари од територијата на денешна Италија, а
во Охрид бил роден и еден од најучените луѓе кој темелно ги проучил
делата на Хипократ и Авицена – Буда Бен Москони.

Истражувачи, патеписци и научници од целиот свет со векови


објавувале нивни видувања, проучувања и толкувања на историските
случувања, природните ресурси и културното наследство на Охрид.
Организираноста на населението кое живеело меѓу ѕидините на стариот
град се забележува и во вековите кога се појавувале заразни болести, па
затоа постојат цркви кои се нарекуваат Свети Никола Болнички и Света
Богородица Болничка.

За Охрид постојат податоци кои ги воодушевуваат и најупатените


проучувачи на Македонската историја. Една од најголемите христијански
земји во светот – Русија, христијанството го добила токму од
Македонскиот Охрид. Најстарите руски средновековни епиграфски
споменици претставуваат копии на пергаменти од Македонија. Дури и
„Новгородските ливчиња“ и „Остромировото евангелие“ претставувале
изработки според подарокот кој Македонскиот цар Самуил го подарил на
Русија. Руските историчари пишуваат не само дека „Киевска Русија ја
примила христијанската вера од Охрид“, туку и дека порано „Руската
црква била една од епархиите на старата Охридска архиепископија“. Во
книгите на руските историчари може да се прочита и дека првите руски
светци биле канонизирани од Охридскиот архиепископ Јован Дебарски.
Архиепископот Леон, кој ја изградил црквата Света Софија врз основите
на старата црква од Јустинијан, која била градена врз уште постар храм,
исто така патувал во Русија. Во вековите подоцна, кога Охридската
архиепископија управувала со православните цркви во Далмација, Малта,
Сицилија, Венеција и други делови на Италија, забележано е дека повеќе
од десет Охридски архиепископи патувале во посета на Руските цареви.
Во една руска книга која ја читавме додека го подготвувавме овој
документарен филм, пронајдовме и запис за народно предание за некаков
престој на Исус во Охрид. Познато е дека градот бил нарекуван Ерусалим
на Европа поради тоа што имал 365 цркви, по една за секој ден во
годината. Постојат записи и истражувања кои го поврзуваат Охрид со
Ерусалим не само преку симболиката на стариот град и црквите, туку и
преку поврзување на тврдината со времињата на библиските цареви Давид
и Соломон. И покрај тоа што многу историчари тврдат дека во големите
градови се градело налик на Ерусалим и Храмот на Соломон, многу
веројатно е дека постои непто од минатото на Охрид за кое денешната
цивилизација сеуште нема доволно свест за спознавање.

Еден од најпознатите патеписци кој поминал на овие простори,


Евлија Челебија, во 17тиот век забележал дека во тоа време сите градови
во Македонија имале свои чешми со чиста вода, единствено во градот
Охрид не биле изградени чешми бидејќи населението пиело езерска вода.

Континуитетот на одржувањето на знаењето за медицина се


забележува дури до 19тиот век. Григор Прличев од Охрид, македонскиот
преродбеник, е нераскинливо поврзан со здравствената култура на Охрид
и Македонија. Уште како студент на Медицинскиот факултет во Атина,
почнал да ја проучува здравствената состојба на македонскиот народ и
сметал дека сите болести настануваат од лошите животни услови и
хигиенски навики, кои заедно со економската беда и непросветеноста биле
најголеми непријатели на човекот во тоа време.

Ефтим Спространов и Кузман Шапкарев, двајцата родум од Охрид,


оставиле значајни дела за живото народното знаeње од Охрид во 19тиот
век. Ефтим Спространов го објавил трудот “Материјали од народната
медицина од охридскиот крај”, а Кузман Шапкарев – “Народната
медицина и нејзината номенклатура во Македонија”. Заедно со зборникот
со народни лекови и рецепти – Лечебник на семејството Пирузеви од
Охрид, пишуван околу 1830г., овие дела се познати како Охридски
лечебници. Во нив се содржани многу лекови и рецепти за најразлични
болести кои со сигурност водат корени од еден милениум претходно, од
времињата на Св. Климент Охридски и Св. Наум Чудотворец.

Во 19 век се случиле многу настани кои оставиле траен белег во


историјата на Охрид и Македонија. Веднаш по Македонското востание, се
случиле Охридскиот заговор и Брсјачката буна. Знајните и незнајни јунаци
кои потекнувале од Охрид, при крајот на крајот од 19 и почетокот на 20
век ги дале своите животи за слободата на Македонија и оставиле
неизбришлива трага во македонската историја. Свеста на македонскиот
народ кој живеел во Охрид за својата самостојност и поврзаност не само
со средновековната традиција, туку и со античките корени е изразена
преку делувањето на преродбениците и е проткаена во нивните текстови
од 19 век. Во последните децении од 19 век во Охрид веќе имало
оформено не само народни училишта, туку и народно читалиште кое
располагало со значаен фонд на литература. Забележливи се цели
генерации од повеќе семејства кои ги посветиле своите животи за
народната борба за слобода и човечки правдини. Она што треба да се
потенцира, е дека сите тие револуционери биле писмени и учени луѓе, а
многу од нив во текот на животниот век успеале и да објават значајни
написи за Охрид и Македонија. Многу Охриѓани биле учители не само во
Охрид, туку и во Битола, Скопје и Солун. Како во времето на Свети
Климент и Наум, кога нивните ученици го просветувале народот од
останатите региони во Македонија и пошироко, така во преродбенскиот
век учениците на охридските учители успеале да описменат многу народ,
но и да создадат дело за почит. Револуционерно дело за слобода и човечки
правдини. Охрид во 19 век бил не само духовен и просветен центар, туку и
револуционерно жариште во кое се покажале и докажале многу јунаци. Од
Охрид потекнуваат едни од најплодните македонски преродбеници,
истражувачи и новинари на 19 век. Охриѓани биле членови и на Младата
Македонска Книжовна Дружина која прераснала во „Лозарите“ – тајното
друштво на македонската револуција. Анархистичкото здружување кое со
своето делување го привлекло вниманието на светската јавност –
солунските атентатори, познати како „Гемиџиите“, исто така имале член
од Охрид. Организираната револуционерна борба во Охрид започнала во
истиот период кога се случувале здружувања и акции на Македонците и во
Солун, Битола, Овче Поле и во други региони од Македонија. Забележано
е дека неколку од највидните преродбеници и револуционери кои биле
родени во Охрид членувале и во масонски ложи низ цела Европа. Дали во
првата половина на 20 век во Охрид постоеле организирани ложи, засега
може само да се претпоставува. Интересот на тајните друштва за Охрид не
престанал, што е потврдено со присуството на големи мајстори од
средината на 19 век па се до пред Втората светска војна. Од преводите на
старите записи и нивните толкувања од истиот век, дознаваме за
поврзаноста на Охрид со Јустинијана Прима. Именувањето на Охридската
тврдина како Самуилова најверојатно започнало од 20 век, поради
пропагандни и политички цели. Во записите од 19 век, особено во описите
на градот од роднокрајните автори, никаде не се сретнува податок дека
тврдината била нарекувана од народот според цар Самуил, туку можат да
се прочитаат сосема други информации. Во некои текстови од пред скоро
два века, се забележува и дека езерото од нашите преродбеници во тоа
време било нарекувано и Лихнидско.

Древното езеро во кое уште живее ендемска флора и фауна,


огромните заштитни бедеми од стариот град, тврдината и старите цркви не
се единствените видливи сведоци на Охридската историја за која што ја
создаваме оваа сторија. Во центарот на Охрид стои исправен жив
споменик на дамнешното минато, стар повеќе од еден милениум,
природната реткост на Македонија – прочуениот Охридски чинар.
Непосредно до Горна порта се наоѓа големиот антички театар, чудо на
античката архитектура, огромен театар од древните времиња на
Македонското царство кој е стар повеќе од два милениуми.

Лековитата моќ на езерото, духовниот мир на градот и потенцијалот на


регионот го прават Охрид еден од најпосетените градови во овој дел на
Европа.

Како во минатото, така и денес во Охрид доаѓаат патници –


намерници, посетители и туристи буквално од целиот свет. Се повеќе луѓе
од различни земји се запознаваат со убавините на Македонија и нејзината
духовна престолнина – градот Охрид. Забележливи се и зачестените
посети на старите локалитети и цркви не само од странските, туку и од
домашните туристи, кои во се поголем број се од помладата генерација. За
Охрид старите патеписци пишувале и известувале воодушевени од
убавината на стариот град и прастарото езеро, а денешните туристи ги
пренесуваат убавините на Охрид преку паметните уреди и интернет
мрежата, на која можат да се пронајдат информации и податоци за
Охридскиот регион пишувани од дамнешни времиња па се до денес.
Посетете го Охрид, градот на Светлината, духовната престолнина на
Македонија.
м-р Никола Ристевски Продукција АРИСТОН

2021
Свети Григориј Охридски, починал 1012, имало напис Света Софија, современик
на Самуил

Свети Климент Охридски, Свети Наум Охридски Чудотворец,

Свети Никодим Охридски, запишан во список на светители на Света Гора

Свети Преподобен Јоаникиј од Ракотинци, стари рецепти лекови, лекар,


лекаруша 1884

Но, за согледувањето на карактерот на Самуиловото владеење е исклучително битно дека, по


создавањето на неговата држава, тој не ја возобновил бугарската патријаршија, која по
уништувањето на првото бугарско царство (971/72) потпаднала под јуриздикција на
цариградската патријаршија, туку ја подигнал Охридската архиепископија како самостојна
православна црква за своите области на рамништето на патријаршија. Знаеме дека нејзиното
седиште било во Воден, Меглен, а потем во Мала Преспа, на островот на кој Самуил ги пренел
од Лариса моштите на Св. Ахил во 986 година, и конечно во Охрид. Подеднакво е битен фактот
дека по пропаѓањето на Самуиловото царство во 1018 година, царот Василиј II не ја укинал
автокефалоноста на Охридската архиепископија, одземајќи й го само статусот на патријаршија,
именувајќи го македонскиот словен Јован Дебранин за архиепископ, под јуриздикција на
Цариградската патријаршија, и со повелби (1019 и 1020) приклучувајќи кон неа повеќе области
кои порано биле под бугарска власт. He противречи на истакнувањето на овие п

Веднаш е потребно да се истакне дека најраниот изворен податок од кој се дознава дека
Охрид веќе сигурно се вбројувал во редот на престолнините на Самоиловата држава
хронолошки е прецизно датиран во есента 1015 г. Имено, Ј. Скилица, опишувајќи еден од
ретките настани во кој директно се споменува Охрид, меѓу другото,

, евентуално, некое негово присуство во Охрид. Од друга страна, постои недатиран податок за
преместување на црковното седиште од Преспа во Охрид. Архиепископот Филип бил првиот
црковен поглавар во рамките на Самоиловата држава кој во Диканжоивиот список се
споменува дека столувал 19 Т. Томоски, „Преспа во средниот век“, Историја, XV/2, Скопје,
1979, 66–67. 20 С. Пириватрић, Самуилова држава..., 156. 21 На едно место напоменува дека
Преспа била првата престолнина на Самоил; дека Преспа и Охрид биле црковни и политички
центри на цар Самоил и на неговите наследници; потоа дека Прилеп е една од повеќето
негови престолнини; дека во присуство на преспанско-охридскиот патријарх Филип било
извршено крунисувањето на Самоил во новата соборна црква Св. Софија (Охрид) на Велигден
1001 г.; дека Г. Радомир во време на владеењето на Самоил (околу 1002 г.) ја протерал
унгарската принцеза од царскиот двор во Охрид; дека во царската престолнина Охрид
патријархот Филип го извршил крунисувањето на Г. Радомир; дека во време на Г. Радомир
Битола била една од повеќето царски престолнини, а потоа дека Битола била негова
престолнина; дека во време на Јован Владислав Преспа и Охрид биле центри на државата, за
потоа да истакне дека во негово време Охрид бил главна престолнина и единствен центар на
државата (М. Бошкоски, Великаните..., 43, 104, 125–126, 146, 151–152, 158, 176, 180, 190). 146
Тони Филипоски во Охрид. Иако податокот не е датиран, се дошло до доста уверливо мислење
дека тоа се случило во времето на Самоил. Токму речиси извесното преселување на црковното
седиште од Преспа во Охрид во овој период, се зема како главен аргумент во прилог на тоа
дека во исто време се случило и преселувањето на световната престолнина. Имајќи ги предвид
расположливите изв

Црковна традиција наметната од Јустинијана Прима ја наследува Свети Климент, како


прв словенски епископ воопшто во светот. Според пишаните документи од
средновековна Македонија, т.е. житија, средновековните Македонци како духовни водачи
ги спомнуваат деволските (охридските) епископи, а цариградскиот
или преславскиот патријарх никогаш не се спомнати и целосно се игнорирани, што јасно
укажува дека Македонија имала црковна автономија во тој временски период.

Наследниците на Св. Климент, духовни и граѓански управители на македонските


автономни области ја носеле титулата „епископ на словенски јазик“ [5][мртва врска], каде што
старословенскиот збор „јазик“ означува „народ“ т.е. етнос. По Св. Климент, имало уште 3
генерации словенски епископи, од кои зачувано е името на „епископ Марко на словенскиот
народ“[6][мртва врска]. Сето ова доведува до заклучок дека македонското население било
одделно од бугарското и останатото околно население.

Охридска патријаршија
Цар Самоил ја издигнува светиклиментовата црква на ниво на патријаршија, најверојатно
во 996 година. За прв патријарх бил назначен Герман, чие патријаршко име е врежано во
царската катедрала Свети Ахил на Голем Град.[12] За меѓународно признавање на новото
царство и патријаршијата, потребен било благослов од центрите на христијанството ,
тогаш Цариград или Рим. Цариград не ја признал Самоиловата држава, па затоа тоа го
направил папата Григориј V во година која не е точно утврдена (најверојатно 997 или 999
година). Според бугарската историографија, Самоил ја зграбил круната од Рим. [13] Но,
бугарската историографија Рим го преведува со Византија, иако Рома значи Рим, а
Византија се викала Ромeја.
Македонската држава добила македонска црква, што довело до создавање на две посебни
патријаршии,[7] македонска и бугарска. Македонскиот патријарх во 998 е Герман [12], а на
бугарскиот патријаршки преславски престол седи г.г. Глигориј[14]. Под јурисдикција на
Охридската патријаршија се наоѓаат Тесалија, Епир, Албанија, Дукља, Травунија, Захумје,
Рашка, Босна, Срем и подунавска Бугарија. [7] Во сѐ уште непознат временски период, Цар
Самоил ја уништува бугарската патријаршија и ја сведува на ниво на митрополија
Бугарија[15], па патријархот г.г. Глигориј се упокојува во 1016 година како „митрополит
Бугарски“ Православен календар на БПЦ Архивирано на 3 февруари 2007 г. и како таков се слави
од БПЦ. По укинувањето на Преславската патријаршија, Охридската патријаршија својата
јурисдикција ја распостила врз сите освоени територии на средновековната македонска
држава, меѓу кои Малта и Сицилија.
По пропаста на средновековната македонска држава, Василиј II ја инкорпорира
Македонија во Византиското Царство, ги срушил световните и духовните обележја на
средновековната македонска држава за народот да не се сеќава на славните времиња и
затоа Македонија ја нарекува тема Бугарија, заедно со Србија, Албанија, Црна
Гора, Панонија, па сè до Срем. Охридската патријаршија не ја уништува, туку и го
намалува рангот на Автокефална Охридска aрхиепископија и дијацезата и ја намалува
само на териториите од византиската тема Бугарија. Така, Охридската aрхиепископија
станува главна црковна организација
а е нападот на Источните Готи под водството на Теодорих во 479 год. кога ја опустошиле
околината на Лихнид, а населението се засолнило во тврдината над црквата Св. Еразмо.

You might also like