You are on page 1of 1

Сите размислуваме различно. Секој за себе е посебна индивидуа.

Од таму произлегува и тоа


дека не сите пеачи се исти, во следниов контекст:

-Секој пее различно.

-Секој има сопствена идеа и дефиниција за тоа ШТО Е ПЕЕЊЕ.

-Секој на различен начин ја доживува интерпретацијата на одредено дело

(едно исто дело, десет различни пеачи ќе го донесат на различен начин)

-Секој си има своја техника (идеја) за сопствениот начин на пеење.

Одовде извлекуваме уште едно многу важно нешто кое само по себе произлегува:

ВЕРУВАЈ во себе и своите убедувања, но дозволи и другиот да си го даде своето мислење. Учи
од грешките, од сопствените и од грешките кои ги прави некој друг. Тоа може многу да ти
помогне. Всушност, секој човек учи од грешките, цел живот. Тоа се само лекции кои не’
освестуваат и ни даваат можност да согледаме каде сме погрешиле, па автоматски ни даваат
можност за нови пробни дејствувања и размислувања со цел да пронајдеме различни начини
за да ја поправиме грешката но и да ја совладаме секоја следна препрека која би можела да
ни се испречи на патот.

Мораме да разбереме, да ни биде јасно дека, исто како и ние, пеачите, и публиката си има
свое мислење. Различно. Не можеш (и не смееш) да очекуваш дека твоите убедувања, твоето
пеење (техника, начин на интерпретација и слично) ќе биде прифатено од сите со подеднакво
воодушевување. СЕКОГАШ биди подготвен/а на разновидни коментари, мислења, критики...
Критиката, сама по себе, е многу важна! Прифаќај ја, како добронамерната, така и лошата
критика. Се’ со цел да се пронајдеш самиот/самата себе и од себе да направиш подобра
личност (подобар вокален солист).

Не заборавај: Само неколкумина ја имаат честа да бидат избрани. Не секој може да биде
артист.

(Артист (уметник): Дали човек така се раѓа, или учи да стане артист?)

You might also like