You are on page 1of 4

ПАНОНСКИ ЛЕГЕНДИ; Нина Станоеска 1-10

СОДРЖИНСКА АНАЛИЗА НА Проф: Татијана Стојанова


Дуева
ЖИТИЕТО НА КИРИЛ Македонски јазик и литература
ЗА ДЕЛОТО
“Панонски легенди” е најстаро оригинално дело напишано на словенски јазик за браќата
просветители свети Кирил и Методиј. За овие просветители напишани се голем број дела на
латински, грчки и словенски јазик, но најкомплетни и најверодостојни податоци за нивниот
животниот пат ни даваат нивните житија, собрани во едно дело. Ова дела уште е познато и како
“Моравско – панонски легенди”.
До денешен ден, не се пронајдени сигурни информации за авторот и точното време на
создавањето на житијата. Тука настануваат повеќе размислувања, предпоставки и теории, но
сепак не може да се даде точен одговор на овие прашања.
Се претпоставува дека житијата биле напишани непосредно по смртта на браќата. Житието на
Кирил во Рим, а подоцна и житието на неговиот брат Методија, по неговата смрт во Моравија
според едни или во Панонија, тогашна Бугарија.
ВОВЕДЕН ДЕЛ
Во воведниот дел авторот им укажува на читателите дека треба да го следат Исусовиот пат, па
им го испраќа Кирил како учител. Всушност, Кирил е претставен како божји пратеник.
Авторот пристапува и кон изложувањето на хронолошките податоци за животот на Константин.
Тој потекнувал од Солун, се родил како седмо и последно дете во семејството на Лав и Марија,
кои исто така потекнувале од Солунската област. И двата родитела потекнувале од богати и
угледни семејства. Таткото Лав вршел голема и одговорна државна службеност - друнгар
(друнгариј) подстратег.
Дадени се и податоци за сонот што го сонил Кирил како седумгодишно дете. Имено,
командантот на Солунската област, откако ги собрал сите девојки од тој крај, му ги посочил нему
и му рекол да избере една од нив за своја животна другарка. Константин ја одбрал онаа што била
„најубава, со светло лице, богато накитена со златни ѓердани и бисери и друг накит. Името
и беше Софија т.е. мудрост“ што било јасен предзнак за идната филозофска дејност на
Константин.
МАГНАУРСКАТА ШКОЛА
Богатството на родителите му овозможило да се стекне со солидно образование. Така
Константин, кој во себе криел големи дарби за изучување на сите науки, покажал
големи успеси во сите области и наставни предмети. Бидејќи не уживал во одењето
на лов и забави како останатите деца на богатите, сметајќи дека се тоа “залудно
потрошени денови” се посветува на изучување на книгите на Григориј Богослов. /
Тој своето образование го продолжува во Цариград, во Магнаурската школа каде за
кратко време се усовршил во сите предмети. Негови учители биле најпознатите
византиски научници: Лав Солунски, кој бил познат математичар, филозоф и лекар и
Фотиј, вешт полемичар, дипломат кој подоцна станал патријарх. Кај него,
Константин изучувал “дијалектика и сите филозофски науки, реторика и аритметика,
астрономија и музика, како и сите други елински вештини”. Тој “го научил и Хомера”
и ја совладал целата граматика за само 3 месеци! Толку брзо ги совладувал науките
“како да изучувал само една”.

You might also like