You are on page 1of 8

Пелагонија

Пелагонија

Pelagonija.jpg

Пелагонија од Баба Планина

Надм. висина 600 м

Географија

Положба Република Македонија, Егејска Македонија (денес во Грција)

Нас. места Битола, Прилеп, Лерин

Пелагонија — најголемата котлина во Македонија, која самата по себе образува и посебна


релјефна целина во рамките на родопската група на релјеф. Сместена е во југозападниот дел на
Република Македонија и северозападниот дел од Егејска Македонија. Опфаќа површина од околу
4.000 км2 и нејзиниот правец на протегање е меридијански, север - југ, зафаќајќи должина од 80
километри и продолжувајќи кон Егејска Македонија.

Планините и котлините од западно-вардарската група планини и котлини (Пелагониди или


Пелагониска област) се протегаат западно од Ниска Македонија - Повардарие. Пелагониската
област почнува на север од Сува Гора, а на југ продолжува до Грција. На исток е одделена од
Ниска Македонија, а на запад од Шарската област е одделена со котлините: Преспанска Котлина,
Кичевска Котлина, Полошка Котлина, и планините Баба, Бигла, Плакенска Планина, Илинска
Планина, Бушева Планина, Песјак, Челоица, Сува Гора и Жеден.

Пред да се создадат денешните котлини и планини оваа зона претставувала голем блок во вид на
остров, кој бил дел од Родопското копно. Пелагониските планини морфотектонски се многу
слични со Родопскиот предел. Тие настанале истовремено со Родопските Планини, а за време на
аплската орогенеза се извршило раседнување на Пелагонискиот масив, и тогаш била создадена
најголемата котлина Пелагонија. Пелагонидите се составени од стари грамадни планини и
котлини во кои се наоѓаат стари карпи гнајсеви, гранити, микашести, шкрилци, мермери, но и
понови карпи, како што се: мезозојски варовници, доломити, кенозојски-неогени глини, песоци
итн. Со најновите истражувања е утврдено дека меѓу овие планини и котлини и Родпоските
Планини, постои разлика во настанувањето, геолошкиот состав, начинот на раседнувањето и сл.
Поради тоа планините и котлините од оваа група се сметаат за преодна или изменета област.
Западновардарската група планини и котлини особено е богата со плодно земјиште, шуми,
пасишта, мермери, неметали, глина, минерални води итн.
Пелагониската Котлина на зајдисонце

Пелагониската Котлина и долината на реката Треска ја делат Западновардарската група на источен


и западен дел. Источниот дел почнува од македонско-грчката граница со планината Ниџе, преку
Селечка Планина, Мариовска Котлина, се надоврзува на планината Дрен, Бабуна, Јакупица со
Даутица и Караџица. Западниот дел започнува со планината Баба, а северно од неа се
надоврзуваат: Бигла, Плакенска Планина, Илинска Планина, Бушева Планина, Песјак, Чеолица и
завршува со Сува Гора, меѓу долината на реката Треска и котлината Полог.

Тука се најпознати планините, Баба, Јакупица и Ниџе.

Баба или Баба Планина е планина што се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија,
сместена неколку километри западно од Битола. Често се нарекува и Пелистер (старомакедонски:
πελιστερα?·и - гулаб), иако тоа е само името на нејзиниот највисок врв. Според површината која ја
зафаќа (436 км²) таа e тринаесетта, а според височината (Пелистер, 2.601 м) трета планина во
Република Македонија.

Молика во националниот парк Пелистер

Во 1948 година, поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите
и шумските предели на планината Баба, еден нејзин дел со површина од 12 500 хектари, е
прогласен за национален парк. (Види: Национален парк "Пелистер")

Планината Ниџе

Ниџе е типична јужна планина во Македонија, преку која води границата со Грција. Највисок врв е
Кајмакчалан, висок 2521 метри. Според настанувањето и геолошкиот состав, таа е слична со
Јакупица, Баба итн., односно настанала со раседнување во текот на терциерот. Составена е од
палеозојски шкрилци, а во повисоките делови има мезозојски варовници. Планината Ниџе е
значајна по богатството со шума, планински пасишта, разновидна фауна. Изобилува со
специфични фаунистички типови, кои се сретнуваат од Средоземјето до Северна Европа, а тука се
распоредени на мал простор и тоа висински, од подножјето до врвот. Ниџе е расположена на
македонско-грчката граница источно од Пелагониската Котлина и е петта по височина од
планините во Македонија. На запад Ниџе се граничи со големата Пелагониска Котлина.
Северозападната граница е Скочивирската Клисура - Црна Река после нејзиниот голем свиок јужно
од Селечка Планина до сливот на реката Сатока. Од cливот границата завртува десно на повеќе од
90 степени и се упатува во југоисточна насока до сливот во Градиштанска Река. Спротиводно од
неа достигнува до изворите, одделувајќи го Ниџе од Козјак на североисток.

Во Пелагониската област се наоѓа и најголемата котлина во Република Македонија, Пелагонија.

Пелагонија е најголемата котлина во Македонија, која самата по себе формира и посебна


релјефна целина во рамките на родопската група на релјеф. Сместена е во југозападниот дел на
Република Македонија и северозападниот дел од Грција. Опфаќа површина од околу 4000 км²

Природно-етнографски целини - области во Пелагонискиот масив се: Пелагонија, Мариово, Демир


Хисар, Порече и други.

Природно-географски и релјефни одлики на Пелагонија

Пелагонија на зајдисонце.

Пелагонија всушност го претставува централниот западен дел на етничка Македонија. Таа денес
се протега во две држави: Република Македонија и Егејска Македонија. Се состои од Битолското и
Прилепското Поле во басенот на Црна Река и нејзините притоки во Македонија и Леринското
Поле во Егејска Македонија. Поради својата пространост и големина, полињата во котлината се
поделени на помали пределни целини како: Заградско Поле, Садово Поле, Српополе (Српот) во
Прилепско, Гладно Поле на преодот и Ѓаватско Поле, Моштенски села (поле) во Битолско, Буф-кол
во Леринско. Котлината е опкружена со планините Баба, Бушева Планина од запад, Даутица од
северозапад, Бабуна од североисток, Селечка Планина и Ниџе од исток, додека на југ и југозапад е
оградена со падините на Нередска Планина. Во минатото во времето на терцијарот Пелагонија
била заезерена поради што денес (особено во Битолското Поле) е голема застапеноста на хумусна
и алувијална почва. Просечната надморска височина на рамнината изнесува 650 метри и се движи
од 710 до 615 метри во Прилепското Поле и од 610 до 540 метри во Битолското Поле со вкупна
површина од 120,600 хектари. Низ Пелагонија тече Црна Река со притоките: Блата, Шемница,
Драгор и Елешка (Сакулева) Река. Целата речна и водена мрежа претставува дел од егејското
сливно подрачје.
Во делот за орографија во одделот за полињата, во својата книгата „Материјали по изучувањето
на Македонија“ од 1896 година, македонскиот револуционер Ѓорче Петров дава опис за
Пелагонија. Пелагониското поле е едно од најголемите и најплодните полиња во цела
Македонија. Тоа е природна испакната рамнина, долга од север кон југ 14 часа, широка од исток
кон запад 4 – 6 часа[3]. Од сите страни е заградено со високи планини, како стени. Од исток го
заградува Селечката планина и почетокот на Ниџе, од запад – Пелистерската и Крушевската
планинска верига, од југ – падините на Вич Планина, а од север и северозапад — Даутица, Мукос,
Преслоп и Козјак. Според местоположбата и изгледот тоа се разделува на Прилепско, Битолско и
Леринско Поле. Во Прилепското Поле течат реката Блато и Прилепската Река, Битолско-
Леринското поле се наводнува од Црна Река, Шемница, Сакулева Река и потоците на Пелистер[3].
Бидејќи полето е рамно како тепсија, сите тие реки широко се излеваат за време на висок
водостој, создавајќи околу себе блатести места.

Глетка од Пелагонија во околината на селото Вашарејца

Поглед на Пелагонија од врвот Висока на Селечка Планина

Прилепско Поле - северен дел на Пелагонија

Клима

Пелагонија има претежно умереноконтинентална клима, но негогаш во зимските месеци во неа


продираат студени влијанија од север, кои навистина ја снижуваат температурата и ѝ даваат
карактер на континентална клима. Поради близината на Егејското Море и географскаташирочина
би требало да владее средоземноморската клима, но заради големата надморска височина
владее умерено-континенталната клима. Средната годишна температура на воздухот во Прилеп и
Битола е 11,2 °С[4]. Просечните врнежи изнесуваат околу 640 мм, во Прилеп се 556,7 мм, а во
Битола 602 мм.

Месноста Заград, Прилепско Поле.


Општини

Пелагонискиот регион опфаќа 9 општини, и тоа:

Површина Население
Општина HASC[1] Центар на општината
(km2)[2] (2002)

 Битола MK.TL Битола 790 95 385


 Демир Хисар MK.DM Демир Хисар 480 9 497
MK.KG Кривогаштани 88 6 150
 Кривогаштани

 Крушево MK.KS Крушево 190 9 684

 Могила MK.MG Могила 255 6 710

MK.PP Прилеп 1 198 76 768


 Прилеп

 Ресен MK.RE Ресен 549 16 825

 Новаци MK.NV Новаци 755 3 549

MK.DE Долнени 418 13 568


 Долнени

Население

Во Пелагонија живеат повеќе од 200.000 жители, од кои доминантно мнозинство се Македонците


со претежна застапеност во населените места од над 90%. Најголеми градови во котлината се
Битола и Прилеп, а во грчкиот дел Лерин. На подрачјето на Пелагонија целосно влегуваат
општините Могила, Долнени, Кривогаштани и во поголем дел општините Битола (без Цапарско
Поле и потпелистерските села), Прилеп (без Мариово) и Новаци (без Мариово), а во помал дел и
територијата на Општина Крушево. Освен населението кое потекнува оттука има и голем број на
доселеници од областите Мариово, Железник (Демир Хисар) и Преспа. Во поглед на населеноста
според густината на населението се издвојуваат два предели: рамничарското котлинско дно со
над 100 жители и котлинскиот раб кој има до 30 жители[5]. Особено слабо населен е источниот
раб на котлината кон областа Мариово. Разликата во густината на населеноста е последица на
стопанските прилики[5].

Според податоците од пописот од 2002 година, во рамки на општините кои се наоѓаат исклучиво
во географското подрачје на котлината Пелагонија живеат 203.639 жители од кои:
Земјоделство и стопанство

Битолско поле - средишен дел на Пелагонија

Пелагониската Котлина, која претставува најголема рамница во Република Македонија,


Преспанскиот езерски басен, како и специфичните климатски услови и поволната хидрографска
мрежа се основни предуслови за развој на земјоделството во овој регион. Токму од овие причини,
овој регион е житница на Република Македонија и најголем производител на тутун, јаболка, но и
најголем млекопроизводител. Пелагонија претставува најголема житница во Македонија[6]. Во
Пелагонија се остваруваат најголемите приноси на пченица и пченка во државата, а покрај нив од
житните култури во значаен обем се одгледуваат и јачменот, овесот и 'ржта. Пелагонија е исто
така и најголем производител на индустриските култури како тутун, сончоглед, шеќерна репка во
Македонија[6]. Целата котлина, а особено Прилепското Поле, претставува најголем производител
на тутун во Македонија и на Балканот. Од другите индустриски култури најзастапени се шеќерната
репка, сончогледот и фуражните култури за сточна храна како детелина, луцерка, крмната пченка
итн. Во повлажните предели со повеќе вода, по течението на Црна Река, особено во западните
предели на Прилепското и Битолското Поле во селата Бучин, Обршани, Бела Црква, Кукуречани,
Могила во големи количества се одгледуваат кромид и пиперки (црвени-ајварки и зелени). Во
западниот дел на Битолското Поле во подножјето на планината Баба во селата Буково, Бистрица,
Лажец, Породин се одгледуваат многу пиперки, особено од позната сорта на црвена пиперка со
тенка лушпа која ситно се меле и се -прави познатиот зачин буковец. Овоштарството и лозарството
се застапени во помала мера, а претежно околу Битола и западниот дел на Битолското Поле.
Сончогледово поле во Пелагонија

Сточарството во Пелагонија е исто така доста развиено. Најразвиена гранка е краварството,


особено во рамничарскиот дел на Битолското Поле и по течението на Црна Река каде што има
голем број на тревнати ливади-утрини погодни за напасување на кравите. Покрај краварството се
одгледуваат и голем број на овци, претежно во источните и северните предели кон Даутица,
Селечка Планина и Мариово. Козарството е застапено во најмала мера во крајниот северен дел на
Прилепското Поле во подножјето на Даутица и Бабуна. Поради големиот број на крави и овци, во
Пелагонија се произведува и најголемиот дел од млекото во Македонија. Млекарството е
застапено со повеќето млекарници „ИМБ Битола“, „Идеал Шипка“ кои се најголемите
производители на млеко и млечни производи во Македонија како и бројни други помали
приватни млекарници итн. Поради одличните услови, во Пелагонија во голема мерка е застапено
и свињарството при што голем број на домаќинства одгледуваат свињи, а во селото Породин се
наоѓа и една од најголемите свињарски фарма во државата во сопственост на ЗИК „Пелагонија“.

Пределот Бакарно Гумно (Гладно Поле) познат како Тополчанска Греда - преод меѓу Прилепското
и Битолското Поле

Во Пелагонија најразвиена е прехранбената индустрија, а како најголема житница во Македонија,


на нејзиното подрачје се наоѓаат и најголемите пекарско-мелничарски комбинати „Жито Битола“
и „Жито Прилеп“, како и повеќе приватни мелничко-пекарски претпријатија како што се „Млин
Стојчев“, „Пелафино“ фабриката за тестенини. Во Прилеп се наоѓаат прехранбената индустрија
„Витаминка“, Тутунскиот комбинат и Пиварницата, а во Битола се сместени Пиварницата,
Шеќераната, фабриката за квасец и неколку млекарници итн. Доста развиена е и металската
индустрија и во Битола и во Прилеп, а развиени се и стакларската, идустријата за електрични
апарати, градежни материјали итн.

Во Битолското Поле големи се резервите на јаглен, поради што работат два рудника за негово
исцрпување: „Суводол“ и „Гнеотино“. Тука се наоѓа и најголемата термоелектрична централа во
државата „ТЕЦ Битола“ која со своите 3 блока произведува 60% од електричната енергија во
Македонија.

Од особено значење за економско-стопанскиот и индустрискиот развој на целиот регион е


изградбата на Индустриската зона „Жабени“ која се протега на 85ha во близината на с.Жабени,
јужно од Битола, како и ново-отворена индустриската технолошко-развојна зона „Прилеп“ кај
селото Ново Лагово, во кои веќе се изградени неколку производствени индустриски капацитети од
странски инвеститори.
Сообраќај

Поглед на Пелагонија и РЕК „Битола“ во позадината

Поради својата положба Пелагонија претставува важно сообраќајно подрачје кое поврзува повеќе
региони. Сообраќајното значење на Пелагонија е посебно големо поради близината на државните
граници кон Грција и Албанија. Јужно од Битола се наоѓа граничниот премин Меџитлија на
границата кон денешна Грција. Низ самата Пелагониска Котлина водат повеќе патни правци како
магистралниот пат Прилеп - Битола кој на североисток се поврзува со автопатот „Александар
Македонски“ (Е-75) од меѓународниот коридор 10 (Скопје - Солун), a на запад преку Ресен се
поврзува со Охрид и меѓународниот коридор 8. Од Пелагонија водат и повеќе регионални патни
правци кон Крушево, Демир Хисар, Кичево, Кавадарци и Мариово. Во план е изградбата на
патниот правец Прилеп - Велес преку Бабуна кој постоел и во минатото. Низ Пелагонија минува и
железничката пруга Велес - Прилеп - Битола, а која продолжува кон Егејска Македонија (Солун).
Делот од пругата меѓу Битола - Кременица (граница со Грција)[7].

You might also like