You are on page 1of 2

Котлини и полиња во Македонија

Котлинските релјефни целини се простираат помеѓу планинските масиви. 


Во источниот дел на Македонија помеѓу планини се протегаат котлини во чии
најниски делови се наоѓаат зарамнети полиња на надморска височина од 200 m
до 700 m. Одејќи од север кон југ се сменуваат: Славишка,Кочанска, Пијанечка
(Делчевска), Малешевска(Беровска),Радовишка и Струмичка Котлина. На запад од
претходните котлини, кон Повардарието се уште Кумановската, Овчеполската и
Лакавичката Котлина. Сите овие котлини, по нивното настанување биле
исполнети со езера, кои се исушиле пред милион години.Денес врз акумулираните
езерски наноси се развиле плодни почви, на кои се најбогатите обработливи
површини.

Во централниот дел на Македонија се создале повеќе пространи котлини. Котлините


долг период биле исполнети со езера, меѓу себе поврзани преку отоки. По
нивното истекување кон Егејското Море, на местата на отоките и по дната на
котлините,реката Вардар постепено ја изградила својата композитна долина.
Таа е композитна бидејќи се состои од повеќе клисури и котлински проширувања
кои наизменично се сменуваат(во оваа наставна содржина ќе се задржиме само
на котлините).На север започнува со Полошката и Скопската Котлина. Низводно,
реката Вардар минува низ малата Велешка Котлина. Потоа следува пространата
Тиквешка Котлина и се протега сé до топлата и плодна Гевгелиско-Валандовска
Котлина.Малку по на исток пак е малата Дојранска Котлина во која се
наоѓа Дојранското Езеро.

Најголема котлина е Пелагонија. со површина од околу 3700 km2. Дното на


Пелагонија е рамно и со еден низок рид е поделено на две полиња: Прилепско на
север и Битолско на југ. Овие полиња се доста плодни и се користат претежно за
одгледување на житни култури и тутун. На југоисток од Пелагонија е помалата
Мариовска котлина.Таа е заградена со Селечка планина на запад, Ниџе на југ и
Козјак (Мариовски) на исток. Оваа котлина иако има прекрасни пејсажи и е меѓу
најчистите (еколошки) подрачја не само во Македонија туку и пошироко, речиси целосно
е раселена.

Во западниот дел, покрај високи планини има и неколку длабоки котлини од кои
позначајни се: Полошката, Кичевската, Дебарската, Охридската и Преспанската
Котлина

You might also like