You are on page 1of 1

Наст. содржина бр.

4 Типови рељеф во РМ

Во изгледот на рељефот во РМ можат да се издвојат три рељефни типови како што


се: Планинско-ридски, рамничарско-котлински и долински рељеф.
- Планинско-ридскиот тип рељеф во РМ го карактеризираат сите видови
планини, ридови и возвишенија, а тој е последица на дејството на внатрешните
сили – тектонски движења кои предизвикале издигнување на земјиштето низ
долгото геолошко минато на земјата. Планинскиот рељеф зафаќа 3/4 од
површината на РМ и е представен со млади верижни планини и стари грамадни
планини.
- Рамничарско-котлинскиот тип рељеф го сочинуваат сите котлини и полиња, а
тој е последица од спуштањето на земјиштето долж раседните линии во
внатрешноста на земјината кора. Овој тип на рељеф е застапен во сите делови
на РМ претставен со котлините и полињата кои веќе ги изучивме во источниот
и западниот дел на државата.
- Долинскиот тип рељеф е застапен во долините на поголемите реки кои низ
долгото геолошко минато со силата на водата ги формирале речните долини во
помеките земјини слоеви на планините создвајќи клисури, кањони и алувијални
рамнини. Најкарактеристична долина во РМ има реката Вардар која изградила
композитна долина каде наизменично се сменуваат клисури и котлини
прекриени со речен материјал остаток на високиот водостој при обилни врнежи
и поплави. Композитната долина на реката Вардар почнува со котлината Полог,
Дервенска клисура, Скопска котлина, Таорска клисура, Велешка котлина ,
Велешка клисура, Тиквешка котлина, Демиркаписка клисура и завршува со
Гевгелиско-Валандовска котлина. Од кањоните во РМ познат е кањонот што го
изградила реката Треска во близина на градот Скопје пред вливот во реката
Вардар, а тоа е кањонот Матка.

Прашања за домашна работа:

1. Кои типови рељеф се застапени во РМ?


2. Кој тип на рељеф е најзастапен во РМ?
3. Како е создаден рамничарско-котлинскиот рељеф во РМ?
4. Опиши ја долината на реката Вардар?

You might also like