You are on page 1of 9

Леднички езера

Изработил: Матеј
Совкаровски II-6
Ледничко езеро или глечерско езеро e природно езеро настанато со топење на мразот во
Леденото доба. Најчесто се наоѓа на високите планини и е со помала површина. Има доста
ладна и бистра вода со исклучителна убавина и заедно со неговата местоположба е магнет
за туристи и посетители на овој природен бисер.
Во Македонија познати се околу 43 леднички езера, распоредени на неколку планини, односно
на:
- Јабланица
- Јакупица
- Дешат
- Баба
- Шар Планина и
- Кораб
На високите падини на планината Јабланица се наоѓаат четири глацијални езера сместени во
мали вдлабнатини, кои меѓу народот се познати како планински очи. Најголемо е Подгоречкото
Езеро, со површина од 3.999 м2 , длабочина од 10 метри и надморска висина од 2000м. Потоа е
Вевчанско Езеро со површина од 2810 м2, длабочина од 3,95 метри и надморска височина од 1993
метри и последни по големина се Горно Лабунишко Езеро и Долно Лабунишко Езеро со површина
од 960 м2 односно 900 м2.
Јакупица или Мокра планина покрај тоа што изобилува со вода, на неа се наоѓаат и две
глацијални езера, Салаковски езера кои се сместени на североистичниот дел од планината под
врвот Убава на висина од 2178 метри. Големото Салковско Езеро е длабоко 1,3 метри, додека
пак Малото Салковско Езеро е длабоко 2,5 метри.
На планината Дешат постојат неколку глацијални езера на висина од 1400 до 1800
метри. Повеќето од нив се полнат со вода од топењето на снеговите и мразот, а дел од
сопствени подземни извори. Најголем дел од езерата истекуваат во мали потоци кои се
влеваат во реката Радика. Најголемо е езерото Локув со површина од 4000 м2,
длабочина до 2.26 метри и надморкса височина од 1566 метри. Други езера кои се
наоѓаат на Дешат се Северно Гашово Езеро, Јужно Гашово Езеро и Самево Езеро.
Баба планина е позната по Пелистерските очи односно по Големото и Малото
глацијално езеро кои се наоѓаат на над 2000 метри надморска висина. На планината
постојат и уште неколку други глацијални езера, кои настануваат при топењето на
снегот, а потоа пресушуваат. Големото езеро зафаќа 42.000 м2, длабоко е 13.8 метри и
се наоѓа на надморска височина од 2218 метри доека пак Малото езеро зафаќа
површина од 7.440 м2, длабоко е 2.3 метри и се наоѓа на надморска височина од 2190
метри.
Шар Планина која воедно е и најголема планина во Македонија изобилува со најголем
број глацијални езера, дури 27 на број кои уште се познати и како Шарски очи. Покрај
овие 27 езера постојат и уште неколку безимени езера кои не се постојани и во летниот
период пресушуваат. Најголемо езеро е Боговинското езеро кое зафаќа 66 880 м2,
длабоко е 2,2 метри и се наоѓа на надморкса височина од 1936 метри. Други помали
езера на Шар Планина се Црно Езеро, Бело Езеро, Голем Ѓол, Мал Ѓол, Кришовишско
Езеро и други.
На планината Кораб сместени се 8 постојани и 10-тина повремени глацијални езера
кои меѓу народот се познати како Корапски езера. Овие езера варираат на висини од
1500 до 2500 метри. Најголеми се Големото Корабско Езеро, потоа Малото Корабско
Езеро, Бачилски Камен, Средно Езеро, Долно Езеро, Бабин Камен, Кобилино Езеро и
Кобилино Езеро 2.

You might also like