You are on page 1of 2

ВОЗДУШЕН ПРИТИСОК

ВОЗДУШЕН ПРИТИСОК е притисокот што воздухот го врши со својата


тежина на земјината површина. Важна карактеристика на атмосферата
на Земјата е воздушниот притисок. Тој не може да се чувствува но
може да се измери бидејќи воздушната маса е многу голема.
Различен воздушен притисок
Воздушниот притисок е различен на Земјината површина и најмногу
зависи од:
Температурата на воздухот (кога е потопло, воздух се шири , станува
полесен и врши помал притисок, кога е ладно воздухот се собира,
станува тежок и врши поголем притисок на земјината површина) Значи
на СОНЧЕВО ВРЕМЕ НИЗОК ВОЗДУШЕН ПРИТИСОК
Влажноста на воздухот (водена пара/влагата е полесна од сувиот
воздух па кога има повеќе влага тој притисок е помал) ВРНЕЖЛИВО
ВРЕМЕ, ДОЖД ВИСОК ВОЗДУШЕН ПРИТИСОК
Надморската височина (на поголема надморска височина воздухот е
поредок а со тоа и воздушниот притисок е помал колку што
надморската височина е поголема. Во пониските слоеви, притисокот
побрзо опаѓа) НА ВИСОКИ ПЛАНИНИ ПОМАЛ ВОЗДУШЕН ПРИТИСОК
Поради тоа што копното и морските површини нееднакво се загреваат
и притисокот се менува.

Нормален, висок и низок воздушен притисок


Нормален воздушен притисок изнесува 101.325 паскали или 1.013
милибари (тој се појавува само над ниво на морето при 0°С, на 45 °
северна или јужна географска ширина) Секој притисок над овој е Висок
воздушен притисок, а притисокот кој е помал од овој се вика Низок
воздушен притисок.
Мерење на воздушен притисок
Воздушен или Атмосферски притисок се мери со БАРОМЕТАР а се
изразува во паскали или во милибари. Тој е состaвен од сталак и
стаклена цевка која во долен дел е свиткана нагоре – проширена и
отворена а во горниот дел е затворена. Цевката е исполнета со жива
Кога расте притисок расте и живата во барометарот и се чита колкав е
воздушниот притисок.

Прикажување на воздушен притисок


Хоризонталниот распоред на воздушниот притисок се прикажува на
изобарни карти со помош на криви линии наречени изобари.
Изобарите ги поврзуваат местата со ист воздушен притисок на
Земјината површина. Поради нееднаквиот воздушен притисок се
јавуваат Циклони (силни олуии и ветрови кои се јавуваат на места со
низок воздушен притисок кои се опкружени со висок воздушен
притисок) и Антициклони (стабилно и сончево време во области со
висок воздушен притисок, кои од сите страни се заобиколени со низок
притисок).

You might also like