You are on page 1of 14

ЗАГАДУВАЊЕ И

ЗАШТИТА НА ВОЗДУХОТ
ОД ЗАГАДУВАЊЕ
ЗАГАДУВАЊЕ НА
ВОЗДУХОТ
Загадувањето на воздухот може да биде дефинирано како присуство
на токсични материи и хемикалии во воздухот, и тоа во количество
што претставува ризик за здравјето. Воздухот е речиси целиот
составен од само 2 гаса, 78% азот и 21% кислород, и неколку други
гасови, како јаглероден диоксид, кои ги има во мал процент.
Разликата помеѓу безопасното присуство на некој гас и загадување
со истото е концентрацијата на тој гас во воздухот. На пример,
јаглеродниот диоксид има концентрација помала од 0,05%, но
воздухот со 5% јаглероден диоксид е отровен и може да ве убие.
Причини за загадување
на воздухот
Загадувањето е можеби најсериозниот проблем
со кој се соочува нашата цивилизација.
Најчесто тоа е предизвикано од човечки
активности како рударство, градење, транспорт,
индустрија, агрикултура и слично. Секоја
активност која вклучува согорување, користење
хемикалии и/или произведување многу
прашина придонесува за загадувањето на
воздухот. Модерното загадување најчесто е од
сообраќајот, иако и електраните и фабриките сè
уште придонесуваат за зголемување на
проблемот. Сите овие загадувачи спаѓаат во
антропогени загадувачи на воздухот.
Постојат и природни загадувачи на воздухот,
како вулкански ерупции, песочни бури и
пожари, но тие се многу ретки.
Загадувачи во домот
 Детергентите и средствата за чистење се само некои од секојдневните
производи кои предизвикуваат загадување.
 Ако се греете на гас, јаглен или дрвја а немате добра вентилација, можете да
бидете изложени на јаглероден моноксид.
 Изненадувачки, но и цевките за вода можат да бидат причина за загадување
на воздухот во домот. Секогаш кога загревате вода (на шпорет, во бокал или
во бојлер) може да испарат заробени испарливи органски соединенија.
 Дури и вашата завеса во тоалетот може да испушта испарливи органски
соединенија ако е направена од пластиката ПВЦ.
 Ако во зградата имате вентилација, голема е веројатноста воздухот кој
влегува во вашиот дом да доаѓа од домовите на другите.
Последици врз здравјето

Загадувањето има влијание на здравјето на животните,


луѓето, растенијата, или на кратко на сите живи
организми. Во зависност од степенот на изложување, како
и видот на загадувачот, последиците може да бидат разни
– од кашлање и иритација на дишните патишта, па сè до
астма и хронични заболувања на белите дробови. Покрај
тоа може да се појават проблеми со кожата, како и некои
видови рак. Некои луѓе сметаат дека 10% до 20% од сите
случаи на рак се предизвикани од некаква форма на
загадување. Според Светската здравствена организација,
загадувањето на воздухот е најголемиот убиец. Најчесто
смртта како последица од загадувањето се случува во
земјите во развој, но и во индустриски богатите држави.
Поради се поголемото
загадување на воздухот се
наметнува потребата од
превземање сериозни мерки
за отстранување на
загадувачите или за
намалуавње на нивното
штетно дејство.
Во материјалниот свет,
напоредно со развојот на
техниката и технолошкиот
процес на производството
заштитата на воздухот треба
да се третира како обврска
на секое општетсво.
ЗАШТИТА НА ВОЗДУХОТ
ОД ЗАГАДУВАЊЕ
Сите мерки за заштита на воздухот треба да бидат
сеопфатни и во глобала да го содржат следното:
- Локацијата на индустриските објекти треба да биде
надвор од населените места, а во просторот меѓу
населените места и индустриските комплекси да има
зелени заштитни појаси.
- Индустриските објекти
или други извори што го
загадуваат воздухот
треба да поседуваат
соодветни филтри за
пречистување на
загадениот индустриски
воздух и да применуваат
современи технологии на
производство.
- Хемиско и механичко
пречистување на штетните
состојки во гасовите. За таа
намена постојат прочистувачи
на воздухот.
- Во поголемите градски градови автомобилскиот
сообраќај да се замени со електричен јавен сообраќај кој
не емитира штетни гасови во воздухот. Препорачливо е
вградување на апарати за дополнително согорување,
како катализатори, со цел намалување на штетните
гасови. Се препорачува и користење на велосипеди и
пешачење наместо автомобили.
- Да се почитуваат правните, законските и
административните прописи, норми и постапки
со кои се уредуваат начините и постапките за
заштита на воздухот од загадување.
Изработил:
Харис Бикиќ VII-1

You might also like