You are on page 1of 2

Загадување

Што претставува загадување на воздухот?


Загадувањето на воздухот може да биде дефинирано како присуство на токсични материи и
хемикалии во воздухот, и тоа во количество што претставува ризик за здравјето. Воздухот е
речиси целиот составен од само 2 гаса, 78% азот и 21% кислород, и неколку други гасови, како
јаглероден диоксид, кои ги има во мал процент. Разликата помеѓу безопасното присуство на
некој гас и загадување со истото е концентрацијата на тој гас во воздухот. На пример,
јаглеродниот диоксид има концентрација помала од 0,05%, но воздухот со 5% јаглероден
диоксид е отровен и може да ве убие.

Причина за загадувањето на воздухот.


Загадувањето е можеби најсериозниот проблем со кој се соочува нашата цивилизација.
Најчесто тоа е предизвикано од човечки активности како рударство, градење, транспорт,
индустрија, агрикултура и слично. Секоја активност која вклучува согорување, користење
хемикалии и/или произведување многу прашина придонесува за загадувањето на воздухот.
Модерното загадување најчесто е од сообраќајот, иако и електраните и фабриките сè уште
придонесуваат за зголемување на проблемот. Постојат и природни загадувачи на воздухот,
како вулкански ерупции и пожари, но тие се многу ретки.
Кои гасови загадуваат најмногу?
1. Сулфур диоксид
2. Јаглероден моноксид
3. Јаглероден диоксид
4. Азотни оксиди
5. Испарливи органски соединија
6. Честички
7. Озон
8. Хлорофлуорокарбонати
9. Несогорени јаглеводороди
10. Олово и тешки метали.

Нема ништо подобро од тоа наутро да го отворите прозорецот и да вдишете чист и


свеж воздух, но колку е чист воздухот што го вдишуваме сега? Иако деновиве е
очигледно загадувањето, понекогаш не можете да ја процените загаденоста од тоа што
го гледате пред вас. Според Светската здравствена организација, годишно умираат
околу 2 милиони луѓе како последица од загадувањето.

You might also like