You are on page 1of 17

ЗАШТИТА НА

ВОЗДУХОТ ОД
ЗАГАДУВАЊЕ
Загадувачи

◦ Под загадување на воздухот се подразбира внесување на


нови некарактеристични физички, хемиски и биолошки
материи во [Атмосфера|атмосферскиот] воздух или
промена на одамна веќе присутните концентрации на овие
материи во животната средина. Загадување на воздухот е
широк термин применет на хемиски, физички (на пр.
честички), или биолошки агенси кои ги менуваат
природните карактеристики на атмосферата. Загадувањето
на воздухот е една несакана состојба на природната
средина каде што воздухот е загаден со супстанции што се
штетни за здравјето на човекот.
◦ Загадувач на воздухот е секоја супстанца која може да
предизвика штета на луѓето и животната средина.
Загадувачите можат да бидат во форма на цврсти честички,
течни капки или гасови. Освен тоа, тие можат да се
природни или создадени од човекот. [
Извори на загадување на воздухот
◦ Присуството на загадувачки супстанци во воздухот се должи
на три процеса:
◦ а) емисија - испуштање на загадувачки супстанци од
загадувачи во воздухот
◦ (емисија од природни и антропогени извори),
◦ б) трансмисија - или распространување на загадувачки
супстанции во просторот, а
◦ во некои случаи и нивна трансформација под дејство на
надворешни, метеоролошки
◦ и климатски фактори,
◦ Изворите на загадување на воздухот како резултат на човечките активности:
◦ в) влијание на концентрација на загадувачката супстанција на
◦ а. Стационарни извори
животната средина и ◦ Во оваа група спаѓаат:
◦ луѓет ◦ • Извори на загадување во руралните пoдрачја поврзани со активностите со
◦ рударството, земјоделието и слично.
◦ • Извори на загадување поврзани со индустријата и индустриските подрачја, хемиската
◦ индустрија, производството на неметали, металната индустрија, производството на
◦ електрична енергија и друго.
◦ • Извори на загадување во комуналните средини како што се: загревање, палење на
◦ отпад, индивидуални ложишта, перални, сервиси за хемиско чистење
◦ Квалитетна и здрава животна околина е еден од
основните предуслови за квалитетен живот на сите
граѓани во Република Македонија, и заложба на
Владата на Република Македонија. Чистиот воздух
е една од главните компоненти, кој, за жал,
историски гледано во Република Македонија, во
последните децении, бележи високи вредности.
◦ Во воздухот во урбаните и индустриските средини
се присутни голем број загадувачки супстанци:
◦ Примарни (емитирани директно од извори на
загадување);
◦ Секундарни (формирани со интеракција на две или
повеќе загадувачки супстанци или при интеракција
на примарни загадувачки супстанци со компоненти
кои се присутни во незагаден воздух)
◦ Загадувањето на воздухот воглавно е резултат на активностите на луѓето. Супстанците кои го загадуваат
воздух се штетни за човековото здравје и за животната средина. Главните загадувачки супстанци на
воздухот се сулфур диоксид, јаглерод моноксид, јаглерод диоксид, азотни оксиди, бензен и цврсти честички.
Ефектите од овие загадувачки супстанции врз човековото здравје се многубројни, но воглавновлијаат на
респираторниот и кардиоваскуларниот систем. Овие ефекти може да предизвикаат зголемена употреба на
лекови, почести посети на лекар или болници или дури прерана смрт. Квалитетот на воздухот е заедничко
добро, и затоа секој треба да придонесе за одржување на што е можно почист воздух. Постојат едноставни
активности кои може да ги примените во секојдневниот живот за да се намали загадувањето на воздухот и за
подобрување на заштитата на животната средина и на човековото здравје: Ова може да се постигне со
заеднички придонес.
◦ Во групата на секундарни загадувачи припаѓаат:
◦ Партикулатна материја создадена од гасовити примарни загадувачи и соединенија во фотохемискиот смог.
Смогот е вид на загадување на воздухот; зборот „смог“ е составен од англиските зборови „smoke“ (чад) и „fog“
(магла). Класичниот смог резултира од преголемото согорување на јагленот во дадена област, предизвикано од
мешавина на чад и сулфур диоксид. Современиот смог обично не потекнува од јаглен, туку од испустите на
возилата и индустријата, кои во атмосферата со помош на ултравиолетовата светлина од Сонцето образуваат
секундарни загадувачи кои влегуваат во заемодејство со примарните емисии, при што даваат фотохемиски смог.
◦ Тропосферски озон (О3) образуван од NOx и VOCs. Озонот (О3) е клучен составен дел на тропосферата. Тој е
исто така важен составен дел и на одредени региони од стратосферата познати како озонска обвивка.
Фотохемиските и хемиските реакции кои тука се одвиваат поттикнуваат многу други хемиски процеси кои се
случуваат во атмосферата во текот на денот и ноќта. При абнормално високи концентрации кои потекнуваат од
човечките активности (главно од согорувањето на фосилните горива), овој озон се однесува како загадувач и
составен дел на смогот.
◦ Пероксиацетил нитрат (peroxyacetyl nitrate; PAN) - на сличен начин се образува од NOx и VOCs.
◦ Како помали загадувачи на воздухот се сметаат:
◦ Голем број на т.н. мали опасни загадувачи на воздухот. Во САД, некои од нив се регулирани со
Законот за квалитет на воздухот од Рамковната директива за воздух.
◦ Разновидни перзистентни органски загадувачи, кои можат да се прикрепат за партикулатната материја.
Перзистентните (истрајни) органски загадувачи (persistent organic pollutants; POPs) се органски соединенија кои
се отпорни на разградувањето во животната средина по пат на хемиски, биолошки и фотолитички процеси.
Поради ова, тие истрајуваат во животната средина, способни се за пренесување на големи растојанија, се
биоакумулираат во човечкото и животинското ткиво, се биомагнифицираат низ ланците на исхрана и имаат
потенцијално значајни влијанија на здравјето на човекот и животната средина.
Последици од загадувањето на
воздухот
◦ Според Европската агенција за животната средина, т.н ПМ-честички можат да предизвикаат или да ги
влошат кардиоваскуларните и белодробниет заболувања, предизвикуваат срцеви напади, аритмии и
карцином, можат да предизвикаат проблеми при пораѓањето итн. Според податоците на Европската
агенција за животната средина, во 2012 година, во Европа 432.000 луѓе умреле предвереме како последица
на долгорочното загадување на воздухот. Исто така, поради загадувањето, просечниот животен век на
населението во Европа се намалило за 38 дена. Истата година, бројот на починати луѓе под дејство на т.н.
ПМ-честички во одделни земји изнесувал: 59.500 во Германија и во Италија, 44.600 во Полска, 43.400 во
Франција, 25.500 во Романија, 14.100 во Бугарија, 13.400 во Србија, 11.100 во Грција, 4.500 во Хрватска,
3.500 во Босна и Херцеговина, 3.000 во Македонија (според студијата за зелен развој на Светската банка од
2012 година, бројот на починати лица изнесува 1.350), 1.700 во Словенија и 570 во Црна Гора.[7] Во номеври
2016 година, Агенцијата за животна средина на ЕУ соопштила дека загадувањето на воздухот било причина
за 467.000 смртни случаи во ЕУ во 2013 година, наведувајќи дека најголеми виновници се термоцентралите
и домаќинствата што согоруваат јаглен и и биомаса. Според мерењата извршени во повеќе од 400 градови
ширум ЕУ, дури 85% од жителите на градските населби биле изложени на загадување на воздухот на
нивото што се смета за штетно според Светската здравствена организација.[8]
◦ Како основни примарни загадувачи на воздухот се јавуваат:
◦ Сулфурни оксиди (SOx) - особено сулфур диоксид, хемиско соединение со формула SO2. SO2 се создава од вулканите,
како и при различни индустриски процеси. Бидејќи јагленот и нафтата често содржат сулфурни соединенија, со нивното
согорување се добива сулфурен диоксид. Со натамошната оксидација на SO2 (обично во присуство на катализатор како
NO2) се образува H2SO4, а со тоа и кисел дожд. Ова е една од причините за загриженост за користењето на овие горива.
◦ Азотни оксиди (NOx) - особено азот диоксид се испушта при согорувањето на високи температури. Може да се забележи
во вид на кафеави магли над градовите.
◦ Јаглерод моноксид (СО) - е безбоен, без мирис и неиритирачки, но многу отровен гас. Тој е производ на нецелосното
согорување на горивата какви што се природниот гас, јагленот или дрвото. Испустите од возилата се главен извор на
јаглерод моноксид.
◦ Јаглерод диоксид (CO2) - е безбоен, без мирис и неотровен стакленички гас кој се поврзува и со
закиселувањето на океаните, се испушта при согорување, производство на цемент и дишење. Инаку тој се рециклира во
атмосферата во јаглеродниот циклус.
◦ Испарливи органски соединенија (или на англ. volatile organic compounds; скратено: VOCs) - ова се важни загадувачи на
воздухот. Од аспект на загадувањето на воздухот, тие обично се поделени на метански (CH4) и неметански (NMVOCs).
Метанот е многу ефикасен стакленички гас кој придонесува во глобалното затоплување. Други јаглеводородни VOCs се
исто така значајни стакленички гасови преку нивната улога во создавање на озон, како и со продолжување на опстанокот
на метанот во атмосферата, иако овој ефект варира во зависност од локалниот квалитет на воздухот. Во рамките на
NMVOCs, ароматичните соединенија бензен, толуен и ксилен се можни карциногени и може да доведат до леукемија
при подолготрајно изложување. 1,3-бутадиен е друго опасно соединение кое често се поврзува со индустриските
процеси.
◦ Како извори на загадување на 1 категориа : Антропогените извори (човечки активности) пред сè се поврзуваат со согорувањето на
водухот се сметаат различни различни видови на горива.
Стационарни извори се оџаците на електричните централи, фабриките и согорувачите на отпад, како и
места, активности или фактори печките и други видови на уреди кои согоруваат гориво. Во сиромашните и земјите во развој,
кои се одговорни за испуштање на традиционалното горење на биомаса е главна причина за загадување на воздухот; под биомаса која
традиционално се согорува се подразбира дрво, отпадоци од земјоделски култури и измет.
загадувачи во атмосферата. Овие Мобилни извори се моторните возила, морските превозни средства, воздухопловството итн.
извори можат да се групираат во Хемикалии, прав и контролираните практики на согорување во земјоделството и шумарството.
Испарувања од бои, спрејови за коса, аеросол спрејови и други растворувачи.
две главни категории: Депонирањето на отпад во депониите, што дава метан.
Воени реквизити, какви што се нуклеарни оружја, токсични гасови, биолошко оружје и ракети

2 категориа : Природни извориУреди


Прашина од природни извори, најчесто големи површини со малку или без растителност.
Метан испуштен при варењето на храната кај животните, на пример, стоката.
Гасот радон при неговото радиоактивно распаѓање во земјината кора. Радонот е безбоен,
без мирис, радиоактивен благороден гас кој се среќава во природата, а се создава при
распаѓањето на радиумот. Се смета за опасен по здравјето. Радонот од природните
извори може да се акумулира во зградите, особено во затворени области какви што се
подрумите и е втората најчеста причина за рак на белите дробови, веднаш по пушењето.
Чад и јаглерод моноксид од дивите пожари.
Растителноста во некои региони во потоплите денови емитира значајни за животната
средина количини на VOCs. Овие VOCs реагираат со антропогените загадувачи - особено
NOx, SO2 и антропогени органски јаглеродни соединенија - и се добива сезонски бран на
секундарни загадувачи.[6]
Вулкански активности кои произведуваат сулфур, хлор и партикулатна материја - пепел.
◦ Загадување на внатрешниот воздух
◦ Во објектите каде постои мала циркулација на свеж воздух или непостои, загадувачите
◦ може да се акумулираат до многу опасни нивоа.
◦ Пушењето се смета за сериозен причинител на внатрешните загадувања. Чадот од
◦ цигарите содржи високи нивоа од сите примарни загадувачи (CO, 𝐍𝐎𝟐) и честички
◦ поврзани со согорувањето. Чадот од цигарите содржи алдехиди (формалдехид), кетони
◦ (ацетон), HCs и органски ациди. Чадот од цигарата (кој не е инхалиран од страна на
◦ пушачот) содржи многу продукти од некомплетното согорување отколку инхалираниот чад.
◦ Токму од овие причини е ставена рестрикција во многу јавни објекти, бидејќи на опасноста
◦ од загадувачите се изложуваат и непушачите.
Како да ја заштитиме воздухот

Водена пареа - нејзината концентрација во воздухот е променлиВво зависност од температурата, врнежите, процентот на испарување и други фактори во одредена локација, процентот на водена пареа во
атмосферата може да биде многунизок како 0,1 % или висок како 5%. Најчесто се наоѓа помеѓу 1% и 3%, со што водатапретставува третиот најзастапен конституент во составот на воздухот. Износот на водаво
атмосферата зависи од температурата, така што притисок на пареа на водата сезголемува со температура.
◦ Атмосферата содржи и многу воздушни честички.Воздушни честички се со опсег на големини од оние кои се видливи, како што сеправ, до оние што можат да се видат само со високо моќен микроскоп.
◦ Честички со дијаметар помал од околу 10 mm се нарекуваaт аеросоли. Поголемичестички се нарекува партикули. И двата вида на честички може да бидат течни илицврсти тела, многу се активни и
влегуваат во хемиски интеракции. 10.0
◦ Загадувачите би можеле да се класифицираат како примарни или секундарни. Обично
примарните загадувачи директно се испуштаат од даден процес, како пепелта од
вулканските ерупции, јаглеродниот моноксид од испустите на моторните возила или
сулфурниот диоксид ослободен од фабриките. Секундарните загадувачи не се
испуштаат директно, туку тие се создаваат во воздухот со реакциите или заемодејствата
меѓу примарните загадувачи. Важен пример на секундарен загадувач е приземниот озон
— еден од многуте секундарни загадувачи кои се составен дел од фотохемискиот смог.
Некои загадувачи можат да бидат и примарни, и секундарни, односно тие се испуштаат
директно, но исто така се создаваат од други примарни загадувачи.

◦ Загадувањето на воздухот во домовите, како и квалитетот на градскиот воздух


се наведени како два од светските најголеми проблеми со загадување во
извештајот од 2008 за најмногу загадени места на Институтот Блексмит.[2]
ГО ИЗРАБОТИЛЕ
АЊА ДИМКОВСКА
МИХАИЛ
ВАСИЛЕВСКИ

You might also like