You are on page 1of 7

Загадување на почвата

Загадување претставува внесување на нови и некарактеристични материи во животната


средина,како и зголемување на нивото на нормалната концентрација на веќе постоечките
материи во истата. Загадувањето може да биде предизвикано од природни и човечки
Извори.
Директни објекти изложени на загадување се :
- водата,
- воздухот и
- почвата.
Индиректни објекти на загадување се:
- луѓето,
- растенијата и
- животните.
Постојат неколку основни видови на загадување на животната средина:
1. Хемиско загадување, каде загадувачи се разни хемиски соединенија од
- Органско потекло
- Неорганско потекло
Овие соединенија се добиваат при согорување на бензинот, јагленот или некои
фабрички производи.
2. Топлинско загадување
- Промена на температурата на животната средина под дејство на човекот
3. Електромагнетно загадување
- Загадување предизвикано од електрични далекуводи
4. Светлосно загадување
- Загадување преку промени во интензитетот на осветлување
5. Радиоактивно загадување
- Загадување од атомски централи и нивниот отпад
- Загадување од производство на нуклеарни оружја
6. Звучно загадување
- Загадување во облик на врева од сообраќај
- Загадување од градежните активности
- Загадување од активностите на машините
- Загадување од активностите на човекот
Загадување на почвата - Лина Јанеку IV-2 1
Почвата е медиум што служи како подлога за растење иисхрана на растенијата. Таа има комплексна стуктура и
содржи голем број на органски и неоргански материи ,микро организми,вода , инсекти ,гасови и друго.

Загадувањето на почвата има директно влијание врз правилниот развој на растенијата ,а со тоа и врз целиот еко
Систем. Неадекватното депонирање на отпадот и непочитувањето на законите од страна на одговорните во
Индустријата претставува главен проблем со кој се доведува во опасност целата животна средина.

Загадувањето на почвата може да настане од:


-инциденти со токсични материи или нафта
-исфрлање на отпад од рудници или метална индустрија
-прекумерно користење на хемиски материи во земјоделието
-користење на стари и расипани транспортни средства
-неадекватно рециклирање и третман на цврстиот отпад и отпадните води

Загадената почва најчесто содржи


а. тешки метали:
-олово кое се испушта од издувните гасови
-жива и антимон кои се добиваат како отпад во индустриски процеси
б. хeмикалии и хемиски средства:
-пестициди и хербициди кои се користат во земјоделството
- прашоци и разни детергенти од домаќинството
- други хемиски соединенија кои се добиваат во процесите во
производството.

Загадување на почвата - Лина Јанеку IV-2 2


Околу 200 милиони луге во светот се директно соочени со загаденост на животната околина.
Најголеми примери за загадена почва во светот се:
-Депонијата Агбогблоши во Гана – Африка
Втора по големина депонија во Африка за електронски отпад . Со палењето на жиците се одвојува бакарот и
истовремено се ослободува олово во почвата.
-Нуклеарната централа Чернобил-Украина
Нај радиоактивна почва која е загадена поради поради пожар во нуклеарната централа во Чернобил.
Радиоактивните честички во чадот ја имаат загедно сета почва во радиус повеќе 30 км. Денес таа област е
скоро ненаселена а луѓето кои живееле таму се соочуваат со болести како леукемија, рак и др.
- Рудниците за олово во Кабве – Замбија
Во Кабве, голем број деца страдаат од зголемено ниво на олово во крвта. Веќе цел век рудниците за олово
ослободуваат во воздухот тешки метали кои паѓаат на почвата во и околу градот.

Загадување на почвата - Лина Јанеку IV-2 3


Во Македонија најзагадени области се :

- Почвата околу Тополиницата за олово и цинк во Велес

- Почвата околу Хемиската индустрија Охис во Скопје

- Почвата околу сите рудници за олово, цинк и бакар (Злетово, Саса, Бучим)

- Скоро сите депонии во поголемите градови се извор на загаденост на земјата под и околу нив.

Загадување на почвата - Лина Јанеку IV-2 4


КАКО ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ ПОЧВАТА ?
- Преку почитување на Законите за одложување и управување со отпад.
- Подигнување на свеста кај луѓето за опасностите кои ги носи неправилно
складираниот отпад.
- Подигнување на свеста кај луѓето за потребата од сортирање на отпадот и
негово одложување во специјални контејнери наменети за отпад.
- Рециклирање на отпадот.
- Пронаоѓање нови решенија за депониите и одложувањето на отпадот
- Пронаоѓање ефикасни начини на производство на предмети кои нема да создаваат
опасен отпад или нема воопшто да создаваат отпад.

Загадување на почвата - Лина Јанеку IV-2 5


ПОУКА:

НЕМАМЕ, А И НИКОГАШ ЌЕ НЕМАМЕ РЕЗЕРВНА ПЛАНЕТА

Загадување на почвата - Лина Јанеку IV-2 6


ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО

Загадување на почвата - Лина Јанеку IV-2 7

You might also like