You are on page 1of 3

КЛИМАТСКИ ТИПОВИ

Климатските зони се поголеми области на Земјата кои имаат еднакви


услови, различни од оние во соседните области. За да се определи
климата се земаат предвид најразлични фактори, а главно тоа е
температурата (според која постојат топли, умерени студени и
поларни клими) и количеството на врнежите (според кое постојат
суви или влажни клими). Така Земјата е поделена на неколку
ТОПЛИНСКИ ПОЈАСИ, кои имаат различни карактеристики. Според
распоредот на топлинските појаси, климатските типови се поделени во
три основни групи:
 климатски типови во жешкиот топлински појас, (екваторска,
тропска, пустинска и монсунска клима);
 климатски типови во двата умерени појаси (средоземноморска,
атланска, умрено- континентална и континентална клима);
 климатски типови во двата студени појаси (субполарна и
поларна клима).
КЛИМАТСКИ ТИПОВИ ВО ЖЕШКИОТ ТОПЛИНСКИ ПОЈАС
Во жешкиот топлински појс се издвојуваат четири климатски типа:
екваторска, тропска, пустинска и монсунска. Овде температурите се
секогаш високи и во зависност од количеството на врнежите и нивниот
распоред во текот на годината се разликуваат овие 4 климатски типа.
ЕКВАТОРСКА КЛИМА е едно годишно време – вечно лето. Се
одликува со речиси иста должина на денот во текот на целата година,
така што не може да се разликуваат годишни времиња. Како што
кажува името, оваа клима е застапена околу екваторот до 10º СГШ и
ЈГШ во Африка, Азија и Ј. Америка. Карактеристично за оваа клима е
големото количество на врнежи над 3000 мм/м² и средногодишна
температура над 25ºС. Овие карактеристики се причина за појавата на
тешко проодните екваторијални прашуми, познати како тропски
дождовни шуми.
ТРОПСКА КЛИМА Создава два појаси, северно и јужно од екваторот.
Просечната температура е околу 23 °C. Има подолг дождлив и
пократок сув период. Обилноста на дождовите се намалува како што
се оди подалеку од екваторот. Сето ова придонесува да има едно суво
и друго повлажно годишно време. Вегетацијата е како во саваните во
Африка високи треви и ретки дрвја и љаноси и капоси во Јужна
Америка.
ПУСТИНСКА КЛИМА има околу повратниците. Овој вид на клима
постои како во умерените, така и во тропските области и во зоните
каде има малку дождови или помалку од 250 мм/м2 годишно.
Температурите можат да бидат ниски или високи, но секогаш има
големи температурни разлики (топли денови и студени ноќи).
Вегетацијата во овие области е тревна или грмушеста, односно има
сиромашен растителен и животински свет.
МОНСУНСКА КЛИМА е клима со еден сушен и еден влажен период во
годината и карактеристични ветрови – монсуни(периодични ветрови).
Монсунската клима владее во Јужна и во Југоисточна Азија. Се
одликува со многу топли и врнежливи лета и суви и топли зими.
КЛИМАТСКИ ТИПОВИ ВО УМЕРЕНИОТ ТОПЛИНСКИ ПОЈАС
Во умерениот топлински појас има 4 климатски типа
 Средоземноморска или суптропска клима има суви и жешки
лета и благи врнежливи зими. Застапена е околу Средоземно
море, на некои места во Северна и Јужна Америка.
 Атланска влажна клима, карактеристична е по големите врнежи
во текот на цела година, благите зими и свежите лета. Застапена
е на островите на Атланскиот океан и брегот на западна Европа.
 Континентална клима се одликува со студените зими и топлите
лета со мало количество врнежи, затоа карактеристични се
ниските треви. Застапена е на континентите Азија, Евтопа и
Северна Америка.
 Умерено-континентална клима е карактеристична по тоа што
има 4 годишни времиња. За оваа клима се карактеристични
листопадните и иглолисните шуми и разновидни врсти растенија.
Застапена е во внатрешноста кај пониските континенти, со
исклучок на Антартикот. На повисоките места над 2500м
независно од географската положба, се јавува планинска клима.
КЛИМАТСКИ ТИПОВИ ВО СТУДЕНИОТ ТОПЛИНСКИ ПОЈАС
Северно од половите се јавуваат 2 климатски типа:
Субполарната и поларната клима.
Субполарната клима е преодна помеѓу умерената и поларната
клима. Таа се одликува со долги и ладни зими со многу снег и кратки
не многу топли лета. Застапена е во Сибир во Русија и во северните
делови на Алјаска и Канада. Во овие области има жбунеста
вегетација – ТУНДРА.
Поларната клима се простира на крајниот северен и јужен дел на
Земјата околу половите. Оваа клима има многу ниски температури
преку цела година, просторите се покриени со лед и снег поради што
е многу сиромашна со растителен и животински свет.

You might also like