You are on page 1of 2

Сточарство, риболов и шумарство

Прашања:
1.Според климатските услови какви шуми се застапени на Земјата?
2.Кои се главни сточарски гранки?
3.Кои се главни риболовни подрачја во Атланскиот Океан?
4.Од кои водени површини се лови најмногу риба?
5.Објасни го значењето на шумите?
6.Каде најмногу е развиено овчарството?
7.Со што се занимава риболовот?
8.Каде се застапени тропските шуми и кои квалитени дрвја се
застапени во овие шуми?
9.Каде се застпени суптропските шуми?
10. Кои се главните риболовни подрачја во Тихиот Океан?
11.Од кои езера се лови најмногу риба?

Одговори:
1. Според климатските услови во земјата се застапени тропски шуми,
суптропски шуми и шуми во умерената климатска зона.
2. Главни сточарски гранки се: говедарството, овчарството, свињарството и
живинарството.
3. Главни риболовни подрачја во Атлантскиот океан се наоѓаат околу
Њуфаундлен, Лабрадор, Исланд, Лофотските Острови, потоа во Северно и
Средоземното Море.
4. Најголемо количество на риба се лови во морињата.
5. Шумите имаат големо значење за здравјето на населението, бидејќи го
прочистуваат загадениот воздух, ги ублажуваат ветровите, ги спречуваат
ерозијата и поплавите. Исто така, дрвата од шумите имаат широка примена
за градежништво, дрвната и хемиската индустрија.
6. Овчарството најмногу е развиено во умерените и во суптропските предели,
како и на високите планини на кои има свежа трева преку целото лето.
7. Риболовот е стопанска гранка чија задача е одгледување, ловење и
преработка на рибите.
8. Тропските шуми се застапенио во пределите со екваторска и со тропска
клима. Овие шуми се распространети во сливот на реките Амазон и Конго, во
Индонезија, Индокина и Индија. Во овие шуми особено значење имаат
дрвјата како: абносово, бамбусово, кининово, тиково, махагоново и др.
9. Суптропските шуми се застапени во суптропските предели. Тие највеќе се
распространети покрај Средоземното Море, потоа во Автралија и западниот
брег на САД.
10. Главни риболовни подрачја во Тихиот Океан се наоѓаат околу Јапонските и
Курилските Острови, во Охотското Море и во приморските делови на
Алјаска, Перу и Чиле.
11. Најмногу риба се лови од: Големите Езера, Каспиското езеро, Аралското
езеро, Бајкалското езеро, езерата Викторија, Тангањика, Њаса, Чад и други.
Андреј Тодоров I-1

You might also like