You are on page 1of 1

ПЛАН

Шумарство
* Шумарството е стопанска дејност која опфаќа одгледување и
искористување на шумите. Во одгледувањето на шумите спаѓаат природното
и вештачкото подмладување, негата на шумите, мелиорацијата на шумските
површини, пошумувањето и заштитата на шумите.
* Во искористувањето на шумите спаѓа и добивање производи од
шумарството како : дрво за огрев, како градежен материјал, како
индустриска суровина, смола, шумски плодови и сл. Шумите влијаат и на
здравјето, рекреацијата и одморот на човекот, како и за заштитата на
земјиштето од ерозија, зголемување на влажноста и др.
*Природните услови во Р.Македонија се погодни за развој на шумите.
Климатските и почвените услови овозможуваат во неа да успеваат разни
видови дрвја : бука, даб, јасен, бреза, бор, ела итн.
* Во минатото шумовитоста во Р.Македонија била многу поголема. Поради
разни причини како развојот на рударството, неконтролираното сечење,
правење вар, дрвен јаглен и друго значително е намален фондот на шумите.
* Во процесот на пошумувањето значително се зголемени шумските
комплекси. Големо внимание се посветува и на уредувањето и заштитата на
шумите.
Јана Никодиновска клас II-2

You might also like