You are on page 1of 1

Шумарство, лов и риболов во РМ

Шумарството, ловот и риболовот се примарни стопански дејности кои имаат


значајно место во стопанството на РМ.
1. Шумарството е примарна стопанска гранка која се базира на богатството со
шуми кои пак имаат повеќекратно значење врз климата, врз режимот на водите, за
снабдување на населението со дрва за огрев, како суровина во дрвната индустрија и сл.
Шумарството во РМ е организирано во државно јавно претпријатие – „Македонски
Шуми“ кое се грижи за сечата на шумите, нивната обнова со пошумување на голите
терени, одгледување на шумски подмладок во расадници и сл. Шумите во РМ зафаќаат
околу 950.000 хектари. Шумите ги сочинуваат различни видови шуми и тоа листопадни,
иглолисни и мешани шуми. Најголеми површини зафаќаат листопадните шуми околу
800.000 хектари додека зимзелените само 100.000 хектари, а околу 50.000 хектари се
мешани шуми. Листопадните шуми се претставени со даб, бука, габер, леска, јасен и др.
Иглолисните шуми се претставени со Бор, елка, смрека.
2. Ловот денес се изведува како спортско рекреативна дејност, а помалку како
извор на храна . Ловот го опфаќа ловењето на диви животни како што се дива свиња,
зајак, дива коза, потоа диви зверови како волк, лисица, куна како и птици јастреб, орел,
сокол, фазан, еребица и др.
3. Риболовот е примарна стопанска гранка која за разлика од ловот има поголемо
значење во исхраната на населението. Рибата се лови во реките и езерата во РМ но во
последно време е значајно одгледувањето риба во рибниците исклучиво како извор на
храна за населението. Во реките се лови пастрмка, клен, крап, сом и др. видови, а во
езерата се лови белвица, крап, плашица, пастрмка, јагула, сом и др. додека во рибниците
најмногу се одгледува калифорниска пастрмка. Поголеми рибници во РМ се Извор крај
Кичево, Пешна кај М.Брод, рибникот во Белица крај М.Брод, рибникот во село Добреноец,
Егри кај Битола, Вруток и др. Вкупните количини на уловена риба годишно се околу
2.000.000 кгр. риба.

Прашања за домашна работа:

1. Што претставува Шумарството?


2. Што претставува Ловот?
3. Што е тоа Риболов?
4. Кои видови риба се ловат во нашите реки и езера?

You might also like