You are on page 1of 2

Национален парк ЈАСЕН

Марко

Природниот резерват Јасен се наоѓа во северозападна Македонија. Прогласен е за


национален парк во 1958 година, во почетокот била само планината Караџица, а во 1960 година е
проширен и со Сува Гора со површина од 24.000 ха. Највисока точка е врвот Караџица (2.473 м), во
состав на овој национален парк е и вештачкото езеро Козјак. Од животните има дива коза, мечка,
рис, а од птиците се лештарка, белоглав мршојадец, був и др. Главни активности се пешачење,
планински велосипедизам, кампување покрај езерата Матка и Козјак, параглајдерство, риболов,
планинарство и др.

Петар

Површина од вливот на реките, Беличка и Треска во “Акумулацијата Козјак”, се до ѕидот на


истата од лева и десна страна се до Браната, без деловите заливите кои припаѓаат на Јасен.
Период на забрана во Риболовна вода - Акумулација Козјак.

Андреј

Јасен располага со приближно 60 легла и два апартмани, распределени во 7 објекти. Има


неколку помали сали со места за состаноци (распределени во тие објекти) за приближно 100 луѓе.
На располагање, согласно стандардите има 4 комплетно професионално уредени кујни и околу 25
т. капацитет на комори за замрзнување. Во план е комплетно реновирање на околу 10 шумски и
ловечки објекти, рамномерно распределени низ територијата и изградба на нови, со сопствени
средства.

Илина

Јасен можете да го посетите само организирано, бидејќи неговата огромна површина не


дава можност безбедно да се движите без придружник. Јасен не располага со хотелски
капацитети, туку со ловечки објекти кои се отвараат по потреба за организирана група посетители.

Бисера

Ловен туризам - Од крупниот дивеч во ловиштето се застапени срни, муфлони, диви


свињи и друг дивеч, дел е под заштита, а дел на слобода. Ловиштето се протега на западните
делови на планинските масиви Караџица и Сува Планина, а неговиот краен источен дел се допира
со планинскиот венец Јакупица. Ловиштето во светот е познато по дивата коза, а во Европа по
дивата свиња. Ловниот туризам, на Јасен се рангира меѓу првите три во светот според пакет
услугите што ги нуди оваа атрактивна дестинација.

You might also like