You are on page 1of 14

Загрозени видови во светот

Истражувања

 Повеќе од осум илјади научници, членови на Меѓународните организации за


заштита на животната средина, објавиле на последниот Глобален еколошки
форум, список од животни, билки и печурки што наскоро ќе исчезнат од
Земјата.ж
 Загрозените видови живеат во 48 земји низ целиот свет, а како што
наведуваат стручњаците од Меѓународното здружение за зачувување на
природата и Лондонското зоолошко друштво, нивното исчезнување може да
се спречи ако итно се преземат соодветни мерки.
Десет загрозени видови

.
1.Бел алигатор
 Само 15 од 5 милиони алигатори се родени со оваа генетска мана, која е
резултат на недостаток на пигментација на кожата. За жал, белите алигатори
и крокодили се многу побарувани кога е во прашање изработката на
скапоцени чанти. Минатата година, компанијата Хермес на аукција во Лос
Анџелес, продала чанти од кожа на бел алигатор со вградени дијаманти за
185.000 долари. Овој вид може да се сретне во Гаторленд во централна
Флорида, кој е дом на 4 бели алигатори. Сигурно не сакате да ги видите во
дивината.
2.Растението Пичер

 Пичер е познато само во релативно недостапните врвови на


Викторијанската Планина на Филипините. Се смета дека има само
неколку стотици од нив. Пичер растенијaта се месојадни растенија кои ги
ловат животните во сад исполнет со течност, наречен бокал. Ова
растение е едно од најголемите, со бокали повисоки од 30см во кои можат
да ловат инсекти и глувци.
3.Црвените панди

 На почетокот тие се класифицирале како вид ракуни сè додека


нивната ДНК не го потврдила спротивното. Црвените панди се со
потекло од југозападна Кина и Хималаите, а ги има помалку од
10.000, за што во голема мера се виновни губењето на
живеалиштата и ловокрадството. Тие може да се видат во
зоолошката градина во Бристол, каде се наоѓаат две црвени панди,
Чота и Лејди Хилари.
4.Самоубиствената палма

 Џиновска палма пронајдена само во зафрлените делови на северно-


западен Мадагаскар. Живее околу 50 години, потоа расцветува само
еднаш и набрзо умира. Самоубиствената палма е откриена во 2005
година. Имаат огромни распламтени лисја поголеми од 5м, а стеблото им
достигнува до 18м, палмите можат да се видат на Google Earth. Во
дивината постојат само околу 90.
5.Син морски рак

 Оваа генетска мутација може да се пронајде на еден во милион


морски ракови. Тие се резултат на високото ниво протеини што
нивната боја ја претвораат во сина. Во мај оваа година, двајца
рибари од Канада пронашле два морски ракови на брегот на Нова
Шкотска. Тие може да се видат во зоолошка градина во Питсбург,
Пенсилванија.
6.Орхидеја

 Необична орхидеја целиот живот го поминува под земја. Дури и цвета


под земја, доцна во Мај или рано во Јуни, произведувајќи повеќе од
стотина кремасти до црвеникави цветови со силна миризба. Живее само
во грмушестите подрачја на западна Австралија. Има недостаток на
хлорофил и не може да црпи сончева енергија како повеќето растенија.
Наместо тоа се храни од корењата на грмушките, заразувајќи ги
печурките поврзани со нив. Се смета дека има помалку од 50 растенија.
7.Влакнест вомбат

 Постојат само 115 од овие неодоливи животни, што ги прави едни од


најретките копнени цицачи во светот и сите живеат во еден
австралиски парк. Имаат слаб вид, па затоа често се потпираат на
својот нос за да се снаоѓаат и да ловат. Тие може да се видат во
Националниот парк Епинг Форест во Квинсленд.
8.Корално дрво

 Коралното дрво, со своите светло црвени цветови и бодликаво стебло,


живее само во далечните шуми на северно-источна Танзанија. Во 1998 се
сметало за исчезнато, но било одново пронајдено во 2001 во еден мал
дел од шумата. Како и да е, шумата била расчистена за да се зголеми
производството на биогорива, а за видовите се стравувало дека се
повторно исчезнати, сè додека не биле повторно пронајдени во 2011.
Постојат помалку од 50 израснати дрвја во дивината на една единствена
незаштитена локација.
9.Снежен леопард

 Снежните леопарди или ирибите се мачки кои ја населуваат Централна Азија во


планинските региони. Тие се осамени животни, освен во сезоната на парење. Тие
исто така ловат сами и омилен плен им се јарец, мошусен елен или диви кози.
 Може да се насели на надморска височина поголема од 6.000 метри. Овој вид е
загрозен затоа што неговата кожа се користи за производство на палта. Тие
достигнуваат зрелост на две години и можат да имаат 5 бебиња. Интересно, ова е
единствениот вид од неговиот род кој не рика.
10.Малиот папрат
 Малиот папрат личи на минијатурен магдонос. Пронајден е само на
еден вулкански остров во Атлантскиот океан. Се сметало за исчезнато
повеќе од 50 години, се до 2009 кога ботанички тим здогледал четири
папрати. Тие растеле несигурно на еден нестабилен гребен свртен кон
врвот на Ашесенскиот Остров, во непријатни и суви услови. За да ги
спасат, истражувачите со недели ги негувале, одејќи до сртот со
безбедносно јаже за да ги наводнат и да го отстранат плевелот. Кога
растенијата почнале да произведуваат семе, тимот исекол мали делови од
деловите кои произведувале семе и ги испратиле на размножуање во
Кралската Ботаничка градина во Англија. Како и да е, папратите сеуште се
многу ретки, со околу 40 зрели растенија во дивината.
Благодарам за вниманието.

You might also like