You are on page 1of 15

ОПШТО ЗА ГЛОДАЧИТЕ

 Глодач е секој цицач кој се карактеризира со пар на широки, остри и


длетовидни заби од типот на секачи кои се цврсто всадени водвете вилици и се
користат за гризење (глодање) на вегетацијата. Постојат повеќе видови на
глодачи од било кој друг мамалиски ред; повеќе од 400 родови и околу 2,000
видови се нашироко распространети низ светот. Тие се класифицирани во
подредови и фамилии, а од глодачите како попознати можеме да ги спомнеме:
глувци, стаорци, верверички, прериски кучиња, бодликави прасиња, дабари,
заморчиња (морски прасиња), хрчаци, гербили, и многу други.
Стаорците и глувците спаѓаат во фамилијата Muricidae. Главни претставници
на овие штетници во нашата земја сивиот стаорец и домашниот глушец. Сив
стаорец (Ratus norvegicus). Потекнува од Азија, а во Европа е населен во XVIII
век. Бојата му е смеѓа или црвенкаста, а долниот дел му е посветол.
Должината на телото со опашката во просек му изнесува до 50 cm, од кои 24,5
cm изнесува должината на телото (21,4 – 27,3 cm) и 20 cm опашката (17,2 –
22,9 cm). Живее во близина на вода и во населени места, канализациската
мрежа, подрумите, влажните штали и на бродовите. Добро плива и нурка.
Активен е од зајдисонце па преку целата ноќ. Јаде речиси се, а во недосатток
на храна ги напаѓа домашните животни и луѓето. Се пари од март до август.
Гравидитетот трае 22 – 24 дена. Од април до септември се коти 3 – 7 пати, а
раѓа по 6- 10 млади кои се слепи 14 – 16 дена. Цицаат 21 ден, а се
осамосталуваат по 42 дена. Полово созреваат за 2 – 3 месеци. Живеат до 7
години. Со оваа динамика на размножување, од еден пар стаорци за една
година бројот нараснува до 1000 единки.
Домашен глушец (Mus musculus). Кај нас може да се сретна два вида:
западниот и источниот (Mus musculus musculus).
ГОЛОДАЧИ И НИВНИТЕ БИОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Глодачите се животни со мали димензии и темна боја. Една од главните


карактеристики на глодачите е секако нивниот огромен биолошки потенцијал.
Тие се најплодни цицачи, со најголем број на генерации во текот на годината.
Повеќе пати во текот на годината женките даваат млади, кои за два до три
месеци се полно зрели и способни за оплодување. Видот кој прави најголеми
штети и кој се смета за најштетен меѓу полските глодари Microtus arvalis –
нивски глушец. Исто така штети на посевите прават и Apodemus agrarius –
пругаст полски глушец и Apodemus flavicolis –голем полски глушец.
Постојат повеќе видови на глодачи од било кој друг мамалиски ред: повеќе од
400 родови и околу 2,000 видови се нашироко распространети низ светот.
Најголемиот од глодачите е капибарата, а повеќето други видови се релативно
мали. Глодачите живеат во најразлични живеалишта: некои видови се водни,
некои се копнени, а некои живеат во дупки во почвата. Другите се арбореални и
околу 35 видови се летачки верверички, рипајќи од едно на друго дрво.
Исхрана на глодачите.
Имајќи предвид дека скоро сите глодари што се чуваат како домашни
миленици се тревопасни животни, но и дека поради нивното потекло и некои
морфолошки разлики, бараат некои специфични состојки, потребно е да се
консултирате со ветеринар за изборот на храна. Овие домашни миленици
претежно јадат зеленчук, делови од овошје, житарици, семе и слично. Сè што
им е дадено свежо, треба добро да се измие со цел да се отстранат трагите од
пестициди и нечистотии кои можат да имаат штетен ефект. Денес, постои
многу богат избор на квалитетна комерцијална храна во форма на мешавини
или пелети кои ги задоволуваат сите нивни потреби.
Клучните карактеристики на глодарите вклучуваат:
еден пар секачи во секоја вилица (горна и долна) секачи постојано растат.
секачи немаат емајл на задниот дел на забот.
голем јаз (diastema) зад секачите.
нема кучешки заби.
комплексна мускулатура на вилицата.
baculum (пенисна коска)

ДЕРАТИЗАЦИЈА

Дератизација е збир на постапки што се спроведуваат со цел да се


уништастаорци и други глодари како носители на одредени заразни болести.

Дератизацијата претставува хигенско санитеарна мерка за уништување на


штетните глодари.Меѓу тоа,можби поправилно би било да се употреби
терминот ‘’регулација на популацијата на штетните глодари’’,бидејќи практично
е речиси невозможно да се смета на нивно целосно уништување. Глодарите
спаѓаат во редот Rodentia кои има повеќе од 3000 видови распространет на
целата планета,а на територијата на нашата земја присутни се околу
триесетина видови.Најмногу се задржуваат околу куќите,фармите,магацините
за храна.Но,не помалку ги има и на нечисти места
(ѓубришта,клозети,канализација,места каде се складира ѓубрето од фармите и
други).
ЦЕЛ НА ДЕРАТИЗАЦИЈА
Главната цел на дератизацијата е да се намали популацијата на глодари, кои
покрај тоа што се носители или резервоари на заразни болести, уништуваат и
контаминираат големи количини храна (брашно, шеќер). Во потрагата по храна,
тие се способни да оштетат разни пречки со кои се среќаваат силни
секачи:водоводни цевки, електрични и телекомуникациски линии, мебел,
амбалажаи со тоа да предизвикаат голема материјална штета.
Поради секачите кои постојано растат и треба постојано да се трошат на тврди
материјали, стаорците бараат предмети што не се јадат или се пречка за нив,
но едноставно ја задоволуваат нивната природна потреба за мелење.
Потребата од постојани превентивни активности и со тоа одржување на
нивниот број на биолошки минимум е оправдана ако знаеме за нивниот голем
биолошки потенцијал. Женките знаат да родат 8-20 младенчиња кои растат и
созреваат брзо неколку пати годишно. Се проценува дека една плодна жена
може теоретски ако се отстранат сите негативни фактори за четири години да
има 20.000.000 потомства.

МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ГЛОДАРИ

Можеме да се заштитиме од штетните ефекти на глодарите со превентивни и


куративни мерки.
Превентивни мерки
Превентивните мерки вклучуваат низа методи за да се спречи пристигнување и
размножување на глодари во една одредена област. Мерките за превенција во
принцип вклучуваат:
 контрола на хигиенските услови (отстранување на ѓубре и друг отпад),
 чување и складирање на храна во заштитени контејнери, одделени од подот
и ѕидот,
 изградба на згради од цврсти материјали (лим и бетон),
 спречување на влегување на глодари во згради со поставување намрежи за
безбедност, решетки и навлаки на канализациските и отворите за вентилација,
бидејќи тоа се најчестите патишта за влегување на глодарите,
 одржувањето на хигиената во станбените и индустриските згради и
животната средина, е една од основните мерки за превенција во борбата
против репродукцијата на сите штетници.

Куративни мерки
Доколку превентивните мерки не спречуваат влегување и сместување на
глодари во живеалишта на луѓето, мора да се применат лековити методи.
Методите од оваа група можат да се поделат на биолошки, физички и хемиски.

Биолошки методи за контрола на дератизација


 Примена на предатори
За уништување на предатори исто така се користат и природни непријатели
мачки, кучиња, мангуси, лисици, грабливки, бувови и друг. Поради обука и
припитомување, тие не се практични за масовна употреба и ретко се користат
во пракса..

Физички и механички методи


 Примена на мамки и стапици
Методите од оваа група вклучуваат примена на разни мамки и стапици за
глодари (со употреба на високонапонска електрична енергија, замрзнувачи,
разни лепила, итн.). Ова се најстарите методи за уништување на глодарите.
Недостаток на овие мерки е:
 ангажирање на голем број на работна сила неопходна за нивно
распоредување и контрола, овие постапки се применуваат само на мали
области и во објекти.
 глодарите во стапицата често остануваат живи и мора да страдаат;
 само еден глодар може да падне во една стапица;
 стапицата мора да се полни по секој уловен глодар; стапицата мора да биде
темелно измиена со топла вода и детергент по секоја употреба
 болка и страв по пад во стапица кај глодари предизвикува изобилство
мокрење, а излачената урина предупредува на опасноста од други глодари кои
масовно бегаат од тоа место.

Примена на ултразвук
Човечкото уво не може да открие звучни бранови со фреквенција под 20 KHz,
но затоа глодарите можат да регистрираат звук над 60 KHz. Ова овозможува
инсталирање на звучни уреди, како мерка за заштита од глодари, бидејќи тие
континуирано испуштаат силен ултразвук. Ултразвукот во голема мера ги
вознемирува глодарите и тие не влегуваат во толку заштитена просторија.
Досега, ултразвукот се користи само во ограничена мерка, за да се заштитат
магацините каде што луѓето не престојуваат трајно од следниве причини:
 ултразвукот мора да се емитува континуирано; иако човечкиот слух не
открива ултразвук, неговата продолжена употреба во присуство на луѓе
не е пожелна;
 глодарите не умираат, туку само го напуштаат звучното место и се
сместуваат во соседните згради и простории;
 ако емитувањето е запрено повеќе од два дена, тие повторно ја заземаат таа
просторија;
 ултразвучните инсталации бараат непрекинато напојување и техничка
поддршка.
Хемиски методи
Хемиските методи за уништување на глодарите вклучуваат употреба на отрови
(родентициди). Родентицидите најчесто се користат во мешавина со храна, и
тие се поставуваат на места каде што глодарите се движат или се хранат
(подруми, магацини, пристаништа).

ГЛОДАЧИТЕ КАКО ПРЕНЕСУВАЧИ НА БОЛЕСТИ

 Многу глодачи се економски неповолни, уништувајќи ги земјоделските


култури и складираната храна. Глодачите (најчесто глушецот и стаорецот) се
препознаваат како домаќини на повеќе од 60 зоонозни болести кои
претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето.
* Зоонозите се болести на домашните и на дивите животни кои се пренесуваат
на луѓето.
 Причинители на зоонозите се разни видови микроорганизми и тоа вируси,
бактерии, паразити, габички и други.
 Извор на зараза за човекот се домашните и дивите животни, или нивната
непосредна средина, доколу е контамирана со нивни секрети и екскрети, а во
одредени случаи и инфицираниот човек, иако ретко, може да биде извор на
зараза.
 Овие болести можат да се шират на луѓето директно, преку ракување со
глодари, преку контакт со измет од глодари, урина или плунка или преку
каснување од глодари. Болестите што ги носат глодари можат индиректно да
се пренесат и на луѓето, преку крлежи, грини или болви кои се хранат со
заразен глодар.
Луѓето може да се инфицираат и преку одредени производи (млеко, месо, јајца)
или суровини (кожи), особено доколку се со непроверено потекло или се
добиени од објекти и оператори со храна кои не се одобрени и под контрола.

БОЛЕСТИ КОИ ГИ ПРЕНЕСУВААТ ГЛОДАЧИТЕ

 Болести директно пренесени од глодари

ТУЛАРЕМИЈА
Причинител на заболувањето е бактеријата Francisella tularensis. Резервоар и
извор на зараза се стаорци, зајаци, хрчаци, верверици, но и други диви и
домашни животни.
Трансмисионен пат
Човекот заболува при каснување од крлежи, поретко - вошки, или контакт со
нивни флуиди.
Респираторен пат
Инфекцијата настанува со вдишување на прашина контаминирана со бацили
на туларемија.
Алиментарен пат
Инфекцијата настанува после пиење на контаминирана вода (со фецес и моч,
како и со пцовисани глодачи) или консумирање на контаминирана храна
(најчесто после недоволно термички обработено месо од зајак или други
животни). Се смета дека зајачкото месо може да остане инфективно и после
смрзнување кое трае дури и неколку години. Кај сите клинички форми, после
инкубација од 3-7 дена, почетокот на заболувањето е акутно, со појава на општ
инфективен синдром: покачена температура, треска, потење, интензивни
главоболки, болки во целото тело и општа слабост. Болеста обично трае од 2
до 4 недели.

ЛЕПТОСПИРОЗА
Лептоспироза е инфекција предизвикана од бактеријата во форма на спирала,
наречена Лептоспира. Симптомите можат да бидат поблаги; главоболка, болка
во мускулите и треска, и посериозни: крвавење од белите дробови или
менингитис. Ако инфекцијата направи човекот да пожолти, да му откажат
бубрезите и да крвави, тогаш е позната како Вејлова болест.
Трансмисионен пат - Се пренесува преку дивите и домашните животни.
Најчести животни кои ја шират болеста се глодарите. Често се пренесува преку
урината од животните или преку вода или земја што содржаt животинска урина
која дошла во контакт со отворените рани на кожата, очите, устата или носот
или од контаминирана средина одејќи бос или бањајќи се на места кадешто
потенцијално може да има стаорци. Болеста најчесто се појавува во земјите во
развој, кај земјоделците и сиромашните луѓе во градовите. Во развиените
земји, најчесто се појавува кај оние кои се занимаваат со надворешни
активности во топлите и влажни места.

Болести индиректно пренесени од глодари

БАБЕЗИОЗА
Бабезиозата е зоонозно заболување кое се пренесува преку крлежи,
предизвикано од интраеритроцитни паразити од родот Бабезија. Бабезиозата е
една од најчестите инфекции на слободни животни ширум светот, но можеби е
најраспространета кај глодари, месојади и говеда. Овој факт ја зголемува
загриженоста за појавата на зооноза. Како и агентот за маларија Плазмодиум,
паразитот Бабезија ги напаѓа и ги оштетува црвените крвни клетки на
домаќинот.

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД ГЛОДАЧИТЕ?

Бидејќи глодарите предизвикуваат непријатност и го загрозуваат јавното


здравје, човечките општества честопати се обидуваат да ги
контролираат..Примарната стратегија за спречување на изложеност на глодари
кај луѓето ефикасна контрола на глодарите во и околу домот. Ова се
постигнува со елиминирање на сите извори на храна, запечатување и на
најмалите влезови во домовите и успешно заробување на глодарите во и околу
домот.
Дератизација е активност која опфаќа повеќе активности и збир на постапки за
намалување на популацијата на штетни глодачи под прагот на штетност,
инхибирање на нивното размножување или потполно уништување на
присутната популација на штетни глодачи кои се природни резервоари и
пренесувачи на причинители на заразни болести или се амбарски штетници
или глодачи во складишта, силоси за жита и простории за храна.
НАЧИНИ НА УНИШТУВАЊЕ НА ГЛОДАЧИТЕ

 Начинот на уништување на глодачите може да биде превентивна и


тековна.
Превентивната дератизација има за основа да создавање на неповолни услови
за живот и услови за размножување на глодачите во околината околу нас.
Преветивни мерки се: градежно-техничкте мерки, агротехничките, технолошко-
манипулативните, хигиенско- санитарните мерки и употребата на репеленти.
 Градежно-технички мерки = употреба и примена на соодветни цврсти
материјали, се со цел да се заштитат објектите од глодачите на начин што
цврстите градби (како што сезградите, темелите, ѕидовите и цл.) прават
блокада од нивно навлегување во објектот.
 Агритехнички мерки = прекопување, орање и палење на земјиштето.
 Технолошко-манипулативни мерки = технологија на складирање на храната и
нејзиноманипулирање, со што храната се пакува во прегледни пакети,
амбалажи и вреќи и сескладира на прегледни места, поволни за храната и
лесно да се најде истата. Најсоодветно место за складирање на храната,
нејзина прегледност и заштита од глодачите претставува магацинот.
 Хигиенско-санитарните мерки = редовно механичко чистење и отстранување
на нечистотии (најзначајни се тие од органско потекло), санитарно перење на
површината и варосување. Во случај на појава на глодачи во некои од
објектите, оваа дератизација според начинот на дејствување може да биде:
механичка, физичка, хемиска и биолошка.
1. Механички мерки = мерка при појава на мал број на глодачи, како што се
глувци истаорци, за која се користат клопки (мишоловни, како што се клопка-
фаќачка и клопка-гилотина) и лепливи маси. Најчесто методата со лепаци се
користи во комбинација содруги методи.
2. Физички мерки = мерка со која се врши употреба на апарати кои
емитираатултразвучни бранови за штетниците кои се осетливи на нив.
Апаратите се поставуваатво близина на храната и на тој начин глодачите не
можат да и пристапат на храната, утразвукот ги одбива глодачите од храната.
3. Биолошки мерки = доста видови на животни ги убиваат глодачите, но истите
тиеживотни не се користат во пренхранбената индустрија. Затоа се користи
канибализам, систем со кој животните се хранат од истиот вид при недостаток
на храна. Потоа најјаките единки се пуштаат на слобода и можат да опстанат
самостојно.
4. Хемиски мерки = најчесто користени мерки во дератизацијата. Се користат
хемикалии како што се ратициди и родентициди, се со цел уништување и
сузбивање на глодачите. Нив можеме да ги најдеме во вид на прав, течност,
гранули, пасти и гасови, а најчестоза нивна употреба се помешуваат заедно со
храна за да ги намамат глодачите. Ефектотна делување на родентицидот може
да биде брз (акутен) и бавен (кумулативен).
- Брзите отрови делуваат смртоносно врз глодачите и нивниот ефект може да
биде од неколку минути па се до неколку часа. Во оваа група на родентициди
се користат соединенија на фосфор, цинк, арсенат, натриум, талиум и други.
Носекако секој отров доаѓа и со негови негативни страни. Овие отрови се
премногу отровни и жестоки, затоа треба да се чуваат подалеку од домашни
миленици, бидејќи и тие можат да настрадаат.
- Бавните отрови се наречени бавни бидејќи делуваат бавно на глодачите, по
неколу дена, претежно од 5-10 дена. Тие се уште така наречени
антикоагуланти,бидејќи имаат антикоагулативно дејство. Се користат
антикоагуланти од третра генерација, кои оневозможуваат крвта на глодачите
да се згрутчи и доаѓа до нивно внатрешно крварење, а на крај смрт.

ОСНОВНИТЕ МЕРКИ НА ДЕРАТИЗАЦИЈАТА

. Дератизацијата има две основни мерки:

Општи (затворање на отвори, прозори итн.)


Специфични (хемиски, механички и физички)

Хемиските мерки опфаќаат хемиски средства наречени родентициди. Со


механичките мерки се отстранува отпадот, мрежи, стапици, лепливи траки итн.
Физичките мерки се користат со нова технологија која вклучува ултразвук кој го
спречува нивното влегување во објектите.

НАЧИНИ НА БОРБА ПРОТИВ ШТЕТНИТЕ ГЛОДАЧИ


Борбата против штетните глодачи може да биде:превентивна и тековна

ПРЕВЕНТИВНАТА ДЕРАТИЗАЦИЈА ИМА ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ ВО


КОНТРОЛАТА НА
ПОПУЛАЦИЈАТА НА ГЛОДАРИТЕ. НЕЈЗИНАТА ОСНОВНА ЗАДАЧА Е
СОЗДАВАЊЕ
НЕПОВОЛНИ УСЛОВИ ЗА ЖИВОТ И РАЗМНОЖУВАЊЕ НА ОВИЕ ШТЕТНИЦИ
ВО ОБЈЕКТИТЕ ИЛИ ПОШИРОКАТА ОКОЛИНА.

ВО ПРЕВЕНТИВНА СПАЃААТ: ГРАДЕЖНО-ТЕХНИЧКИТЕ


МЕРКИ,АГРОТЕХНИЧКИТЕ МЕРКИ,ТЕХНОЛОШКО
МАНИПУЛАТИВНИТЕ И ХИГИЕНСКО-САНИТАРНИТЕ МЕРКИ.

ТЕКОВНА ДЕРАТИЗАЦИЈА СЕ ОДНЕСУВА НА МЕРКИТЕ И ПОСТАПКИТЕ КОИ


СЕ
ПРЕВЗЕМААТ ВО СЛУЧАЈ НА ОТКРИВАЊЕ НА ПОСТОЕЊЕ НА ШТЕТНИ
ГЛОДАРИ ВО
ОБЈЕКТИТЕ И НИВНАТА НЕПОСРЕДНА ОКОЛИНА.

ВО ТЕКОВНА СПАЃААТ:МЕХАНИЧКИ,ФИЗИЧКИ,БИОЛОШКИ И ХЕМИСКИ


МЕТОДИ.

КОМУНАЛНА ДЕРАТИЗАЦИЈА

Според законот за заштита од заразни болести,а со одлука на советот на


Општината за спроведување на превентивна дератизација како една општа
против епидемска мерка, Центарот за јавно здравје годишно ја спроведува
оваа активност.Центарот ја спроведува оваа епидемска мерка се разбира кога
има потреба.Центарот им препорачува на граѓаните самите да не поставуваат
отрови,особено не во домови каде има деца,додека механички може да се
справуваат со глодарите и тоа само со поставување на лепаци или
стапици.Убиените глодари не смеат да се фрлаат со другиот комунален одпад.
ОПАСНОСТА НА ГЛОДАРИТЕ ВО КОМУНАЛНАТА ДЕРАТИЗАЦИЈА

Опасноста која ја претставуваат глодарите не завршува само на материјалната


штета која тие ја предизвикуваат.Пренесувачи се на сериозни болести и во
никој сличај не смее да се сватат здраво за готово.Нивното ширење и
миграција од еден во друг дел на градот најчесто е предизвикано од
уништување на нивните живеалиштата, како и хигената која мора да биде на
повисоко ниво.Тогаш по барање од страна на Општината која е обавестена а и
од една страна и задолжена за обавестување на комуналната дератизација
која што превзема превентивни мерки за заштита од епидемиолошки и
економски штети.

СИСТЕМСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА

Во системската дератизација се користат хемикалии кои всушност се


апсорбираат од страна на растението кое се нанесува на семиња, почва или
лисја. Хемикалиите потоа циркулираат низ ткивата на растението, убивајќи ги
инсектите што се хранат со нив.Употребата на овој метод започнал во 1998
година и стабилно се зголемувал во текот на изминатите 10 години. За разлика
од традиционалните методи, не можете да ги миете или излупите остатоците
од системски пестициди.

СИСТЕМАТСКА КОНТРОЛА НА ГЛОДАРИ - ДАЛИ Е ПОТРЕБНО?

Заштитата на луѓето од болести кои се пренесуваат од глодари во јавното


здравје е клучна за одржување на здравјето и безбедноста. Особено сега, во
ерата на пандемијата на коронавирусите, систематската дератизација е важна
превентивна мерка. Стаорци, глувци и други глодари се присутни насекаде, и
во руралните и во урбаните области. Тие се носители на разни болести и
нивната прекумерна репродукција претставува ризик по здравјето на луѓето.
Од економско значење, глодарите предизвикуваат голема штета. Глувците и
стаорците се сештојади, па затоа со нивната разновидна диета предизвикуваат
загуби во сите установи каде што има храна, а по пат ја загадуваат храната со
измет и урина и ја прават неупотреблива. Затоа, систематската контрола на
глодарите е неопходна мерка што мора да се спроведе за да се спречи и
контролира појавата и ширењето на заразни болести што можат да ги пренесат
глодарите.

КОНТРОЛА НА ГЛОДАРИ- СИСТЕМАТСКА КОНТРОЛА НА ГЛОДАРИ

Контролата на штетници е контрола на популацијата на глодари на минимум.


Пролетта и есента се периодите во годината кога посебно внимание се
посветува на систематската дератизација. Многу е важно сопствениците на
приватни имоти, управителите на згради, работодавците во деловните згради и
сите други граѓани да ја прифатат неопходноста од оваа мерка за заштита.
Систематската дератизација е исто така законска обврска за сите правни лица.

Систематска контрола на глодари - методи


Механички методи:
Поставување стапици со феромони.
Тие се поставени на патеките на глодари, на скриени места во внатрешноста
на зградата.
Хемиски методи:
Примена на глодарициди внатре и надвор од зградите.
Систематската дератизација најчесто се применува во пракса кога зборуваме
за поголема површина како населби или некоипоголеми индустриски
комплекси, фарми, депонии. Пред секоја контрола на глодарите, прво е
потребно да се одреди типот и бројот на глодари, а потоа да се направи план и
распоред на местото каде што ќе бидат поставени мамките. Конечно, тука е
изборот на видот на мамката, како и активната супстанција. Борбата против
глодарите бара постојани напори да се намали нивниот број на ниво што
претставува минимален ризик по здравјето.

НЕОПХОДНОСТ ОД СИСТЕМАТСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА


Нестручна и лошо направена систематска дератизација е опасност за
здравјето на луѓето. Систематската дератизација треба да ја вршат санитарно-
технички тимови на компании специјализирани за овој вид на активност.
Санитација има долгогодишно искуство во вршење систематска контрола на
глодари.Без соодветна програма за контрола на глодари, разни стапици и
отрови имаат само привремен ефект врз намалување на бројот на популации
на глодари. Покрај материјалната, економската штета, здравствената „штета“ е
единствената што честопати може да биде непоправлива. Од таа причина,
луѓето повеќе се одлучуваат за опцијата за дератизација. Спречувањето на
појавата на болеста е секогаш подобро и поекономично отколку да се третира
подоцна.
ОПШТО-РОДЕНТИЦИДИ
• Родентициди се хемикалии кои се произведуваат и се продаваат со цел –
убивање на глодари.
Иако вообичаено се нарекуваат отров за стаорци родентицидите се користат и
за убивање на глувци, верверички, нутрии, дабари и други глодари.Некои
родентициди се смртоносни после едно нанесување , додека кај други
потребно е нанесување повеќе од еднаш- ( повеќекратно), поради феноменот
на срамежливост кон отровот -отровот станува смртоносен по повеќекратно
нанесување .
• Срамежливост кон отров е феномен кај глодарите и е резултат на нивната
недоверба кон непозната храна па затоа земаат примероци од храната и
чекаат и набљудуваат дали ќе се разболат тие или другите единки.
• Видови на Родентициди:
- Антикоагуланти
- Метални фосфиди
- Хиперкалцемија
- Други родентициди
- Комбинации
= Антикоагулантите се дефинираат како хронични родентициди .
Смртта настапува една до две недели по земање на отровот. Делуваат
ефикасно со блокирање на циклусите на витаминот К , што резултира со
неможност за создавање на фактори за згручување на крвта – фактори на
коагулација II ( протромбин ) и VII ( проконвертин), Со внес на поголеми
токсични дози предизвикуваат оштетување на капиларите, ја зголемуваат
нивната пропустливост и предизвикуваат внатрешни крварења и смрт.
• Родентицид – антикоагулант КУМАРИН. Деривати на Кумаринот ( Coumarins /
4 -hidroxycoumarins, 1,3 indandiones ) се отрови од прва и втора генерација кои
дејствуваат постепено на глодарите.Родентициди антикоагуланти од прва
генерација се помалку токсични од втората генерација,се нанесуваат во повеќе
дози последователно за да се добие сртоносна концентрација кај глодарите.
Претставници - warfarin, coumatetralyl.
Родентициди антикоагуланти од втората генерација се многу потоксични и се
нанесуваат во помали концентрации еднократно.
Претставници - difenacoum, brodifacoum, flocoumafen, bromadialone, diphacione,
pindone ,chlorophacione.

Метални фосфиди се користат како средства за убивање на глодари. Тие се


поставуваат еднократно, делуваат брзо во рок од 1-3 дена по внес на една
мамка. Мамката е составена од храна и фосфид. Киселината во дигестивниот
систем на глодарот реагира со фосфидот резултирајки со токсичен гас
Фосфин. Овој вид на отров често се користи во случаи кога антикоагулансите
не покажуваат резултати.
Металните фосфиди се поевтини од антикоагулантите и се користат во случаи
кога има наплив на глодари. Нивната популација се смалува со примена на
метални фосфиди, а остатокот од популацијата која преживеала се третира со
антикоагуланси.
Претставници на метални фосфиди – Алуминиум, калциум, магнезиум, цинков
фосфид.

Хиперкалцемија – Како родентициди се користат холекалциферол ( витамин


Д3) иергокалцификол ( витамин Д2)Поголеми количини од овие витамини се
токсични, предизвикуваат хипервитаминоза Д и смрт. Хипервитаминоза Д во
организмот преку метаболни процеси го зголемува нивото на слободен
калциум во крвта- хиперкалцемија, Први симптоми се забележуваат од 18 – 36
часа кои прогресивно напредуваат. Ги минерализира/ калцифицира крвните
садови и меки ткива, што доведува до откажување на органите , предизвикува
крварење и смрт.
Други хемиски родентициди
ANTU ( алфа-нафтилтиоуреа, специфичен за сивиот стаорец)
Arsenic trioxide
Barium carbonate
Chloralose
Crimidine ( го инхибира метаболизмот на витамин Б6)
1.3- Difluoro-2-propanol ( Gliftor )
Sodium fluoroacetate ( натриум )
Strychnine ( стрихнин )
Thallium sulfate ( талиум сулфат )

Начин на примена на родентицидите


Кога станува збор за мамки, експертите велат дека тие не треба да бидат
поставени на површината на земјата туку само во активни дупки – кога се
работи за земјоделски површини или во специјални кутии дизајнирани за овие
цели, за да се избегне труење на домашни и диви и корисни животни и птици.
• Во затворен простор или складишта мамките се поставуваат на поголем број
на скришни места. Мамките се поставуваат на патеки кои често ги користат
стаорците и глувците.
МАМКА во тврда состојба во складишта треба да се користи во заштитни кутии.
МАМКА во течност – се додава во смеса од разни видови семе во соодветни
концентрации.
• На отворени земјоделски површини :
- за полски глувци се поставуваат купчиња од отровот под пластови од пченка
или слама од житарица.
- се поставуваат отрови во активни дупки.Проверка на активните дупки се врши
на тој начин што дупките се затвораат со земја, а следниот ден се утврдува кои
се откопани – активни.
ДЕРАТИЗАЦИЈА се врши на пролет и во есен.

You might also like