You are on page 1of 5

Тема: Крв во урина

Причини за хематурија

Физиолошката урина не содржи крв ниту во вид на Er ниту како Hb. Нормално
околу 1 милион Ер поминуваат во урината за еден ден што води до наод на 1-3 Ер
на видно поле при преглед на урината. Присуство на еритроцити во урината над 3
во видно поле е патолошка состојба. Кога во урината има присуство на крв
претставува хематурија, а тоа значи дека во урината има присуство на цели
Er.Хематуријата претставува симптом,не болест. Причините за хематурија се
најразлични и можат да бидат:
1. Бубрежно потекло (урогенитален тракт)

● вродени аномалии на бубрезите


● стекнати аномалии на бубрезите
● вродени и стекнати аномалии на крвните садови на бубрезите
● калкулоза на бубрезите и уринарните патишта
● тумори на бубрезите и уринарните патишта
● туберкулоза на бубрезите
● воспаленија и инфекции на бубрезите и уринарните патишта
● примарен и секундарен гломерулонефритис
● хидронефроза(насобирање на урината во бубрезите,во тубулите, поради
неправилно излачување на урината)
● полицистична бубрежна болест
● траума - повреди на бубрезите
● стаза - застој на крв во бубрезите.

Причина за хематурија според тежината


Сериозни
• Карцином на бубрег • Уроепителијален карцином • Карцином на простата
• Хидронефроза • Туберкулоза • Полицистична бубрежна болест •
Паренхимална бубрежна болест
Средни
• Бубрежна калкулоза • Инфекции на уринатен тракт • Интерстицијален
циститис • Калкулоза на мочен меур
Мали • Асимптоматска простатична хиперплазија
2. Небубрежно потекло
а) Хематолошко потекло
● хемофилија
● тромбоцитопенија - намален број на Tr
● српеста анемија - нарушена форма на Er,наследен дефект на хемоглобинот
во Еr.
б) Кардиоваскуларни
● декомпензација на срце
● инсуфициенција на десно срце
● тромбемболиска болест.
в) Гастроентеролошки заболувања
● цироза на хепар
● перитонитис - воспаление на надворешна обвивка на стомакот
● апендицитис - воспаление на апендицитис

г) Токсикоалергити
● отров од печурки

Хематуријата кај млади луѓе вообичаено е предизвикана од инфекции на


уринарниот тракт, калкулоза или паренхимско заболување на бубрезите, додека
на малигни заболувања мора да се посомневаме кај пациенти на возраст над 40
години. Затоа хематуријата секогаш мора сериозно да се сфати.

За физиолошки услови за хематурија се сметаат:


● Менструално крварење кај жените.
● Неправилно земање на урината или намерно стимулирање на крв во
урината.
● Механичка повреда
● Користење на одредени медикаменти,како на пример: ацетилсалицилна
киселина-аспирин,нестероидни и антиинфламаторни
лекови,антибиотици(рифампицин, нитрофурантоин) ,антикоагуланси.
● претерано јадење на цвекло и боровница кои може да дадат црвена боја на
урината, како и некои бои, затоа за потврдата за присуството на крв се
бара микроскопско испитување на урината за да се докаже присуство на
црвени крвни зрнца итн..
Видови на хематурија

Спрема количеството на крв што се јавува во урината се дели на:


микрохематурија и макрохематурија.
1. Микрохематурија е присуство на крв т.е. цели Er во урината, но тоа не е
видливо со голо око. Урината е со нормална боја. Во урината на здрав човек при
преглед на седимент на урина присуство на 1-3 Er во видно поле не се сметаат
за патолошка состојба ,додека повеќе од 3Er во видно поле и повеќе се сметаат
за патолошка состојба.
2. Макрохематурија е присуство на крв т.е. Er во урината видливи со голо
око. Помалку од 0.5 мл крв во 500 мл урина се причина за макроскопска
хематурија. Урината е црвено обоена во различни нијанси од светло розева до
темно црвена до скоро црна во зависност од пх на урината ,но и од потеклото на
хематуријата. Урината е помалку или повеќе заматена и има изглед на вода во
која е миено месо. Таков изглед урината има кај гломерулонефритис како и кај
други болести на нефроните.
Спрема причините хематуријата може да биде:
● Инцидентна - по траума и тешка физичка работа.
● Интермитентна - при калкулоза на бубрезите и уринарните патишта и
инфекции на уринарните патишта.
● Постојана - при паренхимски заболувања на бубрезите.
Дали станува збор за иницијална хематурија, во текот на мокрењето или за
терминална хематурија?

● Инцијална - појава на крв на почетокот на мокрењето укажува на уретрална


патологија,
● континуирана хематурија –појава на крв во текот на мокрењето ,укажува на
ренална или уретерална патологија.
● Терминална- појава на крв на крајот од мокрењето укажува на патологија
на мочниот меур.

Спрема локализација на процесот


● Гломеруларна хематуријата потекнува од нефронот (основна градбена
единица во бубрегот за прочистување на крвта). Оштетена е
филтрационата бариера која пропушта Ер. Причини за гломеруларна
хематурија сеː гломерулопатии, постинфективен
гломерулонефритис,Гломеруларна хематурија се карактеризира со темно
црвена-кафена боја на урината, присуство на еритроцитни цилиндри во
седимент на урината, присуство на дизморфични еритроцити (мали,
деформирани, фрагментирани) во седиментот на урината и протеинурија.
Перзистентна е, вообичаено нема присуство на коагулуми во урината.
● Екстрагломеруларната хематурија зафатен е уроепителиумот со иритација,
инфламација, инвазија (малигнитет), каменчиња кои предизвикуваат
ерозии, траума, инфекција, лекови, цисти, инфаркција.Негломеруларна
хематурија се карактеризира со црвена или розева боја на урината, има
присуство на коагулуми во урината, присуство на нормални еритроцити во
седиментот на урината.

Хемоглобинурија

Хемоглобинурија е присуство на Hb - крвен пигмент во урината. Настанува при


хемолиза (распаѓање) на Er. Причини за покачена хемолиза се:
● трансфузија на неадекватни крвни групи
● септични состојби при криминален абортус
● токсикози
● при убод од инсекти, змии (поради нивните лизини кои вршат хемолиза на
Er)
● долготрајни маршеви- Марш хемоглобинурија
Се јавува поради механичко оштетување на еритроцитите (Ер). Иако
еритроцитите се флексибилни во одредени услови може да се оштетат - при
повторувачки механички движење како пролонгиран марш, трчање маратон (од
стопалата), удирање на Бонго тапани (од рацете).
Причината е механичка траума и хемолиза (распад) на Ер. Кај овие пациенти има
дефект на мембраната на Ер, хемоглобинот (Хб) се ослободува од оштетените Ер
и се филтрира во урината.
Не е патолошка состојба, но може да води до блага железо дефицитна анемија.
Не е потребен третман, но се препорачуваат добри обувки и редукција на
физичката активност.

Бојата на урината при хемоглобинурија зависи од концентрацијата на Hb и може


да биде од розево-црвена до темно кафена и црна, но и бистра без заматување.
Хемоглобинурија во алкална урина дава светло до темно црвено обоена урина
ако е бистра и не е пропратена со инфекции на уринарните патишта. Кај кисела
урина бојата е од светло до темно кафеава и црна од киселиот продукт на Hb-
хлорохематин и урината е бистра. Хемоглобинурија најчесто се јавува со
хематурија, а многу ретко се среќава како чиста хемоглобинурија.

Методи за докажување на крв во урина

Крвта и нејзините деривати можат да се докажат со следниве методи:


1. Микроскопски методи - се докажува хематурија т.е. цели Er во
седиментот на урината. Се практикува кога бројот на Er е толку мал што не влијае
на бојата и изгледот на урината т.е. кај микрохематуријата.
2. Спектрофотометриски методи - имаат предност бидејќи со нив се
одредува присуство на одделни видови крвни деривати како што се Hb, порфирин,
метHb, миоглобин.
3. Хемиски методи - за докажување на деривати на Hb кои во својата
молекула содржат Fe, а тоа се метHb и миоглобин. Овие реакции не се многу
специфични бидејќи слични реакции даваат и присуство на траги од Cu-
формалдехид, I, Br, Le исл.
Принципот на хемиските реакции е ист сите се темелат на
псевдопероксидативното својство на Hb во присуство на Н2О2 да врши оксидација
на некои хромогени материи.Од хемиските реакции најчесто се користат:
● Кастел-Маерова метода
● Пиримидинска метода
● Бензидинска метода - бензидинот каталитички го оксидира безбојниот
бензидин во сино обоен парахиноамит додека Н2О2 го редуцира во Н2О.
Оваа реакција е многу чувствителна, но не и специфична бидејќи истата ја
даваат и ензимските пероксидази.
Методите за докажување на крв во урина се чувствителни и затоа негативните
резултати мора да се контролираат со слепа проба на тој начин што на реагенсот
од 1mL кој претходно е ставен во епрувета му се додава неколку капки крв и ако
не ја промени бојата значи дека се работи за неисправен реагенс. Причини за
неточни резултати можат да бидат и недоволно исчистени садови со остатоци од
Cu, I, Br, крв идр. Од реагенсите се работи за неисправност на Н 2О2.

You might also like