You are on page 1of 2

Цереброспинална течност –Ликвор

Ликворот може да се испитува макроскопски,микроскопски и хемиски.


Макроскопски преглед на ликвор
Макроскопски ликворот претставува бистра ,прозирна течност како вода.
Со ова испитување се испитува надворешниот изглед,бојата и моше да се бара присуство
на фибринска мрежичка.
1.Надворешниот изглед-ликворот кај здрав човек е бистра течност,се означува со (0).Тој
може да се замати и тоа во различен степен,се означува со ознаки од (1-4).Тој може да се
замати при неговото вадење .секое заматување освен тоа што настанува при негово
вадење се смета за патолошко.Заматувањето најшесто се јавува кај пациенти со
бактериски менингитис.
2.Боја на ликвор-Бојата на здрав човек е безбоен.Ако се појави жолтеникава до
жолтеникаво кафеава се таа состојба нарекува ксантохромија.Жолта боја добива од
билирубинот,се сретнува кај пациенти со силна жолтица.,Темно жолта до кафена од
дериватите на хемоглобинот,се сретнува кај пациенти со хронични воспаленија на
менингите.Розеникава од свеж хемоглобин.Крвав ликвор се сретнува кај пациенти со
хеморагија.
3.Фибринската мрежичка не е нормален наод ,ни после подолго стоење на ликворот н
собна температура.Ако се појави се ознашува со 1.
Микроскопски преглед на ликворот
Целта на ова испитување е одредување на клетките и нивниот број во ликворот.
Во ликворот на здрав човек можат да се најдат леукоцити во мал број (5х10 шеста /Литар)
од то 70% се лимфоцити,останатите 30% се моноцити.Во патолошки состојби може да се
најдат и неутрофилни,еозинофилни и ретко и базофилни гранулоцити,макрофаги,плазма
клетки,малигни клетки,со што се зголемува и вкупниот број на леукоцитите.
Во ликворот на здрав човек нема еритроцити,но можат да се најдат акопри вадење на
ликворот се повреди некој крвен сад.Тогаш во ликиворот можат да се видат трагови на
крв како црвеникасто заматување и тој дел од ликворот не се користи за испитување.Во
патолошки случаеви еритроцити можат да се сретнат кај пациенти со крварење во било
кој дел каде што ликворот се наоѓа.Имаат форма на набрани топчиња ,со посветла
боја ,бидејќи дел од хемоглобинот од нив поминал /дифундирал во ликворот.Крварењето
во мозокот покажува присуство на хемоглобин и еритроцити неколку дена после самото
крварење.
Хемиско испитување на ликворот
Со хемиските испитувања се одредува концентрацијата на
протеини ,глукоза,лактат,хлориди и други супстанции ,ако се присутни,како
билирубин,хемоглобин во ликворот.
Протеините ви ликворот може да се одредат на неколку начини.1.Биуретски
метод,резултатот се изразува во g/L.
2.Семиквантитативнон испитување по Нон- Апелт,кое се заоснова на реакција на
протеините со амониеев сулфат.
3. Семиквантитативна метода пи Панду,односно реакција на глобулините и делумно
албумините со фенол.
3.Електрофореза на протеините е досега најдобар начин на одредување.Се спроведува
на повеќе начини од кои најдобар е полиакриламидски гел.За боење на протеините има
повеќе бои ,но најдобра е сребрената.Електрограмот на ликворот има 7 фракции и тоа
преалбумини,албумини,алфа 1,алфа2,бета1,бета2, и гама глобулин.За анализа на
непознат ликвор добро е да се земе уште еден како контролен.

Одредувањето на глукозата се заоснива на реакција со глукозо оксидаза и пероксидаза,а


се смета како квантитативна реакција на глукозата во урина или серум.

Одредувањето на хлоридите во ликворот се изведува со методите за одредување на


хлоридите во серумор(волуметриски,колориметриски).

Одредувањето на лактатите се заоснива на ист принцип за нивно одредување во


серумот.Лактатите со лактат-дехидрогенезата дава пируват и NADH.
Билирубин се одредува исто како и во серумот.

You might also like