You are on page 1of 4

Тема:Урина

Вежба бр. Наслов: Квалитативни методи за докажување глукоза во урина


Физиолошката урина не содржи глукоза и затоа ако таа се појави се смета за патолошка
состојба. Појавата на глукоза во урина се вика глукозурија. Најчеста причина за
глукозурија е гликемија која го надминува бубрежниот прагот на излачување на
глукозата.
За докажување на глукоза во урината се користат некои нејзини својства. Едно од тие
својства е тоа што содржи алдехидна група во својата молекула. Поради тоа глукозата
делува како силно редукционо средство.Алдехидната група во алкална средина и на
температура од 100○C врши редукција на некои метали при што глукозата се оксидира и
се добива глуконска киселина. Металните јони при редукција преминуваат во јони со
пониска валентност или во елементарна состојба. Реакцијата на редукција се забележува
преку промена на бојата на растворот.
1. Фелингова метода:
-Материјал : свежа урина
-Реагенс: Фелингов реагенс кој е составен од Фелинг I и Фелинг II. Во состав Фелинг I
влегуваат бакар сулфат и вода. Фелинг II е составен од калиумнатриумтартарат, натриум
хидроксид и вода. Пред употреба Фелинг I и Фелинг II се мешаат во ист однос за да се
добие Фелинговиот реагенс. Тој мора да биде свежо подготвен. Фелинговиот реагенс има
темно сина боја која ја дава соединението калиумнатриумбакартартарат. Во реакцијата
глукозата делува на калиумнатриумбакартартаратот при што се создава бакар хидроксид
со жолта боја и бакар оксид со црвена боја.

-Принципот на реакцијата : редукција на Cu2+во Cu+.Во присуство на редукционо


средство(глукозата), двовалентниот бакар (Cu2+) од Фелинговиот раствор се редуцира до
едновалентен (Cu+). Притоа се забележува промена на бојата на растворот од сина, преку
зелена до црвено-керамидеста.
Реакцијата не е специфична само за глукозата, туку сите супстанции кои делуваат како
редукциони средства даваат позитивна Фелингова проба. Поради тоа нејзината
примена во клиничката пракса е напуштена и истата е заменета со специфични,
ензимски методи.
-Изведување: потребни се две епрувети. Во едната се става 2ml урина, а во другата 2ml
Фелингов реагенс. Двете епрувети се загреваат до вриење и потоа се мешаат. Ако се
добие жолта или црвена боја реакцијата е позитивна. Ако добиеме зелена боја значи дека
реакцијата е негативна.
Тема:Урина
Вежба бр. Наслов: Квалитативни методи за докажување глукоза во урина

2. Бенедиктова метода
-Материјал : свежа урина
-Реагенс: Бенедиктов реагенс, кој содржи натриум цитрат, безводен натриум карбонат,
вода, бакар сулфат и сето тоа е дополнето до 100ml со дестилирана вода.
-Принципот на реакцијата: глукозата на топло и во базна средина го редуцира бакар
сулфатот до бакар хидроксид или до бакар (II) оксид.
-Изведување: во епрувета се става 3ml Бенедиктов реагенс и 5-6 капки урина. Се загрева
до вриење. Ако се појави зелена, жолта или црвено-портокалова боја, реакцијата е
позитивна. Ако сината боја од реагенсот не се промени - реакцијата е негативна.
Според бојата што се добива во текот на реакцијата може ориентационо да се одреди
количеството на глукоза во урината. Така, сино-зелената боја одговара на 0.2g, зелената
на 0.5g, жолтата на 1g, портокаловата на 2g и црвената на 5g или повеќе.

3. Ниландерова метода
-Материјал : свежа урина
-Реагенс: Ниландеров реагенс, кој содржи натриум хидроксид, калиумнатриултартарат,
бизмут субнитрат и вода.
-Принципот на реакцијата: во оваа метода глукозата го редуцира бизмут субнитратот до
бизмут хидроксид со кафена боја, а потоа до елементарен бизмут кој дава црна боја.
-Изведување: во епрувета се ставаат 2-3ml урина. Се додава 5-10 капки Ниландеров
реагенс и се загрева на пламен 5 минути. Ако се добие црна боја при заревањето,
реакцијата е позитивна.
Тема:Урина
Вежба бр. Наслов: Квалитативни методи за докажување глукоза во урина

4. Тест ленти
-Лентите се користат за докажување на глукоза, а истовремено може ориентационо да се
одреди и нејзиното количество. Според тоа,методата за хемиски преглед на урината со
тест-ленти е семиквантитативна.
-Материјал : свежа урина
-Принципот на реакцијата: Перничето од зоната на тест лентите за докажување на
глукоза е импегрирано со ензимите глукозo оксидаза и пероксидаза. Индикаторската
супстанца е тетраметил бензидин. Се докажува само глукоза која под дејство на глукозo
оксидаза и во присуство на О2 од воздухот се оксидира до глуконска к-на ослободувајќи
еквивалентно количество на Н2О2, а ослободениот О2 (еквивалентен на глукоза) го
оксидира тетраметил бензидинот. Структурните промени во тетраметил бензидинот
резултираат со соодветно обојување на перничето од светло до темно зелена или сина
боја.
-Изведување: Анализата се изведува со промешана, нецентрифугирана урина, на тој
начин што тест-лентата целосно се потопува во примерокот, приближно 2 секунди. Потоа
лентата се вади од примерокот, а вишокот урина се отстранува со провлекување на
страничниот раб од тест-лентата по работ на чашката за урина. Лентата се остава во
хоризонтална положба околу 1 минута, по што се врши споредување на интензитетот
на обојувањето на полињата реагенс-хартија со шаблонот што се наоѓа на
надворешниот дел од секое пакување на тест-лентите .
Садот во кој се остава примерокот од урина треба да биде чист, сув и да нема
остатоци од детергенти (поради можни интерференции). Урината треба да се
анализира веднаш, а најдоцна за 2 часа. Полињата хартија со импрегнирани реагенси
не смеат да се допираат со раце.
Тема:Урина
Вежба бр.7 Наслов: Квантитативно одредување на глукоза преку титрација

За квантитативно одредување на глукозата се користи титрациона метода која се темели


на принцип на Фелинговата метода. Реагенс е Фелинговиот реагенс.
-Изведување: 5ml од Фелинговиот реагенс се ставаат во ерленмаер и се загрева до
вриење. Во биретата се става свежа урина. Кога Фелинговиот реагенс ќе почне да врие,
урината од биретата се пушта капка по капка, додека во ерленмаерот не се појави жолта
или црвена боја. Потоа од биретата читаме колку ml урина се потрошиле за редукција на
5те ml Фелингов реагенс.
-Пресметување: 5ml Фелингов реагенс секогаш се редуцира си 25mg глукоза.
Пр: ако за редукција 5ml Фелингов реагенс се потрошат 10ml урина, тоа значи дека во тие
10ml има 25mg глукоза. За да одредиме коклу глукоза има во 1000ml од испитуваната
урина, се поставува пропорција:

You might also like