You are on page 1of 13

Хемикалиите се супстанци кои се користат во лабораторијата за изведување на анализи, синтези и

друго во зависност од типот на лабораторијата.Под поимот “Хемикалии “ се подразбираат


супстанци, полимери и препарати.

Супстанции се хемиски елементи и нивни соединенија во природна состојба или добиени во


производен процес, вклучувајќи ги и додатоците кои се неопходни за зачувување на нивната
стабилност, односно онечистувањата кои се појавуваат во текот на производството, заради
применетиот процес на добивање. Поимот ги вклучува и полимерните супстанции, како и
растворите на супстанциите кај кои при отстранувањето на растворувачот може да дојде до
хемиска промена на супстанцијата или да има влијание врз нејзината стабилност;

Полимери се супстанции составени од една или повеќе видови на мономерни единици, каде што
поголемиот број на молекули содржи најмалку три мономерни единици, меѓусебно поврзани со
ковалентна врска, или со една или повеќе други мономерни единици или некои други реактанти.
Таквите молекули мораат да бидат со различни молекуларни маси каде разликите во
молекуларните маси примарно се должат на разликите во бројот на мономерни единици.

Препарати се смеси или раствори составени од две или повеќе супстанции.

хемикалиите кои се користат во лабораториите можат да бидат во цврста и течна агрегатна


состојба.

Складирањe = Во лабораторијата треба секоја хемикалија се складира на полиците и шкафовите на


безбедно место и достапна за редовна употреба. Залихите на хемикалиите во зависност од
карактеристиките се чуваат во орманите. Во лабораторијата најдобро е хемикалиите да се чуваат
во своите оргинални амбалажи. Доколку ова не е возможно тогаш се чуваат во соодветни садови,
шишиња или тегли кои ќе бидат прописно обележани со етикета.

Општи правила за користење на хемикалиите

При употребата на хемикалиите треба секогаш да се земе во обзир дека тие се хемиски супстанци
кои можат да се отровни, имаат иритационо и нагризувачко дејство за кожата и мебелот, лесно
испарливи, лесно запалливи и експлозивни и друго. Затоа треба да се задолжително и строго да се
испочитуваат правилата за нивната употреба.

- Хемикалиите секогаш да се складирани во соодветната амбалажа, на соодветно лесно


достапно место со читлви етикети;

- да не се чуваат во отворени садови бидејќи можат да онечистат, да испарат, да го загадат


околниот простор и воздух;

- да не се чуваат во необележани садови или во амбалажи со нечитливи етикети поради


можните грешки;

- нетреба да се допираат со прсти со цел да се земе одредена количина потребна за реакција;

- да не се пипетираат со уста течните реагенски, за тоа цел задолжително да се користат гумени


пумпички, специјални шприцови или пипетатори;
- забрането е да се испробува вкусот на хемикалиите;

- да се земаат со пропишани чисти и суви пластични или метални лажички доколку се во цврста
агрегатна состојба;

- да се избегне секаков вид на онечистување на хемикалиите заради точноста и валидноста на


резултатите на испитувањата;

- за да се избегне онечистувањето несмее повеќе хемикалии да се земат со иста пипета или со


иста лажичка без претходно да се соодветно измиени и исушени;

- земениот вишок да не се враќа во амбалажата за да не се онечисти останатата количина,


исклучок се прави кај таканаречените технички хемикалии;

- претурањето на хемикалиите да биде од амбалажата во другиот прибор да биде внимателно и


доколку е потребно да се користат инки, чаши или пипети;

- при работа со јаки киселини и бази, при што може да дојде до нивно прскање треба да се
заштитиме со заштитни наочари и ракавици;

- доколку случајно ни се истури некоја хемикалија веднаш треба да се исчисти просторот;

- на крајот од работата задолжително е добро да се измијат рацете.

Чистота на хемикалиите

Хемикалиите имаат улога во производството, анализата и тестирањето на фармацевтските


производи, биолошките, биохемиските супстанци и многу други. За да се изведе точна и валидна
анализа потребни хемикалии со соодветна чистота.

Произведувачите произведуваат хемикалии со различна чистота за потребите во лабораториите


или за индустријата. Степенот на чистота е всушност уделот на чистата супстанца во однос на
примесите кои може да се содржани во хемикалијата при нејзиното производство.

Степенот на чистота се оззначува на етикетата, обично на латински јазик, со цел збор или со
кратенка. Хемикалиите во лабораториите можат да дојдат со следните степени на чистота:

Степен на чистота

Означува

суровина

Crudum

хемикалија добиена од рудник

технички чисти

Tehnicum

хемикалија добиена во фабрика но не е прочистена од ниедна од примесите;


очистени

depuratum,

depur

обично чистење и содржат многу примеси

чисти

purrum, purr

. Овие хемикалии се доволно чисти да послужат изведување на експерименти во школски


лаборатории

хемиски чисти

purissimum, pss ili puris

хемиски најчиста хемикалиi

чисти за анализа

pro analisis, p.a.

Ови хемикалии можат да се користат за најточни аналитички и други испитувања

особено чисти

spectroscops purrum, spec,pur

спектроскопски чисти супстанци, најчесто се специјално пречистени метали

Амбалажи за складирање на хемикалиите

Хемикалиите се чуваат во соодветна амбалажа во зависност од нивната агрегатна состојба и


карактеристики.

Во лабораторијата хемикалиите добавувачите ги носат во пропишана фабричка амбалажа, која


може да биде стаклена или пластична, шишиња или теглички.

За потребите на активностите во лабораторијата, да се избегне несреќа кај некои од хемикалиите


и нивно онечистување се складираат во помали реагенс шишиња или теглички со гумени,
пластични или стаклени затворувачи.

- Хемикалиите кои се во цврста агрегатна состојба се чуваат во стаклени или пластични теглички со
обичен или со шлифуван затворувач;

- Течните хемикалии и растворите на цврстите хемикалии се чуваат во стаклени реагенс шишиња


со различен волумен, теглички со обичен или со шлифуван затворувач;

- Цврсти или течни хемикалии кои се осетливи на светлина (АgNO3, КMnO4, етер, ацетон и др.) се
чуваат во темни шишиња или теглички;
- Хигроскопните хемикалии се чуваат херметички затворени во шишиња или теглички, со гумени
или со шлифувани затворувачи.

Реагенс шишињата треба да се правилно означени со етикета на која ќе стои името или формулата
на хемикалијата, концентрацијата доколку е раствор, степенот на чистота, ознака за отровност и
датата на приготвување.

Класификација, складирање, чување и правила за работа со опасни (агресивни) хемикалии

Класификацијата или групирањето на хемикалиите се врши според одредени

критериуми базирани врз:

- хемиските и физичките карактеристики на хемикалиите,

- токсичноста,

- запаливоста,

- експлозивноста,

- меѓусебната интеракција (од две безопасни со интеракција да се добие опасна

хемикалија) и друго.

Според ова хемикалиите можат да се поделат на :

1. Експлозиви

Експлозиви се супстанци што при удар, потрес, висока температура или

при определен агенс се разложуваат со ослободување големо количество

топлина и гасови. Во оваа група спаѓаат и смеси од реактанти кои даваат

експлозивен продукт. На пример азотна киселина и анхидруд на оцетна

киселина. Со експлозиви треба да се работи крајно внимателно. Во

хемиската лабораторија не смееат да се чуваат готови експлозиви. Нивното

складирање и работа со нив се постапува според Закон за експлозивни

материи.

2. Запаливи хемикалии
Во оваа група на супстанци се вбројуваат оние што имаат својство лесно

да се палат (имаат ниска температура на запалување). Во запаливи

супстанци спаѓаат:

- некои органски растворувачи (ацетон, етер, етил ацетат, метанол, етанол,

хексан). Течноста не гори, туку парата над течноста. Затоа запаливоста се

карактеризира преку точката на палење на парата.

- цврсти супстанци (метали во прав, фосфор).

- гасови(Н2, СО, Н2Ѕ, С2Н2).

Ваквите супстанци се чуваат исклучиво во ормани за запаливи материи,

подалеку од извор на пламен, искра, статичен електрицитет и топлина. Не

се чуваат во обични фрижидери предвидени за храна и во дигестор. Не

смее да се чуваат поголеми количини запаливи течности и гасови во

лабораторијата. При нивно користење се работи во дигестор. Нивното

загревање не се врши на отворен пламен, туку на водни или маслени бањи,

жежок воздух и слично.

Просториите каде се чуваат и складираат запаливите материи, мора да

бидат на ниска температура, за да се избегне создавањето запаливи смеси

од парите и од воздухот и да имаат обезбедено ефикасна вентилација. Да

се внимава да се што е можно подалеку од извори на топлина, од искри и

од оксидациони супстанци. Најчесто се чуват во метални шкафови.

3. Оксидациони средства најчесто се, супстанци што во својот состав содржат

кислород што лесно може да го ослободат. Во нивно присуство,

согорувањето е можно и без атмосферски кислород. Такви се органските и

неорганските пероксиди и нитрати, оксиди и др. Но, оксидационите

средства може да се елементи или соединенија кои не содржат кислород

(пр. флуор). Чувањето, ракувањето и складирањето треба да биде во


посебни шкафови (ормари), слично како за запаливите материи.

Оксидационите средства се чуваат одделно од експлозивните и запаливите

материи. Честопати експлозивите и запаливите материи може да бидат и

оксидациони средства.

4. Супстанци осетливи на влага - Во групата на супстанци осетливи на влага,

со опасност од пожар или од експлозија. Во оваа група се вбројуваат:

алкалните метали и калциумот, нивните амалгами, легури и соединенија.

Тука спаѓаат и супстанци кои реагираат со влага и се распаѓаат. Овие

супстанци треба да се чуваат во херметички затворени садови, максимално

заштитени од влага. Системите за автоматско гасење на пожар со

распрскувачи на вода не смее да се користат во простории каде се чуваат

овие супстанци. При работа со нив, освен заштитни очила, потребно е да се

носи и штит за лицето и треба да се води сметка приборот со кој се работи

да биде грижливо исушен.

5. Супстанци што се самозапалуваат на воздух - Голем број од супстанците

што лесно оксидираат имаат способност да се самозапалат на воздух. Тие

можат да се течности (terc-BuLi), цврсти (бел фосфор, алкални метали,

грињарови реагенси, металооргански соединенија, метални карбонили,

метални хидриди) и гасови (неметални хидриди). Со тоа тие се вбројуваат

во супстанци со висок ризик од пожар. Овие супстанци треба да се чуваат и

со нив да се ракува во добро затворени садови со инертна средина

(атмосфера од некој инертен гас).

6. Супстанци осетливи на киселини и на нивни пари - Овие супстанци, под

дејство на киселините, ослободуваат запаливи или отровни гасови. При

ваквите реакции се ослободуваат запаливи или отровни гасови и се

проследени со ослободување топлина, од што произлегува главната

опасност. Во оваа група спаѓаат алкални и земноалкални елементи и нивни


легури, фосфиди, арсениди и други. Просторот каде што се чуваат овие

супстанци треба да е добро проветрен и изолиран од извори на пламен и

од искри. Со овие супстанци, по правило, треба да се работи само во

дигестор.

7. Токсични супстанци - се вбројуваат супстанци што, орално применети,

имаат средна летална доза помала од 500mg на килограм телесна маса

внесени орално, 1000mg на килограм телесна маса ресорбирани преку кожа

или 2000ppm инхалирани со гас или пареа. Такви се натриум хлорид,

железо(II)сулфа, морфин сулфат, натриум фенобарбитал, никотин и други.

Во оваа група се вбројуваат и оние супстанци што се во состојба, при

одредени услови, да формираат токсични супстанци. На пример хлороформ

и јаглерод тетрахлорид ако се чуваат непосредно формираат фозфен кој е

силен отров. Токсичните супстанци треба да се чуваат во одделни

простории (по можност на пониска температура), во означени шкафови, со

ограничен пристап (заклучени), при што повремено ќе се проветруваат.

Садовите треба да се добро затворени и не смее да бидат изложени на

директна сончева светлина. При работа, пак, со дел од нив, може да биде

пожелно носење заштитна маска (понекогаш, дури, и заштитни ракавици и

работење во дигестор.

8. Корозивни супстанци - се карактеризираат со способност да разоруваат

материјали (метални, дрвени или стаклени предмети, биолошки ткива и

др.). Акутно изложување на корозивни материјали, може да предизвика

трајно оштетување на живи ткива, а најосетливи се очите. Некој од нив кои

се испарливи може да го оштетат и респираторниот систем. Но најчести

повреди од корозивни сусптанци се изгореници (како што е случајот за конц.

H2SO4). Доколку се испарливи, може да ја загадат (контаминираат) и


атмосферата. Во оваа група се вбројуваат киселините, нивните анхидриди

и базите. Просторот одреден за чување на корозивните супстанци треба да

биде заштитен од корозивното дејство (металните и дрвените површини да

се премачкаат со заштитни премази, лакови итн). Се внимава киселините и

базите да не се чуваат во ист ормар. Се складираат во посебни ормари

предвидени за секоја класа корозивни материјали. Корозивните гасови се

чуваат во посебни ормари за компримирани гасови по можност надвор од

работната просторија и/или објектот. При работа со нив да се обезбеди

потребната лична заштита. Истурените корозивни материјали веднаш се

третираат соодветно и се постапува на соодветен начин при уништување на

остатоците и средствата употребени за чистење. Разредувањето и

растворањето на концентрирани киселини (и други корозивни супстанци) се

прави така што во вода се додава киселина (корозивна супстанца). Никако

обратно!

9. Компримирани гасови или гасови под притисок се чуваат под голем

притисок, во специјални метални (најчесто челични) садови (контејнери, т.н.

бомби) со дебели ѕидови и се користат за работа на некои инструменти, во

органската и неорганската синтеза,медицината и др. Најчесто користени

компримирани гасови се: H2, O2, N2, CO, воздух, Cl2, CO2 и други. Бидејќи

претставуваат потенцијална опасност од експлозија или истекување на гас

при неправилно ракување и пожар во лабораторијата, се чуваат во

специјални челични контејнери (метални цилиндри) под висок притисок,

означени на соодветен начин. Кога се во поголеми количини се чуваат

надвор од лабораторијата или објектот во специјално заграден и означен

простор. Цилиндрите со гасови мора да бидат вертикално поставении

прицврстени со метален ланец за ѕидот или да бидат сместени во посебни


ормари предвидени за нивно чување. Просториите каде се чуваат, мора да

бидат добро проветрени, суви места, далеку од извор на топлина, пламен,

вода и влага. Просторот за складирање мора да биде обезбеден со

противпожарен систем и апарати, соодветни ознаки за безбедност како и со

заштита од провала и кражба;

10. Канцерогени хемикалии За некои хемикалии постојат основани сомневања

дека предизвикуваат туморни заболувања при нивнен контакт со кожата или

вдишување на парите. Такви се азбест, акрилонитрил, арсен и неговите

соединенија, бензен и многу други. Се разбира, идеално би било

канцерогените супстанци воопшто да не се употребуваат и чуваат во

лабораторијата, но ова не е секогаш возможно.

Несреќи и повреди кои можат да се случат во лабораторија и пружање на прва помош при истите

Во секоја лабораторија, и покрај преземањето на сите мерки за заштита и

внимателно работење можни се незгоди. Затоа секој вработен во лабораторијата

мора да биде запознаен со можните незгоди и повреди кои можат да се случат и

начинот на пружање на прва помош.Секоја лабораторија треба да има шкафче за

прва помош со неопходни лекарства.

1. Опекотините се најчестите повреди во лабораториите. Можат да се случат

поради фаќање на жешки предмети или поради полевање со врели

течности. Прва помош е да се стави на опекотината газа со вода, маст

против опекотини, газа со раствор од калиум перманганат или газа

натопена во 5% NaHCO3. Спречување на создавање на пликови и

намалување на јаките болки се постигнува со ставање на мраз на

изгоренето место, или 3% раствор на алуминиум ацетат, или 2% раствор на

смеса од етери алкохол во однос (1:3), или со раствор на NaCl. Ако


опекотината е поголема треба да се потражи лекарска помош, бидејќи

можат лесно да се инфицираат.

2. Посекотините се случуват при користење на стаклениот прибор и се

манифестираат со крварење. Ако се помали и ако крварењето е капиларно

со мал притисок над посекотината се запира крварењето. Притоа треба да

се провери дали останало парче од стаклото кое треба да се отстрани со

пинцета. Доколку крварењето е пообилно се притиска силно над раната и

се бара лекарска помош.

3. Повредите предизвикани од хемикалиите се најчесто повреди на кожата

или на очите. Најопасни се концентрираните киселини и бази. Доколку

некоја хемикалија прсне во око, се мие со јак млаз на вода и се бара

лекарска помош. Ако киселина на кожа, таа прво се мие со јак млаз на вода,

се неутрализира со заситен раствор на сода бикарбона. Доколку база прсне

на кожата после миењето со вода се неутрализира со 2% раствор на оцетна

киселина. Во двата случаи се става маст за опекотини.

4. Труење ретко се случува во лабораторија, а може да се случи од отровни

гасови или голтање на отровни хемикалии. Ако затруениот проголтал

киселина треба да му се даде да се напие топла вода или раствор од MgO,

а потоа млеко или белка од јајце, а доколку е потребно да се побара

лекарска помош; Ако затруениот проголтал база треба да испие раствор од

лимонска киселина, лимонов сок или разредена оцетна киселина, а потоа

млеко или белка од јајце а доколку е сок или разредена оцетна киселина, а

потоа млеко или белка од јајце а доколку е потребно да се побара лекарска

помош; Ако затруениот проголтал хемикалија, потребни е да се предизвика

повраќање и да се потражи лекарска помош; Ако затруениот вдишал

отровни гасови, треба да се извади на свеж воздух, а во случај на отежнато


дишење или несвестица да потражи лекарска помош. При секое труење

моше да настане колапс. Тоа е состојба која може да се препознае со

следните симптоми: бледост, влажна кожа, тресење, малаксаност и

несвестица. Во тој случај човекот се легнува, се покрива со топол покривач,

му се даваат топли течности ако е свесен, а при несвестица под нос му се

става оцетна киселина.

Мерки на претпазливост при работа во лабораторијата

Работата во хемиската лабораторија честопати во себе вклучува низа опасности и


ризици. Искуството покажало дека, за
правилно и безбедно работење, треба да се почитуваат следниве принципи:
• пред започнувањето со работа, експериментаторот треба да се запознае со
содржината на експериментите и со својствата на супстанциите што ќе ги користи;
• да се запознае со правилната употреба на приборот и дигесторот;
• при претурањето течности, никогаш не треба да се наведнува над садовите
(треба да се задржи безбедно растојание);
• при земање шише со супстанца, не се фаќа затворачот, туку се зема шишето со
цела рака, при што, заради поголема стабилност, добро е малиот прст да се стави
на дното;
• при отворање, шишето се става на масата и, придржувајќи го со едната рака, се
отвора со другата;
• затворачот се става на масата, внимавајќи да не се извалка масата или
затворачот (доколку е потребно, може да се употреби чисто саатно стакло, во кое
се става затворачот);
• не треба да се допираат деловите од затворачот коишто може да бидат
онечистени со супстанцата;
• не треба да се наведнува над сад во кој нешто се загрева или се одвива хемиска
реакци-ја;
• во ситуација кога треба да се помириса некоја супстанца, никако не смее
директно и интензивно да се вдишува, туку гасовите (парите), мавтајќи со рака, се
приведуваат кон носот;
• при разредување на концентрирани киселини или бази, секогаш во водата се
става киселината, т.е. базата, и тоа во мали количества, при постојано мешање (и
ладење, ако се работи за поголемо количество или за повисока концентрација на
растворот што се подготвува);
• при изведување на експерименти со запаливи супстанци, шишињата (садовите)
во кои се наоѓаат супстанците се тргаат подалеку од пламенот (изворот на
топлина);
• при загревање на супстанца во епрувета треба да се користи штипка, која,
начелно, се поставува на горниот дел од епруветата (се внимава штипката да не
се внесува во пламенот);
• големите епрувети и епруветите во кои има големо количество супстанца, треба
внимателно да се загреваат (се држат со штипка, или се прицврстуваат на статив);
• при загревање на супстанца во епрувета, отворот секогаш треба да биде
насочен кон дел од просторот каде што нема опасност некој да биде испрскан со
содржината на епруветата;
• при загревање на цврста супстанца во епрувета, ако се ослободува вода
(загревање на кристалохидрат итн.) или некоја друга течност, епруветата треба да
се постави во хоризонтал-на или близу до хоризонтална положба, за да не дојде
до напукнување или до кршење на епруветата (од последново, покрај безбедноста
на експериментаторот, зависи и успешниот исход на експериментот).

Елиминација на токсичниот отпад

После секоја активност во лабораторијата има отпад, кој може да биде течен,
цврст и гасовит. Течен хемиски отпад можат да бидат органски растворувачи,
водени раствори на хемикалиите, масла и друго.
Органски течен отпад
Фенолен раствори кои содржат фенол или фенолни смеси

Халогениран соединенија халогените елементи (хлор, бром или јод)


Корозивен смеси на нехалогенирани растворувачи со киселини или
некои органски киселини
Нехалогениран нехалогенирани растворувачи или соединенија
Нехалогениран и смеси од нехалогенирани растворувачи и вода каде
вода водата е застапена со најмалку 20 %

Неоргански течен отпад


Киселини Киселини HCl, H2SO4, HNO3, HF, Бази
Бази хидроксиди, бази, амонијак
Оксидациони Оксидациони средства нитрати, хромати, дихромати,
средства метални пероксиди, некои оксиди
Тешки метали водни раствори на сите тешки метали
водни раствори на цијаниди, тиоцијанати и останати соли
кои не се соли на тешки метали

Во лабораторијата треба да има посебни контејнери за органски,


халогениран, неоргански и отпад на тешки метали. Исфрлањето на отпад во
погрешен контенјер може да предизвика пожар или дури и експлозија. Цврст
хемиски отпад може да бидат хемикалии во цврста агрегатна состојба,
силика гел, контаминирана хартија, ракавици, стакло и друго. Овој отпад се
исфрла во посебни контејнери за контаминиран отпад, хемиски отпад,
радиоактивен отпад, стакло и стаклен крш Гасовит хемиски отпад се
гасовите кои се ослободуваат при реакциите и тие со претходна филтрација
во дигесторите или системот за вентилација се испуштаат во воздухот.
Исфрлањето на отпадот се врши по одреден протокол:
- Се одбира соодветниот контејнер за изфрлање на отпадот, и се запишуваат
податоци за истиот во листата која треба да стои до секој контејнер;
- Течниот отдадсе истура со инка во контејнерот;
- Доколку отпадот е во мали количини се исфрла во лавабото. Киселините и
базите откако ќе се неутрализираат не се опасни за живтната средина;
- Средствата за сушење и неорганските и органските соли (CaCl2, MgSO4,
Na2SO4, P2O5) растворени во вода се безопасни и се истураат во лавабото.

You might also like