You are on page 1of 11

Проектна задача по практична настава

Основи на нега
Стерилизација
Изработила:
Јована Стојанова
II-5
Што претставува стерилизацијата?
Стерилизација е процес при кој целосно се уништуваат сите
вегетативни и спорогени форми на патогените и непатогените
микроорганизми. Стерилизацијата може да биде на повеќе начини
меѓу кои:
*1.Сува,со сува топлина
*2.Влажна,со влажна топлина
*3.Со гасови
*4.Со гама – зраци
*5.Хемиска стерилизација
*6.Со филтрирање
Стерилизација со сува топлина
Стерилизацијата со сува топлина може да биде на повеќе начини:
*1.Со спалување
*2.Со усвитување
*3.Опалување или обгорување
*4.Со фламбирање
*5.Стерилизација со сув топол воздух
Видови стерилизација со сува
топлина-објаснување
*Спалувањето се користи за стерилизација на безвредни предмети како на
пример:,хартија, лешеви,завои и др.
*Усвитувањето е изложување на металните предмети директно на
пламен.При усвитување се постигнува температура и од 500ºC.
*Опалување или обгорување претставува кратко изложување на некои
предмети на пламен од пламеник.
*Фламбирање се користи за брза стерилизација на метални инструменти и
предмети.При што инструментите се ставаат во метален сад или касета ,се
преливаат со 96% алкохол и алкохолот се пали.
*Стерилизација со сув топол воздух на овој начин стерилизацијата во
сувите стерилизатори трае 1 час на 180 ºC и уште еден час се ладат. Се
стерилизираат метални,стаклени и порцелански инструменти.
Стерилизација со влажна топлина
Стерилизацијата со влажна топлина може да биде:

*Под 100 степени *На 100 степени *Над 100 степени


Влажна топлина под 100 ºС-начини

Пастеризација се користи за стерилизација на секакви пијалоци


како на пример сокови,вино,но најмногу за стерилизација на
млекото може да се изврши на брз или бавен начин, брз начин 15
секунди на 72 0С,30 минути на 63 0С,или 3 секунди на 140-150
0
С .
Тиндализација или фракциска стерилизација е за инструменти со
протеини кои несмеат да коагулираат како крв,
серум,плазма,ликвор.
Влажна топлина на 100 ºС

Стерилизација со влажна топлина на


100 ºC се изведува: со вриење и со
водена пареа што струи во Кохов
лонец.Оваа постапка не го уништува
метеријалот кој се стерилизира.
Влажна топлинина над 100 С0

Е стерилизација со водена пареа под притисок.


Афтоклав е апарат кој се користи за стерилизација со
заситена водена пареа под притисок,во него се
стерилизираат преврзочен материјал ,оперативна
облека,постелнина,метални
инструменти,стаклени и порцелански на садови,
на гумени и пластични инструменти и гумени
ракавици
Видови стерилизација...
Стерилизација со гасови се изведува во п вакум комори со ethilen
oxid,на температура од 55 ºC притисок од 5,5 атмосфери и
времетраење од 30 – 60 минути.
Стерилизација со гама зраци се користи за стерилизација на
материјали и инструменти кои што се за еднократна употреба.
Хемиска стерилизација со дезинфекциони средства. Се користи
за инструменти и материјали кои не поднесуваат висока
температура или се оштетуваат под дејство на висока
температура.
Стерилизација со филтрирање се филтрира течност која
поминува низ порозни стаклени филтри,азбестни или
мембрански.
Стерилизација со УВ зраци се користи за стерилизација на
операциони сали,лабаратории се користат Гермицидни лампи.
Контрола на стерилизацијата
Контрола на стерилизацијата се изведува на 3 начини:
1. Физички метод се контролира
времетраењето,притисокот, потребна
температура.
2. Физичко – хемиска контрола се користат
индикатори може да се користат термоколор
ленти,сулфурен прав или бензоева киселина.
3. Биолошка контрола се користат спори на
bacillus subtilus.Тие спори се терморезистентни
односно исчезнуваат на 120 ºC .
Стерилизатор за бебешки
Автоклав
шишиња,цуцли

Пастеризација на млеко

You might also like