You are on page 1of 6

Проектна задача по учење преку

работа
Видови и начини на пакување на
материјалот за стерилизација

Ментор: Изработил:
Проф. Марина Поповска Славица Симоноска III4
M.С
Пакување на метеријал по стерилизација
-Пакувањето го штити материјалот од микроорганизми, влага и прашина.
Обезбедува стерилност на материјалот од крајот на самата стерилизација
па се до предвидоениот рок на стерилност.

Видови на пакувања и рон на стерилност

-Разликуваме 2 виде на пакување на материјлаот:


1. Меки-флексибилни

-Производите за флексибилно пакување се однесуваат на употребата на


меки материјали како што се пластични филмови со висока бариера или
метални фолии и нивни композитни фолии за правење кеси или други
форми на контејнери.
-Тие можат да се прилагодат според обликот и големината на материјалите
и предметите кои се стерилизираат. Тие се само за еднократна употреба.

-Во меките или флексибилните пакувања спаѓаат: листови хартија тип


хавана, полипропиленски кеси, чаршафи.
 Листови хартија тип хавана: порите се помали во споредба со оние
на текстилот па затоа има посоодветна микробна бариера. На
одредена температура порите стануваат пропусливи за пареата, а по
завршувањето тие се затвараат. Рокот на стерилност на материјал
спакуван во два слоја хартија е 2 месеци.

Техника на пакување-треба да овозможи лесни отварање на


материјалот во моментот на употреба. Може да биде дијагонално
пакување или во форма на плико, паралелно пакување во форма на
пратка.

 Полипропиленска кеса-погодни се за пакување на инструменти и


преврзочен материјал. Се состои од два слоја еден пластичен и
провиден кој овозможува визуелен увид во пакувањето и другиот
слој кој е од хартија и овозможува продирање на агенсор за
стерилизација. На има индикатор за контрола на стерилизација. Се
затвара со лемење на посебна машина ио е за еднократна употреба

Материјалот спакуван во една пропиленска кеса ќе остане стерилен


1 месец, додека ако е пакуван во две пропиленски ќеси рокот на
стерилност е 6 месеци

 Чаршафи- рокот на стерилност е краток-3дена односно 73 часа


2. Цврсти пакувања

 Барабани- После стерилизација многу е битно да се затвори


решетката со цел да се оневозможи контаминацијата на материјалот.
Рокот на стерилност е 24 часа од моментот на отварање. Доколку не
се отвори може да остане стерилен и до 72 часа.

 Метални касети- рокот на стерилност е 24 часа од моментот на


отварање, доколку не се отвори може и до 72 часа.

 Контејнер- се користи за стерилизација на оперативни сетови од


инструменти. Капакот на контејнерот на внатрешниот раб од
капакот има селиконски слој со помош на кој херметички се затвара.
На капакот има исто и филтри со кои се врши размена на воздух и
пареа под притисок за време на стерилизација, после филтрите се
нерпопустливи за обичниот возух. Рокот на стерилност е 2 месеци.

You might also like