You are on page 1of 4

УЛОГАТА НА ТЕРМОТЕРАПИЈАТА ВО РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА

Примената на топлина претставува една од основните методи во физикалната терапија.


Термотерапија е област на физикалната медицина која се занимава со лекување на болните со
примена на топлина.

Топлината на човечкото тело се пренесува по пат на: кондукција, конвекција и радијација.

Кондукција претставува директно пренесување на топлина од молекула на молекула и се


случува кај цврстите тела. Делот од телото е во директен контакт со загреаното тело.
Топлината преминува од потоплото на постуденото тело, а брзината на преминување зависи
од разликата во температурата и специфичната спроводливост. Кожата и поткожното ткиво се
лоши спроводници на топлина.

Конвекција претставува пренесување на топлина преку медиум кој е во постојано движење,


односно струење (течност, гасови). Така се применува загреан воздух.

Радијација претставува пренос на топлина по пат на електромагнетно зрачење (пр.,


инфрацрвени зраци). Телото не е во директен контакт со изворот на зрачење, туку зраците се
движат оздухот, а кога ќе стигнат до телото се апсорбираат и преминуваат во топлинска
енергија.

Конверзија претставува трансформација на електрична или звучна енергија во топлинска.

Постојат два основни вида на термотерапија: површинска и длабока.

1. Под површинска термотерапија се подразбира примена на надворешна (егзогена)


површинска топлина во лекување, која се пренесува од надворешен извор на топлина со
кондукција и конвекција. При нејзина примена на максимална клинички сигурна доза се
зголемува температурата на површинските ткива на тераписки значајно ниво. Таа може да
биде влажна и сува, во зависност од изворот на топлина.

2. Длабинската термотерапија се однесува на оние видови енергија кај кои топлината


настанува во организмот со трансформација (конверзија) на електричната или звучната
енергија (ендогена топлина). Извори на таква енергија можат да бидат електромагнетни
(дијатермија) или акустични (ултразвук).

Под термотерапија обично се подразбира примена на егзогена површинска топлина која се


добива од загреани тела. Тие тела служат како преносители на топлина и се нарекуваат
термотераписки средства. Како пренесувачи на топлина се применуваат оние тела кои имаат
голем топлотен капацитет и мала топлотна спроводливост, односно оние тела кои при
загревање се во состојба да примат големо количество топлина и потоа таа топлина постепено
да ја пренесат на организмот во контакт со него. Температурата при која организмот во
контактот со топлинскиот медиум најмалку прима, односно најмалку оддава топлина се
нарекува индиферентна температура. Таа е различна за различни медиуми: за воздух е 22ºС,
за парафин 52-54ºС, за пелоиди 38-39ºС, за вода 34-35ºС. При таа температура организмот не
чувствува ниту топло, ниту студено. Телото чија температурата е пониска од индиферентната,
организмот го чувствува како студено, а телото чија температура е повисока, како топло. Сепак,
индиферентната температура има релативно значење, температурата на кожата на различни
делови од телото е различна. Таа бидејќи зависи од циркулацијата на крвта, метаболизмот и
условите на надворешната средина. Точка на толеранција за топло и студено е онаа
температура која не го загрозува животот на клетките од ткивата и не доведува до појава на
болка. Температури над овие граници можат да доведат до трајни оштетувања на ткива или
органи. Точката на толеранција изнесува: за воздух 100ºС, за парафин 65-70ºС, за пелоиди 50-
53ºС, за вода 43-46°C.

Топлински агенси

Во медицински цели се користат различни извори на топлина: природни и вештачки.

Природни извори се сонце, гејзери, топли минерални извори.

Вештачки извори можат да бидат оние кои само оддаваат топлина: инфрацрвена ламба,
електрично перниче, различни печки на внатрешно согорување, или, пак, секундарни кои
пренесуваат топлина која претходно ја примиле како пелоид, парафин, песок, топла вода,
термофор. Тие се делат и на суви и влажни облици на термотерапија. Во суви форми на
термотерапија спаѓаат: термофор, песок, парафин, ќерамида, тула, електрично перниче, сув
воздух, светлински бањи, а во влажни форми на термотерапија спаѓаат: пелодни пакувања,
компреси, триење, локални општи бањи, парни бањи, тушеви. Комбинирана форма на сува и
влажна топлина е сауната.

ТЕРМОТЕРАПИСКИ ПРОЦЕДУРИ ПАРАФИНОТЕРАПИЈА

Парафинотерапија претставува распространета, евтина и едноставна физикална процедура.


Парафинот претставува смеса од високомолекуларен јагленоводород кој се добива со
преработка на нафта и црн јаглен. Во тераписки цели се користи прочистен медицински
парафин, кој е една провидно беличеста кристална маса, во цврста состојба, без вкус и мирис,
масен под прсти. Се топи на температура од 45 до 52 с.

Парафинот се применува загреан на температура од 52 до 60 С. кога нема опасност од


изгореници. Индиферентна температура за парафин е 52°С. Точка на толеранција за парафинот
е од 65 до 70ºС, и тоа е максималната температура која организмот може да ја поднесе без да
почувствува болка и без да се појават изгореници. Притоа треба да се внимава температурата
на кожата во сите регии на телото да не е еднаква, а од друга страна, мора да се внимава кај
пациенти со нарушувања на сензибилитетот.

Парафинот се одликува со голем топлотен капацитет (способност за примање на големо


количество топлотна енергија при топење), ниска топлотна спроводливост; не се раствора во
вода и не се меша со неа: при ладење постепено се стега, го намалува волуменот и др.
Парафинот се загрева (топи) индиректно, во специјални садови или казани со двојно дно,
помеѓу кои се наоѓа дестилирана вода.

Парафинот се загрева до температура од 100ºС, за да испарат евентуално присутните капки од


вода, а потоа се лади. При недостиг на термометар. појавата на една тенка кора на
површината на парафинот може да послужи како ориентација дека температурата е погодна
за примена. Потребни се околу 2 часа за парафинот да биде подготвен за апликација. За да
има парафинот подобра еластичност, може да се стави и помало количество на парафинско
масло, кое ја подобрува еластичноста и хомогеноста на парафинот. Дури се препорачува
соодносот да биде 7:1 или 6:1. Парафинот во растопена состојба не смее да дојде во допир со
вода, бидејќи има различен топлотен капацитет, така што и капка вода може да доведе до
појава на изгореница.

Физиолошко и тераписко дејство

Парафинот има топлотно дејство, а со негово ладење доаѓа до појава на негово собирање и
стврднување, така што тој дејствува и механички - компресивно. Компресијата на
проширените капилари овозможува порамномерно и подлабоко продирање на топлината.

Парафинот доведува до вазодилатација, го намалува отокот локално, дејствува аналгетски и


спазмолитички. На кожата дејствува поволно, при што ја подобрува нејзината трофика, тургор
и еластичност. Начини на примена Пред лекување треба да се провери површината на која
треба да се аплицира парафинот, на неа да нема инфекција, повреда или, пак, нарушување на
сензибилитетот за топлина. Ако постојат помали повреди, можат да бидат повеќеслојна газа.
препокриени со непропустен материјал, како што е пластичен фластер.

Чувството кое болниот го има при примена на загреан парафин на кожа во почетокот е
жештина, но не толкава да предизвикува болка, а по 3 до 5 минути пријатна топлина.

Парафинот може да се примени на неколку начини:

1. Апликација 2. Имерзија 3. Компреса 4. Калап

1. При апликација парафинот се нанесува со широка четка со кратки влакна, со голема


површина на премачкување. Се нанесува во повеќе слоеви, дури и до 12, додека да се
постигне дебелина од 1 до 2 см. Апликација на лице се нарекува парафинска маска, во
дебелина на слој од 0,5cm, и може да се примени во тераписки и козметички цели. При
апликација треба да се заштитат очите, носот и устата. Пожелно е за таа цел да се користи
козметички парафин. На лице понекогаш може да се користи и компреса.

2. Имерзија се применува на шака или стапало со повеќекратно потопување (8-10 пати) на дел
од екстремитетот во лонецот со парафин. При нанесување на шака, прво се потопуваат
прстите, потоа дланката и на крај коренот на шаката. Со интермитентна имерзија се добива т.н.
,,парафинска ракавица".

3. Компресите претставуваат повеќеслојни гази со различни димензии, потопени во растопен


парафин на температура од 55 до 60ºС, кои се поставуваат на регијата која се третира, или, пак,
се обвиткува регијата во неколку слоја.

4. Апликација во вид на калап се прави така што парафинот се налева во специјални кеси, а
потоа се става шаката или стапалото во кесата. При нанесување на парафин слојот не смее да
биде помал од 1 cm, освен кај фацијална маска, а може да биде и до 2-3 cm. Од местото на
апликацијата треба да се извади метален накит или метален предмет, бидејќи тие можат да
доведат до појава на изгореница. Треба да се внимава на превоите на зглобовите кои се
поосетливи од други регии. Аплицираниот дел од телото се обвиткува со пластична фолија,
потоа со памучна или волнена крпа. Апликацијата трае од 20 до 40 минути. Во пределот на
апликацијата кожата е топла, црвена, еластична, влажна и оросена со капки пот. За да се
спречи разладувањето на тој д и по апликацијата тој треба да биде прекриен со облека или
обвиткан, во траење од 20 до 40 минути, за постепено да се лади, бидејќи не треба на настане
нагла вазоконстрикција.

Индикации: посттрауматски состојби со контрактури на зглобови, по контузии, дисторзии,


луксации, фрактури, фиброзни контрактури, анкилозантен спондилитис, периартрит,
миофиброзит, лузни по изгореници, келоиди, артрози, спондилози, кулопатија, неврит и
невралгии, пареза на n. facialis, хронични воспаленија на женски полни органи, освен
туберкулоза. тромбофлебит, ендартеритис, заразни заболувања, фебрилни состојби.

Контраиндикации: заболувања во акутен стадиум, проширени вени, рење и сколност кон


крварење, малигни тумори, туберкулоза, декомпензација на срце.

Хидрокалатор

Хидрокалатор претставува апарат сличен на метален казан со волумен од околу 150 Л. Во него
се наоѓаат дваесеттина компреси од специјална ткаенина која е отпорна на топлина и
механички влијанија, во кои се наоѓа хидрофилен силикатен гел бентонит. Тие се со различна
форма и големина, во зависност од тоа на кој дел од телото се наменети. Компресите се
користат на околу 40ºС, при што се обвиткуваат со крпа и се поставуваат околу делот од телото
кој треба да се третира. Температурата на кожата достигнува максимум по 8 минути.
Процедурата трае 20-30 минути.

Термофор

Термофорот е направен од гума, со волумен од 2 Л. Во термофор се става загреана вода и


добро се затвора со затворач, се обвива со некоја ткаенина и се става на одреден дел од
телото на кое останува додека не почне да се лади водата во него. По потреба постапката
може да се повтори повеќе пати.

Предност на оваа метода е што е многу едноставна, може да се примени на секое место.
Термофорот зрачи инфрацрвени зраци со бранова должина кои имаат само површински
ефект, така што загревањето во длабочина е минимално. Термофорот може да се комбинира
со влажни компреси, бидејќи влажната топлина подобро се поднесува.

Електрично перниче и ќебе

Електрично перниче сè повеќе се користи за домашно лекување. Тоа е дебел слој на ткаенина
во кој се наоѓа добро изолирана жица. Низ неа се пропушта струја од градската мрежа, со цел
загревање. Обично постојат три степени на загревање, што се регулира со прекинувач. И тука
дејствуваат инфрацрвени зраци со голема должина, така што нивната продорна моќ е многу
мала.

You might also like