You are on page 1of 2

Прашања по физикална терапија- Милена Зифовска – III7

Теми:Парафинотерапија,Дејство на сауна,Криотерапија

1. Што претставува парафинот? Парафинот претставува смеса од


високомолекуларен јагленоводород кој се добива со преработка на нафта и
црн јаглен. Се користи во медицината,козметиката и индустријата
2. Каков парафин се користи во тераписки цели? Во терапевтски цели се
користи прочистен медицински парафин,кој е една проѕирна,бела,кристална
маса во цврста состојба вез вкус и мирис.
3. На која температура треба да се загрее парафинот за да може да се
примени? Парафинот се применува загреан на температура од 52-60 степени.
4. Наброј три својства на парафинот?
Својства на парафинот се:
• Има голем топлотен капацитет
• Ниска топлотна спроводливост
• Слабо спроведува топлина
5. Наброј индикации и контраиндикации за парафнотерапија?
 Индикации: контузии,дисторизии,луксации,фрактури,лузни по
изгореници,келоиди (кожни лузни),
артрози,спондилози,неврит,невралгии,пареза на n.facialis и др.
 Контраиндикаии: Заболувања во акутен стадиум,проширени
вени,тромбофлебит,заразни заболувања,фебрилни
состојби,крварења,малигни тумори,туберкулоза.
6. Што претставува сауната? Сауната претставува специјален вид на парна
комора,која е изградена од дрво,со под и клупи од дрво.
7. Колку трае престојот во сауна и која температура на организамот се
постигнува при седењето во сауна? Престојот во сауна трае од 20-30 мин,при
што температурата на организмот е 39°C
8. Какви примени настануваат на кожата и покткожно ткиво при престој во
сауна? Во кожата и поткожното ткиво се јавува вазодилатација,циркулацијата
се зголемува за 2-3 пати.Се јавува потење така што возрасно лице излачува
0.5-2 литри пот.
9. Какви промени настануваат на белите дробови при вдишување на воздухот
во сауната? Со вдишување на загреан воздух се прошируваат бронхиите и се
намалува секрецијата и се зголемува размената на гасови во алвеолите.
10. Што се постигнува со потењето? Со потењето се излачува
уреа,креатин,јони на натриум,калциум,хлор и настанува лесна дехидратација.
11.Наброј ги фазите кои настануваат во текот на процедурата во сауна?
краткотрајна адаптација,интензивно загревање и излез од хипертермија.
12. Наброј индикации и контраиндикации за сауна?
 Индикации за сауна: остеоартрит,ревматоиден
артритис,спондилитис,асма,хроничен бронхит,
 Контраиндикации за сауна: акутни воспаленија,фебрилни
состојби,коронарна болест,срцева инсуфициенција,дијабет,психози.
13. Што е криотерапија? Криотерапијата претставува локална примена на
мраз,на температура од 0-4 °C во лекување на одредени повреди и
заболувања.
14. Кај кои лица не се применува криотерапија? Кај лицата со
артеросклероза,со дијабет не се применува криотерапија бидејќи може да
дојде до оштетување на ткивото.
15. Како дејствува криотерапијата?
Криотерапијата главно дејствува:
 антиедематозно (го намалува отокот),
 аналгетски (ја намалува болката)
 спазмолитички ( го намалува смазамот).
16. Каде може да се спроведе апликацијата на криотерапија и од страна на кој?
Апликацијата може да се спроведе во сала за кинезитерапија,во просторија за
физикална терапија,но и во домашни услови.Криотерапијата може да ја
примени терапевтот или самиот пациент.

You might also like