You are on page 1of 10

Балнеотерапија

Што е Балнеотерапија?
 Балнеотерапија е дисциплина која ги проучува природните
лековити фактори. Балнеотерапија е користење на
природни лековити фактори во профилакса и во тераписки
цели.
 Тоа се посебен вид на подземни води кои во вид на извори
избиваат на површината на земјата, а содржат растворени
минерални материи или гасови за кои е утврдено дека
имаат тераписко, лековито дејство.
 Основните параметри кои ги карактеризираат се:
 -вкупна минерализација
 -јонски состав
 -содржина на гасови
 -содржина на микроелементи
 -концентрација на радиоактивност
 -температура
 -pH реакција
 Вкупната минерализација ја сочинуваат анјони и катјони и
недисоцирани молекули, изразена во грами на 1dm3
вода.
 Најважни гасови се јаглерод диоксид, сулфурводород и
радон. Радон е еманација на радиум и од него потекнува
радиоактивноста чија концентрација е изразува во
Bq/dm3.
 Температурата во минералните води на изворите е
различна. Студени се сметаат водите до 20C, а топли,
термални, се оние со температура повиока од 20C.
 Термалните води се делат на хипотерми (21-30C),
изотерми(31-40C) и хипертерми (повеќе од 40C)
 Според pH реакцијата,тие можат да бидат:
 -киселини(pH под 6,8)
 -неутрални(pH од 6,8 до 7,2)
 -алкални(pH над 7,2
Според класификацијата по Квентин,
минералните води се делат во 4 групи.Води
кои содржат над 1g/dm3 растворени цврсти
материи, а карактерот на водата се одредува
според јоните кои ги содржи. Тука спаѓаат:
Хидрокарбонантни води, Сулфатни,
Хлоридни и Акратотерми.
Хидрокарбонатни води
 Натриум-хидрокарбонатни(алкални)
 Калциум-магнезиум-хидрокарбонатни(земноалкални)
 СУЛФАТНИ ВОДИ:
 Натриум-сулфатни(салинични)
 Магнезиум-сулфатни(горки)
 ХЛОРИДНИ ВОДИ:
 Натриум-хлоридни(муријатични или солени)
 Микроелементи,води кои содржат материи што се биолошки активни во мали
количества,тука се вбројуваат:Сулфурни води,со најмалку 1 mg/dm3 титриран
сулфур,Јодни води,со најмалку 10mg/dm3 јод,Железни води,со најмалку 10mg/dm3
желзо и Арсенски води со најмалку 0,7 mg/dm3 арсен
 Минерални води кои содржат растворени гасови се:
 Јаглеродно-кисели води,кои содржат над 1 mg/dm3 слободен CO2.
 Радиоактивни води,со радон чија концентрација на активноста изнесува најмалку
50 Bq/dm3.
 АКРАТОТЕРМИ:
 Содржат помалку од 1g/dm3 растворени материи,со температура повисока од 20C.
Како се користат минералните
води?
 При надворешна примена на минералните води кожата
прима и ги трансформира сите видови на дразба –
термичка, механичката и хемиска, од каде тие по
неврохуморален пат се пренеуваат на соодветните органи
и системи. Притоа во кожата се создаваат биолошки
активни материи: ацетил-холин, хистамин, серотонин и
др.
 Во вид на лекување со пиење, минералните води главно
се користат поради дејството на секреција и мотилитетот
на гастроинтестиналниот и хепатобилијарниот тракт.
Притоа тие дејствуваат хемиски, осмотски и топлински.
 Водите со инхалирање се применуваат во вид на аеросол,
обично добиен вештачки со помош на уред за
распрснување. Обично е применуваат води кои дејтвуваат
секретолитично: хидрокарбонанти, јодни, натриум-
хлоридни, води со радон и јаглероден диоксид.
Ви благодарам на Вниманието!!!

You might also like