You are on page 1of 35

ИСХРАНА И ДИЕТЕТИКА

Предавање 1
ОСНОВНИ СОСТОЈКИ НА ХРАНАТА
 Внесувањето на храна во човечкиот организам се вика исхрана.
 Основните животни намирници според потеклото можат да бидат, и
тоа од:
1. растително и
2. животинско потекло.

 Повеќето од нив во дигестивниот систем трпат големи промени и тоа:


се разградуваат на попрости делови, а потоа се разложуваат на ситни
честици кои организмот може да ги прифати.

 Основни состојки на храната се: вода, јаглехидрати, масти, протеини,


витамини, есенцијални аминокиселини и минерали.

 Секоја од овие основни состојки на храната има свое влијание и


значење врз човечкиот организам.
Вода (H2O)
 Водата е основен составен дел на секоја жива материја. Без неа
нема живот. Таа сочинува 70% од вкупната човечка телесна тежина
(во екстремни случаеви, кај медузите, тој процент изнесува 97%).

 Во човечкиот организам водата е распоредена така што 50%


влегува во состав на клетките, 15% се наоѓа во таканаречена
интерцелуларна течност и 5% во крвта. На возрасен човек му е
потребно околу 40 g вода на 1 kg телесна тежина.

 Поради постојаното движење во организмот водата ги напојува


органите низ кои поминува и ја обновува течноста во нив; од
телото се отстранува преку урина (20 g/kg дневно) или фекално (2
до 4 g/kg дневно), преку белите дробови во вид на водена пара (6
g/kg дневно) или преку кожата со потење (10 g/kg дневно).
 За време на тешка физичка работа или во земјите со тропска клима
со појако потење може забележително да се зголеми губењето на
водата од организмот. Во посебни услови, при појако напрегање и
голема топлина, организмот може да загуби и до 15 l вода дневно,
што е 10 пати повеќе од количината која просечно се внесува во
телото.

 Внесувањето на течност во организмот треба да се прилагоди на


условите на живот на секој поединец, бидејќи постои опасност од
разни видови дехидрација.
 Дехидрацијата на организмот се познава по млитавата и сува кожа,
поради губење на интерцелуларната течност која го напојува
поткожното ткиво.

 Покрај за пиење, водата се употребува и за други цели. Водата се


троши во големи количини во земјоделството, сточарството, во
производството на суровини, за одржување на чистотата во
просториите во кои се живее, за хигиенски потреби и сл.
 Хранливите материи кои имаат енергетска улога во човечкиот
организам, се внесуваат како основни, и при нивно согорување во
организмот ослободуваат одредена енергија, и тоа:

 1 грам јаглехидрати ослободува 4 kcal или 16.748кЈ,


 1 грам липиди ослободува 9 kcal или 37.683кЈ,
 1 грам протеини ослободува 4 kcal или 16.748кЈ
1 kcal = 4.1868 kJ
 Калориите се мера за потенцијална енергија во храната.Во техничка
смисла,една калорија е количество енергија потребно за кревање на
температурата на еден грам вода за еден степен.
 Без оглед на работата која ја извршува човекот, за нормално
функционирање на човечкиот организам потребно му е најмалку
1600 калории = 6699.2 КЈ дневно. Тој минимум, кој ја обезбедува
циркулацијата на крвта и работата на дишните органи, се нарекува
базален метаболизам.
 Меѓутоа, губењето на енергија поради движење 250 до 450 калории,
варењето на храната 200 калории и хомеотермија 200 калории е
околу 800 калории дневно.
 Возрасен човек кој недоволно се движи (интелектуалец,
канцелариски службеник) мора, значи секојдневно да внесува во
организмот енергетски материи најмалку од 2200 до 2700 калории.
 Кај некои работници, кои за време на работата трошат голема
физичка снага, нивните потреби се зголемуваат на 4000 па дури и
5000 калории дневно (кај дебелите физички работници).

 65 kcal спиење
 118 kcal читање на глас
 144 kcal миење садови
 170 kcal едноставни вежби
 450 kcal сложени вежби
 чистење со правосмукалка (20 минути-80 kcal)
 1100 kcal качување по скали
 600 kcal скијање
 550 kcal скокање со јаже
 500 kcal пливање и планинарење
 410 kcal возење велосипед
 300 kcal брзо одење (6 km/h)
 122 kcal пеење
 120 kcal пишување
*способност за одржување на t=const.
* http://nutritiondata.self.com/
Јаглехидрати
 Јаглехидратите се сложени органски соединија со големо значење
за човекот. Се познати како глициди или шеќери се органски
соединенија изградени од: C, H и O, со општа хемиска формула
Cn(H2O)n

 Карактеристично за јаглехидратите е што можат да се сврзат со други


органски материи и да градат комплекси (со протеините градат
гликопротеини, со липидите градат гликолипиди и сл.)

 Во клетката, јаглехидратите се јавуваат како главен извор на енергија,


а претставуваат и важен градбен материјал на клеточните структури и
лесно можат да се складираат како резервни материи.
 Прости (основни органски соединенија), или моносахариди (CH2O)
се делат на:
 триози
 тетрози
 пентози (C5H10O5) во кои спаѓаат: арабиноза, ксилоза, рибоза и
дезоксирибоза
 хексози (C6H12O6) во кои спаѓаат: глукоза – гроздов шеќер и
фруктоза – овошен шеќер.

 Сложени (производни јаглехидрати), се делат на:


 олигосахариди во кои спаѓаат јаглехидрати кои се составени од
два, три или четири прости шеќери, во кои спаѓаат дисахариди
(сахароза – обичен шеќер, малтоза, лактоза), трисахариди
(рафиноза ) и тетрасахариди;
 полисахариди кои се составени од голем број молекули на
моносахариди, во кои спаѓаат скробот n *(C6H12O6 ) и целулозата n
*(C6H10O5)
 Единствено моносахаридите се апсорбираат директно, без промени
во дигестивниот тракт, додека дисахаридите и полисахаридите
мораат претходно, во текот на варењето со нивно разградување се
претворат во глукоза.

 Метаболизмот на глицидите го контролираат различни хормони од


кои најважен е инсулинот, кој го лачи панкреасот. Инсулинот служи за
пренесување на глукозата од крвта во клетките, и со неговото
присуство се врши намалувањето на гликемија, т.н. хипогликемија.
Спротивно од тоа, намаленото лачење на инсулин, односно неговото
губење, доведува до зголемување на гликемијата или
хипергликемијата поради неговата недоволна искористеност, што се
манифестира како шеќерна болест – Diabeis melitus.

 Глицидите се основни енергетски резерви на живите организми.


 При катаболитичките процеси првенствено се разградуваат
јаглехидратите, потоа мастите и на крај протеините.
Маснотии (Липиди)
 Соединенија кои во својот состав имаат алкохоли и виши масни
киселини меѓусебно поврзани со естерска врска (естри).
 Група на органски соединенија кои не се растворливи во вода, а се
раствораат во органски растворувачи (етер, ацетон, хлороформ и др.)

Маснотиите се заеднички поим за масти и масла и се делат на:


 прости масти (создадени со спојување на молекулите на масните
киселини со глицерин);
 естери на стеролот (масни киселини со дериват на холесторолот)
 комплексни масти (масти кои во својот состав содржат и немасна
компонента).

 Цревата на човекот директно апсорбираат само масни киселини и


глицерин, што значи, улогата на органите за дигестија се состои во
разградување на сложените маснотии до глицерин и масни
киселини.
 Хемискиот состав на маснотиите е карактеризиран со естерска врска
помеѓу глицеринот (тривалентен алкохол) и вишите масни киселини.
 Процесот на естерификација е даден со равенката:

CH2 ˗˗ CH + HOOC C17H35 CH2 ˗˗ O ˗˗ OC17H35


| |
CH ˗˗ OH + HOOC C17H35 = CH ˗˗ O ˗˗ OC17H35 + 3H2O
| |
CH2 ˗˗ OH + HOOC C17H35 CH2 ˗˗ O ˗˗ OC17H35

Глицерин + масна киселина = липид + вода


Масните киселини се делат на:

 заситени (чии јаглеродни атоми меѓусебно се врзани со единична


врска),
 незаситени (кај кои во синџирот на јаглеродните атоми во
молекулата постои двојна или тројна врска, една или повеќе).

 Незаситеноста на масните киселини се мери: со индекс на јод (кој е


многу поголем доколку бројот на незаситени киселини е поголем) и
индексот на рефракција е многу поголем доколку молекулот е
потежок, а со самото тоа молекуларниот синџир е подолг.
 Односот меѓу незаситени масни киселини и заситени масни
киселини е многу важен и при правилна исхрана треба да се движи
околу 0,5.
 Топлината предизвикува брзо разградување на незаситените
масни киселини. Заради тоа растителните масти, при процес на
загревање, ги губат хранливите особини. Затоа треба да се јадат
ладни и потполно непреработени, добиени со ладна преработка
на суровините.

 Со споредба на заситените и незаситените масни киселини може


да се утврди дека незаситените масни киселини полесно се
раствораат, имаат пониска специфична маса, пониска точка на
топење, полесно подлегнуваат на хемиски промени, така што во
присуство на катализатор преоѓаат во соодветна заситена масна
киселина. Оваа појава се вика хидрогенизација.
Белковини
 Белковините се сложени хемиски соединенија чии молекули
настануваат, со поврзување на молекули на аминокиселини.
Основни карактеристики?
 во хемискиот состав на белковините влегуваат следниве елементи C,
H, N, O, S, P.
 под дејство на киселини, бази, протеолитички ензими, белковините
со хидролиза се распаѓаат на аминокиселини.
 под дејство на соли, белковините се таложат, а во органските
растворувачи, алкохол, ацетон, хлороформ, не се растворуваат.
 аминокиселини се соединенија кои содржат амино група (-NH2) или
карбоксилната група (-COOH). Нивната главна улога е да се изгради
протеини, иако постојат аминокиселини кои не се вклучени во
составот на протеините и се нарекуваат непротеински
аминокиселини.
 Протеините се основни градбени материи на живите организми.
 Одредени аминокиселини човечкиот организам не може да ги
синтетизира и ги прима преку храната од животинско и растително
потекло. Овие аминокиселини се неопходни за раст и развој на
човечкиот организам и се наречени есенцијални аминокиселини.

 Протеините, како такви, не можат никогаш да поминат низ


слузокожата на цревата, освен во првите години од животот кога
големата пропустливост на слузокожата овозможува поминување
на имунитетните протеини од мајчиното млеко; тие на
новороденчето му даваат имунитет кој мајката го стекнала со
преболување на некоја заразна болест.
Минерални материи
 Минералните материи се составен дел на човечкиот
организам, на животинскиот и на растителниот свет и имаат
многу важни функции.

Улогата на минералните материи во организмот е:


а) минералните материи влегуваат во составот на коскеното ткиво и ја
чинат половината на цврстите материи на коските;
б) некои елементи влегуваат во составот на органските соединенија
(железото во хемоглобинот, јодот во тироксинот итн.);
в) различните минерални материи влегуваат во составот на телесните
сокови и регулираат многу функции на органите (регулација на
нервниот и мускулниот состав, осмотскиот притисок итн.).

Извесни минерални материи во живиот свет се распространети во


големи количества (Ca, P, Na, Mg, К, S ), а се викаат макроелементи, а
други во многу мали количества (Fe, Co, Cu, Zn, Mn, Mo, F, J ) и се
викаат микроелементи.
 Натриум хлорид (кујнска сол) е соединение на два различни хемиски
елемента, хлор и натриум.
 Дневната количина од 6g сол, доволна е да ги подмири човечките
потреби.
 Во исклучителни услови за време на физичко оптеретување на голема
жештина губењето може да достигне и до 15 l течности дневно, тогаш
се губи 15 до 20g сол. Во такви случаи треба да се надомести не само
течноста, туку и солта, затоа што во спротивно постои опасност од
помалку сол при што се чувствува: замор, чувство на гадење, губење на
апетит.
 Заради тоа течностите кои ги употребуваат работниците во земјите со
топла клима мора да содржат извесна количина сол.

 Калциум (Cа) е неопходна минерална материја. Се таложи на


основната материја на коските, обезбедувајќи им на костурот и забите
цврстина и тврдост. Количината на калциумот кој на таков начин се
таложи на коските на потполно здрав возрасен човек, изнесува околу
800g, односно 99% од вкупната количина на калциум во неговиот
организам.
 Ако во исхраната недостасува калциум, тогаш намалената количина
на тој минерал ќе се манифестира со недоволна цврстина на коските,
односно по извесно време тие омекнуваат.
 Некои продукти содржат некои својства кои го ограничуваат
ресорбирањето на калциумот. Тоа се однесува на калциумот од
растителниот свет, на пр. од спанакот и репката, оксална киселина го
забрзува таложењето на калциумот.
 Главни извори на калциум во храната се полномасното млеко и
млечните производи.

 Фосфор (P). Како што покажува односот Ca/P, фосфорот во секој дел
од организмот претставува дополнување на калциумот, особено во
коските каде во облик на калциум фосфат се наоѓа во количина од
450g, а тоа е 99% од вкупниот фосфор во организмот. Во крвта,
фосфорот циркулира во растворена состојба и го има околу 3 до
4,5mg на 100ml. Учествува во создавање на основни молекули на
јадрата на сите клетки; со фосфор особено е богато нервното ткиво.
 Магнезиум (Mg). Кај магнезиумот мерките на ресорпција се доста
слични со ресорпциите на калциумот. Во крвта магнезиумот се наоѓа
во количина помеѓу 1,9 и 2,5mg/100ml. Тој е од голема важност за
биолошката рамнотежа. Се чини дека долговременски недостаток на
магнезиум е погоден за развој на некои канцерогени заболувања.

 Јод (Ј). За здравјето на човекот доволни се мали количини на јод, кој


делува на работата на тироидната жлезда, и затоа 0,22% од вкупната
тежина на оваа жлезда ја сочинува јод чија количина во организмот
на постар човек достигнува од 40-50mg. Недостатокот на јод се
манифестира со успорена работа на тироидната жлезда,
хипотироидизам, чии најчести симптоми се гушавост, односно
зголемување на тироидната жлезда (ова појава се отстранува со
додавање јод во кујнската сол - јодирана сол).
 Калиум (К). Потребата на организмот за калиум е околу 1 до 3g
дневно. Најголем дел од калиумот се наоѓа во внатрешноста на
клетките. Колку што е поголема количината сол која се консумира,
толку е поголема потребата за калиум. Овошјето, зеленчукот и
интегралните житарици содржат големи количини калиум.

 Сулфур (S). На организмот му е потребна количина од 5g дневно; ако


е исхраната разновидна, таа потреба е сосема задоволена и во
организмот се наоѓа околу 100g сулфур. Тој влегува во составот на
многу протеини, посебно во некои есенцијални аминокиселини
(метионинот и цистеин).

 Железо (Fе). Железото е уште еден потребен микроелемент во


исхраната. Негова задача е да учествува во создавањето на
молекулот на хемоглобинот кој го транспортира кислородот и
јаглеродниот диоксид од белите дробови до клетките и обратно. Се
проценува дека организмот може да раствори, односно корисно да
употреби, од 10 до 70% железо од исхраната, но под услов да биде
разновидна.
Витамини

 Витамините се органски материи неопходни за нормална работа


на живите клетки, бидејќи регулираат важни физиолошки функции
во организмот, па затоа се викаат и биокатализатори.
Витамините лесно се уништуваат.
 Светлината ги разградува витамините A, B2, и K,
 Ултравиолетовите зраци ги уништуваат витамините B6 и H (биотин),
 Кислородот од воздухот ги напаѓа витамините A, C, D и E, а на
повисока температура ја губат активноста витамините B и C,
додека во присуство на тешки метали железо и бакар (Fe, Cu) се
разградуваат витамините C и E.
 За време на некои терапии може да се уништи цревната флора (на
пр. кога се примаат некои антибиотици), па мора да се примаат и
витамини или намирници кои ќе ја обноват (на пp. млечно-кисели
бактерии) и сл.
 Според растворливоста се делат на: хидросолубилни (растворливи во
вода) и липосолубилни (растворливи во масти).

 Витамини растворливи во вода


 витамини од групата на B – комплекс,
 витамин B1 (тиамин),
 витамин B2 (рибофлавин),
 витамин B6 (пиридоксин),
 витамин B3 (пантотенска киселина),
 витамин B12,
 инозитол,
 витамин C (аскорбинска киселина),
 ниацин (никотинска киселина) PP фактор,
 витамин H (биотин),
 холин,
 пара – аминобензоева киселина,
 фолна киселина.

 Витамини растворливи во масти


 витамин A (аксерофтол),
 витамин D,
 витамин E,
 витамин K.
Фактори од кои зависи исхраната
 Прилагодувањето на храната и на пијалоците, кон личните потреби
на секој поединец, како и нивниот квалитет и квантитет, се особено
важни. Недоволното, или пак, претераното консумирање на храна и
пијалоци, предизвикува различни тешкотии (на пр. промена во
растот на човекот, заболувања и сл.)

 Многубројни фактори влијаат врз исхраната на човекот како


поединец, како семејство и како општествена целина, и тоа:
 географски фактори (климата и географската положба)
 општествени фактори, како што се регионалните и семејни обичаи,
верските обичаи или едноставно традицијата која е претежно од
идеолошки карактер, како што е случајот со вегетаријанците, или
приврзаниците на јогата.
 индивидуалните фактори; тие всушност се и најразлични, бидејќи
зависат од слободниот избор на поединецот. Постојат и некои
посебни состојби, како физичкото напрегање, бременоста и доењето.
Влијание на географските фактори врз исхраната
 Температура - работата на ниска температура условува посебна
исхрана, условена од зголемената потрошувачка на калории заради
губење на топлината. Внесувањето на алкохол во организмот, во
многу студено време, е штетно и треба да се избегнува, бидејќи
после неговото консумирање човекот е многу поосетлив на
студенилото. Само топлите напитоци – безалкохолни, но не многу
врели - ќе дадат закрепнување во такви ситуации. Кога станува збор
за оброците, се препорачуваат богати, но не преобилни оброци;
 За време на работа на висока температура се појавува проблем за
отстранување на внатрешната температура на организмот. Всушност,
кога температурата на околината ја достигне или надмине
внатрешната температура на телото на човекот, нејзиното
снижување не може да се постигне со нејзино ослободување, ниту
пренесување; според тоа единствен начин човекот да се ослободи од
прекумерната топлина е потењето - испарувањето на вода. Значи,
калориите се губат со потење.
 (Со испарување на еден литар вода се губат 580 калории).
 Режимот на исхрана на лицето, кое работи во услови на висока
температура, мора така да се усогласи за да го надомести губењето на
течности од организмот и истовремено да обезбеди соодветна
количина на натриум хлорид (од 2 со 30 грама дневно).
 Прекумерното губење на натриум хлорид (готварска сол) брзо се
манифестира со различни тегоби, како: чувство на слабост и замор,
отсуство на апетит, чувство на гадење, а со тоа и опаѓање на физичката
и работната способност.
 Ако пак губењето на натриум хлорид е пропратено со недостаток на
течности се јавува и грчење на мускулите. Дехидратацијата набрзо ќе
предизвика постепено намалување на количината на крв, зголемена
температура на телото, и на крај, со смртоносен застој на крвотокот.
 Единствен услов да се избегне дехидрацијата која настанува како
резултат на интензивен физички напор при висока температура е
постојано обновување на изгубената течност со додавање во храната
доволна количина на натриум хлорид.
 Надморска висина - доколку надморската висина е поголема има
помало количество на кислород и пониска температура.
 Покрај тоа, на поголема надморска височина конфигурацијата на
земјиштето е неправилна, што значи дека мора да се качува по
стрмнини, а со тоа да се троши повеќе енергија во услови во кои
воздухот е доста сиромашен со кислород и во кои владее поостар или
поблаг студ.

 При работа на голема височина најважно е:


 потребата за пропорционално зголемување на количините на
глициди;
 сварливост на храната;
 губење на водата при напрегањето;
 ацидо - базната рамнотежа; и
 витамините.
Избалансирана исхрана
 Исхраната на човекот се состои, пред се, од конзиумирање на
течности (особено вода) потоа, енергетски материи, глициди, липиди
и протеини – витамини и минерални соли. Од правилната
распределба -избалансираност на тие различни составни делови во
храната, која човекот ја конзумира, ќе зависи нејзината
врамнотеженост на исхраната.

Распределеност на оброците во текот на 24 часа


 Оброците треба да бидат еднакви и временски правилно
распоредени. Најважно е да се внимава на соодветната калорична
вредност на намирниците. Ретки оброци се исто така штетни како и
кога се преобилни и чести.
 Три оброци, појадок, ручек и вечера се задолжителни, а ужина во 10
часот претпладне или во 17 часот попладне е корисна под услов да не
содржи голем број на калории. За постарите лица е препорачливо да
јадат почесто, а затоа оброците да бидат полесни.
 Доручекот треба да биде најобилен, потоа ручекот, а вечерата да не е
преобилна и да не се зима касно навечер.
 Неактивни луѓе - на возрасните неактивни луѓе рамнотежата на
исхрана ќе биде воспоставена со внесување во организмот на
ограничена количина глициди и липиди и обилна количина на
протеини. При тоа треба да се води сметка за потребниот процент на
витамини и минерални соли, а посебно на целулозата бидејќи,
заради недоволниот физички напор, луѓето кои претежно седат
зболуваат од хронична констипација.

 Тешки физички работници - кај некои мануелни работници кои на


работа трошат голема физичка сила, потребите за енергетски
суровини можат да достигнат од 4000 до 5000 калории дневно.
Процентот на протеини ќе биде зголемен, а исто така и процентот на
глициди и липиди, но не во процент колку протеините. Многу е
важно да се надомести водата (која се губи при потењето и
дишењето на кожата) со зголемување на количината на напитоци,
вклучувајќи ги и солените напитоци. На тој начин се надокнадуваат
освен потребите за вода и потребите за натриум хлорид (сол).
 Атлетичар за време на натпревар - Спортските натпревари условуваат
долготрајни подготовки. Режимот на исхрана е најважен, и
атлетичарите кои се натпреваруваат мораат да се придржуваат на
споменатите основни правила, а тоа се:

 зголемување на вкупната калорична вредност на намирниците; рамнотежа


помеѓу три основни енергетски материи, и голема количина на протеини (до
6g на килограм телесна тежина); зголемување на количината на напитоци,
вклучувајќи ги и солените напитоци кои го надокнадуваат губитокот на вода и
натриум хлорид, предизвикан од зголемено потење; доволна количина
витамини, посебно А, B1, B2, и C кои се внесуваат со млеко, свежо овошје и
зеленчук.

 Вработена мајка - за да се избегне долготрајно пореметување во


исхраната треба да се воведе строга диететска контрола. Со
почитување на адекватни пропорции, доручекот ќе биде оброк
најбогат со калории - млеко, сирење и јајца. Ручекот ќе биде главен
оброк, а потоа вечерата. Не треба да се заборави важноста на
минералните соли, витамините, целулозата и напитоците кои треба
да се консумираат во соодветни количини.
 Студент - за студентите исхраната е од примарна важност, но тешко е
да се одржи нејзина рамнотежа заради повеќе фактори. Со
студентската исхрана настанува зачеток на многу чиреви на
желудник или дванаесетпалачно црево. Во студентскиот период се
стекнуваат многу лоши навики од кои некои водат кон алкохолизам,
наркоманија и други болести.
 За правилна исхрана на студентите потребни се: изобилство на
протеини (месо, риба, млеко и јајца), доволна количина на свежо
овошје и зеленчук и здрави напитоци. При тоа треба да се избегнува
претерана консумација на кафе, пиво, разни коктели со алкохол и
алкохол.

 Деловен човек - многу деловни луѓе се дебели, а за тоа допринесува


не само обилната исхрана но и лошите навики - претежно да се седи,
се земаат ретки, но обилни оброци и труење со отрови - алкохол и
тутун. Ако деловниот ручек мора да постои, мора да се ограничат
некои јадења и некои додатоци со нив, а исто така и некои пијалоци
кои се многу калорични и тешко сварливи.
 Исхрана на годишен одмор - За време на одморот може полесно да
се поднесат ситни претерувања во исхраната бидејќи има поголем
физички напор, а заради подобрената апсорпција на кислород,
зголемена е потрошувачката на калории. Одморот никогаш не треба
да биде со прекумерно јадење и претерано консумирање на
алкохолни пијалоци, бидејќи тогаш ќе биде штетен по здравјето на
човекот.
 Космонаут - исхраната на луѓето, затворени во кабина е особено
важна и специфична. Во космичкото мени следуваат доста интересни
оброци: коктел од морски ракови, салата, печено говедско, пржени
компири, крем од јагоди, чај и сл.
Општествена исхрана
 Постојат голем број фактори кои влијаат на тој тип исхрана: пред се,
социјален фактор (градинки, старечки домови), потоа
професионални (мензи или бифе во претпријатијата), училишни
(детски интернати со редовна или скратена исхрана, мензи и
ресторани за студенти, групни летувалишта), принудни (касарни,
затвори, поправни домови, концентрациони логори), медицински
(болници и клиники, домови за ментални болести) и верски
(манастири и богословија).
 Градинки - тоа се институции каде рентабилноста најмалку треба да
биде од пресудно значење, бидејќи работниците треба да бидат
високо квалификувани и доволно на број заради беспрекорна грижа
и исхрана на малите деца кои се оставени од родителите на
одговорност на институцијата. Според тоа надлежните во
институцијата треба да преземат мерки за полна одговорност,
контролирана, одбрана храна и исхрана.

 Интернати и детски домови - тие се наменети за деца во период на


развој, вклучувајќи го тука и периодот на пубертет. Од квалитетот на
исхраната која ја добиваат зависи нивната витална рамнотежа и
здравје во текот на целиот живот. Млекото и млечните производи,
свежото овошје и зеленчук, месото и рибата мора да бидат
поголемиот дел од храната. Според тоа треба да се воведат два вида
на исхрана, една за деца под 14 години, а друга за оние над таа
возраст.
 Манастирските и богословските служители се лишуваат од храна. Се
претпоставува дека, според одредени идеалистички сфаќања, кујната
на тие институции треба да избегнува префинетост при готвење на
јадењата.
 Касарни - некои од нив претставуваат типичен пример за погрешно
решен проблем на колективна исхрана. Храната која таму се дава не
е со лош квалитет, обилна е и разновидна, но начинот на нејзиното
приготвување ја намалува нејзината вредност. Во касарните треба
да се избегнуваат јадења кои долго се готват во лонци поради што
тие губат витамини. Наместо тоа, треба да се консумира млеко,
овошје и зеленчук, риба и месо.
 Кога станува збор за санаториумите треба да се нагласи дека
исхраната на болните од туберкулоза треба да биде потполно
урамнотежена, бидејќи преобилната исхрана не би им помогнала
при нивната терапија. Подобро е да се определат за квалитетна
исхрана, богата со протеини и витамини. За да се постигне основна
рамнотежа во оваа исхрана најмногу помага млекото и млечните
производи, месото, рибата, путерот, свежото овошје и зеленчук.
 Строгите и умерените вегетаријанци се поврзани со извесна
етика и тие се приврзаници кон храната од растително потекло.
Меѓутоа, сакале или не, животинските протеини се неопходни за
одржување на рамнотежата на исхраната, а со тоа и здравјето на
поединецот.
 Штетни последици кои може да се јават се следниве: недостаток
на протеини, мускулна хипотрофија и дистрофија, тешкотии на
органите за варење, надуеност на стомакот, анемија,
изнемоштеност и сл.

You might also like