You are on page 1of 7

Јаглехидрати

Изработила:
Тамара Апсотолоска
 Јаглехидратите, уште познати и како глициди или шеќери се органски
соединенија чијашто молекула е изградена од трите биогени
елементи: јаглерод, водород и кислород. Имаат општа хемиска
формула Cn(H2O)n. Тие се универзална и мошне битна состојка на
сите живи организми. Карактеристично за јаглехидратите е што
можат да се сврзат со други органски материи и да градат комплекси.
 Во клетката, јаглехидратите се јавуваат како главен извор на енергија,
а претставуваат и важен градбен материјал на клеточните структури
и лесно можат да се складираат како резервни материи. Се среќаваат
во два вида:
а) Прости (основни органски соединенија), каде
спаѓаат моносахаридите и
б) Сложени (производни јаглехидрати), од кои оние со мала молекулска
маса се олигосахариди, а тие со голема - полисахариди.
Класификација и особини на
јаглехидратите
 Јаглехидратите можат теориски да настанат од
полихидроксилните алкохоли со блага оксидација. Доколку притоа се
оксидира примарната алкохолна група, настануваат алдехид-алкохоли,
а со оксидација на секундарните алкохолни групи се добиваат кетон-
алкохоли. И во двата случаи настануваат карбонилна или оксо група.
Алкохолите со алдехидна функција се викаат алдози, а оние со кето
група се кетози.
 Најпрост јаглехидрат е гликолалдехид, кој настанува со оксидација на
двохидроксилниот алкохол гликол. Гликолалдехидот има и
јаглехидратна и алкохолна функција. Според ова, едно соединение
можеме да го класифицираме како јаглехидрат доколку ги има двете
наведени функции. Првите два јаглеродни атоми во молекулата на
еден јаглехидрат мораат да бидат распоредени како на пример кај
глукозата и фруктозата 
Моносахариди, олигосахариди и
полисахариди
 Моносахаридите се прости јаглехидрати. Тие со хидролиза не се
делат на попрости јаглехидрати. Претставуваат градбени единки на
олиго- и полисахаридите.
 Олигосахаридите се јаглехидрати кои се изградени од најмногу шест
молекули на моносахариди. Тие при хидролиза се делат на
моносахаридите од кои се изградени. Ако меѓусебно се сврзат две
молекули на моносахариди со издвојување
на вода настанува дисахарид, ако се сврзат три молекули,
настанува трисахарид итн. Од олигосахаридите најважни
се дисахаридите 
 Јаглехидратите чии молекули се изградени од повеќе моносахариди
се викаат полисахариди. Најважни полисахариди
се скроб, гликоген, целулоза и други.23% од човечкото тело се состои
од јаглехидрати.
Добри и лоши јаглехидрати
 Добрите јаглехидрати содржат голем процент на влакна, природни шеќери и низок
гликемиски индекс. Тие се варат полека, и со тоа подолго го снабдуваат телото со
енергија и подолго не држат сити. Истражувањата покажуваат дека најмногу добри
јагленихидрати се внесуваат со консумирање на продукти кои содржат многу
влакна, како зеленчук, овошје, млечни производи, мешункасти плодови и цели зрна.

 Лошите јаглехидрати се нутритивно сиромашни. Имаат малку влакна, многу


рафинирани состојки, многу шеќер и висок гликемиски индекс. Така, имаат
спротивен ефект и само мал дел се користи за енегрија, а поголемиот дел се
претвора во масти. се варат брзо, па по кратко време повторно се јавува чувство на
глад и влијаат лошо на линијата. Кои производи содржат лоши јаглехидрати?
Засладени житарки, бел ориз, бел леб, тестенини од бело брашно, бонбони, чипс,
колачи, торти…
Прости и сложени јаглехидрати
 Простите јаглехидрати имаат "едноставна" молекуларна структура
и се составени од 1 до 2 шеќерни молекули. Најпростиот облик
е гликоза. Од секојдневните храни се вклучени сахарозата (белиот
шеќер), фруктозата (се наоѓа во овошјето) и лактозата (во млекото).
Не сите прости јаглехидрати
се лоши. Природните прости јаглехидрати во овошјето и млекото се
совршено здрави. Нискомаслените млечни производи како јогуртот,
млекото и урдата се здрави извори на калциум и
протеини. Иако овошјето и (свежо цедени) овошните сокови се
здрави и преполни со минерали и витамини, најдобро е да се јадат
во умерени количини ако губење на тежината е вашата цел. Најдобро
време за внесување овошје е пред и по вежбањето.
 Сложени јаглехидрати, исто така, се составени
од шеќери, но молекулите се нанижани заедно и формираат подолги,
покомплексни синџири. Комплексни јаглехидрати ги вклучуваат на
пример зрната на грашокот и на гравот, кои се богати со витамини,
минерали, протеини и влакна. Проблемот со
сложените јаглехидрати е тоа што тие често се рафинирани!
Внесувајте само нерафинирани јаглехидрати: цели житни зрна,
вклучувајќи ги и триците и на никулците, целите зрна ориз,
интегралниот леб, овезот и пченичните тестенини. Богати се
со влакна и ќе се чувствувате сити подолго – одлично за губење
тежина.

You might also like