You are on page 1of 2

Што се муцини? Која е нивната улога во човечкиот организам?

* Муцини се гликопротеини што ги има во секретите (плунка, желудочен сок,


жолчка). Јаглехидратниот дел се состои од бројни куси вериги кои се поврзани за
протеинскиот ‘рбет во форма на О-гликозиди и обезбедуваат изразена
вискозност на течностите во кои се растворени. Муцините се заштитни
супстанции кои ги обложуваат шупливите органи и ги штитат од повреди
предизвикани од триење. Тие се отпорни на дејството на протеолитичките
ензими и ја спречуваат автодигестијата на слузницата. Сублингвалната плунка е
најбогата со муцини и затоа е со најголема густина.

Што се хетерогликани? Од што се изградени и кои се најпознати претставници на


оваа група јаглехидрати?
* Хетерогликани се полисахариди кои покрај прости шеќери во својата градба
имаат и амино шеќери (D-галактозамин и D-глукозамин) и уронски киселини.
Имаат огромни молекули, а според општите својства се слузави и многу
вискозни. Нивна основна структурна единица претставува дисахарид составен од
две различни единици кои најчесто се бета-гликозидно 1-3 поврзани.
Претставници на оваа група се хијалуронската киселина, хондроитин сулфат и
хепарин.

Што е хепарин? Од што е изграден и за што се користи во медицинската пракса?


* Хепаринот е мукополисахарид. Со негова хидролиза се добива глукозамин и
глукуронска киселина или идуронска киселина и во неговата молекула постои
само бета гликозидно 1-4 поврзување. Хепаринот дејствува антикоагулантно така
што спречува агрегација и распаѓање на тромбоцитите, го инхибира
претворањето на протромбинот во тромбин, а на активниот тромбин не му
дозволува да го денатурира фибриногенот во фибрин. Се дава на пациенти кои
се склони кон интраваскуларна коагулација на крвта.

Што се гликопротеини? Од што се изградени?


* Гликопротеини се голема група на сродни соединенија составени од
полипептидна верига за која ковалентно се поврзани разгранети или
неразгранети олигосахаридни вериги (гликани).
Кои типови на врски се сретнуваат помеѓу шеќерната компонента и протеинот?
* Шеќерната компонента и протеинот се врзуваат на два начина: во форма на О –
гликозиди (врска која се формира меѓу OH група на N-ацетил галактозамин и OH
група на серинскиот или треонинскиот остаток) и N-гликозиди (врска во која
учествува N-ацетил глукозамин кој се поврзува со амино групата-NH2 на
аспаргинскиот остаток).

Што е хијалуронска киселина?


* Хијалуронска киселина претставува простетична група на протеинот –
хијалупротеин, кој влегува во состав на интерстицијалните материи кои ги
поврзуваат клетките во ткивата, затоа таа е застапена во сврзните ткива,
синовијалната течност, папочна врвца итн.
Од што е изградена?
* Таа има дисахаридна молекула која е изградена од глукуронска киселина и N-
ацетил глукозамин бета-гликозидно 1-3 поврзани. Дисахаридните единици меѓу
себе се бета-гликозидно 1-4 поврзани и така градат долги синџирести молекули.
Каква примена има во медицинската пракса?
* Се користи во третман на дегенеративни заболувања на коски и зглобови –
osteoarthritis и наоѓа примена во естетската дерматологија.

Што е хондроитин сулфат? Од што е изграден, кои подтипови постојат и по што се


разликуваат меѓу себе?
* Претставува простетична група (хетероген полисахарид) на хондропротеините
кои се наоѓаат како интерстицијални цементни супстанции во сврзнотот ткиво,
‘рскавиците и коскеното ткиво. Постојат три типа: A, B и C (хондроитин сулфат,
дерматин сулфат и кератин сулфат) кои се разликуваат според видот на
уронската киселина и местото на естерифицираната сулфурна киселина.

You might also like