You are on page 1of 54

Биолошки механизми на заштита на

оралните ткива
БИОЛОШКИ МЕХАНИЗМИ НА
ЗАШТИТА НА ОРАЛНИТЕ
ТКИВА
1. АНАТОМСКИ И ХИСТОЛОШКИ
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПАРОДОНТАЛНИТЕ
ТКИВА (периодонциум, цемент и алвеоларна коска)

2. ФАКТОРИ НА ОДБРАНА НА ОРАЛНИТЕ ТКИВА

3. БАЗИЧНИ ПРИНЦИПИ И МЕТОДИ НА


ОРАЛНАТА ЕПИДЕМИОЛОГИЈА
За да правилно се третира оралното
здравје како и да се разберат
превентивните мерки за спречување на
оралните заболувања неопходно е
познавањето на:
 Биолошките механизми на оралните ткива
 Анатомските карактеристики
 Хистолошките карактеристики
 Физиолошките карактеристики на оралната

слузница.
 Факторите на одбрана на оралната

празнина.
Анатомски карактеристики на орална
слузница
Оралната слузница е почетниот дел на слузницата од оралната
празнина.
Нејзиниот изглед и карактеристики зависат од функцијата на
оралната празнина.
AНАТОМСКИ СЕ РАЗЛИКУВААТ НЕКОЛКУ ДЕЛОВИ НА ОРАЛНА
СЛУЗНИЦА:
1. Слузница на vestibibulum oris

2. Слузница на образите

3. Слузница на тврдото непце

4. Слузница на мекото непце

5. Слузница на јазикот

6. Слузница на подот на оралната празнина

7. Слузница на гингивата
Функционални особености на оралната
слузница
Според функцијата оралната слузница ги покрива и
заштитува подлабоките орални структури од оштетување и
влијанието на надворешните фактори. Па според функцијата
се разликуваат 3 типови на орална слузница:
 ФУНКЦИОНАЛЕН или МАСТИКАТОРЕН ТИП НА СЛУЗНИЦА

(изложена е на силите на џвакање,таа е подебела, помалку


еластична, поцврста и поотпорна и ги прекрива оние
делови кои учествуваат во мастикација)
 ПОКРОВЕН ТИП (мека, еластична и тенка има мускулна

подлога така да при актот на џвакање се вдлабнува при што


се намалува силата на џвакањето. Тука спаѓаат лигавицата
на вестибулумот, образите, мекото непце и подот на усната
празнина.)
 СПЕЦИЈАЛИЗИРАН ТИП НА СЛУЗНИЦА (ја прекрива горната

површина на јазикот и учествува во актот на џвакање а има


и густативна функција.)
Хистолошки карактеристики на оралната
слузница
Хистолошки оралната слузница е изградена од два
слоја:
 Епител (epithelium)
 Крзно (corium)
Бидејки епителот на оралната слузница е
повеќеслоен и плочест епител изграден е од
4 слоја:
 Stratum corneum SC (рожен слој)

 Stratum granulosum SG (зрнест слој)

 Stratum spinosum SS (полигонален)

 Stratum germinativum SB (базален слој)


Слоевите во епителот се редоследно подредени така што на
површината е сместен:
Рожениот слој - изграден од повеќе реда на плочести клетки,
за кои е специфичен процесот на десквамација
-Најдебел е во мастикаторниот тип на слузница
-Најтенок е во слузницата на меко непце и подот на усна
празнина.)
Зрнестиот слој - потекнува од зрната на кератохијалинот,
клетките кои го градат овој слој содржат и јадро и
цитоплазматски структури и даваат гранулозен изглед.
Полигоналниот слој - се состои од повеќе видови на
повеќеаголни клетки со централно поставено јадро меѓусебно
поврзани со дезмозомски врски.
Клетките од базалниот слој лежат директно на базалната
мембрана и за неа се поврзани со тонофиламенти.
Помеѓу епителот и крзното се наоѓа базална ламина која е
брановидна,заради испакнатини на епителот во крзното.
Крзното се наоѓа веднаш под базалната мембрана.
Тоа е составено од два слоја: папиларен и ретикуларен слој.
Овој дел од слузницата е изграден од крвни садови, нервни
влакна, клетки и основна меѓуклеточна супстанца.
Физиолошки процеси на оралната слузница
 Основни физиолошки процеси кои што настануваат
во оралната слузница се:
 Постојаното обновување на оралната слузница преку
процесот на кератинизација(патувањето на клетката
од базалниот слој до рожениот слој и процесот на
десквамација)
 Излачување на мукозен секрет од малите мукозни
плункови жлезди (кој учествува во одбрана на
оралната слузница)
 Излачување на гингивален флуид од гингивален
сулкус
 Сензорните физиолошки функции (рецептори за
допир, температура и вкус)
 Метаболизмот на клетките во епителот (под директно
влијание одредени нутритивни фактори витамини,
минерали како и под влијание на локални иритирачки
фактори како чад од цигари, алкохол)
ФАКТОРИ НА ОДБРАНА НА
ОРАЛНИТЕ ТКИВА
Физиолошкиот интегритет на оралната
лигавица се одржува со помош на:
 локални имунолошки реакции

 системски имунолошки реакции

претставува клуч во одржувањето на


оралното здравје
Фактори на одбрана на оралните ткива

За да се одржи оралното здравје неопходен услов е


физиолошкиот интегритет на оралната слузница.
Како фактори кој учествуваат во одбраната на
оралните ткива се:
1. Неспецифична заштита

2. Специфична заштита

3. Нормална анатомска бариера

4. Компоненти на специфичната одбрана на


оралната празнина
Заштитните реакции на оралната
лигавица зависат од:

1. видот на штетните нокси

2. од патот на нивното
продирање

3. од нивното количество
1.Неспецифична и специфична заштита
 Неспецифичниот имунитет се базира на
полиморфонуклеарните леукоцити, моноцити, хистоцити,
потпомогнати од хуморални фактори.
 Специфичниот имунитет се јавува после диференцијацијата
на тимусот и лимфното ткиво така да носители на овој вид
имунитет се лимфоцитите.
 Стимулацијата на овој имун систем е преку процес на
создавање на специфични антитела (хуморален имун
одговор) или со сензибилирани Т-лимфоцити (целуларен
имун одговор)
Неспецифична и специфична
заштита
 Вродениот имунолошки систем е одговорен
за првата линија на неспецифична одбрана
на домаќинот, во која учествуваат
комплементот и полиморфонуклеарните
леукоцити.
 Имунолошкиот систем е одговорен за
втората линија на одбрана, односно
специфичен хуморален и целуларен
одговор, за чие функционирање се
одговорни лимфоцитите.
При продирање на некоја штетна материја
настанува хемотаксија на инфламаторни
клетки:
1. (мастоцити, неутрофилни гранулоцити,
макрофаги) ослободуваат вазоактивни материи -
неспецифична заштита
2. лимфоцитите се размножуваат и бластогено се
трансформираат - специфична заштита
Специфична заштита

диференцијација на лимфоцитите
BLy TLy

Антиген во циркулација

-бластна трансформација
BLy TLy

Плазма клетки клеточен имунитет

(imunoglobulini)

хуморален имунитет
Нормална анатомска бариера

 Интактна орална лигавица


 Гингивалниот сулкус
 Плунката
2.Нормална анатомска бариера
Нормалната анатомска бариера на оралната
слузница со одвива преку следниве процеси:
 Интакната орална слузница (која со процесите на

десквамација и кератинизација како и благодарејќи


на епителната бариера спречува навлегување на
М.О.)
 Гингивалниот сулкус (содржи голем број на
леукоцити, фагоцити)
 Плунката (хемиски состав: лизозоми, пероксидаза,

лактоферин, муцин)
Интактната орална лигавица-
механичка бариера
 Со десквамацијата се отстрануваат голем број на
микроорганизми
 Способноста на оралната мукоза да го спречи
продирањето на микроорганизмите се должи на:
 епителната бариера
 грануларниот слој
 базалната мембрана
Мастикаторната лигавица располага
со поголеми бариерни способности

 се должат на самиот процес на кератинизација


 кератинизацијата на епителот на
мастикаторната мукоза потекнува од
потпорниот протеин кератинкератин
 се карактеризира со голема застапеност на
аминокиселините цистеин и цистин
Гингивалниот сулкус постојано се
испира со флуид кој циркулира низ него
а потекнува од припојниот епител

Епителните клетки од овој епител се


способни да извршат пиноцитоза на
штетниот материјал кој поминува низ
епителот
 Плунката претставува динамична
бариера во оралната празнина и со
нејзиното постојано циркулирање во
устата, дел од микроорганизмите од
оралната празнина се пренесуваат до
желудникот каде се уништуваат под
дејство на желудечната киселина.
 Бариерните својства на плунката, за
продирање на бактериите, се
овозможени од нејзините составни
компоненти: лизозим, лактоферин,
муцин
Компоненти на специфична
одбрана на оралната празнина

1. Антителата во плунката

2. Гингивалната течност

3. Нормалната орална флора


3. Компоненти на специфична одбрана на
оралната празнина
Антителата во плунката
• Преку специфична заштита

• ИгА спречува врзување на бактерии и

вируси за орална мукоза


• Директна заштита од нутритивните

антигени
Гингивална течност
- Пристигнува во гингивалниот сулкус
- присутни имуноглобулини ИгГ, ИгА, ИгМ,
компоненти на комплемент и
Т и B - лимфоцити.
Антителата во плунката
 Еден дел од антителата во плунката
пристигнуваат преку циркулацијата, а
поголемиот дел на саливарните
имуноглобулини се создаваат од плазма
клетките во плунковите жлезди
 секреторен ИгА спречува врзување на
бактерии и вируси за оралната мукоза и за
забите
 Учествува во процесот на опсонизација, со
што се олеснува фагоцитозата на
микроорганизмите
 Овој имуноглобулин претставува директна
заштита од нутритивните антигени
Гингивална течност
Содржи:
 ИгГ, ИгА, ИгМ, комплемент, клетки (92% се
полиморфо нуклеари)
 Т и Б лимфоцити - специфични имунолошки

реакции во маргиналниот дел на гингивата


 заштитната улога на гингивалната течност се
остварува со повеќе имунолошки механизми,
 додека заштитната улога на плунката воглавно се

остварува со ИгА
 Нормалната орална флора учествува во
одбраната на оралните ткива од штетни
материи

Одбранбените ефекти на оралната


флора можат да бидат:
 директни и
 индиректни
 Нормална орална флора

Одбрамбени ефекти – директни и индиректни

 Директни

1. Продукција на бактерицин за уништување


на бактерии
2. Индукција на оксидо-редуциски потенцијал
3. Уништување на токсини
4. Атхерирање на патогени бактерии
5. Инхибиција на транслокација на патогени
бактерии
Индиректни

1.Стимулација на продукција на антитела


2. Стимулација на продукција на фагоцити
3. Стимулација на механизам на самочистење
4. Стимулација на продукција на интерферон
 Различни етиолошки фактори можат
да предизвикаат патолошки промени
на оралната лигавица
 Но, голем број од нив можат да бидат
спречени со преземање на адекватни
превентивни мерки
Општите превентивни мерки
подразбираат:
 јакнење на општата здравствена состојба како
и подобрување на човековата околина
 Со мерки на здравствена едукација треба да
се укажува на значењето на правилната
исхрана богата со витамини, на штетното
дејство на алкохолот, пушењето и дрогата и
на опасностите од долготрајното изложување
на сончевите зраци
 Превентивните мерки треба да бидат
насочени и кон едукацијата на населението за
значењето на одржувањето на оралната
хигиена
 Со преземањето на потребните
превентивни мерки се обезбедува
правилното функционирање на сите
орални структури (усните, јазикот,
забите, плунковите жлезди)
 На тој начин се обезбедува
непреченото одвивање на
физиолошките процеси во оралната
празнина: џвакање, голтање и говор
Periodonciumot
претставува лигаментно
васкуларна мембрана,
сместен во
периодонталниот простор
(spatium periodontale).
• Најзначаен елемент на
периодонциуот се
основните колагени
влакна кои се
групирани во снопови
шарпеови влакна
Протеинот колаген
учествува во градбата
на основните колагени
влакна
 Се разликуваат шест групи
на основни колагени
влакна во периодонциумот:
1. Транссептални

2. Влакна на алвеоларниот
гребен
3. Хоризонтални

4. Коси

5. Апикални

6. Интеррадикуларни
1. Механичката функција периодонциумот ја
остварува преку:
 Заштитата на меките ткива (крвните садови и нервите) од
повреда при делување на механичка сила
 Пренесувањето на оклузалните сили до алвеоларната коска
 Поврзувањето на забот за алвеоларната коска

2. Формативната функција: - фибробласти -


цементобласти - остеобласти

3. Сензорната и нутритивната функција на


периодонциумот се должат, на богатата
крвоснабденост и присуството на бројни
нервни завршетоци.
Цементот на
коренот на забот
претставува
калцифицирано,
аваскуларно
мезенхимално
ткиво.
Се протега од
емајл-цементното
споиште па се до
апикалниот отвор
на коренот на
забот
1. Алвеоларната коска
се состои од:
2. Две надворешни
компактни плочи
(кортикалис)
3. Спонгиозна коска,
4. Внатрешна компакта,
ѕид на алвеоларната
чашка (вистинска
алвеоларна коска,
lamina dura)
Алвеоларната коска
lamina dura
БАЗИЧНИ ПРИНЦИПИ И

МЕТОДИ НА ОРАЛНАТА

ЕПИДЕМИОЛОГИЈА
Епидемиологијата е централна медицинска
наука,
која што ги проучува:
 причините,
 распространетоста и
 превенцијата на болестите и
 нарушувањата на здравјето
квантитативна наука, која се занимава со:
 околностите под кои доаѓа до заболување,
 факторите кои влијаат врз појавата на заболувањето
 ги применува овие сознанија во превенцијата на
заболувањето
Основните карактеристики на
епидемиолошките во споредба со
клиничките истражувања се:

 вниманието е насочено кон испитување на


групи, а не на индивидуи,
 и личности, со и без болеста која се
испитува, се вклучени во студиите со цел да
се квантифицира ризикот
Концептот на причина, се дефинира
како:

 настан, карактеристика или околност,


или комбинација од нив, кои играат
значајна улога во појавата на болеста

 Суфициентна причина (неопходна) е


онаа која неизбежно
предизвикува(иницира) болест ПРИМЕР
ЗА ДЕТЕРМИНАНТА
Фактор на ризик= детерминанта?

 Фактор на ризик за појава на болест е


изложеност на околината, аспект на
однесување на индивидуата или вродена
карактеристика, кој е во врска со одредена
болест
 детерминанта се дефинира како фактор на
ризик кој не може да се модифицира
Поимот: индикатор на ризик е оној ризик кој
се поврзува со некоја болест а утврден е со
кракотрајни испитувања спроведени на
одреден примерок, додека:

Поимот: фактор на ризик најдобро би било да


се користи за корелациите добиени од
подолги и посеопфатни истражувања
Дијагностичко тестирање
 Дијагностичките тестови имаат за цел да
ја потврдат присутноста на болеста или
да ја отфрлат хипотезата дека болеста е
присутна
 Вистинскиот статус на болеста зависи
дали е користен најдобриот
дијагностички метод, кој се нарекува
златен стандард
 Сензитивноста на тестот се дефинира
како веројатност тестот да биде
позитивен кога болеста е присутна
 Специфичноста на тестот се дефинира
како веројатност тестот да е негативен
кога болеста е отсутна

 сензитивноста и специфичноста ја
изразуваат валидноста на еден тест -
неговата способност да го измери тоа
што од тестот се очекува
Позитивни (ПВ+) и негативни(ПВ-)
предвидувачки вредности
(ПВ+) проценува колкава е веројатноста една
болест да е присутна доколку тестот е
позитивен
Процентот на заболени индивидуи, од
вкупниот број на индивидуи кои имаат
позитивни тест резултати, се нарекува
позитивна предвидувачка вредност
Негативната предвидувачка вредност (ПВ-)
ја претставува веројатноста болеста да е
отсутна кога се негативни тест резултатите
Skrining (набљудување)
 Откривање на одредено заболување уште во раниот
стадиум на развој на заболувањето.
 Значењето на скринингот се разгледува од 2

значајни аспекти:
1. се открива заболувањето, пред да стане клинички
манифестно
2. доколку третманот се започне, веднаш по
откривањето на заболувањето со помош на
скринингот, шансите за излекување и преживување
се многу големи
 Мерење на фрекфенцијата на заболувањето:
преваленца и инциденца (стапка на
инциденца)
 Преваленцата го означува соодносот помеѓу
бројот на сите заболени од некоја болест, на
одредена територија и во одредено време, и
бројот на населението на таа територија

Пример: Доколку во еден географски регион


има 221 дете на возраст од 12 години и кај 41
дете е регистрирано присуство на гингивит, во
август 2000 година, преваленцата ќе ја
пресметаме на следниов начин:
41
преваленца= ------------ = 0, 186 или 18,6 %
221
Стапка на инциденца (густина на инциденцата) -
појавување на нови случаи на одредено заболување,
за одреден временски период

Се одредува кога бројот на нови случаи во


одредениот временски период се подели со
вкупното персонално време
Кумулативна пропорција на
инциденцата (ЦИП) или просечен
ризик
 кумулативна мерка за сите нови случаи на
заболени во одредена популација на ризик,
во одреден временски интервал. Се
пресметува кога вкупниот број на
новозаболени се подели со вкупниот број на
личности кои се со ризик да заболат.
вкупен број на новозаболени
 CIP=---------------------------------------------------
вкупен број на лица со ризик

You might also like