You are on page 1of 6

1. Која е разликата меѓу дезинфициенси и антисептици?

Дезинфициенси – хемиски соединенија кои ги убиваат микроорганизмите


Антисептици – средства кои ги спречуваат растот, размножувањето и делбата на
микроорганизмите.
2. Како дејствуваат оксидационите средства?
Ослободуваат кислород кои ги оксидира бактериските протеини и имаат
краткотрајно дејство.
3. Напиши се за соединението ЈОД:
Јодот е темносива боја, прашкаст и со карактериситчен мирис кој е растворлив
во вода или алкохол , се користи како јодоформ прав.
Дејство:
- Реагира со амино групите на протеините
- Ослободува кислород во реакција со алкалиите и ткивните течности
- Дезинфекција – поспора и потрајна
- Антисептичност
- Паразитотропност
Spiritus jodi – за дезинфекција на кожа и слузокожа при опреација
Јодоформ прав кој е зеленикаво жолт прашок со јак мирис кој е растворлив во
етер или масло.
Дејство:
- Антисептичко
- Намалува секреција на воспалени површини
- Локално анестетичко дејство
- Испарува и дезинфицира Се
користи на гази за рани, како дрен при пародонтологија, при дренажа на
апцеси.

Бетадин – јоден препарат за дезинфекција на уста, кожа, слузокожа и


инструменти.

Дејство:

- Антисептично,
- Дезифициентно према бактерии, габи, вируси, протозои и спори
- Дезодорира
4. Кои се соединенија влегуваат во состав на пастите за девитализација?
Каранфилово масло, феноли за девитализација на пулпа.
5. Што е еугнол и каде го употребуваме?
Еугенол преставува етерично масло кое во 80% се содржи во каранфиловото
масло кое се употребува како антисептик и за стимулација на дентиногенеза и
гии коагулираат белковините преку хемискиот состав.
6. Каде локално се применуваат лековите?
На кожа и слузокожа односно на места каде што се очекува локално влијание.
Локално може да делуваат и лекови кои се аплицираат со помош на инекциска
игла во одреден орган или ткиво.
7. Колку брзо може да се абсорбира лекот?
- брзина на движење на лекот
- големина на површината
- биорасположливост – количина и брзина на аспорпција на лекот
8. Што е дифузија на лек?
Начин на минување а лекот низ телесните мембрани.
Активен транспорт – забрзана дифузија и ендоцитоза
Пасивен транспорт – проста дифузија и филтрација
9. Преку што се излачуваат лековите?
- Бубрези
- Дигестивен систем
- Респираторен систем ( бели дробови )
- Егзокрини жлезди
10. Што е синергизам меѓу лековите?
Појава кога лековите меѓусебно го зголемуваат и засилуваат своето дејство.
Синергизмот може да биде адитивен и потенциран.
11. Што е доза?
Доза е одредена количина на лек која се дава на човек или животно за лекување
на болест или заштита од болест.
12. Алергиски реакции?
Кај преосетливи деца флуоридите предизвикуваат алергиска реакција која
реакција која обично се манифестира со осип по кожата.Овие промени
завршуваат кога ќе се прекине со внесување на флуориди.
13. Фармакодинамика?
Го проучува дејството на лекот во човековиот организам и механизмот на
дејствување на лекот во организмот.
14. Фармакокинетика?
Ја проучува ресорбцијата, дистрибуцијата, биотрансформацијата и
елиминацијата на лекот од организмот.
15. Антисептици и дезифициенси своето дејство го отстрануваат преку:
А) нарушување на осмотската рамнотежа
Б) денатурација на клеточните промени
16. Најчести механизми на делување на лекот регулаторните протеини:
- Ензими
- транспортен состав
- јонски канали
- рецептори
17. Флуориди :
Се најзначајните средства за превенција на забниот кариес. Поради тоа имаат
голема клиничка примена во стоматологијата Биолошкото значење на
флуоридите е големо затоашто ја обезбедуваат цврстината на коскеното ткиво и
отпорноста на забите према забниот кариес.
18. Наброј кои видови подлоги можат да се користат за заштита на дентинот?
- Натриум хидроксид
- Цинк-еугенолен цемент
- Цинк-оксид фосфатен цемент
19. Фосфатниот цемент се состои од?
Прашок и течност.
20. Калциум хидроксид е карактеристичен по:
Висока рН вредност.
21. Цинк оксид фосфатен цемент е материјал за:
Привремено затварање до 3 месеци.
22. Лековите можат да се применуваат:
Локално (топично)
Општо (апсортивно)
23. Како дејствуваат оксидационите средства?
Ослободуваат кислород кои ги оксидира бактериските протеини и имаат
краткотрајно дејство.
24. Оксидациони антисептици се:
Водороден пероксид
25. Антибиотици со мал спектар на дејство се:
Цефалоспорини
26. Медикаменти со антимикотично дејство се:
Хистатин
27. Групирање на лекови?
Лекови за терапија
Лекови за профилакса и првенција
Лекови кои се користат за дијагностички цели
28. Лек е природна или синтетичка фармаколошки активна супстанца која во
одредено количество и на одреден начин се применува во тераписки,
профилактички и дијагностички цели.
29. Отров е супстанца која внесено во организмот во мали количества доведува до
оштетување на ткивата и органите и до смрт.
30. Клиничка фармакологија : ја проучува практичната примена на лековите во
одредени заболувања
31. Базична фармакологија : ги проучува лековитите супстрати кои се користат за
дијагностицирање, спречување и лекување на одредени болести.
32. Антагонизам?
Настанува кога дејството на еден лек го редуцира, спречува или го поништува
дејството на друг лек.
Антагонизам може да биде: хемиски, физиолошки (функционален), биолошки
(компетативен)
33. Лековите кои не дејствуваат преку рецептори:
Дејствуваат по хемиски и физички пат.
34. Оптимална концентрација на флуор во вода:
Меѓу 0,5 ррм – 1 ррм што се нарекува профилактична доза на кариес редукција.
35. Апсорпција на лек е влез на лекот од местото на апликација во крвотокот.
36. Врзување на флуор?
Ендогена примена: Системски внес на флуориди преку флуорирање на водата за
пиење, земање на таблети со флуор и флуорирање на кујнската сол и млекото.
Внесот на флуориди преку водата за пиење е најефикасен и најсигурен начин. За
флуорирање на водата се користат: калциумфлуорид, натриумфлуорид, силико-
флуоро-водородна киселина и магнезиум-силико-флуорид.
Егзогена примена: Локална или топична примена на флуориди се врши во
домашни услови или во стоматолошка ординација. Со користење на пасти за
заби, раствори за испирање, гуми за џвакање, препарати на натриум-флуорид и
органски и неоргански амино-флуориди.
37.Анафилактичен шок?
Најчесто парентерално даден пеницилин, колку е побрза реакцијата- полша
прогноза
Карактеристики на анафилактична реакција:
- Бронхоконстрикција
- Едем на глотисот
- Вазодилатација
 АДРЕНАЛИН (0,5-1 промил i.m.)
 ГЛИКОКОРТИКОИД (урбазон мускулно) (интервенција)
 АНТИХИСТАМИНИК
38.Хлорхексидин:

Претставува сол на јака база и слаба киселина која во оралната средина има
широк спектар на дејство на G+ и G- бактерии, вируси и габи.

- 0.2% и 2%
- Антимикробно дејство
- Испирање
- Лубрикант
- Не го раствора органскиот débris
- Цитотоксичен
- Без боја и мирис, со горчлив вкус
- Во зависност од концентрацијата силно бактерицидно или бактериостатско
дејство
- Примена при гингивитис, за плакнење на оралната шуплина, превенција за
создавање на плак и забен камен.
39.Заштита од хемиски инсулт
- Бариера кон пулпа
- Длабоки кавитети: калциум хидроксид и цинк-оксид еугенол
- Умерено длабоки кавитети: поликарбоксилати и глас јономер цемент
40.Несакани дејства на лековите:
Зависи од дозата на лекот (количината) и времетраење на терапијата
Најчести реакции се на:
- дигестивниот тракт. болка, гадење, повраќање, дијареа (пр:
антиревматици)
- коскена срж . леукопенија апластична анемија
- хепатотоксичност (хлор)
- нефротоксичност
- ембио-токсично и тератогено
- канцерогено
41.што се јавува при долготрајна терапија?

Се јавува таксономија - зависност од периодично или константно примање на лек

- психичка зависност – желба со цел да се вратат сензациите од лекот


- физичка зависност - неопходен метаболит чиј недостаток дава апстиненцијален
синдром
- толеранција - состојба кога поради навика, намалено е дејството на одреден
лек па се јавува потреба од зголемување на дозата
42.Хидроген
- 3%
- Продуцира слободни радикали кои делуваат на анаероби, вируси и габи
- Ограничен рок на ефикасност

Хемиската реакција е бурна со ослободување на пена која врши механичко


елиминирање.

- 3% раствор за тоалета на кавитетите во ендодонтска терапија за иригации


на каналите, испирање и терапија на гингивата и пародонталните џебови.
- 0,5% за испирање на устата, ждрелото, фаринксот, воспаленија на
гингивите
- За белеење на авиталните заби
- За оксидирање и дезинфекција на оралната средина

You might also like