You are on page 1of 6

ДОЗИ-ДЕФИНИЦИИ

фармакологија

ПИСЛЕВСКИ
Матеј
Дози-дефиниции | Матеј Пислевски

Лекот е супстанција или смеса од повеќе супстанции, којашто применета во одредена


доза и во одредени услови служи за спречување, отстранување, ублажување,
лекување и излекување на болеста, симптомите на болеста и штетните појави во
човечкиот и животинскиот организам. Според составот, лековите може да бидат
прости (една лековита супстанција) и сложени (повеќе лековити супстанции). Според
јачината на дејството, пак, лекови со слабо индиферентно дејство – црни букви на бела
подлога на видно место, лекови со јако дејство (Remedia separanda, Separanda) – крст
(+), одвоени од останатите лекови и лекови со многу јако дејство (Remedia claudenda,
Venena, отрови) означени со два крста (++), се чуваат одвоено и под клуч. Според
начинот на приготвување, пак, официнални, магистрални и готови лекови. Според
потеклото, лековите може да бидат од природно потекло и од хемиско потекло (кои се
добиваат по синтетски пат). Според конзистенцијата или обликот, цврсти (прашоци,
таблети, капсули, дражеи и сл.), полуцврсти (масти и пасти) и течни лекови (раствори,
суспензии и емулзии). Според начинот на апликација, лекови за внатрешна употреба,
надворешна употреба, дијагностички средства и завоен материјал. Според
фармакопејата, пак, дроги од растително, животинско и минерално потекло; хемиски
препарати од неорганска и органска природа; и галенски препарати, серуми и
вакцини.
Рецептот е писмено упатство од лекарот до фармацевтот за тоа, кој лек да го издаде,
начинот на негово припремање и неговата употреба. Доза претставува било која
количина на лек што се дава на луѓе и животни, додека, пак, тераписки дози се било
кои количини на лекот, кои при поединечно внесување предизвикуваат некаков
тераписки ефект (минимална до максимална тераписка доза). Средна тераписка доза е
дозата со која се постигнува оптимален тераписки ефект кај најголем број од
пациентите со просечна осетливост и телесна тежина. Токсична доза е онаа количина
од некој лек, што кај пациентот доведува до токсични ефекти.
Таблети (tablettae) – цврста фармацевстска дозирана форма, по пат на компримирање
на прашоци, а се наменети за перорална администрација. Содржат точна доза, но не
може да ги земаат деца под 6 години и лица со пореметена свест. Може да бидат
обложени (заштитен слој од шеќер, чоколада или желатин заради корекција на
непријатни особини и одложување на нејзиното разложување), филм-обложени
(многу тенок филм резистентен на дејството на желудочната содржина, вообичаено за
препарати кои ја иритираат гастричната слузокожа), двослојни таблети (јадро и
обвивка, а обата дела содржат лековита супстанција за континуирана апсорпција),
таблети со модифицирано ослободување (променето ослободување, во однос на
брзина, место и времетраење на дејството на активната лековита супстанција), таблети
со продолжено ослободување (побавно ослободување за продолжено делување),
гастро-резистентни таблети (за ослободување на активната супстанција под дејство на
цревниот сок), таблети за имплантација (се имплантираат во поткожното ткиво, и за
подолг временски период ослободуваат одредено количество од некоја супстанција),
Дози-дефиниции | Матеј Пислевски

ориблети (таблети кои се шмукаат, тие се распаѓаат во усната празнина и вршат


локално дејство), лингвалети и букалети (исто така не се голтаат, но ниту се шмукаат,
туку се ставаат под јазик или помешу гингивата и слузокожата на образот, и се оставаат
спонтано да се разложат), вагитории (таблети во облик на капки или триаголник, кои
пројавуваат локално дејство врз вагиналната, цервикалната слузница или се
ресорбираат во крвта и исполнуваат дејство и врз утерусот), шумливи таблети (за брзо
пидготвување на напитоци, од лимонска киселина и натриум бикарбонат) и солублети
(за припремање на раствори за надворешна употреба, се означени со мртовечка глава
и не смеат да се пијат).
Инјекции (Injectiones) се стерилни, течни облици на лекови за парентерална
апликација до 100 ml, а по својот карактер, пак, може да бидат раствори (кога
лековитата растворена супстанција е потполно растворена во растворувачот),
суспензии (прашкаста лековита супстанција суспендирана во течен Vechiculum) или
емулзии (лековитата супстанција е емулгирана во течен Constituens, кој има својство
на масло). Инјекциите се пакуваат во ампули (ampulla), шишиња (vitrum), шишенца
(lagena), сирети (siretta) и/или карпули (carpula). Индикации за препишување се лек
што штетно делува врз ГИТ, лек кој не може да се ресорбира, кога се бара брзо
постигнување на тераписка концентрација, пациенти кои не се при свест (односно не
може да примаат перорално), кога постои стаза во v. portae итн., додека, пак,
несаканите ефекти се болка, флебитис, формирање на инфилтрати... Кога лекот се дава
како bolus интравенска инјекција, се мисли дека инјекцијата се дава наеднаш, без
прекини, но никако за време коешто е пократко од 2min. За подолго траење на лекот
се применуваат депо препарати, тешко растворливи комплекси во облик на суспензии
или, пак, може да се додаде некој вазоконстриктор (адреналин).
Инфузиони раствори (Infundibilia, Infusiones) – течни, стерилни, апирогени лековити
препарати за парентерална апликација, во волумен не поголем од 100 ml (лек
растворен во физиолошки раствор, т.е. 0.9% NaCl или 5% глукоза. Може да бидат
изотонични, хипотонични (хипернатриемиска дехидратација) и хипертонични
(церебрален едем и парентерална исхрана). Брзината на течењето вообичаено
изнесува 20-80 капки во 1 минута, притоа во 1 ml од водените раствори се содржат 20
капки.
Раствори (Solutiones medicinales) – течен облик на лек, односно лековита растворена
сусптанција – Solvendum во соодветен растворувач – Solvens, т.е. дестилирана или
редестилирана вода, етанол, глицерол, вегетабилни и минерални масла итн. Кога е
потребна побрза ресорпција, пациентот не може да прими лек во цврст облик или кога
лековитата супстанција не може да се одржи во цврста форма. Според место на
апликација и намената, тие може да бидат раствори за надворешна (дезинфициентно,
антисептично или антиинфламаторно дејство за испирање на лигавици, облоги и
масажи, најчесто се препишуваат вкупни количини од 50-300 ml) или внатрешна
употреба (перос администрација кај деца и стари, 50-300 ml, а дозирањето го врши
самиот пациент со кафена лажица (5 ml) или супена лажица (15 ml). Микстури
Дози-дефиниции | Матеј Пислевски

(Mixturae) – течен облик на лек, мешавина на повеќе лековити супстанции во еден


растворувач или повеќе супстанции во течен облик на собна температура (бистри,
заматени или со талог, поради тоа во Subscriptio треба да се напише ‘Да се промеша
пред употреба!’. Суспензии (Suspensiones) – течен облик на лек, во којшто лековитата
супстанција е ситно иситнета (се исталожува со подолго стоење, успорување на
таложење со додавање на слузави материи како Mucilago Gummi arabici од билка
акација) и е суспендирана во течна подлога во која не се раствора. Според големината
на честичките/партиклите се делат на микрокристални (цврстите честички не се
видливи со голо око) и обични суспензии (цврстите честички се видливи со голо око).
Според начинот на апликација и примена, пак, на суспензии за надворешна т.н. течни
пудери (прашкаст дел од цинк оксид или так и течен дел од глицерол и дестилирана
вода, а може и Spiritus vini diluti или разблажен алкохол за побрзо сушење, притоа
односот треба да остане 1:1, до 50-100 g) и внатрешна употреба – суспензии за
перорална апликација (олеснето примање на некој прашкаст лек) и за
интрамускуларна апликација (послабо се ресорбира и се продолжува делувањето на
лекот). Емулзии (Emulsiones) – течен облик на лек со млечен изглед, т.е. еднолична
дисперзија на масла, восоци и смоли во дадена средина (односно две течности кои не
се мешаат, со цел да се подобрат непријатните физичко-хемиски особини на
лековите). Тие се состојат од Emulgendum (лековита супстанција која не се раствора во
вода, т.н. маслена течност), Constituens (течна средина во која се врши емулгирањето,
најчесто вода) и Emulgens (материја помешана со вода, која дава колоиден раствор и
служи за да ја одржи емулзијата стабилна и да ја намали површинската напнатост,
како Mucilaginis gummi arabici, жолчка од јајце, сапонини).
Чаеви (Species) – цврст облик на лек, мешавина од иситнети и неиситнети растителни
дроги, а се користат за приготвување на течни облици на лекови за внатрешна или
надворешна употреба (антисептичко или адстригентно дејство). Се препишуваат само
дроги кои содржат лековити супстанции со слабо или индиферентно дејство, но не и
такви со јако или многу јако дејство, а од кои пациентот според упаството од Signatura-
та сам приготвува мацерати, инфузи или декокти, околу 25-50 g. Екстаркти (Extracta) –
течни облици на лек по пат на екстракција на активната материја од растителната
дрога. Мацерати (водени екстракти кои се подготвуваат на собна температура за
растителни дроги кои содржат термолабилни лековити супстанции и слузави материи),
инфузи (водени екстракти кои се подготвуваат со прелевање на растителната дрога со
вода што врие, но не повисока од 90 степени, за делови од растителната дрога со
понежна структура, оние кои содржат термолабилни и лесно испарливи лековити
супстанции) и декокти (исто така водени екстракти кои се добиваат со полевање на
иситнетата растителна дрога со ладна вода, што потоа се загрева до вриење, за делови
од растителната дрога со поцврста структура и оние кои содржат термостабилни
лековити супстанции) (Macerata,Infusa i Decocta) се водени р-р од растителни дроги
кои содржат лековити супстанции со слабо, јако и многу јако дејство. Оние со слабо
дејство ги подготвува самиот пациент, додека, пак, оние со јако или многу јако дејство
– фармацевтот според упатството од лекарот, до 100-200 ml, а се дозираат со кафена
Дози-дефиниции | Матеј Пислевски

или супена лажица. Тинктури (Tincturae) – етанолно-водени раствори на екстракти од


растителни дроги. Може да бидат со јако или слабо дејство, односно за внатрешна (се
земаат перос и според јачината се дозираат во капки или кафени лажици) или
надворешна употреба.
Капки (Guttae) – течни облици на лек, со кои се дозираат раствори со јако или многу
јако дејство (за внатрешна – до 10-20 ml, за перорална администрација, а
определувањето на вкупната количина на растворувач оди со бројот на дозите (n) Х
бројот на капки во една тераписка доза (q) / бројот на капки во 1 ml растворувач (f) и
надворешна употреба – до 10 ml, како oculoguttae, rhinoguttae, otoguttae). 1 ml воден
раствор – 20 капки, 1 ml уљен раствор – 40 капки и 1 ml алкохолен раствор – 50-60
капки. Масти (Unguenta) – полуцврсти облици на лекови составени од две или повеќе
лековити супстанции и масна подлога (свинска маст/adeps suilus, жолт восок/cera flava,
жолт вазелин/vaselinum flavum), за надворешна употреба. Може да бидат Unguentum
emolliens (маст за ладење, содржи вода, по нанесувањето испарува и ја лади кожата) и
Масти за покривање и ладење на кожата (го намалуваат испарувањето на водата од
кожата, и така го оставруваат своето протективно дејство), а подлогите, пак, Excipiens
ad oculenta (подлога за маст за очи), Exipiens ad unguenta (универзална подлога за сите
масти). Пасти (Pastae) – полуцврсти облици на лекови со жилава конзистенција
составени од лековита супстанција, масна подлога и индиферентна прашок (цинк
оксид, талк, пченичен скроб), а од мастите се разликуваат по тоа што се поцврсти и
имаат подобра апсорпција, се наменети за надворешна примена со локален ефект, не
се аплицираат на кожа со влакна и/или слузокожи. Клизми (Klysmata) – течни облици
на лек за ректална администрација, за да се испразнат цревата, да се внесат хранливи
материи или некои лекови. Според намената, тие може да бидат Klysmata evacuantia –
за празнење на цревата (лаксантни клизми до 500-1000 ml, и тоа: млака вода, чај од
камилица или раствор на сапун во вода), Klysmata nutritiva – внес на храна (кај
пациенти кои не може да се хранат преку уста, до 100-200 ml за да не се предизвикаат
перисталтички движења и експулзија на течноста, т.е. за да се овозможи ресорпција,
може да се содржат само материи што нормално се ресорбираат во колонот како
етанол, вода, физиолошки раствор, раствор на глукоза, лактоза и аминокиселини) и
Klysmata medicata – внес на лекови (кога пациентот не може да го прими лекот перос,
заради често повраќање, несвесна состојба, потешкотии при голтање итн., или кога
сакаме да го заобиколиме ректалниот крвоток, до 50-100 ml, под тој V се
микроклизми, може да се дадат лекови во раствор или емулзии, со слузави коригенси
за да се минимизира надразнителното дејство на лековитиот препарат).
Капсули (Capsulae) – амбалажа за пакување на цврсти, полуцврсти или течни лекови за
перорална апликација, со што се намалуваат непријатните физичко-хемиски особини
на лекот и се овозможува тој да стаса до точно одредено место во ГИТ. Според
материјалот, скробни капсули (Capsulae amylaceae) – бели без мирис и вкус, се
разложуваат во усна празнина под дејство на амилазата/пријалинот од плунката,
целосно во гастер; желатинозни капсули (Capsulae gelatinosae) – смеса на желатин,
Дози-дефиниции | Матеј Пислевски

глицерол и вода, а може да бидат Capsulae gelatinosae elasticae со 45% глицерин


(започнуваат во желудник, а целосно се разложени во тенкото црево, да се избегне
делување на желудочен сок врз лековта супстанција) и Capsulae gelatinosae geloduratae
како цврсти капсули потопени во 1% формалдехид (започнуваат да се разложуваат во
тенкото црево под дејство на интестинални и панкреатични ензими). Нивни
модификации се Perlae како ситни зрнца во кои се пакуваат витамини и Capsulae
operculatae од два дела кои влегуваат еден во друг и кои целосно се разложени во
тенкото црево. Инхалации (Inhalationes) се лековити препарати кои се аплицираат во
дишните патишта како пареа, ситни капки и прав, со помош на специјални
распрскувачи (лекот делува локално, што значи побрзо, а се намалува и системската
ресорпција со сите несакани ефекти), како инхалатори на лекот во форма на аеросол
со дозиметар, сув прав (хромогликат-натриум или гликокортикоиди наменети за
инхалација), небулизатори или со додатоци како комори т.н. спејсери со или без
маска. Прашоци (Pulveres) – цврст облик на лек кој се добива со пулверизација
(ситнење, дробење и мелење) на растителни дроги и разни други хемикалии. Според
големина на честички, на ситен прашок (Pulvis subtilissimus), полуситен прашок (Pulvis
subtilis) и крупен прашок (Pulvis grossus). Според начин на припремање и издавање, на
неподелени прашоци за лекови со слабо/индиферентно дејство или поделени
прашоци за лекови со јако дејство. Според начинот на апликација, пак, прашоци за
внатрешна (неподелени до 100 g, а поделените околу 300-500 mg, а СЕ ПРЕПИШУВААТ
ПО две методи: дивизиона – лековитата супст. се наведува во вк. количина, а во
Subscriptio-то му се нагласува на аптекарот Divide in doses aequales и бројот на дози и
диспензиона метода – кога после лековтата супст. се пишува количината на
поединечната доза, а во Subscriptio-то пак Dentur tales doses No) и надворешна
употреба (прашоци за посипување на кожата т.н. пудери, прашоци за инсуфлација
(вдувување во природните отвори), прашоци за припремање на раствори за
надворешна употреба). Чепчиња (Suppositoria) се цврсти лековити препарати со
топчеста, конусна или јајчеста форма, се аплицираат во физиолошки или патолошки
отвори, по допирот со кожата, тие се топат и така ја ослободуваат активната материја.
Може да бидат Suppositoria analia (за анусот, кога сакаме да постигнеме локално
дејство во аналниот канал, или да го заобиколиме црниот дроб, или за лекови кои
имаат надразително делување врз желудочната лигавица), Globuli
vaginales/Ovula/Vagitoria (за вагина), Cereoli/Bacilli medicati (стапчиња за примена во
нос, надворешен ушен канал, уретра, рани, синуси итн.). Исто така се препишуваат со
дивизиона и диспензиона метода.

You might also like