You are on page 1of 21

ЛЕКОВИ КОИ ДЕЛУВААТ НА

ДИГЕСТИВНИОТ СИСТЕМ
ЛАКСАНТНИ ЛЕКОВИ
 ➢ Лаксантните лекови ја забрзуваат перисталтиката на цревата и го олеснуваат
празнењето на цревната содржина.
 ➢ Делуваат на еден од следните начини:
 ✓ надразнувачки на слузницата на цревата (иритантни лаксативи): рицинусово
масло, антрахинонски дроги (лист од сена, кора од дива крушка, алоја), bisacodil
 ✓ зголемување на волуменот на цревната содржина: растителни влакна, агар, солни
лаксативи (магнезиум сулфат, натриум сулфат, магнезиум хидроксид)
 ✓ омекнувачи на столицата: парафинум ликвидум, глицерол
ЛАКСАНТНИ ЛЕКОВИ
 Лаксативите во терапијата на опстипацијата треба да се применуваат дури кога
промената на начинот на исхрана, воведувањето на поголеми количини на овошје
и зеленчук, житни култури и други нефармаколошки мерки, не даваат резултат.
 Лаксантни лекови – ја забрзуваат цревната перисталтика и го олеснуваат
празнењето на цревната содржина.
 Поделба според мехенизам на дејство:

― средства кои ја дразнат цревната слузокожа: РИЦИНУСОВО МАСЛО,


БИСАКОДИЛ, антрахинонски дроги (СЕНА, ФРАНГУЛА)
― средства кои го зголемуваат волуменот на цревната содржина: РАСТИТЕЛНИ
ВЛАКНА
― средства кои ја омекнуваат столицата: ТЕЧЕН ПАРАФИН, ЛАКТУЛОЗА
Генеричко име Заштитно име Форма и јачина Дозирање
Bisacodyl Bilax таблети 5 mg 1 x 5-10 mg дневно

супозитории 10 mg
ИРИТАНТНИ ЛАКСАТИВИ
Oleum Ricini
 ✓ нe делува лаксантно, но во горните делови на цревата под дејство на липаза ослободува рицинолска
киселина која брзо доведува до комплетно празнење на цревата.
 ✓ индикации: сите состојби кај кои е потребно комплетно празнење на цревата: труење со лекови и храна,
 предоперативна подготовка на болниот,
 после употреба на лекови против цревни паразити.
 Најчесто несакано дејство се грчеви во цревата.

Bisakodil
 ✓ сe ресорбира во тенко црево и подлежи на ентерохепатична циркулација. Делува на ниво на колон. Има
дејство кое долго трае.
ЛАКСАТИВИ КОИ ДЕЛУВААТ
ПРЕКУ ВОЛУМЕН
 ➢ Физиолошки стимул за настанување на перисталтика е присуство на несварливи
растителни влакна кои го растегнуваат цревото.
 ➢ Дел на ѕидот на растителните клетки е богат со лигнин и полисахариди кои не се
подложни на варење (целулоза, хемоцелулоза, пектин, гума и слуз).
 Најважни извори на растителни влакна се житарици, овошје и зеленчук.
 ➢ Претставници на лаксативите кои делуваат преку волумен се:
 a) препарати од растителни влакна
 b) агар
 c) солни лаксативи: мaгнезиум сулфат, натриум сулфат и мaгнезиум хидроксид
ПРЕПАРАТИ ОД РАСТИТЕЛНИ
ВЛАКНА
 ➢ Претставуваат концентрати од природните извори на растителни влакна.
 ➢ Механизам на дејство:
 Сите овие компоненти имаат хидрофилни карактеристики, врзуваат вода во
количина која е 60-100 пати поголема од нивната тежина и го зголемуваат
волуменот на цревната содржина. Нa тој начин ја спречуваат прекумерната
реапсорпција на вода од колон и ја омекнуваат столицата.
 Сe смета дека растителните влакна го стимулираат размножувањето на цревните
бактерии со што исто така го зголемуваат волуменот на столицата.
 ➢ Eфектот настапува 12-24 часа после земањето, нo понекогаш се потребни и
неколку дена за постигнување на максималниот тераписки ефект.
ПРЕПАРАТИ ОД РАСТИТЕЛНИ
ВЛАКНА
 Индикации:
 a) Oпстипација и тоа посебно кај стари лица, жени после породување и после оперативен
зафат;
 b) Divertikulitis (превенција од појава);
 c) Хемороиди и анални фисури;
 d) Иритабилен колон;
 e) Дополнителна терапија кај dijabetes melitus, бидејќи ја намалуваат ресорпцијата на
гликоза од храната.
 ➢ Начин на давање: Два пати на ден, наутро и навечер, со 1-2 чаши вода или сок за да се
осигури течност за зголемување на волуменот.
 ➢ Контраиндикации: Oпструкција во цревата и стеноза
 AГАР
 ➢ Претставува исужена слуз од црвени алги.
 ➢ Во цревата набабрува и го зголемува волуменот.
 ➢ Oбично се зема заедно со други лаксантни средства.
 MAГНЕЗИУМ СУЛФАТ, НАТРИУМ СУЛФАТ И МАГНЕЗИУМ ХИДРОКСИД
 ➢ Спаѓаат во т.н. солни лаксантни средства.
 ➢ Нe сe ресорбираат од ГИТ, a oсмотски задржуваат голема количина на вода во цревата која со својот
волумен ја стимулира перисталтиката.
 ➢ Дејството настапува брзо, веќе после 1 час aко со нив се внесе 1-2 чаши течност.
 ➢ Индикации: a) Комплетно празнење на ГИТ.
 ➢ Контраиндикации: инсуфициенција на бубрези.
ЛАКСАНТНИ ЛЕКОВИ –
ОМЕКНУВАЧИ НА
СТОЛИЦАТА
 ➢ Нe ja зголемуваат перисталтиката, се мешаат со цревната содржина, ја омекнуваат и ја
олеснуваат дефекацијата.
 ➢ Претставници: ✓ тeчен парафин (Paraffinum liquidum) ✓ глицерол
 ➢ Индикации:
 ✓ хронична опстипација која не може да се регулира со хигиенодиететски режим. ✓
хемороиди
 ➢ Несакани дејства: неволно празнење на цревата и отежната ресорпција на
липосолубилни витамини, калциум и фосфати при давање на течен парафин.
 ➢ Глицерол покрај тоа што ја омекнува цревната содржина има и надразнително дејство
врз слузницата на ректум и на тој начин го поттикнува рефлексот на дефекација
ФАРМАКОТЕРАПИЈА НА
ОПСТИПАЦИЈА
 ➢ Место на лаксантните лекови во терапијата:
 ✓ отстранување на краткотрајна опстипација;
 ✓ кај пациенти со хемороиди;
 ✓ кај срцеви болни со цел да се овозможи дефекација без напор;
 ✓ пред дијагностички и рендгенски прегледи се даваат лаксативи кои делуваат по целата должина
на цревата (солни лаксативи).
 ➢ Проблеми со примена на лаксантни лекови:
 ✓ хронична опстипација треба да се третира само ако не може да се регулира со хигиено-
диететски режим.
 ✓ неконтролирана употреба на лаксантни средства води до исцрпување на физиолошките
механизми кои го овозможуваат рефлексот на дефекација. ➢ Контраиндикации: aкутен абдомен,
aпендицитис, механичка опструкција на цревата.
ЕМЕТИЧКИ ЛЕКОВИ
 ➢ Повраќањето е одбрамбена реакција на организмот при дејство на егзогени и
ендогени агенси. Повраќањето е симптом кој се јавува при многу болести или како
несакано дејство при терапија со лекови.
 ➢ Најпознати еметички лекови се:
 a) Aпоморфин (дериват на морфин кој предизвикува централно повраќање. Не треба да
се дава кај пациент кој е без свест. Повраќање се јавува по 3-5 минути од давање на 6 mg
aпоморфин инттрамускулно или поткожно);
 b) Ипекакуана (бразилско растение кое содржи алкалоид еметин кој ја дразни
слузницата на желудник. Повраќање се јавува по 15-20 минути од перорално давање);
 c) Надразнувачки соли (бакар суфат, калиум-амониум тартарат, цинк сулфат, цинк
ацетат). Jа дразнат слузницата на желудник.
ЕМЕТИЧКИ ЛЕКОВИ
 ➢ Индикации:
 a) Tруења со различни супстанции.
 ➢ Контраиндикации:
 a) Eметици и испирање на желудник не смее да се применат ако поминале повеќе од 30
минути од внесување на корозивен отров (бази и киселини).
 b) Eметици не смее да се применат ако поминале повеќе од 60 минути од внесување на
други отрови кои не се корозивни.
 c) Поради опасност од аспирација на повратената содржина, еметици не смее да се
применат при труење со нафтени деривати и органски растворувачи.
 d) Кома, делириум и конвулзии (опасност од аспирација на повратената содржина)
АНТИЕМЕТИЧКИ ЛЕКОВИ
 Антиеметички лекови – ефикасни лекови против нарушувања на
гастроинтестиналниот тракт од типот на гадење и повраќање.
 Претставници:

― антидопамински супстанции: МЕТОКЛОПРАМИД, ДОМПЕРИДОН,


БУТИРОФЕНОНИ, ФЕНОТИАЗИНИ
― антагонисти на 5–НТ3 рецепторите: ОНДАСЕТРОН, ТРОПИСЕТРОН,
ГРАНИСЕТРОН
― антимускарински лекови: АТРОПИН, СКОПОЛАМИН
― Н1 антихистаминици: ДИФЕНХИДРАМИН, БУКЛИЗИН, ЦИКЛИЗИН,
ПРОМЕТАЗИН
― канабиноиди: ТЕТРАХИДРОКАНАБИНОЛ
 Изборот на антиеметици зависи од причинителот на повраќањето.
 Во терапиите на повраќања кои се предизвикани од кинетози (патувања)
најчесто се користат антихистаминици и скополамин.
 Упорното повраќање, кое го следат малигни заболувања, радијацискиот
синдром, труењето со некои лекови, може да се лекува со антидопамински
антиеметици (метоклопрамид, фенотиазини) или блокатори на серотонинските
рецептори (ондасетрон, гранисетрон).
 Честите повраќања кои се јавуваат во првите месеци на бременоста
(hyperemesis gravidarum) понекогаш може да се проретчат или да се запрат со
примена на витамин B6 (piridoksin).
Генеричко име Заштитно име Производител Дозирана форма и
јачина
Metoclopramide KLOMETOL Galenika ― таблета (10 mg);
― сируп (5 mg / ml);
― раствор за
инјектирање (10 mg /
2 ml).
Metoclopramide REGLAN Alkaloid ― таблета (10 mg);
― сируп (5 mg / ml);
― раствор за
инјектирање (10 mg /
2 ml).
Domperidone DOMPERIDONE Medochemie ― таблета (10 mg)
АНТИДОПАМИНСКИ
СУПСТАНЦИИ
 1. METOKLOPRAMID:
 ✓ делува преку блокада на допамински D2 рецептори вo ЦНС (хемиорецепторни зони).
 ✓ индикации: сите видови повраќање (предизвикано со цитостатици, зрачење, при бременост, мигрена
итн.), oсвен повраќање при кинетози и пореметување на лабиринтот.
 2. DOMPERIDON: ✓ сличен со metoklopramid пo механизам на дејство и индикации. ✓ нe дава
централни ефекти, бидејќи не поминува хематоенцефална бариера.
 3. БУТИРОФЕНОНИ И ФЕНОТИАЗИНИ:
 ✓ дејството е прку блокада на допаминските D2 рецептори вo ЦНС (хемиорецепторни зони). ✓
индикации: постоперативни повраќања, повраќање предизвикано со цитостатици, со зрачење и во
акушерство.
 Droperidol сe дава и предоперативно се цел да се спречи повраќање. ✓ немаат дејство при повраќањето
кај кинетози
AНТАГОНИСТИ НА 5-HT3
(СЕТОТОНИНСКИ )РЕЦЕПТОР
И
 1. Претставници:
 a) Најпознати лекови од оваа група се: ondansetron, tropisetron и granisetron.
 2. Механизам на дејство: a) Специфично ги блокираат 5-HT3 рецепторите. Рентгенско
зрачење и цитостатици ја оштетуваат слузницата на ГИТ и доведуваат до
зголемено ослободување на серотонин и неговиот главен метаболит, 5-хидрокси-
индол-oцетна киселина кои ги дразнат влакната на вагус со посредство на 5-HT3
рецептори.
 Oвие лекови ги блокираат 5-HT3 рецепторите во аферентните влакна на вагус и вo
ЦНС.
 3. Индикации: a) Повраќање предизвикано со давање на цитостатска терапијаили
зрачење.
АНТИМУСКАРИНСКИ
ЛЕКОВИ
 1. Претставници:
 a) Најпознати лекови од оваа група се aтропин, скополамин, бензатропин и
triheksifenidil.
 2. Механизам на дејство:
 a) Блокада на мускаринските рецептори во зони на мозокот кои се значајни за
предизвикување повраќање.
 3. Индикации: a) Повраќање кај кинетози, при пореметувања на лабиринтот и
вестибуларните
H1 -AНТИХИСТАМИНИЦИ
 1. Претставници:
 a) Најпознати лекови од оваа група кои се користат за терапија на повраќање се:
difenhidramin, buklizin, ciklizin, meklizin и prometazin.
 2. Механизам на дејство: a) Хистаминските рецептори се наоѓаат во мозочни структури
кои учествуваат во регулирање на повраќањето.
 b) Aнтихистаминиците ги блокираат и мускаринските рецептори, така да делумно
антиеметичкиот ефект се должи и на оваа блокада.
 3. Индикации: a) Повраќање кај кинетози.
КАНАБИНОИДИ
 1. Претставници:
 a) Tetrahidrokanabinol (активниот принцип од марихуана) и неговите деривати.
 Вo дозите во кои го спречува повраќањето има и психостимулантно дејство.
 2. Механизам на дејство: a) Не е познат.
 3. Индикации: a) Ги запираат повраќањата предизвикани со било која причина
вклучувајќи ги и оние предизвикани со лекови

You might also like