You are on page 1of 9

НАРКОМАНИЈА И

ДРОГИ
Дрогата е супстанца која психоактивно дејствува на оној којшто ја
користи, т.е. предизвикува халуцинации, поспаност или будност,
пречки во однесувањето и запазувањето. Исто така, има својство
при подолго земање да предизвикува состојба на зависност,
позната под името наркоманија, т.е. состојба на привремена или
хронична затруеност. Организмот под дејство на дрогата има
потреба нејзиното количество (доза) постојано да се наголемува.
Овој феномен се нарекува толеранција. Лицата кои подолго време
употребуваат дрога стануваат зависни од неа, па затоа нив ги
нарекуваме зависници или наркомани. За да набават дрога тие
често пати не избираат средства, па затоа можат да бидат доста
опасни и воедно претставуваат голем општествен проблем.
Дрогите, според своето потекло, можеме да ги поделиме на две големи групи:
- дроги од природно потекло (хашиш, марихуана, кокаин и други),
- дроги од синтетичко потекло (хероин, крек, амфетамини, ЛСД-25, мескалин и др.).
- Лекувањето од наркоманијата (одвикнувањето од зависноста од дрогата) е исклучително тежок и долготраен
процес, кој бара големо стручно знаење, многу стрпливост и упорност на лекарот и, се разбира, желба на
пациентот да се ослободи од пеколот наречен дрога.
- некои знаци кои укажуваат на можна злоупотреба на дрогите.
- физичка слабост, лош изглед, занемарување на личната хигиена или лошо облекување во забележително
подолг временски период;
- негативни промени во ефикасноста при работењето и способностите во споредба со претходниот период;
- носењето на темни очила и кога тоа не потребно, што служи не само за да се прикрие стеснувањето или
проширувањето на зениците, туку и да се компензира тешкото прилагодување на окото на промената на
светлината, како и да се скрие проширувањето на очните капилари;
- дружењето со лица за кои се знае дека се зависници;
- позајмување на пари од многу луѓе и крадење на предмети кои лесно можат да се продадат;
- скоро исклучително носење на гардероба со долги ракави со што се настојува да се прикријат лузните кои се
добиваат при давањето на интравенозните инјекции
ХАШИШ И МАРИХУАНА
Хашишот е вид на опојна дрога, смола (tetra hydrocanabinol) која се лачи од цветовите на
женската билка од растението cannabis indica. Името на растението потекнува од грчкиот збор
kanabis, што значи коноп. Ова растение може да се одгледува и во собни услови, што овозможува
честа злоупотреба од страна на наркоманите. Tetra hydrocanabinol - от, чие процентуално учество
во растението варира во зависност од поднебјето каде се одгледува растението, дејствува на
централниот нервен систем предизвикувајќи еуфорија, потполна опуштеност, отежнато мислење,
визуелни и слушни пријатни халуцинации, губење на чувството за време (впечаток дека
опиеноста траела подолго) и простор (што наркоманот го доживува како лебдење во воздух). Кај
некои корисници можна е појава на халуцинации, ментална збрка, депресија и агресивност.
Покрај психичките промени, користењето на оваа дрога предизвикува и физички промени во вид
на забрзан пулс, зацрвенети очни капаци, зголемен притисок, раширени зеници, зголемен
апетит, сува уста и друго. Извесно време по земањето на дрогата наркоманот паѓа во длабок сон.
По будењето се јавува потиштеност и повторна желба за дрога. Толерантноста на хашишот се
развива полека и постепено, а ефектот настанува по десетина минути и трае неколку часови.
Долготрајната употреба на хашишот предизвикува хронично труење, зголемена раздразливост,
се развива манија на гонење и склоност кон криминални дејствија.
Хашишот се користи на различни начини, како чај, а на Блискиот Исток се џвака. Оваа дрога се користи и на друг
начин, а тоа е пушењето, особено омилено кај наркоманите на Запад и е позната под името марихуана.
Марихуаната се добива од врвот на цветовите и горните листови на женското растение кои ситно се сечат, се
сушат и се пушат во вид на цигари, преку луле или преку специјални направи со проширен преден крај. Чадот на
марихуаната има силен и остар мирис сличен на мирисот на запалена сува трева или коноп кој гори. Овој мирис
долго се задржува во алиштата на наркоманот, па за да го прикријат многу наркомани користат јаки мириси.
Некои наркомани марихуаната ја внесуваат со шмркање, голтање или со џвакање. Долготрајното, постојано и
“прекумерно пушење на марихуаната, како и на тутунот, може да предизвика респираторни заболувања како
што се бронхитисот и ракот на белите дробови. Користењето на марихуаната може само да го намали брзото
меморирање, логичкото мислење и ориентирањето, со што, всушност, ја намалува способноста за извршување
на дејствија за кои е потребна концентрација и координација на движењата. Иако корисниците на канабисовите
препарати тешко можат да се распознаваат, бидејќи и кога се под непосредно влијание на дрогата тие наизглед
работат и се однесуваат нормално, сепак за знаци кои укажуваат дека некое лице ги користи овие препарати
може да се сметаат:
- непосредно по користењето лицето може да изгледа расположено, брзо и гласно да говори и често да се
смее, а во подоцнежниот период да настапи поспаност;
- при земање на поголеми дози кај уживателот на канабисовите препарати може да се јави пореметување на
перцепцијата и губење на чувството за време;
- очите на корисникот на канабисовите препарати се закрвавени, т.е. тој има проширени капилари;
- непосредно по пушењето на марихуаната во околината се чувствува миризба слична на онаа која се шири од
запалено сено.
ОПИУМ, МОРФИН И ХЕРОИН
Опиумот е најстарата позната материја која создава зависност од
типот на морфин. Се добива од чушките на афионот кои во одреден
временски период, пред созревањето, се зарежуваат при што ќе
истечат неколку ситни капки млечно бел сок кој на воздух се
стврднува и добива кафеава боја. Овие донекаде исушени капки по
неколку часа се собираат, потоа се сушат и стануваат темнокафеави,
скоро црна смолеста материја, која всушност е опиумот. Опиумот со
векови се користел како средство против болка, кашлање и слично.
И до денешни дни се одржал како традиционален лек во многу
земји на Азија, но во современата медицина е напуштен како таков
и претежно служи како суровина за производство на алкалоиди.
Морфинот е најважен алкалоид во опиумот. Во медицината се користи за намалување на
болките и тој може да ги отстрани и нај-силните болки кои се јавуваат при скршеници на коски,
во тек на ма-лигни заболувања и слично. Но, морфинот треба да се резервира исклучиво за оваа
намена, бидејќи само по неколкудневно корис-тење предизвикува физичка и психичка зависност.
Зависноста од морфинот се карактеризира со висока толерантност, која во текот на
наркоманскиот стаж може да е и до двесте пати. Морфинот е бел прашок, без мирис и со остар
вкус. Оваа дрога не се раствора во алкохол и вода. Изложен на светлина морфинот добива
жолтеникава боја. Во организмот се внесува со вдишување, со голтање во вид на апчиња или со
вшприцување преку вена. Во мали дози морфинот делува депресивно на респираторните
центри, создава чувство на опуштеност, отсуство на грижа и еуфорично расположение. Но, при
подолготрајно користење на морфин лицето станува апатично, неактивно, острината на неговиот
вид е намалена, зениците на неговите очи се стеснети и силно е присутна апстененцијалната
криза. Доколку морфинот се прима со вшприцување преку вена има видливи лузни на местата
каде што се вшприцува дрогата. Важно е да се забележи дека при поголеми дози можни се тешки
компликации кои можат да завршат со смрт
Наркоманите хероинот го земаат на повеќе начини: со пушење, со шмркање и интравенозно со инјекција.
Дрогата почнува да дејствува 3 до 6 часа по земањето. По внесувањето во организмот хероинот се
претвора во морфин кој е двојно појак и со многу поголеми последици за уживателот. Внесен во
организмот хероинот прво дејствува депресивно на централниот нервен систем и на ‘рбетниот мозок, а
потоа силно стимулативно. Како последица од користењето на хероинот се следните пореметувања:
пречки во дишењето, депресија на респираторниот систем, стеснување на зениците, кардиоваскуларни
оштетувања, оштетувања на мозокот, тешки алергиски реакции, цијаноза и слично. Лицето кое користи
хероин ги губи сексуалните и половите желби, па затоа раширеното мислење за зголемување на
сексуалната моќ со помош на оваа дрога воопшто не е точно. Како и кај морфинот, така и кај хероинот
користењето во поголеми дози доведува до тешки компликации кои не ретко завршуваат со смрт.
Кокаинот најмногу дејствува на нервниот систем и на крвните садови. Лекарите го констатирале следното
дејсво на кокаинот без разлика дали се користи како зрнца или прашок:
- крвни садови - ги стеснува при што се јавува зголемен крвен притисок и ангина пекторис;
- срце - го намалува дотокот на крв богата со кислород, ја забрзува неговата работа, ги оштетува срцевите
клетки што најчесто е проследено со срцев удар;
- мозок и нервни клетки - мозочен удар, напади, возбуденост, делириум и психоза;
- стомак- намалено снабдување на цревата со крв;
- црн дроб - разорување на клетките;
- бели дробови - собирање на течности во нив;
- ноздрви - оштетување на слузницата и губење на сетилото за мирис;
- органи за размножување
LSD е најсилна халуциногена дрога и една од најактивните супстанци воопшто. Поради силното дејство
малите разлики во дозата можат да предизвикаат големи разлики во дејствувањето. Зависниците најчесто го
земаат орално, но често пати и по пат на инјектирање. Првите знаци на дејство се јавуваат по 15 до 40 минути
при оралното, односно по 5 до 10 минути при земањето по пат на инјектирање. Во зависност од големината
на дозата дејството може да трае од 12 до 24 часа, а ако дозата е поголема, и до два дена. За оваа дрога е
карактеристично што предизвикува промени во перцепцијата, размислувањето, расположението и
активностите. По правило, контактот со реалноста не е прекинат, како при халуцинациите, но реалноста за
зависникот е искривена (предметите се гледаат помали или поголеми, боите и звуците се чинат поинтезивни,
дречливи и модифицирани). Вниманието на зависникот е насочено кон сопствената внатрешност при што
обично се губат границите меѓу еден и друг објект, меѓу зависникот и околината. Понекогаш на зависникот му
се причинува дека неговото тело лебди, а самиот тој дека истовремено е и во сопственото тело и надвор од
него, а поодделни делови од телото дека го менуваат обликот и димензиите. Повремено се јавува чувство
дека лицето може да лета, па не е редок случај зависник под дејство на LSD да скокне низ прозорец од голема
височина.

You might also like