You are on page 1of 22

1Што проучува фармакологијата?

-Фармакологијата е наука за лековите,односно фармакологијата ги проучува


хемиските реакции што се случуваат во човековиот организам со внесување
на некоја хемиска супстанца.

2.Две основни гранки на фармакологијата се: фармакокинетика и


фармакодинамика

Што проучува фармакокинетиката, а што проучува


фармакодинамиката?

-Фармакокинетиката го проучува дејството на организмот на лекот,неговите


хемиски промени и судбината на лекот во
организмот(ресорпција,дистрибуција,биотрансформација,елиминациј

-Фармакодинамиката го проучува дејството на лекот во организмот.

3.Што е лек?

- Лек е секоја супстанца или комбинација на супстанции кои се наменети за


превенција терапија или дијагностички цели.

4.Што е отров?

-Секоја супстанца е отров ако се внесе во токсични дози.Дали една супстанца


ке биде лек или отров зависи од начинот на апликација,употребената доза и
моменталната состојба на организмот.

5.Како може да се именуваат лековите?


- Со мегународно незаштитено име (генеричко име ,одобрено и објавено од
Светската здравствена организација)

- заштитно име (фабричко име)

- хемиско име (според IUPAK номенклатура).

6. Како се поделени лековите според јачината на дејството?

-со слабо дејство

-со силно дејство ( Remedia separanda +)

-со многу силно дејство (Remedia claudenda ++ )

7. Како се поделени лековите според местото и начинот на издавање?

-Лек што се издава во аптека само со рецепт

-Лек што се издава во аптека без рецепт ( ОТС -препарати)

- Лек што се употребува само во здравствена установа.

8. Како се поделени лековите според начинот на изработка?

- готови лекови: се изработуваат во фабрика според одредена постапка која е


патентирана и во промет доагаат со заштитно име.

-официнални лекови : се изработуваат врз основа на монографија или друга


официнална проскрипција
-магистрални лекови: секој производ изработен во аптека врз основа на
рецепт од лекар,а е наменет за одреден пациент

9. Што се помошни лековити средства?

- Тоа се производи со слабо дејство,наменети исклучиво за орална или


надворешна употреба и изработени од супстанции од растително,животинско
или минерално потекло,со контролиран квалитет и терапевтска ефикасност
која не мора да биде и научно докажана.Пример: чаеви
тинктури,масти,креми......

10.Што е пролек?

Пролек е неактивен облик на лекот што нема фармаколошко дејство.Внесен


во човековиот организам се метаболизира во форма која има фармаколошко
дејство.

11. Наброј облици на лекови (фармацевтски дозирани форми)

-Прашоци (Pulveres)

-Гранули (Granulata)

-Таблети

-Капсули

-Масти ( Unguenta)

-Кремови

-Гелови

-Пасти
-Раствори (Solutiones)

-Капки ( Guttae)

-Инјекции

-Инфузии ( Infundibilia)

12. Што е рецепт?

Претставува писмено барање од лекарот до фармацевтот во аптекета кој


готов лек да го издаде или кој лек да го изработи

13. Наброј ги последователно деловите на рецептот и објасни кој дел што


значи?

-Inscriptio- полна адреса на здравствената установа што го издава рецептот

-Nomen aegroti -Име,презиме на корисникот на лекот,адреса, ЕМБГ

-Invocatio -тоа се двете букви Rp што значи -земи-

-Ordinatio -најважниот дел на рецептот каде пишува што треба фармацевтот


да изработи,односно да издаде

-Subskriptio- ако е магистрален лек лекарот го известува фармацевтот во кој


облик треба да биде изработен(раствор,маст и др.) во што да се издаде лекот
или ако станува збор за готов лек тогаш се назначува големина на
пакување,јачина

-Signatura -содржи упатство на народен јазик,а ако е лекот наменет за


употреба во здравствена установа сигнатурат е ad manum medici што значи во
раката на лекарот

-Nomen medici-име и презиме на лекарот,негов регистерски број,датум и


печат
14.Што треба да напише лекарот на рецептот ако лекот треба итно да се
издаде?

-cito,statim(брзо,веднаш)

Начин на апликација на лековите

Начинот на апликација на лекот зависи од тоа дали лекот треба да делува на


местото на апликацијата (локална ефект и локална примена) или треба од
местото на апликацијата да помине во крвта,ткивата и органите (системска
ефект и системска примена)

14. Како се аплицираат лековите кои треба да имаат системски ефект?

а) пер орално -преку уста

б) парентерално ( внесување на лекот преку инјекција)

-интравенски (во вена) i.v

- интрамускулно (во мускул) i.m

-субкутано (под кожа) s.c

в) со инхалација (со вдишување)

г) ректално

д) сублингвално (под јазик).

15.Каде се ресорбира најголем дел од лекот ако тој се земе пер орално?

-преку слузницата на тенкото црево


16. Ако треба да аплицираме лекови пер орално а истите се осетливи на
киселата средина во желудникот,тогаш во каква фармацевтска форма
треба да бидат за да не бидат разградени во желудникот?

 Во облик на капсули или дражеи за да поминат непроменети низ


желудникот или се аплицираат со алкалии

17. Зошто ресорпцијата на лекот во желудникот е мала и ограничена?

-Затоа што лекот кратко време се задржува во него,особено ако се внесе на


празен желудник

18. Што го забавува преминот на лекот од желудникот во тенкото црево?

-храната

19.Кои лекови се аплицираат сублингвално и што е предноста на


ваквата апликација?

-Сублингвално се аплицираат лекови од кои се очекува брзо да


делуваат(прим.нитроглицерин кај ангина пекторис) Предност е што бргу се
ресорбираат под јазикот каде има богат сплет на крвни садови и директно
влегуват во циркулација

20. Што се подразбира под парентерална примена?

-внесување на лекот преку инјекција

21.Што се постигнува со парентералната апликација?

-Точно дозирање на лекот и брзо постигање на терапевтскиот ефект

22.Кои лекови се аплицираат парентерално?


-Лекови кои го иритираат дигестивниот систем или лекови кои се
инактивираат во дигестивниот систем

23. Кога се применува парентерална апликација?

-Кога треба да се постигне побрз тераписки ефект

-Кога лекот не може да се внесе преку уста(пациент во бессознание)

-Кога пациентот нема волја да го земе лекот(психијатриски случаи)

24.Што се подразбира под субкутана инјекција?

-Вбризгување на лекот во поткожното ткиво на подлактица или во бут

25.Какви раствори се вбризгуваат субкутано?

- Раствори кои се изотонични со крвната плазма и кои не треба да се


премногу кисели или премногу алкални за да не дадат оштетување на
ткивото и болка на местото на апликација

26. Што се подразбира под интрамускулна инјекција?

-Вбризгување на лекот во мускулната маса најчесто во глутеалната регија на


бутот.

27. Какви лекови се аплицираат интрамускулно?

-На овој начин се аплицираат раствори и суспензии на лекови во вода или


масло

Да се запомни: Ако лекот е во облик на раствор дејството е брзо и кратко. За


да се добие продолжено дејство таквите лекови се преформулираат во
суспензии кои имаат продолжено време на дејство.
28.Какви лекови се аплицираат интравенски?

 Со интравенска инјекција се аплицираат само водени раствори на


лекови

29. Кои се предностите на интравенската апликација?

- Целата доза се внесува директно во циркулацијата

-дејството на лекот настанува моментално (ургентни состојби)

-вака се аплицираат лекови кои применети на друг начин ке се разградат на


местото на апликацијата или не можат да се ресорбираат

30. Која количина на раствор обично се вбризгува во вена?

-10-20мл како интравенска инјекција а кога се прима интравенска инфузија


до половина литар или повеке.

31. Кои лекови се примаат по пат на инхалација?

 Гасовите, лесно испарливите супстанции и аеросоли се внесуваат во


организмот со инхалација т.е со вдишување

32. Каде се ресорбираат лековите кои се примаат по пат на инхалација?

-Ресорпцијата на овие лекови се одвива преку тенкиот ѕид на белодробните


алвеоли

33.Кога се применува ректална апликација на лековите?

- Кога лековите што се применуват делуват надразнувачки на


гастроинтестиналниот тракт

-кога лековите се разградуваат во дигестивниот тракт


-кај мали деца и пациенти кои не соработуваат

34.Што значи локална примена?

- Кога лекот се аплицира на кожа или слузокожа

35.Што е предноста на локалната апликација?

-На заболеното место се постигнува голема концентрација на лекот

36. Што е негативната страна на локалната примена на лекот?

-Можноста за појава на алергиски реакции

ФАРМАКОКИНЕТИКА

Запомни: Фармакокинетика значи движењето на лекот во организмот т.е


ресорпцијата,дистрибуцијата ,метаболизмот и елиминацијата на лекот од
организмот

37.Што се подразбира под ресорпција на лекови?

-Тоа е премин на лекот од местото на апликација во крвотокот или во


лимфниот систем.

38.Од што зависи брзината на ресорпцијата?

-големината на ресорптивната површина

-васкуларизацијата на местото на ресорпција

-особините на лекот
-состојбата на организмот

Запомни: Ресорпцијата на лековите зависи од начинот на


апликација.Лековите дадени пер орално се ресорбираат во дигестивниот
систем и тоа најмногу во тенкото црево (Во желудникот може да се
ресорбира алкохолот и салицилатите)

Лековите дадени со инхалација се ресорбираат преку алвеоларната мембрана

За ресорпција не зборуваме кога лекот директно се внесува во циркулација со


интравенска апликација

39.Какви лекови може да се ресорбираат преку кожата и слузокожата?

-Преку кожата може да се ресорбираат само липосолубилни лекови,а


повредена кожа и кожа со изгореници се отворени врати за навлегување на
хидросолубилни лекови .

Запомни: После ресорпцијата или интравенската апликација лекот се


дистрибуира во крвта а потоа се разнесува до ткивата и органите каде што
треба да делува.

40.Што се случува со лековите откако ке навлезат во крвотокот?

-Најголем дел од нив се врзува со протеините и тоа албумините.Овој


комплекс претставува депо од кое се ослободува лекот кога неговата
концентрација во крвта се намалува.

-Само слободниот облик на лекот може да дифундира низ капиларната


мембрана и да премине во ткивата и органите.
41.Кои лекови ја поминуваат крвно-мозочната бариера?

-Само липосолубилните лекови

42.Каде се депонираат лековите

-Во ткивата и органите во кои немаат фармаколошко дејство.Местото на


депонирање зависи од растворливоста на лекот и од афинитетот на лекот кон
ткивата.Пример,липосолубилните лекови се депонираат во масно ткиво..

43.Што е биотрансформација?

-Тоа е процес кога повекето супстанции во организмот хемиски се менуваат


во облик на еден или повеке метаболити.

44. Каде се одвива биотрансформацијата и под дејство на што се одвива?

- Биотрансформацијата се одвива во хепар под дејство на хепарните ензими


(црн дроб и ензими од црн дроб)

45. Во колку фази се одвива биотрансформацијата и кои се тие?

-Биотрансформацијата се одвива во две фази:

а) во првата фаза се одвиват реакции на оксидација,редукција и хидролиза

б) во втората фаза се одвиват реакции на конјугација која се врши со


глицин,глутатион,оцетна киселина,гликоза ,глукоронска киселина...

46. Што се случува со лекот како резултат на неговиот метаболизам


односно неговата биотрансформација?

-Како резултат на тие реакции концентрацијата на лекот во крвта се намалува


и неговото дејство се губи.Овие реакции се нарекуваат инактивација на
лекот.
-Понекогаш неактивните супстанци преку биотрансформационите реакции се
преведуваат во супстанции со силно па дури и токсично дејство.Овие
биотрансформациони реакции се означени како биоактивација на лековите.

Запомни: Биотрансформационите реакции може да се забрзаат или забават


под дејство на различни фактори. Тие се различни кај различни индивидуи и
се предодредени од генетски фактори.

-Во првите недели од животот недостасуваат некои ензими одговорни за


метаболизмот на лековите,па затоа треба да се внимава при апликација на
лековите кај мали деца

-Заболување на црниот дроб може да доведат до пореметување на


метаболизмот на лековите

-Кај стари лица е намален метаболизмот на лековите

-Истовремена апликација на повеке лекови може да предизвика промени во


метаболизмот.

47.Преку што се одвива елиминацијата на лековите?

-Најмногу преку бубрезите

-Преку црн дроб

-Преку бели дробови

-Други патишта на елиминација:преку плунката,потта, одредени лекови


преку млекото на мајката.Тешките метали се излачуваат преку слузницата на
цревата

48.Кои механизми учествуваат во бубрежната елиминација?

-гломеруларна филтрација

-тубуларна реапсорпција

-секреција

49.Кога лековите не можат да ја поминат гломеруларната мембрана?


- Кога лекот е сврзан со албумините не ја поминува оваа мембрана

-Гломеруларната филтрација е отежната кога постои болест на бубрезите


поради што може да дојде до кумулација на лековите

50. Каде се одвива тубуларната реапсорпција?

-Оваа реапсорпција се одвива преку липидната мембрана на бубрежните


каналчиња.Низ оваа мембрана дифундираат само липосолубилните лекови и
повторно се реапсорбираат во крвта поради што нивната елиминација е
успорена.Хидросолубилните лекови не ја поминуваат оваа мембрана и
затоа се излачуваат преку .урината.1.

51Какви лекови се излачуваат преку црн дроб и потоа преку столицата?

-Липосолубилните лекови се излачуваат преку столицата.Тие од црниот дроб


поминуваат во тенкото црево од каде дел се повторно ресорбираат и преку
порталниот венски крвоток повторно доагаат во црниот дроб,а дел се
исфрлаат преку столицата.

52.Какви лекови се елиминираат преку белите дробови?

-Анестетични гасови и некои испарливи супстанци(пример алкохол)

53.Што е тоа Т/2?

-Времето што е потребно почетната концентрација на лекот да се намали за


50% се нарекува полувреме на елиминација и се изразува како Т/2. Овој
параметар е многу важен за дозирањето на лековите.

Дејство на лековите врз организмот

54.Што е тоа ефект на лекот?


-Збирот на промените што ги предизвикува употребата на лекот се нарекува
ефект на лекот.

55. Што значи локално дејство на лекот?

-Ако дејството на еден лек се карактеризира со промени на местото на


апликацијата,тогаш тоа дејство се нарекува локално дејство.

56. Што значи системско дејство на лекот?

-Ако дејството на лекот се карактеризира со промени кои настануваат после


ресорпцијата на лекот,тогаш тоа дејство се нарекува системско дејство.

57. Кои се општи карактеристики на дејството на лековите?

-карактер(вид) на дејство

-јачина на дејство

-траење на дејство

58.Што значи латентен период?

-Претставува време од апликација на лекот до настанување на терапискиот


ефект

59.Што значи максимален ефект?

-Тоа е време кога лекот го постигнува максималниот ефект во организмот

60. Што значи механизам на дејство?

-Се смета дека механизам на дејство се состои во врзувањето на лекот за


специфични места,означени како рецептори
61. Што претставуват рецепторите според својот состав?

-Рецепторите најчесто се протеински молекули(ензими) но може да бидат и


нуклеински киселини.

62.Каде се сместени рецепторите?

-Рецепторите се структурни специфични места на површината на клетката


или во нејзината внатрешност за кои се врзуваат молекулите на
лекот.Просторниот распоред на атомите и функционалните групи на лекот
треба да одговараат на просторната структура на рецепторот како клуч со
брава.

62.Како се класифицираат лековите кои се врзуваат за рецепторот?

-АГОНИСТИ-ефектот што го предизвикуваат после врзувањето со


рецепторот е сличен со ефектот што го предизвикуваат физиолошките
супстанци.

-АНТАГОНИСТИ-овие лекови го спречуваат врзувањето на агонистите за


рецепторот и на тој начин го инхибираат нивното дејство.

63 Што значи компететивен антагонизам?

-Дејството на антагонистите се заснова на компетиција(конкуренција) со


агонистот за ист рецептор.Овој вид на антагонизам се нарекува компетитивен
антагонизам.

64.Што претставува дозата?

-Дозата претставува количество лек кое внесено во организмот предизвикува


терапевтски ефект.

65.Од што зависи дозата на лекот?


-индивидуалната чувствителност

-телесната маса

-детската возраст

-стари лица

-бремени жени

-од својствата на лекот и начинот на апликација

66.Видови дози:

-профилактична

-тераписка:поединечна и дневна доза,а и двете можат да бидат


минимална,средна и максимална

-Dozis toxica-претставува количество лековита супстанција што за


определено време предизвикува токсични ефекти кај 50%од
експерименталните животни

-Dozis letalika-претставува количество лековита супстанца што за


определено време статистички предизвикува летален ефект кај 50% од
експерименталните животни.

-ефективна доза-претставува количество на лек што предизвикува


фармаколошки ефект кај 50% од експерименталните животни

-тераписки индекс-претставува однос помегу средната летална и средната


ефективна доза и претставува опсег на сигурност на лекот

-тераписка ширина на лекот-претставуваразлика помегу средната


терапевтска и средната токсична доза

Дозирaње на лековите кај децата

-За дете помало од една година ,тераписката доза може да се пресмета со


Бологниева формула:
Дозирање според годините на детето

Дозирање според телесната маса на детето

Дозирање според површината на телото на детето

Аусбергова формула-според годините на детето (се одредува како процент


од дозата за возрасен)

Според телесната маса на детето(се одредува како процент од дозата за


возрасен)

Формулите ке си ги повторите од предавањата.

67. Што е кумулација?

68. Што е толеранција?

69. Што е полипрагмазија?

-Истовремена примена на повеке лекови се нарекува полипрагмазија

70.Што е синергизам?

-Кога два лека делуваат мегу себе и си го надополнуваат своето


дејство ,тогаш станува збор за синергизам

71. Каков може да биде синергизамот?

-Адитивен
-Потенцирачки

72. Каков може да биде антагонизмот мегу лековите?

-хемиски-се заснова на хемиска реакција помегу два лека при што се добива
неактивно соединение

-физиолошки -кога два агонисти делуват на ист орган само на различни


рецептори при што настануват спротивни ефекти

-фармаколошки-настанува како резултат на компетенција на агонист и


антагонист за ист рецептор

73.Каде наога примена антагонизмот?

-Во лекување на некои труења при што се дава противотров(антидот)

Интеракции помегу лековите

Интеракциите можат да бидат со негативен и позитивен ефект.

74.Наброј видови негативни интеракции:

-Фармацевтска интеракција која може да биде физичка,хемиска.физичко-


хемиска и микробиолошка

-Фармакокинетска интеракција и тоа за време на


ресорпција,дистрибуција,метаболизам(биотрансформација) и за време на
елиминација
-Фармакодинамска интеракција која се случува на рецепторите и се
манифестира како синергизам и антагонизам

Несакани дејства на лековите:

75. Што се случува ако лекот се предозира?

-Се јавуват токсични ефекти

76. Што е тоа јатрогена болест?

Болест која е предизвикана со употреба на некои лекови

77.Кои несакани ефекти може да се јават како резултат на реакција на


болниот(од генско потекло)

-Алергии и вродени ензимопатии

Зависност од лекови

78 Кои се најважни карактеристики на зависноста од лекови:

-психичка зависност

-физичка зависност

-толеранција

79.Што значи психичка зависност?

-Лекот предизвикува пријатно расположение(еуфорија) поради што се


зголемува потребата за повторно внесување на лекот.

80.Што значи физичка зависност?


-Лекот влегува во метаболизмот поради што нагло прекинување на земањето
на лекот доведува до низа психички и физички нарушувања (апстененцијален
синдром)

81.Што е апстененцијален синдром?

-Збир на симптоми кои настануваат после прекин на земањето на


лекот( саливација,повракање,препотување,тремор,халуцинации,ментална
конфузија..)

82.Како може да се прекине апстененцијалниот синдром?

-Со давање на лекот кој го предизвикал апстененцијалниот синдром или


други лекови со слично дејство.

83.Кои типови на зависност постојат според СЗО ?

-Опијатен тип(морфин,хероин,метадон,фентанил,кодеин)

-алкохолен тип

-кокаински тип

-амфетамински тип

-канабис тип

-халуциноген тип(ЛСД,мескалин)

-зависност од испарливи растворувачи(хексан,бензол,амилнитрат...)

-никотински тип

-анксиолитици и хипнотици

Испитување на лековите

84.На какви испитувања подлежи лекот пред да се стави во промет?

-Аналитичко испитување
-Фармаколошко-токсиколошко односно предклиничко

-Клиничко испитување

85.Што значи аналитичко испитување на лекот?

-Претставува фармацевтско-хемиско-биолошко-микробиолошко испитување


на лекот

85.Што значи фармаколошко-токсиколошко испитување на лекот?

-Со ова испитување се одредуват фармакодинамските,фармакокинетските и


токсиколошките карактеристики на лековите спроведени на лабараториски
животни и ги предвидува можните ефекти кај лугето.

Запомни: Клиничкото испитување се изведува во 4 фази .Првата фаза(1год) е


на здрави доброволци,а втората(2-5год) и третата(2-4год) на пациенти за кои
е наменет.Четвртата фаза се врши откако лекот ке биде регистриран и неа ја
спроведува владата,производителите и други институции со цел да се добијат
повеке сознанија за ефикасноста,сигурноста и несаканите ефекти на лекот
применет на општата популација.

Фармакологија на ЦНС

86,Што се антипсихотични (неуролептици) лекови?

-Лекови кои се користат во терапија на шизофренија или други агитирани


психози

Запамти: Шизофренијата и психозите се карактеризираат со зголемена


активност на допаминергичниот систем во големиот мозок.

87.Со кој механизам делуваат антипсихотиците?

-Тие ги блокираат допаминските рецептори во мозокот и со тоа


предизвикуваат подобрување на патолошките облици на
однесување(невролептичен синдром)

88. Што подразбираш под невролептичен синдром?

- Емоциоонално смирување, успорување на психичките и моторните реакции


и индиферентност кон околината
89.Најчести несакани ефекти на антипсихотиците се:

-Екстрапиримиден синдром (тремор,ригидност), нарушени орофацијални


движења ...

90.Што се користи во терапија на депресија?

-Антидепресивни лекови и литиум карбонат

91.Што е тоа што допринесува за појава на депресија?

-Се претпоставува дека кај депресијата постои дефицит на норадреналин на


функционално значајни централни адренергични рецептори,а кај манијата
вишок на норадреналин на истите рецептори

92.Плацебо ефект:

Кога лекот не содржи активна супстанца а пациентот го прима мислејќи дека


содржи активна супстанца

You might also like